Јас од Ваја бев задоволна ептен ама пробав сега Џејмисон и тие ми се покажаа уште подобри. Мислам дека уште се во Еурофарм 1+1 гратис
Мајки 7 месеци сме, еве веќе 10 дена имаме баш баш проблем при заспивање навечер. До сега заспиваа со кратко нишкање и си врзуваа до сабајле со 1 или 2 будења за млеко. Сега тешко заспиваат и се вртат постојано на стомак или на страна, а откако ќе заспијат со плачење се будат на саат/ саат и пол за млеко или за да ги земам во раце и понишкам... Скок ли е? Како би си помогнала околу ова дека по цели ноќи дежураме
Приметив дека бебуш кога патка со едното ноџе оди на прсти а со другото нормално. 2 пати ми е носен на ортопед кај Димова ми рече дека се е во ред. Сега приметувам и дека засекот на едната нога е погоре од тој на другата, знам дека напомена ако не се исти можело да значи дека едната кога е пократка од другата. На прв поглед не изгледа така исто и кога стои стои на двете, ова се случува само при паткање. Може ли да ми препорачате ортопед што итно ќе ме прими на приватно и дали имате слично искуство пошто многу паничам моментално.
Ние 9++ од 8 почнав со трет оброк. На АД сме, станува доручек, млеко, спие, станува ручек,млеко спие, вечера млеко и пред спиење пак млеко. Ми се буди 2 пати ноќта еднаш му давам млеко, вториот пат чај,вода шо фатам, многу некако млеко ми пие за 24ч му се собира околу 500гр.
Синомарин бејби спреј смее 7+? Јас ставам аквамарис по препорака на матичната ама на затнато носе баш не делува Некое спрејче што смее да ми препорачате ?
Јас ставам синомарин капки не спреј, многу убаво делуваат, а кога е многу затнат инхалирам со половина од шишенцето синомарин по 5 мин цел шлајм го повраќа. Ептен добри ми се покажаа.
Малово после 10 месеци заработи антибиотик со огромно двоумење од страна на матичната( не дава ,,од рака,, антибиотици) Нема спуштено на гради, ама има многу шлајм, плус качувањето тт еднаш, па пак еден ден....И црп 27, леукоцити покачени. Цел месец се вртиме во круг. Нека испие антибиотик, се надевам ќе се накрене детево. Ми се повторува приказната со брат му, само што тој беше снажен, мече, ова е шпагетка. Препишувам дека се е процес од забите, али не владеам воопшто со медицинава. Само нека оздрават, немам сила веќе жал ми е да го гледам да се мачи.
Со помин И мојата немаше спуштено ама полна секрет , матичната процени за АБ исто не дава антибиотик од ракав.Штом имате и ЛЕ и црп покачено сигурно треба. Не е од забите , односно кога им никнуваат им паѓа имунитетот и лесно закачуваат вирус. А ние си го имаме бато од градинка
Проодувањето е секогаш на прсти. Нема простор за грижа. Овој процес почнува со цупкање на прсти, така да скроз е нормално тоа. Ама ако ти стои дека едната нога е покуса тогаш доктор да го види.