Тешко ќе поминеме. Многу големи меурчиња се направија. Сигурно многу го чеша, само се жали и не може да заспие. И го мачкам од прв ден, не знам поради што растат толку големи. Ми се плаче кога го гледам, а не можам да му помогнам. Па и забите плус. Тројки му пукнаа. А може и некој скок да сме, сега кога ве читам. И веќе не можам да издржам, безнадежно се чувствувам
Мајки вдлабната предна фонтанела приметив сега, 9 месеци е. Знаци на дехидрираност нема, дали е можно од недостиг на витамин д? Да трчаме ноќва на дежурен или да чекаме сабајле, сличен случај некој да имал?
Гледам дека со три дремки ми станува за 35 минути, само втората е малку подолга, накај 50 минути. Не знам како да направам две дремки, да не му се малку си велам.
@see.emily.play 9ипол месеци е. Значи иако има микродремка од 15мин треба да е буден 3-3ипол часа после неа?
Теоретски, секоја дремка подолга од 10 минути се смета за дремка... барем од тоа што сум читала по интернет. Така да, да. Иста возраст ни се бебињата. Моето бебе пред прва и пред втора дремка е будна 3 до 3 ипол часа. а пред бедтајм 3 ипол до 4 (зависи кога се разбудила од втората дремка). Виша математика со спиењево веќе аман
Мојот дечко официјално исфрли и втора дремка. Си ги читав старите мислења со ќерка ми, исто хаосен ни бил преминот од две кон една дремка, истиот овој период. Да е до мене и третата би му ја вратила од што не седнува додека е буден и е преактивен. Првата дремка ја пролонгира од 10:30 за во 11:30 точно до секунда. Му трае час ипол. И во 20:00 веќе си го бара креветот. Вади заби па ноќите се бурни периодов, со овие припискувања во сон на секое од памет ме вади. Ама ќе излезат па конечно ваљда ќе се смири. Лазе турбо. Веќе некое време и се исправа. Не очекувам чекорчиња наскоро не ми делува сигурен, но, тоа на оваа возраст може да се смени баш преку ноќ. Уста не затвора. Шатчиња му се омилени и сите песнички со шатчиња, па само квака по цел ден или дури и додека спие. Исто “нананана”, “мам мам мамамамам”. Многу е смешен. Си грицка пуфулети и секогаш кога ќе го прашам дали сака, само што ќе чуе пуфулети одма врти глава и со поглед ги бара точно на масичката каде ги чувам. Јаде генерално парчиња, малку се мачиме со зеленчукот, ама има голем напредок. Кокосово млеко му е омилено, ако некое има проблем со какање, да знаете дека кокос чуда прави. (Да напоменам, не се дава чисто да го пие, туку незасладено може да биде база за житарки или додаток во овошни кашички/смудис.) Задоволна сум од неговиот напредок до сега. Овој период следен месец ни е последната контрола за оваа година, па да видиме и заокружиме колку пораснал. И вакцина. Ама да ви кажам право едвај чекам да ја прими, оти ќерка ми оди во градинка и многу се плашев да не донесе сипаници, а малиот уште незаштитен. Валда ќе се дочуваме уште еден месец. Само јас останувам изложена и непрележана од ништо, Господ нека ми е на помош кога маливе ќе закачат, а еднаш сигурно ќе закачат. И не знам што ќе правам со одбивање од цицка. Страв ме фаќа од процесот. Претерано е поврзан. Овој проблем со ќерка ми го немав, таа никогаш сама не бараше, па и одбивањето беше прелесно. Сега што ќе правам не знам… Има ли некоја планови за одбивање и како планирате? Поздрав девојки.
Греота е да се жалам, кога не беа во скок беа доста лесни за хендлање, се заигруваа сами, се бркаат низ соба и си се смеат еден на друг,си играат ѕе, си зборат на некој нивен јазик, обожаваат во количка, у кола не прават проблеми, јадат скоро све, седат со други да ги чуваат без проблем. Кога се во скок се невозможни ама стварно после заборавам кога гледам што научиле. Секој ден ме изненадуваат со нешто ново. Е сега почнаа да се качуваат на све што стигнат и стана ужасно тешко, еден се пентари на врата друг на кревет, додека да го фатам едниот другиот веќе плеснал. Пробувам да не реагирам и така помалце плачат а и се надевам дека ќе научат да бидат попретпазливи. Кога морам нешто да завршам ги врзувам во количка или хранилка и им давам нешто да се занимаваат и ми е жал зашто знам дека сакаат да се активни, ама кога немам избор тоа е. Ќе треба поише време додека да проодат зашто едноставно не можам да постогнам да ги следам и припазувам ама јбг...Следниве месеци ќе бидат забавни а после дали ќе биде потешко или полесно ќе видиме.
@le.soleil некоја ваква огромна игрална можеш да им земеш https://nama.mk/proizvod/igralna/ Или загради еден дебел тепих со големи перници за седење, по некој кауч, фотеља, што ќе се најде по дома
Ја имаме оваа, неќат веќе да седат таму, а кога ќе ги ставам се исправаат на оградата и се пикаат еден во друг се тегнат и паѓаат еден врз друг Ни таму не ми се безбедни после им купив од оние пластични огради само да им заградам да не се пикаат под трпезаријата зашто ногарките се железни а да имаат простор за движење. За 4 дена научија како да ја отвараат сега и на нејзе се качуваат. Пари фрлени у вода Имам наместено перници, гнезда до креветите за да имаат меко ако паднат и они таму не припаруваат, на ламинатот ќе отидат и на стубот ќе се исправаат
@le.soleil аииии таков е периодот ќе се исправаат сега и син ми исто почна па уште јак ај што ќе се исправи, ама кога ќе се исправи се пушта со рацете не се држи на ништо Браво научи да прави пресреќен е. А да. И рачето на уше го става кога ќе го слушне мобилниот д ами ѕвони
Овој период се најинтересни, ама и најнапорни. Бебка моја лази веќе убаво, па често ми доаѓа во кујната додека готвам. Отвара фиоки, дома излижа и изеде се што постои. Сака да се исправа, да ја паткам. Само не сака во раце. Како швајцарски часовник е точна до дремките. Станува околу 7 ипол, за саат време сака да дремене, потоа во 12 точно и накај 2-3. Е сега кај мајка ми спие и по 3 часа, 2 секако. Дома денес едвај 1 час спиеше. Како е можно не знам. И навечер кога ќе излеземе, спие повеќе таму. Инаку синоќа цела вечер се будеше и квичеше. Влегува во 7 ми скок.
Дали кашичката заменува едно шише млеко? Јаде цела кашичка од 120гр и секако не му нудам млеко тогаш. Но не знам дали треба да исфрлам една доза млеко на сметка на кашичката.
Кои промени ги имаа вашите по 6ти скок? Што точно учат? Барам утеха оти ова е невозможно, по цел ден кенка и наеднаш вриштува да плаче