Еве најнова играчка што ни е најинтересна, ќеса за замрзнување надувана како балонче и врзана, 45мин си играше со неа и оф не викна. Јајце снесе од радост.
Која беше темата каде што се пишуваше за дневното мени на бебињата? Ја барсв не можам да ја најадам, ако може некој линк да стави? Сакам да ја ѕирнам да добијам идеа за оброците, некогаш ми се чини дека се едно исто му давам.
И ние за брзо ќе се селиме во групата за поголеми, ама дури сме тука да прашам две работи. Како успевате да им измиете запчиња ако не оставаат? Одма ми ја зема четката и си игра, не успевам никако да ја исчеткам убаво, а веќе 12 запчиња има, четворките се пробиени. Ми е страв да не и се расипуваат одма како на брат и, исто рано извади запчиња како него и исто наеднаш сите. Ако е генетски ќе имам мака и со неа. Друга работа, тие што им давате парчиња сами да јадат, како успеавте да ги научите да јадат едно по едно полека, без да ставаат се наеднаш во уста? Првото дете си јадеше само од пред годинка, правеше хаос ама не јадеше вака, ова не сака да ја ранам, а сама нема осет, пика се в уста набрзина од стрвна што е, а ако и дадам бисквита или лепче цело сака наеднаш. Само се расправаме за ранењето, на ситни и сецкам и по 2-3 на чинивче, ама се нервира и се лути.
Леле машала, четворките ги вади пред година? Моево на 10м има две запчиња Дај и една четка во рака, со друга четкај набрзина. Малку да почне да разбира носи ја на забар да ја проверат.
Мајки од кога почнаа бебињата да седнуваат сами од лежечка положба? Скоро 10м е уште не знае сама, не знам дали да се грижам.. А се држи за мене да се исправа на нозе и да стои сака.
Се вежба тоа, побарај на јутјуб. Моето е 7м и со мала помош седнува ама се почесто му успева и само да седне.
Да, едната е скоро цела излезена, другите се пробиени боцкаат. Напред одамна има 8 заби, сите се чудат ко ќе се насмее со полна уста заби Големиот на 5 години ги имаше сите 6ки, сега веќе почнавме да пломбираме кај нас испадна точно дека понездрави се ако излезат порано. Добра идеја со уште една четка, имам дома на залиха секако, од утре ќе пробаме.
Моето почна сега на 8ипол месеци. Само се научи, не сум го никогаш вежбала. Скоро цело време е на под и само научи. Не се грижи, ке научи кога ке и дојде време, ставај ја на под и ке си извежба.
И мојата почна сега пред некој ден сама да седнува , 7 месеци е. Како што ти кажаа, оставај ја доле и малку помогни и, придржи ја. Ич не се секирај, сама ќе си седне кога ќе и е време.
Луѓе уши чеша малава се ископа цел ден во сон, уз јадење. И растат долните кецови (први запчиња) кај и да е деновиве ќе пробијат. Може само тоа да е причината или да се испита дополнително нешто? Имаме и ешерихија закаченодуша ме боли се окривувам сама, а ме убедуваат не е до мене.Имаше 39,7 највисока температура сега сме со сируп ја лечиме. Ако има некоја совет слободно ЛП да не полниме тука, не е за тоа темава. Иначе 6+ е.
Фала ви на соте за одговорите, прифати инахалации и оно мислам дека свати дека и е подобро после имхалација па сега со мали натегања сме. Денес бевме пак на лекар ни дадоаа и сируп плус Flavihem е сега на сирупот пишува да не се дава на деца помали од 2 години а ние неделава полниме 1 годинка му пишав на докторот но не ми одговара, незнам да не го навредив со тоа шо прашав ама така прочитав…
@gothchick Од забите е сигурно, ако нема други симптоми не се секирај. @pineapple93 На интернет пишува над 1 година како и да е, јас знам дека на мали деца најчесто под 3 години не им даваат такви сирупи. Подобро не го давај навечер зашто ако испровоцира кашлица нема да спиете цела ноќ, најчесто инхалациите се доволни за да искашла. Инаку да знаеш за во иднина, на многу лекови пишува над 2 години или воопшто не е нагласено ама многу лекари препишуваат. Најчесто е помала доза или пократок период. Ако е педијатар лекарот мислам да не се секираш.
Да да педијатар е лекарот, незнам сега шо да правам и дадов вечерва пред да правиме инахлација ама ете докторот сеуште не ми враќа…
Треба да ја инхалирам малата со синомарин, а инхалаторот од зимата не ми е користен. Како да го дезинфицирам, доволно е со жешка вода да ги измијам сите делови?