Вака ми треба помош за едно истражување се работи за деца од 6 месеци-1 година, 1-3 години и 3-5 години ако имате дете или деца на ваа возраст ве молам одговорете на следниве прашања : 1.Дали бременоста била посакувана/планирана? 2.Каков бил текот на бременоста 3.Колку долго е детето доено 4.Каков е сонот на детето 5.Кога првпат прозборело и проодело 6.Дали живее во нукеарно(потесно) или проширено семејство 7.Дали живее во стан или куќа 8.Дали има своја соба 9.Какви и колку играчки има 10.Дали оди во градинка (од кога) како поминал првиот ден 11.Колку другарчиња има и од каде(од маало др населба ) Пишете ја возраста на детето и потоа одговорете ако не ви е тешко фала однапред.
1.Дали бременоста била посакувана/планирана? Посакувана ,не планирана(првата)вторава посакувана,планирана 2.Каков бил текот на бременоста? Уреден со двете,првото е карлично-царски,второто исто царски 3.Колку долго е детето доено? Првото 1 и 5 месеци,второто има 9 ипол месеци уште цица 4.Каков е сонот на детето? Првото спиеше како трупче,второво на штрек 5.Кога првпат прозборело и проодело? Првото(сега 3год и 7 мес) порооде на роденденот на 1вата година,збореше пред годината 6.Дали живее во нукеарно(потесно) или проширено семејство? Живее со мама,тато,бато,баба и деде 7.Дали живее во стан или куќа ? Куќа 8.Дали има своја соба? Во соба се со мама и тато,сега за сега До година ќе ја прошируваме куќата 9.Какви и колку играчки има? Има многу и секакви Точачиња,моторче,коли на далинска,кола на акумулатор,алати,ситнурии 10.Дали оди во градинка (од кога) како поминал првиот ден? Сега не оди,ама запишан е 11.Колку другарчиња има и од каде(од маало др населба )? Има многу другарчиња,кај нас во маало се се дечиња,врсничиња и со неколку години постари Внучињата наши му се врсничиња Од сестра ми внукот е 4 месеци постар,од золва ми внуката е 2 месеци постара Постарото синче има 3 год и 7 месеци,помалото има 9 ипол месеци
Леле мајки темава замрела ,штета никој не пишува. Сакав да прашам батко мој има 9 месеци не настојував да го хранам,и еве веќе гледам дека ќе морам да почнам зошто нон-стоп е гладен. Инаку супер напредува ,почнав да давам овошни ќе лапне лажица две и несака. Пробав парченце тоа сака само да не е каша. А има само едно забче сеуште е рано за сецкана храна . Како да го натерам барем вечера да лапне зошто со цицање е гладен за брзо и се буди?
I nie imame 9 polni meseci, so cvrsta hrana pocnavme negde 5 i pol meseci koga bese.Na pocetokot i cucka moja lapnuvase po 2-3 lazicki i nejkese poveke.Poveke sakase da si cica,ni voda,ni caj,ni sokce.Postepeno pocna da se naviknuva na lazickata i novite vkusovi. Mama25 samo upornost i mnogu trpenie i se ke bide v red.Dodusa trebalo porano, barem posle 6ot mesec da mu davas po malce da probuva...nejse.Ti posakuvam uspeh
После долга стагнација во напредувањето, моето бебе конечно почна да качува во килажа и сега на 11 месеци и 1 недела има 8750 грама. Знам дека е доста слаба, но јас сум среќна бидејќи, од 8миот до 10иот месец, немаше ставено ниту 1 грам, тежеше 8 килограми.Педијатарот ме советува дека треба полека да ја одбивам, бидејќи не сака ништо да пие освен да цица и мисли дека полека ќе започне на тој начин да напредува.Едвај 50 милилитри вода во денот ако се напие. Знам дека следува тежок период на одвикнување од цицање, баш заради фактот што градата и е како играчка и единствен начин да заспие, се буди по 100 пати за да ја стави градата во уста и пак продолжува да спие, а јас 11 месеци без сон Ги замолувам поискусните мајќи, да предложат некој начин за одвикнување од доење!?
мое мислење уште е мала за да ја одбиваш,млекото е нешто најдобро за бебето,дури не ни мора да му се нуди вода,самото млеко си содржи вода,еве и мојава е 11 месеци и е 8500 а си јаде се ништо не одбива,мајка ми вика јас кога сум била 1 год сум имала 8500,значи се е до детето и неговиот метаболизам,па и нема потреба да е многу дебело и мојата се буди навечер да не речам на секој саат и бара цице,и јас сум без сон,ама за неа и за нејзино добро,ако треба нема ни да спијам. и уште нешто,млекото е природен антибиотик,доколку настине слободно само доење! извини мајка бараше совет за одвикнување од доење,се надевам друга мајка ќе ти одговори.поздрав
мајки совет.. малата моја (6 месеци) последните неколку дена не сака да пие млеко (на ад сме) ке го држи шишенцето во уста лево десно ама не пие ... а одма ке и понудам кашичка и цела ке си ја изеде... инаку вода и сок или пак чај ич не сака... страв ми е дали се одбива и од млеко а какаме на 4 дена со маки
Mајки ве молам за совет моето внуче има 13 месеци пред 2 дена си играв со него и почна да му се тресе главата и јазичето да му бега неколку минути остана така потоа се врати во нормала следниот ден изгуби свест пребледе и устенцето му посина бевме на лекар му дадоа б6 велат вознемирено дека е а и забите му излегуваат но ни препорачаа да го снимиме во главата и да го испитаме..сакам да прашам дали на некоја од вас ви се случило нешто слично и дали може да е нешто опасно??
Во комшии имавме ваков случај ,на две години му се случи неколку пати ,дури го голташе јазикот Докторите мислеа дека е падавица,го испитуваа мозочето и крвта на детенцето и се беше ок Незнам дали примаше терапија,што се случи ама детето сега има 13 години е ок,тоа чудо не се повтори Мајката не ја прашавме што како...од срам
На детето што го чував му се случи истото. Ова со тресењето што викаш. Тогаш имаше две год. Прво почна со плачење, плачеше многу, беше вознемирен необјасниво многу. Не можев да го држам во раце од претање. Не можеше да стои само и не можеше да воспостави контакт, како да не ме слушаше. Го однесовме на лекар, му го снимаа главчето, се покажа нешто минимално и сега оди на контролни од време на време. И исто му препишаа Витамин Б6 два пати на ден, со препорака да не се вознемирува многу. Само тогаш беше тоа и не се повтори. Иначе не му е ништо. Здраво-право и супер паметно и многу темпераментно детенце
Од 6 месеци треба да почне да си јаде Јас бев за доење,за ад млеко ,но за крвта на бебето треба и да јаде на 6м,веќе не му е доволно само млеко А чајче,сокче,вода,млеко моето не пиеше од цуцла,само од чаша Некои бебиња не сакаат цуцли,ај пробај со чаша и кажи ми И разговарав со постари педијатри и ортопеди,пред да тргнам на работа ,се советував какво млеко да му давам на малото( кое беше зависно од цице) Сите ми рекоа кравјо да му давам, да не му давам ад зошто било хемија Му беше и слаба крвта од 6м нагоре,не јадеше ништо,е кога тргнав на раб имаше 8 ипол,виде не виде,гладен Е мора да јаде... Сега има 10 месеци крвта му е многу подобра Цица за спиење само,од годинката ќе го одбијам
ти благодарам што ми пиша се надевам дека и кај нас ќе биде добро еве денес повторно се случи истото и остана во болница на испитување па ќе видиме
и нас прво ни рекоа дека е падавица но после рекоа дека е вознемирено дека ќе помине но еве пак почна се надевам дека ќе биде како и кај вас и ќе биде се во ред
па што да кажам еве вчера беше префрлено со брза помош во скопје инаку ние сме од струга и многу критично инфузијата воопшто не помагаше па денес му ставија некоја инекција во рбетот која одела во мозокот и денес имало мало подобрување инаку сеуште не знаат што е причината
Баш те мислев. Баш ми е жал што ситуацијата се влошила. Дознаа ли што му е? Се надевам дека ќе оздрави побрзо.