Ох леле, знам дека ќе биде така, ама вака или онака бебето пак ќе плаче, која и опција да ја одбереш, а знам оти ќе попуштам на крај и ништо нема да испадне од сето тоа, планирав големата додека трае сето тоа да спие во дневна, затоа реков кој знае како ќе ме биде. Не верував дека ќе си имам вака мака со малото, со првото ич ич немав..бацки и гушки до сите
Има и многу позитивни искуства, за два три дена учат сами да заспиваат, со лесно да истерате и да пишеш дека спиеете убаво
Пишав јас во темата за Корона, ама не ќе да е корона. Дома сите сме со затнати носови и киваме. Прво маж, па јас, па свекор сега и малово го фати. Леле жени урлање е ова невидено, носот му е запушен само му течат мрсулчиња, до сега 2 пати вадевме со аспиратор сега излезе еден зелен густ како шлајм . Којзнае што ѓавол е ова, а бебе пред 2 недели ми беше со вирус и тт. Ќе биде ова долга ноќ .
Зелен секрет од нос може (не мора, но е често) да е знак за бактериска инфекција. Од она што јас досега сум практикувала за затнато носе : чисти со аспиратор, прскај повремено спреј, кромид до главата кога спие и трпение. И обавезно цицање, пократко ќе цица дека затнато, но почесто нека биде. Не инсистирај да јаде, најбитно е течности.
Здраво мами, од денес ќе ве дружам и јас во темава Бебе кога заспива постојано се врти на меше,јас го враќам тоа пак се врти и така спие а мене ми е страв така да го оставам цела ноќ...дали и вашите така прават и дали да го оставам така да си спие? Нели најдобра позиција била таа на грб за да се спречи сидс а јас мака мачам за да биде на грб и на крај се будам сабајле тоа пак легнало на меше Исто сакам да прашам пошто прв пат се соочуваме со зарипнат глас, што во ваква ситуација? Дали да давам нешто? Други симптоми освен малку затнато носе нема.
6+ е малото, така? До сега би требало да знае и може да се заврти ако му е неудобно или ако не може yбаво да дише. Моево да видиш како спие... почнав на земја да го оставам да спие зашто се врти како вртелешка. На стомак па на страна па на фаца.. само на грб не спие. Провери кога е буден дали му е развиен тој рефлекс. Моево имам приметено некогаш си ја бута главата во меки играчки и одеднаш ќе се тргне и силно ќе земе воздух, така сфатив дека знае да се тргне кога треба.
Од 4 мес и 2 недели почна да се врти на меше, набрзо по тоа почна и во сон, и јас како тебе неможев са спијам, само ја вртев на страна она пак на меше, тргни во креветчето се што имаш..ако имаш нешто, на тврдо душече и опушти ја психата.
Ако само се врти не го враќај, нека си спие на меше, биди сигурна само дека спие со затегнат чаршав и без ќебе (вреќичка или долги пижамчиња ако мислиш дека ќе му е ладно). Она што скоро го дознав е дека на меше да спие смее само на свој душек затоа што душеците за возрасни се помеки и може да направи џеб на воздух кој постојано ќе го вдишува. Иако не сум сигурна дека кај нас душеците за бебе се тестирани за да не може до тоа да дојде што сепак е многу ретко зашто бебињата си имаат рефлекс да си ја свртат главата и да се ослободат. Не се секирај штом само си се врти значи е силно бебе. Инаку и мене ми е страв па стално го проверувам додека спие
Не го враќај, и јас како тебе бдеев над неа кога прв пат се сврти ама после видов дека си го мести главчето како неа и одговара. Нема фајде од враќање, само ќе го разбудиш и реметиш сонче. Како му е удобро така, бебето ти пораснало и си се мести како сака
Е со тоа проверување.. беба одма се буди кога ќе влезам јас в соба, значи маж ми може да тропа и ништо, јас на прсти одам и пак ќе се разбуди, толку ло да осеќа? Само од страв што имам не ја оставаѓ да си спие во друга соба и да не ја реметам.
Големата е 2 год и еден месец ( детално да ти кажам ) уште.го правам тоа Не знаеш што попрво блеска Реп, сало или умор
Додека се слушнам и отидам на ортопед сакам да слушнам и ваше мислење. Малиот во последно време подава раце и штом му подадеме ние се крева да седи, ама не знае да седи. Седи малце како кифлица и со наша помош. Дали е во ред или да не го седнуваме сѐ уште. Инаку е 6+
Мене ми рекоа на доктор од 5 и пол месеци да ја редам под 90 агол, знам бебиња кои на 6 полни без помош седат. Туку и јас да си прашам за мојава беба, 7+ сме, од 6 месеци лази војнички, сега веќе се пушта правилно ама не е ептен многу, после неколку чекорчиња паѓа на носе. Е сега, почна да се фаќа на штиците од креветчето и да се дига на голена, па мести стапала и со газето во вис.. не можам ни да и забранам кога упорно си прави така. Ја седнувам во скут, таа ја употребува цела сила и се крева со нозете да стои, луѓе стои без да ја држам. Многу ми е страва ама ептен е своеглава од многу мало, темпераментно бебе е, слабо ама жилаво. Еден педијатар кроз муабет го прашав ми рече да не и забранувам ништо, као секое бебе е различно и она само знае кога може, едвај чекам понеделник контрола, само барам и ваше искуство и совет.
Шом се труди остави го,само дава знаци. Како бе да не и даваш ? Па сама кажува дека е спремна за качување , само ќе бидеш сега ти лепенка за неа
Ако добро разбрав, зборувате за откажување ноќни подои. Ноќните подои беа исцрпувачки за мене, па на 14 месеци решив конечно да ги укинам. Тешко е да се издржи во смисла да не попуштиш на плачот, но после три дена детето почна да спие цела ноќ. Ниту гладен, ниту жеден бил, се е навика. Кој е заинтересиран, нека го прочита искуството што го пишав на линков. Се надевам ќе ви помогнам да се охрабрите Поздрав . https://forum.femina.mk/threads/Сов...чиња-12-24-месеци.24046/page-457#post-5106169