Нема со корона затнат нос, друг вирус сте закачиле Вади мрсули, инхалирај (и вие може да се инхалирате), многу цицање и ќе пројде.
Да, најверојатно. Еве денес 4ти 5ти ден веќе сме подобро. Вчера и т качивме двајцата со бебе, ама денес мислам ќе бидеме супер. Среќа маж не качи температура иначе како што е драма пак ќе одеше да се тестира за корона
Не го нишкаше, само го стави до него и се правеше дека спие. Со нишкање имаме пробано ама така уште повеќе плаче. Така всушност и го заспиваме навечер. Го легнуваме до нас и се правиме дека спиеме. Ќе поскока и ќе види дека нема што да прави и ќе легне до нас.
Прв пат беба денес ми имаше зелена кака, не смрдеше воопшто.. 2 дена сме само на цицање, што значи од храна не е, ни јас немам нешто јадено зелено. Не знам дали и е настинат мешко или од што друго може зелена кака? Гладна не верувам да е, пошо цица на секој саат ама со лажичка водима битка, плус вчера имавме лет и се и е собрано.
Првата вечер мислев дека маж ми ќе проба да го понишка да го смири, а тој го ставил до него. Тој период само што се научи да пие од шише и шишето немаше да ни помогне. Читајќи ги другите членки во групата за деца од 12-24 месеци, гледам дека со тоа што пробувале градата да ја заменат со шише, сега се соочуваат со проблем како да ги одвикнат од заспивање со шише, така што тој проблем не знаејќи си го скратив. Цуцла не прифати, освен за глодање кога го мачат забите, така што и таа можност за смирување ми беше исклучена. Ова се покажа како најлесен и најбрз начин. Да знаев дека толку брзо ќе успеам, ќе пробав месеци наназад. Значи не викам дека беше лесно да се слуша плачот, сепак знаеш дека тебе те бара и додека плаче тој плачеш и ти. Но ве уверувам дека станувањето за цицање е од навика. Сега се случува да стане еднаш во текот на ноќта ама на недела дена, му давам шише со вода (пие од неа по цел ден) и ми вика не не и ја фрла. Да е жедно, нема да ја фрли, нели? Пред да го заспиваме е јаден и ќе му дадам да цица, така што не е ниту гладен. Има периоди кога ќе се исплашат па ќе се разбудат, кога стануваат да си играат, си муабетат сами со себе и сл. Но, кога ќе видат дека го земаш до тебе, пробуваш смирено да му зборуваш да не се плаши, дека се е во ред, дека треба да спиете, и на крај кога ќе "заспиете", заспиваат и тие. Сигурно ќе има и обиди за бегање од кревет ама го земаш , го враќаш до тебе, и продолжуваш да "спиеш". Ќе види дека после неколку обиди нема излез и ќе се помири. Бидете храбри и цврсти во одлуката и ќе успеете за многу кратко време. Секако поддршка од партнерот е неопходна. Кратете дури се помали и помалку разбираат, ќе си заштедите и нерви и сон, ќе бидете поодморени и уште повеќе ќе можете да им се посветите во текот на денот. Еве што се случи со моето задоцнување, 1 и пол е, а мене несоница ме мачи. Секоја вечер е вака, навика ми стана да ми биде скратено спиењето... да го чекам првото будење за да не ме буди од сон, спиење на рати и тн. А веќе скоро и да не станува ама сега треба на себе да си докажам дека нема потреба да дежурам.
Здраво мајки Како сте???? Денеска прв пат пробавме жолчка му ја искомбинирав со банана... Дали имате комбинирано вака и кој други комбинации си жолчка ќе ми ги предложите???
Да, може. И јас така имам давано оти не ја јадат Во палента имам ставано жолчка исто, со зеленчук може во ручекот исто така, не се воопшто забележува, имам маскирано многу пати и јаделе без да осетат
Фала, а дали е најдобро за доручек или ручек да се дава или нема врска моево денес лрв пат пробува, ама откако ќе проба неколку пати дали може за ручек да му давам?
Додека ја воведуваш во исхрана најубаво е на утро, за ако не дај боже има некаква поголема реакција да имаш време да реагираш. Откако ќе ја воведеш цела можеш да ја комбинираш и во ручек и во појадок како ќе ти одговара. Едит: мене бебле ми ја сакаше на почеток дур ја воведував, па и давав прво жолчка па продолжував со појадокот. Сега не ја сака, па ја маскирам.
Јас цело време за ручек му ја давав, од пред две три недели давам некогаш за доручек,некогаш за вечера
Мајки, сега идаме од на контрола. Беба ми е 7 и пол месеци. Доктоеката викаше по мене дека не сум и давала да јајт, значит ужасно се осеќам. Беба ми е 74цм, 7кг.. страшно. Стварно е слабичка и не креват на кг ама тој коментар ме уби. Си цицат ама излега не и е доволно. И нудам храна и само фрлам, 4-5 лажици и е максимум. Стварно е многу активна, цврста и жилава ама слабичко е. Ми препиша некој капки кои отвараат апетит, со рибизло масло се. Ве молам за совет, некоја што го поминува или го поминала истото. Бебе е родено со 3.600, на 4 месеци имаше 6кг, на 6 месеци 6.490..
јас момче имам и за нив е различна табелата, горе долу се раководам по ова. Ако бебето е задоволно не знам што повеќе, а да ви била матичната на наше бебе сигурно ќе ве пофалела, таа сака послабички
Жал ми е што си наишла на таков тип на докторка што треси од ракав. Таквите да ги замолиме да пробаат еднаш да ги нахранат децава што туркаат лажица на непробано. Ако успеат, да, мајката е крива Ама ќе успеат некогаш никогаш што вели баба ми. Не се секирај имаш нејадач бебе и тоа е многу фрустрирачки. Но, не е вечно. Се сеќавам на ќерка ми, а бе штом ја водеше лажицата ја туркаше, не па да зини, не и не. Ја носев на педијатри, добра беше, витална, активна, ама не јадеше. Живееше на Аптамил. Агонија која траеше до 2 години отприлика и магично престана сама од себе, сега јади се буквално. Твое е да правиш, нудиш и фрлаш . Ќе се среди само.
Тоа е тоа, имам докторка во Мк која ми вели со сила не е убаво да и даваш, а тука Австрија ми го плесна в лице како јас да ја ставам намерно да диета. Се надевам дека ќе си почне да си јаде нормално.
Јас мислам дека е височка твоја бебка,затоа не иде нагоре во тежина Мораш да нудиш нон стоп јадење, кај и да е ќе има и 3 оброка. Те поддржувам целосно,знам како ти е со нејадењето. Месец и повеќе правев по 3 оброка и ги фрлав. Ај што ќе зготвиш,ама и да го смислиш за цела недела менито...и на крај неизедено. А па уште со лажичката до уста не си дошол, бутка со рацете и прави бљак фаци. Затоа за 7ми 8ми и 9ти месец качи 1кг. Ама сега јаде,каде каде подобро. Само трпение, ќе помине.
Skoro slicen slucaj generacio roden w plua 800 grama od tvoeto na 7 meseci 8 kg i 74 cm.Ne saka da cica i ne sakq mleko kako i da go molam l....Pedijatarot vika super odlicen e a mene crvot mw jade.Vajda takvi ni se decata ne se grizi.