Искрена си бар иако е убаво ама сигурно е и тешко. Лелее, ем би сакала ем прпа ми е. Поделени чувства. А сакам стварно. Мене да ви кажам кога ќе помислам, вака ко идеја убо ми звучит, и после ми доаѓа делот леле доење, леле пак вакцини, па килажа колку, па пробување вкусови па дури пркне, неспиење цело време, чистење дома, а од друга страна уште едно човече
Лигава генерација си сме реално. Ајде учиме учииме. Можда со појќе деца, појќе сила, ко на спид да си исто.
Повеќе деца, помалку време да размислуваш. Не може со ист квалитет да израснеш 1 и 5 деца. Никогаш нема да се согласам со старата "Па што им фали". Плус малку информации. Сега сме прематрупани со информации ама ако читаш внимателно, на прав пат си.
Јас сакам две ипол до три години да ми се разлика барем кога сум уморна и сум се навикнала на растурено по дома ќе пораснат и двете.
Кои приспивни песнички ги пеете? Јас знам 2-3 и само тие ги вртам, маж ми ме зеза ко расипана лента сум била
Јас најчесто пејам на на на или шшшш шшш зашто кога пејам со текст очите му се ширум отворени и ме гледа во уста Како бебенце му пеев песни од Тоше @elimkd Хахахаха
Јас имам една иста за пред спиење, кога го облекувам му ја пеам, за да научи да ја поврзува со спиење. And the soong is: Чудна случка од Симон Трпчевски Не дека е многу приспивна ама така ми дојде еднаш, полека му ја пеам и се смирува. @elimkd
Хаха ме изнасмеавте @Jana06 исто гледа како ми се движи устата ама почнува и да замижува, што знам може навикнат е дека од раѓање ги пеам истите Едно маче, мало маче ни е омилена, и мене таа ми ја има пеено мама Потоа во светот на бајките Ама сакам и некоја друга да воведам
Јас измислив една и таа и е пеев, као за не ама не пеам поќе, сегс заспива кога и шепотам близу челото и и го допирам со уста.
Мама воли бебу Медо брундо Слон лепотан дондолан Разболе се лисица Деца су украс света Нани мило нани Во светот на бајките Не срами се Симе( дека Симон се вика) Амбуланта Ех тој Тоше Чекај чекај Тони Наташа од трето три Ишли смо у африку Исто едни дедо ми што ми ги пееше како мала и јас му ги пеам на него
Мајки, се извинувам што ќе ве прекинам малку во дискусијава за песничкиве Едно прашање, искуство со покачени лимфоцити на крва слика а црп ок? Како се движеле кај вашите малечки, во нормала или?
Првиот пат беа покачени од стомачен вирус, вториот и третиот благо покачени и многу веројатно е од забите.
И моево нема заби ама потечено е непцето од 5ти месец навака и никако да пробијат. Можно е од тоа да се покачени лимфоцитите.