Дали имавте фаза плачење при менување пелени?! И дали е фаза воопшто од нигде почна да плаче, и тоа со солзи буквално секое пресоблекување. Мислев да не му е ладна влажната м. пробав и без бришење и пак исто. Мене не ми смета, само ми е жал за него...
да фаза е,и трае еве кај нас веќе месец ипол за некој ден ќе прави 11 месеци и поголемата така ми правеше исто.ама се средува, сега пак со големата проблем е сама сака да се облекува и ја оставам ама драма е
Плачеме, пиштиме и бегаме кога се менува пелена. Плачеме кога нема да ни се даде тоа што сакаме. Плачеме кога цицаме и заспиваме. Дали е тоа скокот пред и околу 12те месеци? Ако да, колку траеше кај вас и како го преживеавте?
Денеска и вчера на среде јадење почна да плачи,со солзи. Од нигде никаде. Кашата не беше ни ладна ни топла,таман.Ивремето кога ја дадов беше погодено,не закаснив. Морав да го кренам в раце па да дојаде, седнат в хранилка не сакаше.Каде е проблемот.. 7 месеци е, да не е запче? .. Ама зошто би плачел на јадење, кашата не беше премногу топла па да му пречи на непцето..
Исто беше и со моето пред некој месец нагло престана да јаде, за една недела прави 10 месеци, исто само млеко по 150 мл. Го оставив така да тера некое време па почнав да му купувам готови каши овошје па после и зеленчук, пополека почна да јаде сега пак му готвам. Пробај палента со кисело млеко, двопек со кисело млеко, смени му малце од тоа што секој ден јаде може му треба промена, а може и заби вади, не се секирај ќе јаде.
Да околу 5 долари the wonder weeks се вика прочитај повеќе тука https://forum.femina.mk/threads/Скок-во-развој-кај-бебињата.20528/page-116#post-5635630
Мене вакви глупости ми праеше ми зајде пред некој ден исто не знам што е работа. Гледам да не му каснам со јадење, сега е 8м подобар е не плаче
И кај мене вака прави на сред јадење почнува да вришти, не знам од што и јас, моево сега вади забчиња и тоа две наеднаш, па претпоставувам дека е од тоа.
Мјки вие што давате чоколино... Во составот сите ли видови имаат млеко?.. Ние имме реакција на млечни а знам содржи млеко.. Па можеби има некои без...
Хахаха не е фаза.. или фаза што трае уште. Нина е 16 месеци ииии борба е за пресоблекување, бегаа, се тегнеее, плачее ма хаос. Не ти смета сега, а него ништо не го боли верви само е љуто шо го тормозиш.
10 месец имаат регресија во спиење и скок кој доведува мајки до полудување. Ако било до сега супер со јадење,фаза е ќе помине, 3 дена не е многу, 2 недели точно ми има штрајковано со јадење амаа ни залааак да касне. Те разбирам подполно.
бебка утре прави 11 месеци,не јаде цел месец,го поминавме скокот и сеуште јаде како вапче ги извади горните двојки таман се израдував некој ден поткаснуваше сега пак несака вчера ја однесов на педијатар,вика ааа мајка до забите е, се и е набабрено си има мака детето,ич да не и се секираш ќе пројаде точно 9 кила е веќе доста време ама за 11 месеци ми рече идеално е,И кажувам на докторкава дека цица како новороденче вика си бара утеха поради забите ми даде витамини само,крвната слика и е супер...мислам дека споро ги вади ќе си видам маки...тоа си е
Мојот е 9 месеци, во 5 дена извади 2 двојки горе и единица! Го мачеше запче и беше набабрено непцето, кога искочи мислев е единица, ама не 2ката искочи. После пар дена и единицата проби и другата двојка. Баш жално, он јадеше нормално али да, цицаше повеќе да не речам нон стоп на цице залепен.
Мене па ми имаат 2 педијатри речено дека не е точно оти не јадат поради растење на забите, шо кај нас и во пракса се покажа дека може да јади иако вади четворки и двојки, а нејадеше додека немаше нии набабрени непца, ни па со мееесњци заб,мада не знам можебу кај некој е различно. 9 кг за 11 месеци супер.