Да се буди бидејќи периодов е за заби моментално вада 4 ки и 3 ки се буди со плачење ама јас давам да цица и ведднас презаспива .. Проблем со будење нема се буди со плачење плаче и спие хахахаха ана тука е цице и веднас презаспива .. може и да е од топлото бидејќи прремногу се поти периодов .. Ти благодарам
Мајки ми треба совет незнам дали е има тема за седиште за во кола барав ненајдов овде ќе прашам Бебево за два дена прави 7м и е околу 8100гр во транспортер несака за жива глава да се вози, несака да седи во него, сакаме да земеме седиште за во кола Има од 0 и од 9кг според вас какво треба да земам? Ги гледам на Чико ако имате некој подобар предлог би ми бил добредојден
Не е уште прооден, се држи за мебел и оди, самостојно се пушта од кревет на маса, два, три чекора. Фала ти на информациите.
Кога се јавува регресија? Имаме 7+м овие три дена девојчето душата ми ја извади кога ќе дојде време да се успиеме тоа се плаче, се лути не можам да ја смирам Не сака во раци, не сака во креветче ни легната до мене, значи НИКАКО не сака и на крај ќе заспие може после цел саат борба и плачки
Леле значи ќе ми требаат железни нерви додека да поминат 6 недели се надевам нема да трае толку долго
Мајки ми треба совет околу храење на бебуш. Ќерка ми има 7 + и од кога можам да и дадам храна во друга текстура? Досега со блендер и спремав, но и имам дадено банана и авокадо гмечено со виљушка и не ми направи проблем
Можеш кога сметаш дека е спремно бебето. Давај прво гмечено па после можеш парчиња или пак пробај со блв метод има некоја група на фб
И моето е таа возраст, 7м. Пред една недела не го сакаше веќе овошјето блендирано и почнав да гмечам со виљушка. Веднаш ми го прифати. Сега доручекот му е така, а за ручек уште блендирам, но планирам и тоа да му го понудам наскоро гмечено. Така да ако е спремна давај.
Зошто да си закаснила? Зар има од кога треба да се почне со парчиња? Ова чисто случајно си "побара" малиот.
Дека ве читам на 7м ви прифаќаат. Ја еднаш на 7м му дадов пасирана банана и овес си ја изеде и проста требаше да продужам ама наплашена викам ај уштр еден месец и ќе почнам...еве помина 1мес истото јадење сега го нејќе
Значи добро сум запамтила, знам дека прашуваше за тоа....ич да не се секираш, ако ти е за во градинка секако блендирано им даваат, а со тек на време ќе си почне и во поцврста форма. Кога е спремно тогаш.
Мене ми беше да си олеснам да не се шетам со пасаторот да му спремам...ама ај ќе си почекам А и дечкото има 5 заби сега 2те двојки горе му извиваат тој уште пасирано сака. Ништо нејќе да гризне што му нудам храна ама ја и мм цели изгризани сме
Нека си ги реди како бисери. Моето нема заб за лек, ниту на повидок се. Колку индивидуално. На другарка ми детето (2,5 г.) јаде овошје само блендирано, она се нервира. Викам во каква форма нека сака - само да јаде.
Генерацијо како се справувате со регресијата во спиење во 8м. Ја дури сабајле сфатив дека е регресија + искачаат горе двојки 3ки на повидок + почна да се исправа и сега во сред ноќ очите затворени и со газот се крева и плаче во сон. Се нишаме возиме во количка во 3 сабајле читам 3-6 недели трае се надевам ќе помине ...заборајвме како е во сред ноќ бебе да те буди
Кажете некој совет против тврда столица, се мачи кутро бебе. За доручек јаде Круша/ праска/ јаболка/ слива или комбинација од тие со житарка (палента или просо главно), за ручек батат со тиквица кромид лук брокула карфиол , грашок, боранија... сега почнуваме со месо. Банана само убаво зрела и поретко, ориз избегавам дека стега тој. .. Кај ја грешам работава? Се надевам масло кога ќе почнам и путер ќе омекне малку жал ми е да гледам некогаш солзички и потекуваат од зорт.