За афти е супер, јас конкретно за таа намена го имам користено, кај малово се појавуваа почесто оти брца се и сешто во уста. Сега се имаше удрено пред некој ден од надвор на брадата, од внатре на местото на ударот му се имаше направено афта, ич не ми текна на ова гелче, а го имам дома. Баш после ќе му ставам.
некој ако знае да ми каже како е крвнава слика. планирам после на педијатар, исто правевме и брисеви.
Нос тече. Како погусти мрсули ама проѕирни. Поткашлува од време на време, послабо јаде и како затнат е. Вака е откако тргна во градинка.Веќе 2 месеци.
Не е страшна крвната слика, нормално е во градинка такви да бидат. Сите се исти. Битно да нема температура и други пропратни симптоми. За нос течење, ќе тече. Додека да зајакне. После ќе има паузи во течењето нос, ама пак ќе го има.
Здраво сезнајки. Сакав да ве прашам дали имате искуство со бронхо ваксом? Цело време кашла значи ми иди да скокнам од 6ти. Со антибиотик не кашла само додека пие и толку. Ни дадоа да инхалираме пулмикорт наутро и навечер, ама нема ефект, си кашла. Брисеви се чисти, крвна слика супер. Се консултирав со матичната за бронховаксомот ми рече лекот е одличен, ама јас не сум го дала на толку мало дете, консултирај се со доктор од Козле. Јас ќе прашам и доктор од Козле се разбира, ама сакав да слушнам искуства и од вас. Фала сезнајки
И мојата уште некој ден има и ја завршва шемата. И јас досега немам видено некој ефект. Иста е со кашлање.
Како двате боров мед? Може ли во нешто растворено сок, чај? Нема шанса да го голтне од лажичка. И по колку давате?
Не знам колку ќе има ефект да го раствориш во нешто. Ако е за кашлица баш неговата структура ја смирува кашлицата, јас сум давала по 1-2 мали лажички. Да проба барем, многу е вкусен, може ќе го просака.
Го проба и му доаѓаше нагон за повраќање а не знам зошто. Многу е вкусно навистина. Иначе го давам за повторувачки бронхити.
Оф, го пробала значи, јас мислев не сака ниту да проба. Ништо тогаш пробај ко што рече Мама, па белким ќе има ефект.
Сега пробав и така и не ми помина Ништо, ќе давам така со сок од пола портокал и малку чајче па шо биди нека биди. Си велам дека ќе има ефект и е подобро од ич да не прима.
Кај нас имаше многу ефект и за синко и за мене. Лани цело шише испивме, годинава немам купено, не сум одела накај Берово. И за болно грло помага многу, инстантно ја ублажува болката.
Да ми препорачате материјал за задржување на фокус и внимание кај дете од 2 ипол години? Во стил на вежбање фина моторика, редење коцки, боење, некои дрвени играчки, во хартиена форма (што би нашла по книжариве), кои ќе ми помогнат и мене и него да седнеме на земја и да му задржам внимание од минимум 15-20 мин. Ова ми е препорака од педијатар, преактивен е и прв совет е ова.
Темава е полна со идеи, ѕирни ја кога ќе имаш време. https://forum.femina.mk/threads/Занимации-и-игри-за-развој-кај-деца-од-1-до-3-години.11730/