1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми не ја ни бара веќе. Сега не знам како ќе биде во градинка, оти јас и реков дека нејзините две другарчиња најмногу што се дружиме, немаат исто. Едното дете нема додуша, другото ко божем ќе тргаат, не знам до кај се.
    Ама малата моја е генерално многу разбрана и соработува, освен нели кога сака намерно да ме нервира.
    Ко вчера да речеме. Имавме една мала пакување паста за заби само, од тие 12гр за патување што се. За деца. И додека се свртев ја изеде. Ја изеде :devil:. Со флуор нормално. Па барав-читав мала количина е, не е опасно.
    Јас нешто ќе кренам она оди вади фрла. Па стави од тие ластичиња за коса во уста. Абе со стол на умивалникот у кујна, кај што и е забрането, оти нели некогаш и ножеви миеш, ставаш внатре. Не можеш нон стоп се да тргаш, иако се трудам да е се високо од опасни предмети.
    И така ми се плачеше малку од повеќе. Секунда да не се свртиш.
    Вчера не спиеше дневна, иако малку сон имаше ноќта. Заспа во 7 ипол вечерта, во три ипол стана и до 5ипол будна беше. После презаспа и до 9 спиеше.
    Денес пак не правеше дневна, се надевам ноќеска нема пак да стане во 4.
    Еднаш само понеделник да дојде и да ја однесам во 7 ипол уште во градинка. За три дена ново дете ќе имам. 4 недели дома. Ме полуде..
    Во мк до дека бевме, додуша тие 5 дена додека беше здрава, да речеш да се заигра со баби и со некој. Абе лепенка. Ќе и избегаат мајка и и татко и. Фластер.
     
    На 1209, AlmaOculta, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Конечно заспа, си ја бара цуцлата. Да сме купеле нова после. Му велам нема веќе каде да се купи. Имааа у маркет. Па утре ако запни ќе го носам во лидл да види дека нема цуцла. Не беше многу плачење, ама одложуваше спиење. Па ваму ме носи, па онаму, па дај ми ова, дај ми она. Па пак цуцла бара и така во круг. Се измори и заспа. Очекувам за два саати да бидат плачки. Ова за сега се трпи. Ама ќе видиме како ќе ја поминеме ноќта. Сега добра ви ноќ мамасити.
     
    На 1209, Carolin., lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Бибиче

    Бибиче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2025
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    99
    Може не ми е прашањево за тука ама ај може некоја ќр ми одговори во врска со одбивањето на млеко. Од пред 3 недели воопшто не цица, не дека бевме нешто многу на активно доење но си цицаше по малце. Јас млеко сеуште имам по некоја капла кога ќе се стиснам. Дали пиевте нешто за да ви допре или само од себе остававте да ви исчезне? Ми е страв да не може нешто да ми се искомплицира со градите.
     
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.045
    Пол:
    Женски
    Ѕирни ја оваа тема, можеби тука ќе најдеш посоодветни одговори

    https://forum.femina.mk/threads/Престанок-на-доењето-одбивање.4228/
     
    На Бибиче му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Година дена по престанок на доење и кога стискам излегува по некоја капка. Немам проблем со градите никаков. Но сигурно сеуште пролактинот ми е висок. Немам проверено хормони. И кај многу жени е така. Нема место за паника ако не си ги осекаш тешки градите.
     
    На Бибиче му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Прва ноќ без цуцла. Успешна мисија. Со едно будење и плачење ама брзо се смири. Да продалжи така синко мој :l:
     
    На misli_si, Giiirl23, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Помош. Невозможна е. Ми се плаче.
    Не знам што му се случи на детево, стварно ми иде да избегам од дома.
    Никаков ред што нема нема. Ни се јаде, ни се пие, ни се спие.
    Ама однесувањето најлошо од се.
    Ова како да не е моето девојче. Ни се тера- ни се води. Само глупости се прави.
    Сега средувам облека и ајде ќе ми помагала. И реков однеси ги чорапите тогаш во фиока, задача што порано ја извршуваше. Ги зеде, ме гледа во очи и отиде ги однесе во корпата за перење иако и повторив дека не се за таму.
    Ова пример само. Или еве да јаде, омиленото јадење. Боцка во вилушка и фрла доле, а гладна. Треба татко и да и дава да јаде ко бебе.
    Не дека сакаме, свесни сме дека не треба, ама она не сака. Да и давала татко и.
    Целото внимание го има. Сите начини се испробани. Го прави намерно.
    Ова не е ужасно, ова е многу полошо од ужасно. Нема прекин. Нема пауза. За секоја една ситница.
    Пола од стварите што ги сака се казнети, воопшто не ја допира. Нема никаков ефект казната кај неа.
    Сама да се заигра, бог да чува.
    Ќе бои, четки ќе гризе, вода ќе фрла. Ама со секоја една работа е ваква. Само трчи како мува без глава и веќе страв ме фаќа од детево.
    Се крстам само од понеделник малку да се поприбере во градинка оти готови сме. Гледам од следна недела ќе се стопли и планирам дома до 6пм да не се прибираме и после само спиење.
    Искрено вакво напорно дете не сум видела до сега нигде. Си признавам :worried:.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Денес повеќе пати ја побара цуцлата. Не сакаше да спие и ете го сега заспа и не успеав да го спречам тоа. Јас го бутам да си играме, а тој клапна и заспа. Вечер ќе биде весело ќе седиме до два. Цел ред се поремети. Се надевам брзо ќе се врати во колосек.
    Како беше со редот на спиење кај вас кога се одвикнувавте од цуцла ?
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Па малку потешко и покасно заспиваше два дена. Сега веќе неколку денови не ни спие преку ден.
    Разбуди го за некое време. Пола саат макс. Понуди нешто што сака.
    На пр кога морам да ја разбудам и велам дела ќе гледаме слики и одма станува. Зависи што сака.
     
    На Carolin. и Ceneva им се допаѓа ова.
  10. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Можеби и е таков односот ако долго време е дома. Го имам и јас забележано моето ако не излезе цел ден буквално не полудува сите. И само од глупост во поголема глупост влага. Толеранција кај нас на пример немала толкава. Ако ја фрли на земја храната во истата секунда станува. Многу се нервирам поправило за храна, а гледам и маж ми исто му реагира. Ако е подобра изнеси ја кратко на лулашки може така ќе биде помирна после дома
     
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    Во последните пораки тотално ги препознавам моиве, такви станаа некаде накај 2.5 и со секој ден се полоши стануваат. Секоја можна минута е тестирање на граници, само што кај мене е x2. И тоа што ништо не ги допира, ни казна, ни да останат без јадење. Едно чудо играчки им имаат завршено во ѓубре, ќе поплачат и толку. Едно време сами ми даваа ќеса за ѓубре да им ги соберам. Е кога сме на гости или имаме гости се други деца, никој не ми верува колку се лоши :D
    Згора на бељите нон стоп се тепаат, целите се модри, изгребани. Господ трпение да ни дава, не знам што да кажам
     
    На Carolin., lackygirl, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Откако се роди бебето мноогу почна со вакво однесување. Ама само со мене и татко и. Со бебето е супер, и сите околу викаат дека е превоспитано дете. Со нас е.... ама ем период ем промена голема. Ќе помине, се поминува. Да не ја заречам последниве 2 недели е злато. Ќе видиме до кога :)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Ова е да логично да се помисли. На прво и јас така би советувала. Ама ама ама :D.
    Добра е. На неа веќе две недели препишана терапија и е воздух, што значи секој ден е надвор. Дури и на дожд, снег, минус, кога и никој друг не е надвор, ние сме бар на тротоарот излезени и играме.
    За храна не сме правеле никогаш компромиси. Јас никогаш не сум ја молела да јаде, ни пак сум нудела замена храна. Од бебе. Ако на мени е грав и не сака да јаде, може да слегне од маса, и нема друго..или ќе чека нареден оброк или ќе се врати на гравот.
    Ова е ново ниво. Ова е те гледа и прави глупост. Тргаш чинија, предходно со дефинирано правило, дека ќе се земе чинијата ако се изведува.
    Зема прави глупости, тргаш чинја, лажица, нож. Се треска, се дере. Ти велиш ок поплачи, ќе пробаме после пак. Пак даваш по некое време, пак се тестира дали ќе важи истото.
    Уште еднаш тргаш. Уште еднаш се треска. Ти крварат ушите веќе, притисок ти се крева.
    Се смирува после и од кај татко и, и вели дека он треба да ја нахрани. Му велиш можеш сама, впрочем јаде со лажица како професионалец, пробува да користи нож и вилушка, истовремено при јадењето, како во 3:*: Ресторан, не дека не знае, ама ете шо ќе му правиш.

    Башка лулашки за помирни деца е. Мојава е адреналин џанки. Сите велат девојче полесно е. Ми иде да им ја дадам на 2 дена само.
    Исто исто. Јас мислев нема да ескалира до ова. Оти нели најтрпеливо и се со објаснување. Ахам да.
    Интересно ова за пред луѓе значи. Многу умна и воспитана, многу мирна итн си знаете.

    Тебе капа долу. Респект. Со две, па и момчиња. Ми иде вака само :hug:
    и да ти подадам:d:.

    А јас дури и планови правев кај да ја носиме, да одиме де на пливање, де шетање на фарма, бо душава ќе ни ја извади ако продолжи вака. Сега ќе видам неделава како е, ако не се смири нигде не одам. А за утре и зоолошка и ветив. Може па и да ја оставам таму со мајмуните, нека си прават друштво :emo:.
     
    Последна измена: 21 февруари 2026
    На Carolin., AlmaOculta, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    203.463
    Дали е случајно таква ако/кога е татко и дома?
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Прво така мислев и јас, поради нели што долго бевме сите заедно, па сега не прифаќа дека мора да работи. Ама некна баш ко ми се плачеше и кога најмногу ме провоцираше, беше кога он беше на работа.
    Јас мислам да не е од џуцлата што тргнавме, па нешто и фали и не знае како да се искаже, ама кога ќе помислам баш оти и тогаш претера, ја казни татко и.

    Полека полека веќе еден месец е вака, ко што рече горе Ле, од две ипол навака почна.
    Знам дека е скроз нормална фаза, и веројатно и е интересно да ме тестира и да зовирам, се гледа задоволство во нејзините очи кога избивам :devil:, ама не ми е интересно.
    И велиш одиме да миеме раце, ракави ќе дигнеме и малку сапун се става, миеме раце и толку..после сушиме.
    Ок, да ок.
    Одиш во купатило се дере сама сама. Оставаш сама става сапун за пола село да се измие, па почнува плискање вода на сите страни, сите нешта што ќе ги дофати да ги измие и наполни со вода. Па растура на секаде. Па ја прекинуваш нормално, се дере и трча пак кон бањата.
    Стоиш ко идиот на вратата да не влезе додека се треска.
    Мислам ова не е недостаток на внимание, туку премногу и треба малку на игнор да ја ставиме. Да не почнувам пак со тоа дека не не остава три секунди да си кажеме нешто меѓу нас, мора се она да е во центар на внимание.
    Не знам кога го огаливме волку неподносливо да стане.
     
    На Carolin., lackygirl и le.soleil им се допаѓа ова.
  16. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Не е разгалување верувај. Иста ја имам дома. Периодот им е таков. Буквално исти работи прави. Со миењето раце, со тестирање граници, со дерење кога зборувам со татко и. Се комплет.
    И зборевме дека бебето не се бацува по раце зошто ги става во уста. Само по раце го бацува. Сабајле ја гледам дека тоа прави и не коментирам ништо. И пошо се осети изигнорирана, ми вика, јас си го фаќав окото (ова пошо и солзеше пред 2 недели и и објаснував дека не е ок да си го фаќа окото и после бебето за раце), и сега бато го фаќам и бацувам по раче (facepalm) И викам и добро треба тоа да го правиш, вика не и се смее. Значи она многу добро знае што треба што не ама си пробува.
    Јас отстапки од рутина не правам, ама и си ги бирам битките. Сакала да мие раце сама, нека мие. Сакала да се шлапа, нек се шлапа. Кај што сум категорично не за нешто не попуштам, па плаче, па се гушкаме, па објаснуваме по 100 пати. Фаза... ќе помине. Само нерви треба, ако има кај да се набават :l:
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Па да. И мене ми е напорно за се едно да велам не и да изигравам вампир. Оставам и не се расправам.
    Инаку да исто што кажа, знае дека не треба, ама го прави. И баш кога нема да ја видам или изигнорирам, ќе дојде и ќе каже што направила.
    На пр. Крема не се јаде нели мама, епа јас јадев крема и така. Ама таа биодерма атодем, стварно е блага не знам дали сте пробале :tmi:.

    Немам место веќе кај најгоре да редам нешта. Се што видам ставам над плакари, горни полици. Во купатило не смее ништо да е на дофат оти отиде се. Па ова ако трае вака до кај 4 години, ќе излудам.
    Многу беше чил до сега. Се се разбиравме. Со книги, со примери објаснував, вака последната недела ако верувате само на спиење ја поднесувам. Се друго ме нервира дополнително оти и треба да добијам. Мислам ме насети и сега маста ми ја вади.
    Маж ми па он демек чекај тогаш да одмориш од неа психички, оти се погоди нон стоп се со мене, ќе ја занимавал повеќе денес.
    Го гледам после втора половина од денот, чади и само трча по неа.
    Па од што ваква со плачките засилено неделава, па шо не сака ни да спие, па и заби шо вади и цела ноќ што преработува и во сон цивка и плаче. Ај пмс па и не сум спиена цела недела. Вештерка сум.
    Им реков вечер сама ќе си спијам, нека ја пази малку, да одморам. Он секако си хрчи и ништо не го буди. Најдаена е, во вреќа е за спиење, не е болна фала богу, се надевам барем една фаза длабок сон да сврзам инаку тахикардија имам веќе.
    Ама за тоа срамота е да се жалам кај тебе, ти со бебе па, којзнае колку пати стануваш :hug:.
     
    На lackygirl и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    Леле од збор до збор истово го прават и уште милион такви глупости у текот на денот. Од бебиња им зборам дека деца не смеат да пипаат ножеви, сум ги карала, со убаво, со лошо со секако. Абе секунда да не ми се во видик ќе грабнат нож и ќе се размафтаат. И не, не можам да ги кренам вон нивен дофат. Не постои такво место кај што не може да се качат. Земаат стол, па на плотна од кујна и све им е на дофат. А во кујната немам фиоки со клучеви. Сите оние брави, лепенки за baby proofing им се провалени од годинка кога имаа. Ако едниот сам не можеше, со здружени сили ги вадеа/кршеа.
    Сум читала и ја овие нови насоки за родителување и викаат, треба да се остане смирен, да се постават граници и ако се надминат границите да си има последица, одземање привилегии, играчки, казни whatever. И супер, верувам дека тоа е исправно, ама јас немам идеи за секои 10м што ќе направат глупост да смислам последица, нит нека ми простат да останам смирена. А мајке ми се трудам. Не за друго, него кога јас ќе избувнам ништо подобрување нема, него ситуацијата ескалира експоненцијално. Во ретките моменти кога ќе ме остават да ги изигнорирам и ќе се заиграат, не ги погледнувам, не дишам, не мрдам зашто со крај на око да ме видат дека сум насочила внимание кон нив, готово магијата завршува. :D
    Мм има адхд, сестра ми исто, од секогаш сум знаела дека постои ризик дека ќе имаат и они, и од све што доживувам се прашувам колку од све што се дешава е типично и дали можеби има нешто плус.
     
    На Ceneva, Thinkerbell., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Се е типично очигледно и сите истите деца ги имаме..бар човек полесно да се осети, кога ќе си сподели.
    Исто се клетери со стол насекаде, исто со заигрувањето, а иста и јас ко тебе.


    За овие мајките по рилсови па, леле па и сензори игри, па изработки низ дома, па леле си играло детет 44м и слични глупости. Ахам.
    Ја губам по 44мин да направам, а она за 4 милисекунди решава дека не сака. И не се ни трудам, сега се радувам само позитивни температури да сме надвор и да не се разболува, друго ништо не мора.
     
    На Carolin., kozuf, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    47.616
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се пријавам во групава.
    Вчера и со чатов муабет правев од очај оти не знам што веќе да правам, последнава недела е хорор, хорор.
    Нит се тера нит се води, кај нас знам дека е оти татко му го нема, фрустриран е и пробувам да останам смирена, ама ќе останам за прватс глупост, втора, трета, е веќе на 10та не можам и почнувам со викање, закани и се што не сакам да правам.
    Буквално се е повер страгл.
    Чатов вика да не реагирам воопшто дека темпераментни деца се хранат на реакција, ама како?
    Буквално секое барање од мене е проследено со инаетење, натегање, со не.
    Секоја ноќ легнувам со грижа на совест дека многу сум викала, дека трауми ќе му направам, дека можев да реагирам подобро.
    Ама мислам дека на раб на нервен слом сум некои денови.
    А денес беше кај моите 3-4 часа и мајка ми вика леле колку беше умен и послушен, јадеше, се изми сам, пелена и пресоблекување без проблем…си ја слушам и си плачам од внатре.
    Дефинитивно се што прават на оваа возраст е тестирање граници.


    Него кажете ми од кои пелени има 7ка? Јас виолета користам ама 6ка и почна ужасно да ме нервираат оти секоја вечер го преслекувам.
    Утоп е, а и го гледам дека веќе не се удобни, некои што ги има секаде, не пример само ДМ и слично.
    И друго, денес играјќи со вујко му добил удар со топка во око, нема црвенило и оток ама сега стана и плачеше дека го боли, на што да обрнам внимание утре, дали да го носам да го види доктор или штом нема видлива повреда да не го малтретирам?
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.