Дека се врснички мојата и твојата, сега има еден скок. Може и скокот да е. А и за тантруми се таман. Малово почна уште пред 2 месеци.
Чувај нерви. Само дома дури прави, арно е. Да не почне надвор, е тогаш е интересното. До три години? Не би рекла...подолго е, за жал.
Читни ја темата, имам пишувано искуства со големата. https://forum.femina.mk/threads/Тантруми-напади-на-бес-кај-децата.27518/ Сега со малото, или јас полесно се справувам, или не се толку интензивни како кај големата, ама ги има. Исто како кај вас, да може цел ден ќе мие раце.
Полесно е со второ дефинитивно. Кај нас со големиот беше хорор...година дена плачки пред градинка, (колку пати сме доцнеле на работа ехеј), исто толку време плачки после градинка, пукнав. Со малово полесно ми е, не дека ги нема, ги има, ама некако или е поразбрано, или па сум отрпнала.
Е још боље. Јас сум во шок од приредбава на детево. А што да правам кога е таква? Не даваше ни да ја гушкам, се опираше со сета сила. Како цел бес од светот собран да го исфрлаше.
Ќе чекаш да помине и ќе пазиш да не се повреди. Некогаш поминува со гушкање и зборување, некогаш тоа уште повеќе влошува. Со тек на време ќе ѝ го фатиш крајот.
Ќе најдеш начин. Некогаш игнорирање пали, некогаш гушкање. Ќе видиш и сама според ситуацијата. Ако види детето дека не обрнуваш внимание, обично брзо престанува. Ама пак ќе кажам, зависи од детето. Не можат да се справат со емоциите, не знаат како поинаку да се изразат, па затоа се јавуваат тие темпер тантрумс. Со лесно, ќе издржите.
Мене ми успевало со одвлекување внимание да пуштам цртан или некое чоколадце да му понудам, ама како расте веќе не пали тоа само седам до него и чекам да помине.
@TeddyGrey обично пали да смениш тек на ситуацијата на таа возраст, одвлечи внимание, пробај некако да ја насмееш, знам дека звучи невозможно, ама успева многу често. Мојата ќе се заинатеше за нешто и вакви тактики ми успеваа. Храна не нудам зашто прочитав дека понатаму ќе го поврзе смирувањето со храна и така се создава емотивно прејадување. Ќе пробуваш и ќе и ја најдеш цаката. Обично се случува ако се гладни, им се спие, преморени се...
@TeddyGrey мораш да пробаш повеќе работи за да откриеш што пали кај твојата. Кај мојава на пример пали само игнорирање, ја оставам сама да се смири. Невозможно е кога се “треска” од земја да ја гушнам или да и’ зборувам, едноставно вреска и не ме слуша. Ако не е толку голем испад, и гушкање проаѓа, мада ретко. И’ ја научивме веќе тактиката со мм, мада јас сум среќна зошто драмите главно се сведени на периодот пред вечерното спиење (миење заби, раце, лице и облекување пижами). Надвор не памтам да се трескала за нешто, барем сериозен некој испад немала. Ама затоа наплаќа секоја вечер откако сфати дека не мора да спие ако она не сака, односно тогаш кога ќе кажеме ние Како растат станува потешко, само нерви да ни даде Господ
@Sexybaby86 @Annath @NarCis@ @RainBow фала на одговорите. И сега вака секој ден ли? Првпат ми беше. Со мм буквално се погледнувавме и не знаевме веќе што да направиме. Само полошо стануваше. Земав со сјај и вода онакво балончиња да правиме. Се смееше и вриштеше истовремено. После и по тоа плачки, она да дувала. А секогаш викаше само "Пак,пак" за ние да дуваме. Денес не најдов цака. Не пробав да игнорирам, ептен липташе. Првпат ми е. А за скокот, што викаш Нарцис, го приметив по заспивањево, се бориме за заспивање по 30-40мин. Е*ате скокот цел месец, веќе е при крај,до сеа немаше вакво однесување затоа не мислам дека е од скок.
Ќе има и мирни периоди, ќе има и денови со по неколку тантруми. Сѐ зависи од детето. Ние стигнавме до точка кога посакав да земам нешто за смирување, затоа што тоа беа интензивни тантруми, по неколку на ден, зачинето со ноќни терори. Еве ја сега, голема женска, супер е. Пак знае да има плачки, ама многу полесно се справуваме. Со малото по дома сум буквално вака Вака готвам во кујна, вака јадам од нога, вака одам во тоалет, сѐ вака. Ако дојде сестра ѝ да ја гушнам, одма почнува да плаче и да ми ги трга рацете да не ја галам, многу е посесивна. За заспивање исклучиво со мене и ми се качува, стапалата ми ги бута во лице, ма сите можни позиции. Се надевам и јас дека е скокот.
@TeddyGrey класичен тантрум. Почнаа отприлика на година ипол ама беа ретки, за да летово ескалира со по неколку на ден (2 ипол години). Моментално се проретчени (3 години) и не се толку интензивни. Кај нас најмногу помагаше одвлекување внимание со нешто друго и ко што кажа Реин се обидуваме да го засмееме со некоја шега.
Кај нас одамна е ужас и веќе отрпнав. За сѐ се треска од земја буквално. Легнува долу и мава со нозе, 2 пати и со глава се удри па уште толку плачење. Или со шамари се удира, коса корне, се треси цел. Ноќе се буди и вришти со сати, нишкај мееее, стани онде да ме нишкаш, во креветчено нишкај ме, не сакам да се покријам, не прај ми така, а ништо не му прам само го држам в раце и чекам да се смири....мислам секој момент ќе ни викнат полиција зошто се дери ко да го колиме. Едно време не сакаше да се облекува, а и сега има такви моменти. Сѐ мора да е по негово, абе столче да преместам ќе вришти. За Нова година 2 дена бевме кај пријатели. Абе од ко влеговме, дури си дојдовме дома не престана да вришти на цел глас, полудев. Цел сат плачеше зошто девојчето седнало на столот да јаде, тој седел тука претходно. Стана кутрото се премести, па плачеше зошто станала, не сакал тука да седи. После седнавме во кафич и ја истури водата па се дереше дај ми ја водата, таа истурената и мораше да си одиме, то беше прв пат надвор од дома таква глупост, потонавме од срам со мм. Случки милион, само челични живци и нема друго. Кај нас најчесто пали одвлекување на внимание, барам нешто што знам дека сака да прави и така по малку да се смири. Многу често сум помислила да го носам на психијатар жими се. И мора секој момент да пазам шо ќе напрам и шо ќе речам зошто секундарно може да почне да вришти.
Јас вака ја ,,пораснав,, големата ќерка! Многу пати смирив ситуација со одвлекување внимание (пр. ејјј дојди на прозорот да зирнеме дали дошол тато, ај да го видиме кучето, ај да одиме да продовница,) или сум почнувала да и се прам смешна (леле глупости знам, се глупирав, ама поарно јас луда да се правам отколку дете да полуди) Сега кога вака ќе размислам мислам ретки беа тие испади кај детето, а може и сум заборавила... Ама кога ги имало многу сум се плашела дали ќе остане да биде такво напорно дете. Ех да имало некој тогаш да ми шепне дека ќе помине и ќе дојде момент кога ќе биде разбрано дете! И ете помина, сега на 5 години и 9 месеци е умно девојче. Ок, знае да збесне, тврдоглава е многу ама нема хистерии... Затоа трпение мајки, фаза им е, ќе помине! Малата ( 2 годинки е) сеуште немала такви испади, ќе видиме во иднина.
Здраво мајки,јас пак да се убацам на темава. Ја носевме ќерка на контрола и крвната слика и е супер,добивме пофалби но истовремено ни препорачаа сируп флорадикс превентивно да го давам зимово за имунитет. И маж ми веднаш потрча до аптека и го купи. Дома читам се користи како додаток на исхрана,немам намера никакви сирупи да користам како додаток,немаме проблем со крвната слика ниту со имунитетот. Ќе продолжам да ја хранам здраво без “додатоци” на исхрана (освен нели D3 и omega). Не го отпакував,фискалната ја чувам,има рок до 2022. Па ако на некоја од вас и треба а не е во можност да го купи,нека ми пише приватна порака. Имам и алишта кои веќе и се мали а во домот каде што порано праќав нема веќе деца,ги поделиле во помали домови и го изгубив контактот со надлежната за нив. Алиштата се од 80 до 98 број. Ги подарувам.
Moevo detw ima 22 meseci.. do sega ne se desilo cela nok da ne spie.. dva dena pp red.. samo kenka.. nikoja polozba ne mu odgovara, ne spie, se budi na 10 min.. ke go zemam v race pak kenka . .. sto moze da e
Мене само игнор ме спасува, без разлика дали сме дома, во продавница, на улица. Малце срам ме фака надвор кога ќе ми се дрецка госпожава, ама сеа то е периоди ќе поминет. Јас отрпнав веќе