Јас дадов смрзнати домашни од лани, немаше реакција ама додека нема свежи домашни не давам пак. Купечките ми се многу пластични некако...
Хмм ок Јас денес купив од Веро свежи,убави се и на вкус благи ама незнам дали да дадам Подобро ќе почекам
Дај едно залче да проба. Јагодите се доста алергени, јас намерно дадов замрзнати прво зошто некако свежи ми беа поголем ризик. Исто и со киви, иако имаме домашни.
и јас денес купив и дадов. На 17 месеци. Имаме и ние во двор, мислев да ги чекам тие. Ама купив денес за нас па му дадов
Малку дај и тоа наутро за да не трчаш навечер ако се случи нешто... Јас дадов на 10 месеци од хип тегла шумско али не ги бендисува. Тие плодови многу тешко поминуваат. Сега ќе и дадам летово пак.
Со се се сложувам комплетно, само со игнорирање не. Јас сум строго против игнорирање како метод за воспитување на дете. Има една книгичка "Слатки мали чудовишта" е баш се такви
Кажете некои детски песнички за пеење, оние старите од баби, мајки, по градинки и ние што сме ги пееле Не овие од дајте музика и златно славејче....
Мама ми е мила многу ме сака, ме чисти ме мие на школо (во градинка) ме праќа, таму има дечиња големи и мали, си играме си пееме, цел ден си се смееме (овде секогаш се смее синко) или можи цел ден се веселиме
Имаше некоја тема за детски песнички.. Чек да пробам да ја најдам. Одамна не се појавил некој нов пост. едит. види тука https://forum.femina.mk/threads/Како-си-играте-со-вашето-дете.13423/#post-1208011
Магични чаши од кај купувате? И ако може слика и како функционира? Зошто не сум видела како изгледа а ми ја фалеа ама мислев нема кај нас
Јас овие им ги пеам. Имам маче шарено, шарено ем галено, втора му е зима, а долг мустаќ има. Брка глувци поганци, па им вели ајдуци, кога ќе ве фатам, опаш ќе ви скратам. __________________ Зајко купил радио, ова шега не е, отсега во гората свирка ќе се лее. Свирката одекнува од мрак па до зори, зајаците весели, играат и пеат, под мустаќ се смеат. Дојди ловче дојди, за оро да се фатиш, за свирката нова, не треба да платиш! __________________ В село имам бабичка што се вика Слава, таа си одгледува магаре и крава. Чува гуски, кокошки, нека не ве чуди! И едно петле малечко што наутро ја буди! _____________________ Тргај, тргај, рибарче, конецот се клати. Крени ја јадицата! Глеј нешто се фати! Каков ли е тоа знак, дали риба, или рак? Или баба жаба креке креке квак?! ___________________ Низ двор трча бабичка, зад грб метла крие, шарениот мачор сака да го бие! Писсс мачору бесрамен, каков е тој ред, имав 8 рипчиња, а сега се 5! ____________________ Цуцул пасел говеда, покрај река Ситница, оздол иде лисица: -Добро утро цуцуле! -Дал Бог добро, лисице! -Што е врева во село? -Комарец се женеше, за мушичка девојка. Петел дрва цепеше, кокошка ги редеше! Петелот и велеше: -Ој кокошке мендушке, убо реди дрвјата, да не ти скршам ребрата!
Божем почна мали да оди,вчера одеше цела вечер,мм одеше зад него и синко си одеше. Еднаш се подзанесе малку,и падна,ама не силно. После некое време веќе неќеше да оди и одма бара раче,се гледа дека се плаши Некој вакво искуство да не имал? Таман почна да оди,се вративме на почеток. Да не го терам да оди,да почекам некој ден?