Еве ја темата за козметика. Јас сум задоволна од Веледа ама таа за ладно што е специјално за тоа е премногу мрсна, доволна е онаа за лице. Ме потсети мене да прашам нешто. Малиот уште додека беше бебе на образот му се појави ептен мало кругче како лишај, мачкав Еуцерин атопи контрол и му помина. После цела година на истото место пак му се појави, Еуцерин не помогна и помина од Веледа. Еве сега по трет пат се појавува претпоставувам од ладното. Како може истото да се појавува и што да правам за да го решам перманентно?
Ќе прекине да се појавува некаде после полни три години. Дотогаш, користи редовно крем за заштита од ладно.
Мајки на момчиња отприлика кој бр носеа на годинка патичиња Nike конкретно , спрема цм ( 11 или 12цм му е стапалцето , треба да премерам точно ) или за 21 или 22 е , како што гледам на Спорт Вижион и Спорт Реалити , ама мн ми иде тоа
Ако му е 11цм стапалото, Nike би носел 22 ама премери точно и види на страната конкретно за кој модел колкава е должината во цм. Адидас би носел 21.
Фала женски Проблем ми е Спорт Вижион нема кај нас и мора онлине , а од таму бендисав Спорт м има тука , ама тапа избор , Спорт Реалити има исто ама не секогаш салам избор има и таму за најмали. Ќе вадам метрото пак 21 и 22 од моделот што гледав се 1цм разлика , да премерам убаво само треба.
Така и ќе му направам , ја на ќерче уште и утнувам онлине кога нарачувам па мењам не па него и она е мн комплицирана долго а тенко стапало има , а синко уште не е салам прооден ама роденден се ближе , кај голо ноџе бива btw @Chanell* од кај Нели порачав торта
Па удобните модели не се модерни и убави за око за комбинации. Убави се за тренерки ама за роденден не баш.
Затоа се траам што модел е на ум не се класичните Nike air се Овие колку за сега , после на пролет други обувки , има и на Цицибан едни и Кеги Колев ама ич не ги сакам Знам Најк Танјун дека се за први најпогодни , и тие ќе бидат здравје , ама он секако не оде сега , ќе поминат и овие
Цицибан не. Кеги колев како олово и тие ја не би. Најк само. Јас револушн 5 или ранер стар 2 земам, бои менувам што има на попуст тоа, до 26ка стигна, ама и 27 набавив.
Леле ептен цицибан ми се како олово јас незнам што толку извикани се , ништо салам не се . И тие Кк за у плакар дремење само. Не сум знаела за овие Револушн и Ранер Стар , баш сега ќе ги ѕирнам и нив да ги имам во предвид , фала ти
На година носеше 21 од спорт вижн а стапалото му беше 11.5 цм.На година и 4 месеци носеше 22 беше 13цм од кеги и сега на година и 7 23 носи чизми
Драга јас би ти препорачала да го земеш ова кое може да го користиш како за тело така и за лице. Има неверпјатно убава декларација, а и без мириси е што е многу важно особено доколку кожата е веќе иритирана . Декларацијата е одлична СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL*, GLYCERIN**, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER*, POLYGLYCERYL-3 DICITRATE/STEARATE, SIMMONDSIA CHINENSIS SEED OIL*, CETYL ALCOHOL, ZEA MAYS STARCH*, GLYCERYL CAPRYLATE, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE. На база на бадемово масло, шеа путер, масло од јојоба, сквален итн. Поздрав
За чизми Колев ептен сум задоволна од тие што ги земав. Лесно се виткаат, лесно оди во нив. Валда како ќе се погодат. Е сега прашање за топлинки Ипанема ми се ОК ама сам знае да ги соблече. Земав на Колев ужас топлинките ич не ми се свиѓаат. Кеги шус и цицибан се со перниче внатре такви не земам. Каде зимате?