Да, сама се одвикна. На почеток беше секој ден, па на неколку дена и така постепено. Па искрено и немав некој избор. Ако не и дадев да јади плачеше без престан со саати. Вака ова ќе си го шмукнеше и заспиваше.
Јас сум кај Биљана во Букурешт, пре пре задоволна. На докторката и симнувам капа. Одличен дијагностичар, достапна на мобилен немам коментар. Ако си кај Паскалов не би навлагала во дискусија освен да го смениш
Главниот проблем за земање во раце ми е што носам 3 месечно бебе во кенгур. Пробувам ајде одиме да јадеме,да пиеме млеко, да шетаме ништо не пали. Плаче,урла,тепа, јас не реагирам никако по улица гледам што е можно побрзо да го приберам дома, а дома го гушкам пробувам да го смирам џабе ништо не помага, само млеко и кревет. Искрено многу ми е напорно прибирањето дома , сакаш да му направиш мерак да си игра ама па и тоа што не разбира за доста е премногу.
Некако подуван е стомакот на бебе. Цица, пие вода и малку овошна каша, друго не сака да јаде. Кака по малку течно, така какаат мислам заб кога им излегува или не? Треба да се загрижам што е подуван стимакот,
Sobleci go i pipkaj go po stomak natisnuvaj da vidis kako reagira, dali gi sobira nozete ili gi pusta nanapred.
@Филотеа и @Malesia ви благодарам на двете за советите, многу ми помогнаа , со комбинација од двете минимално е плачењето овие два дена ќе видиме за понатака , сепак ви благодарам
Мајки нормално ли е дете од 1 ипол год наеднап да се плаши од работи без причина? Се плаши од кучето на моите а до вчера трчаше по него буквално преку ноќ почна а не му направило ништо, или се плаши од тушот не дава да го бањам со него а претходно не правел проблем, се плашеше од провосмукалка а претходно едвај чекаше заедно да чистиме.. Нез дали сонува нешто или од каде тоа наеднаш страв
Ние сме година и два месеци…ова почна уште пред еден месец…од смукалка никогаш немаше проблем, од бебе секогаш смукав кога беше буден никако не реагираше се до пред еден месец кога почна да вришти, бега кога ја уклучив…ама плачеше со солзи…чудно ми падна, ја исклучув и смукав кога…заспа…следниот пат пак истото…еднаш само ја зедов ја уклучув да видам како ќе реагира, пак бегаше, го зедов го однесов кај неа, ја погалив да види дека не е страшно, ја гледаше чудно, ја чепна, поседа малку и го седнав да игра и си исмукав…реков помина…ама не, следниот пат пак плачки и веќе не смукам во негово присуство
Мајки, ќерка ми последниве дена има многу чудно понашање: како во нервоза оди и сака со забите да ја гризни комодата, или пархетот, оди нервозно и вика ааамам и почнува да плаче.. а забите до 4ки ги има, значи 16, за петки мислам е рано.. многу чудно. Исто ако има музика или и пејам упорно се клати напред назад ама тоа го прави многу насилно цела се дрма дури се мава позади во кревет. 19 месеци е. Имате искуство?
Не е воопшто рано за петки.Точно на 19 месеци и моето почна се живо да гриза дури и мене, татко му, баба му … после месец дена му пораснаа 2те петки доле, а на моја другарка детето до 18 месеци сите заби ги имаше извадено.Од 18 до 24 месеци треба сите заби да ги имаат.извадено.
Мислам дека до 3 години би требало да се сите млечни заби искочени. Инаку да различно е тоа од дете до дете, кај некој порано кај некој подоцна.
Здраво, дали има некоја соодветна група за даун, аутизам кај деца симпоми и сл...сакам да прашам нешто...ако нема би пишала и тука. Фала
Мајки што ви се покажало ефикасно при симптоми на настинка освен виранто. Затнато носе и малку поткашлува заради тоа што му се слева секретот, 22 месеци има. Да помине побрзо, да не се спушти на бели дробови. Edit. Му прскам спрејче за прочистување и го мачкам со Pavle.
Да си се пожалам само.Значи не сакав второ баш ради болестиве.Пак истово да го минам.Сега не е исто полошо е. Пред 3 недели завршивме во болница ради бронхијална пнеумонија.Две недели дома беше, тргна пак една недела на градинка и тоа по 1ч и еве ја пак со растечен нос , со кашлање у . Од растечен нос немам душа одма мислам пак ќе и се спушти.Ниту спие ,ниту јаде само во раци сака и само плаче.Кога ли ќе поминат 3 години.Па и четворката плус отечена.Се мислам од забите и се намалува имунитетот.
Исто и на моето му излегуваат 3ките, знам дека заради нив е затнат во носето. Само сакам да спречам да се спушти.