Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Јас воопшто не се согласувам со тоа дека женственоста на една девојка зависи од облеката што ја носи. Женственоста доаѓа од внатре и се рефлектира надворешно. Без разлика каква облека носи .... однесување, манири, држење на телото, начинот на кој се изразува, достоинството и самопочитувањето придонесуваат за женственоста на една девојка. Џабе штикли и фустан ако не знае да се носи со истото. Тоа може да дојде само како плус.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На candy.cane, Bitter-Sweet и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Зошто воопшто општеството има потреба да прави полова разлика?
    Кому служат овие типизации, освен на системот, во кој мора да постојат назнаки со цел да бидеме заведени за граѓанско/здраствено/правно осигурување?

    Мноштво мажи имаат предрасуди кон ,,мушкоданести" девојки, како и што мноштво жени имаат предрасуди кон ,,феминизирани" мажи. Не е тоа лична или еволуциска преференца здобиена по природен пат, туку по стереотипен.

    Облеката и однесувањето се една од најголемите заблуди.
     
    На WildMk, Nausicaa, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Мрсиш муда и ти пак сега.. Ај не ја тупи жити бога, не се прај улав при памет!!!
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.180
    Пол:
    Машки
    И што ќе направиш ти да ги промениш овие општествени стереотипи? Постоеле, постојат и ќе постојат и понатаму. И не се само овие. Има стереотипи за дебелина, анорексија, висина, криви уши, нос, расни стереотипи, што уште не. Тоа е. Сите сме доволно возрасни да знаеме дека светот е едно мрачно, темно место кое ќе те изеде ако не си спремен да прифатиш критика. Симнете ги розевите наочари. Да не се правиме светци и да делиме правда каде што има и каде што нема потреба. Се работи за лични преференци и вкус. Ниту можеш некому да му го наметнеш твојот, ниту да му го смениш неговиот вкус.

    И имаш машки што преферираат баш такви девојки. За секое лонче има и поклопче.
     
    На candy.cane и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Женско сум. Не знам што е по ,,улаво" во ситуацијата, твоето обраќање кон мене во машки пол или тонот на реплицирање.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    И едно и друго е улаво, извини душо, старост...но зборчето машкоданка, мушкобањаста, толку убаво го доловува изгледот на едно женско створење и не гледам потреба за дискусија и филозофирање.

    А зошто па јас си врзав во крпче дека си машко:wasntme:
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Само затоа што постојат овие погрешно инкорпорирани шаблони не значи дека треба да бидат оправдани, и да се нема иницијатива за менување.
    Иронично е што спомнуваш розеви очила, додека истовремено мешаш полови разлики со стандарди за убавина.
    Светот од друга страна отсекогаш бил ист, никогаш немал периоди на поголем мрак или светлина. Секогаш бил идентичен, со двојни аршини и збиднувања, само манифестирани во различна форма.

    Ако тебе ти е тоа океј да постојат стереотипите, вклучително сешто напиша погоре, и поголемиот свет од хетеронормативот исто така вели дека е во ред, не значи дека навистина е така и не треба да се менуваат ствари, за почеток преку едукација.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Затоа што имате предрасуди, затоа. :D
     
    На candy.cane, WildMk и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Епа што е тогаш разликата меѓу предрасуди и вкус?
    Ако некоја не би идела со низок дечко дали ѝ е само таков вкус или дискриминира?
    Или ако некоја не би идела со пополн /дебел дечко...
    И јас не сум му на секого убава и згодна. Не ми ни треба да бидам. Ако некој би ме одбил за врска поради телото, не би ми паднало криво. Ама ако надвор од тоа ме навредува, тоа е друго и веќе се работи за предрасуда.
    За некој една девојка ќе биде убава, за друг не. Разликата е во вкусот или стереотипите?
    Едит - јас ете не би била со маж што се шминка на пример, ама не значи дека ќе го понижувам и навредувам поради тоа.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На candy.cane, IM.TMKQ, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Вкусот е генериран од мноштво предрасуди, и е крајно субјективен и стереотипен. Сите наши стекнати ,,вкусови" за грдо или убаво не произлегуваат од некакви филозофски предзанија за естетика и пропорција, туку се должат исклучиво на екстерни состојби, судови и појави.
    Медиумите имаат уддел и функција но, не се единствените ,,виновници" за ваквите заблуди. Човештовото само по себе си ги има наметнатно овие правила.

    Повеќе од јасно e дека никогаш нема да се издигнеме до степен на универзална љубов и себе - прифаќање кое е основа за прифаќање и на сите други поединци во општеството, но тоа и понатаму не ги оправдува оксиморонските изрази како ,,феминизирана девојка" кои се буквално идиотски и апсурдни за споменување и немаат врска со лична преференца.
    Биолошки невозможно е жена да нема ,,женски" атрибути, дури и однесувањето да не коренспондира на нејзиниот родов/полов идентитет, а ако е така, која е поентата да нагласуваш дека треба да биде ,,феминистичка"?
    Као, who said that, and what that even means. :D

    Некој очигледно е слабо информиран кога се родови студии и типизации во прашање, среќа нивна се затворени веќе неколку години наназад па нема кој да ги критикува за небулозите напишани на форумов.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ама едно е прифаќање како човек, личност, другар, а друго како избраник за партнер.
    Тоа (не)прифаќање што се збори овде се мисли за партнер/ка, а не како луѓе околу нас.
    Поентата ми е секој си има поим за убаво, без разлика дали за себе или за партнер. Проблемот е кога тоа убаво ќе почне на други поединци да го применува.

    Еве на пример.
    Ако некоја девојка ти дојде и ти рече Дај ми совет како да ослабам, вака не се осеќам убаво, дали ќе ѝ препорачаш на пример диета и некои вежби што ги знаеш или ќе ѝ кажуваш да се прифати таква каква што е? Добро и второво не викам дека е лошо, ама ако некој си замислил како сака да изгледа, како не, не мора дури никој да го навреди а тој пак да се осеќа лошо, колку и да го убедуваме да се прифати. Ако сака да оствари цел да се осеќа поубаво со промена на телото, не е лошо да му помогнеш.
    Лошото е ако ѝ велиш дека е грда и одвратна, а не двете горенаведени.

    Истото важи и за вкус за партнер. Со сила не можам да се убедувам дека нешто ми е убаво, кога не ми е.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Мила моја, има ли нешто женствено кај девојките што тренираат бокс и оние што се тепаат во сите категории(маж ми ги гледа а јас неможам да сфатам како може некоја женска со колено у вилица да и ја прави партал фацата на друга)..фуј..незнам како се викаат...е нели се машкобањасти!?
    Како би ги опишала ти со други зборови!?
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.180
    Пол:
    Машки
    @Nigredo Odor
    Ама вкусот и е субјективен и стереотипен, затоа и се нарекува вкус. Нешто што една единка субјективно го преферира.
    И колку е контрадикторно да речеш дека истиот е субјективен, а подоцна да кажеш дека е наметнат од страна на мас медиумите. И не гледам како овде едукација би променила нешто. Не знам како некој би успеал да го промени кај мене тоа што повеќе "ми се дига" на пр на бела русинка со плави очи, отколку на афро-американка со црни и би ја одбрал неа пред втората. Не гледам како тоа ми е наметнато од општеството да јас преферирам одреден физички тип и карактер пред друг, пошто секој има свој вкус и преференци, различни од другите.
    Еве на пример @lovestoneddd , се изјасни дека не преферира дечки што седат во парк и пијат од пластични чаши, јас пак од друга страна не преферирам девојки што викенд го минат во клуб. Во твојот идеален свет, без предрасуди и општо прифаќање, може веќе ќе сме биле заедно. Но, реалниот не е таков и си се "хејтаме" поради различните преференци. :inlove:
    И верувам дека секоја индивидуа има свој личен вкус кога се работи физички и карактерен изглед, па и ти. И ако не прави тоа стереотипни. Нека сме. Јас ќе си ја прифатам мојата несовршеност и ќе си копнеам по црвенокоса русинка со зелени очи од некое селце во подножјето на Урал. :)
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Повторно доаѓаме до следниот мој цитат, ќе се самоцитирам:

    Oвој цитат ти е одговор за цел пост. Буквално, секоја реченица.

    Конкретно околу девојката која сака да ослаби и телото да и биде во подобра/идеална форма. И таа девојка некогаш во минатото, а можеби и сега моментално подлежи на некаква морална осуда, или се обидува да се вклопи во калапот за убавина кој аgain - е општествено наметнат. Не затоа што таа самата е незадоволна од себе, туку поради надворешните ставови, стандарди и критериуми се менува за да се прилагоди. Тоа нема врска со нејзиниот идентитет и суштина, туку со нејзината самодоверба.
    Дебелината од друга страна кога е прекумерна треба да се лечи за да не дојде до здраствени проблеми, но да бидеме искрени, повеќето не слабееме за да бидеме здрави туку за да бидеме убави.

    @Billy Idol

    Дискусијава и цитатите немаат врска со мојата првична поента бе друже.
    ,,Феминизирана девојка" е оскиморон според правилата на родовата заедница. Сепак, некој што не студирал макар еден семестар родови реално не очекувам да знае за што зборувам. Простудирајте, ќе сфатите дека не се ова мои самопроизволно цитирани дефиниции.

    Патем, генерализирам со причина. Не случајно во секој пост пишувам ,,човештвото" значи сите ние имаме одредени предрасуди кои ги нарекуваме преференци. Сфаќате? Една иста ствар е, само во модерното доба има заземено поинаква форма и контекст oва зборче. :D

    @baba Rada

    Мене ми се исклучително секси машките балетани и танчери. Што правиме со мене во случајот, која дијагноза треба да ми се додели според тебе, ако жените боксерки како што рече се ,,мушкобањести"? :)
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    @Nigredo Odor
    Значи сите кои пишуваат во темава, прикачуваат слики од резултати, се подржуваат меѓу себе само се прилагодуваат на некои општествени стандарди?
    Кажи им барем, да не се мачат со диети и вежби за џабе.
    Не се свиѓам со гума за пливање околу половината. Не се сакам со даска задник. Не се сакам со огромни бутови. Не се сакам, не дека друг ми вика да ослабам.
    Ете сум видела девојки како мене кои се сакаат такви какви што се. И тоа е во ред, не е мое да им кажувам.
    Ама јас не можам. Си имам замислено како сакам да изгледам. Здрава сум да, ама џабе ми е ако не сум убава за себе.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На candy.cane, Amellie13, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Дали се шминкаш?
    Ако да, зошто? Зошто одиш на свадба со шминка, нели си задоволна од самата себе, зошто би се трудела да не си различна од другите жени на свадбата? Зошто не би отишла таква каква што мислиш дека треба а не како другите што очекуваат да бидеш?

    Депилираш нозе?
    Ако да, зошто?
    Природно е да имаме влакна, зошто да е срамота и невкусно жена да излезе со фустан а да има влакна на нозете?

    Ако сме задоволни од самите себе и се прифаќаме такви какви што природно сме зошто упорно ги применуваме овие надворешни стандарди и критериуми?
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Плус, кога некој машки член ќе пише За нас се шминкате и дотерувате хехехе сите му рипаат со тоа дека за себе се шминкаме и облекуваме. А после ќе прочиташ сосем спротивно.:?:. И ај сега, кој е во право?
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.180
    Пол:
    Машки
    Вие жените сте си најголеми непријатели на себе. Јас многу почесто слушам критикување, оговарање од страна на жени за жени отколку што ние мажите го правиме тоа. Две најдобри другарки, се улижуваат, се сакаат мислиш живот ќе дадат една за друга. Си вртат грб и се оговараат. Лицемерие еден куп.
    Вие најчесто се делите на машкобањасти и женствени. Вие ги критикувате машкобањастиве дека не се шминкаат, не се дотеруваат, носат широки алишта, дуксери. Ние обично се дружиме со нив, уживаат во наше друштво. Само ете, некои од нас ги доживуваме како пријатели отколку како потенцијални партнерки поради самите нивни манири, однесување, начин на облекување, држење на тело.
    И после пак ние мажите сме криви што и да кажеме, каков и став, мислење да имаме, и кога сме во право, и кога не сме, трпиме секакви феминистички мудрувања.

    Дисклајмер: Не сите жени се лицемерни и се оговараат меѓу себе.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.470
    Ајде уште еднаш.
    Сите го правиме тоа за да се прилагодиме на екстерните фактори кои ги диктираат модните фитнес индустрии. Убавата облека, шминката, и генерално хедонизмот се човекови умствени творби како и се друго на овој свет. Стандардите за убавина се менуваат од дeкада во декада. Ако во 1920 година поим и стремеж за убавина беа слаби девојки во country style облека, за 30 години по индустријализацијата беа Мерлин Монро жени со ,,дамски" vintage фустани. Додека денес пак, во мода се 1.80 високи девојки со пропорции 60-90-60 и тесни фустани..
    Чии стандарди се тоа, и зошто се менуваат и се наметнати, што мислите? Затоа што човекот сам по себе сака да е убав? Nope.
    Проблемот е всушност малку подлабок. Култивирани и учени сме да не ја прифаќаме нашата природа во потполност, и ако не е ,,идеална" да ја генерираме, менуваме, немаjќи доволно самодоверба. Затоа секој ден ставаме шминка и не ни се свиѓаат дебелите бутови. За да изгледаме поубаво ,,за себе" и за другите, со таа разлика што тоа за себе во суштина не е за себе туку е научено однесување од околината. Прифатени шаблони се тоа.

    @Tan4ence

    Те замолувам да не ја проектираш личната несамодоверба цитирајќи ме со небулози. Имај конкретно добра причина и аргумент за да го направиш тоа, вака изгледаат комични и недоволно јасни твоите цитати, одведувајќи ги во сосем друг правец од првичниот.

    Патем, сериозно ве навредува и боли толку вистината дека поимот преференца е замена за зборот предрасуда?
    Well, grow up and deal with it. Или приложете контра аргумент кој ќе оди во прилог на моето
    ,,сите екстерни преференци се стекнати поради надворешни фактори (модна/фитнес/прехрамбена индустрија), не заради естетиката сама по себе како индоктрирано подрачје".

    Исто така, никаде не реков дека сите ние кои се шминкаме, облекуваме, сакаме пари, храна итн сме лоши луѓе. Затоа, по трети пат пишував во множина ,,човештвото" зошто мислев на сите нас, не изоставајќи се себе си од системот.

    Но, смешно е кога се оди во крајни инстанци и се пишува ,,феминизирана девојка", кога самиот поим, почетокот фем значи женственост. (Ова не оди еквивалентно со дефиницијата за феминизам да се разбереме).
    Контрадикторни сте исто по малку, зошто до вчера бевте во први редови да браните кога се напаѓаа девојчиња кои не се толку женствени а беа напаѓани од момчиња дека не се доволно привлечни. Лајкувате нивни постови, а сега сте океј со фактот дека е тоа само преференца и не е оксиморон? C'mon people.. :D

    Али океј уствари, повторувам, не можам да очекувам фер размислување и став од некој кој барем еден час не зел кај Денко и Сузана на родови студии. Во ред е. Од мене толку на темава.
     
    Последна измена: 20 мај 2019
    На DAngel, WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    @Nigredo Odor не ме прочита горе сто пати дека зборев за вкус за партнер/ка, а не за напаѓање на поединци? Не е во ред некој да нападне неженствена девојка, ама сосема е во ред ако таквата девојка не му е по вкус за партнерка на некој.
    Тогаш и оние што пишуваат во темата за големината на машкоста имаат предрасуди. Зашто мора да му е 20цм, кога може да го земе и тој со 10 нели.
    А мојот пример беше да ти кажам дека општеството ама ич не ми влијае. Ич. До мене е само.

    Еве, сите што идете во тететана прекинете. Сакајте се такви какви што сте. Не фрлајте пари кога друг ви диктира како да изгледате.
     
    На cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.