Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Не видов ваква тема (доколку има, избришете ја мојата и преку ЛП дајте ми линк од темата) и незнам дали е за во оваа категорија од што сум изгубена.
    Во оваа тема може да бараме и да даваме секакви совети.

    Јас барам еден совет од вас. Но прво да ви кажам што како.
    Пред некое време се опијанив малце..поише. И изгледа некој и кажал на мајка ми и сега бара одговор од мене. Како да и кажам? Можеби имате искуство со ова.. Ако можете помогнете ми.. Тешко ми е.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Е добро де си се поднапила,ништо страшно.На секој му се случува тоа.Ама самата треба да имаш контрола колку си пиела.
    Сега како повозрасна ке ти кажам да не ја лажеш мајка ти и да и ја кажеш вистината за да не ја изгуби довербата во тебе.Ден два ке се лути па ке и помине,а следен пат да внимаваш како и дали ке пиеш да не се тресеш од страв како сега.
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    И мене на твои години ме фатија дома пијана.

    Што се случи?
    Прво мајка ми ме фати како повраќам во вцто, и одма почнав да лажам како леле од јадење, али нормално, ме виде и сфати дека баш и не е од јадење.
    Второ истата вечер не ни знаев што сум и кажала зашто стварно претерав, и само знам дека таа се расплачи и си замина.
    Станувам сабајле..незнам што сум кажала буквално и одам во дневна ја гледам седе,и ми вика немој да си ми презборела со татко ти кога ќе дојде ќе зборуваме.
    Си дојде и тој..и почнавме.
    Почна мајка ми нормално да вика, како смеиш, девојче на што личе, нели ти е срам, за ова ли излеваш како си дозволила до тој степен да стигниш и нормално се по ред мајка шо може да ти каже.
    Јас ќутев.
    Татко ми почна, демек, еднаш ова мораше да се случе, јасно е дека си потпивнувавте по една чаша, но еве сега проба повеќе и кажи ми убаво ли ти беше? И јас нормално не тато ич.
    Епа мислам дека нема потреба од казни и глупости, осети на своја кожа дека воопшто не е забавно и фраерски дама како тебе да се влече и да паѓа или да пие на екс, и посебно па дома пијана да си иде, мислам дека научи нешто, и дека ова нема да се повтори.
    И така со татко ми си направивме муабет, и кажав дека веќе за тоа нема да ги лажам, зашто мајка ми долго време по тоа ми се лутеше и секоја вечер кога си идев и хухкав да осети по здивот дали сум пиела или не.
    Не пиев некој период и после пак по една две чаши, али им кажував демек чаша се напив, две три, малку лутење, но никогаш не се повтори тоа.

    Е сега мојот совет е да и кажиш, мамо да претерав, извини, изјасни се, немој само да ја лажиш, веќе знае, кажи си, крива сум, жал ми е, гадно ми беше, не планирам никогаш повеќе да претерам вака, незнам каде ми бил умот...
    Ќе се налути може но ќе и помине, мајка нормално, и стварно немој да претеруваш друг пат толку :)
     
    На SnowWhite8 и belieber им се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Нормална работа е тоа, за се има прв пат, нели? :)
    Како и да е немој во никој случај да ги излажеш твоите. Кажи си ја вистината, ќе послушаш предавања некој добар пола саат, ќе седат намршени неколку дена и после ко ништо да не ни било. Ама затоа немој да си дозволиш повторно да се случи тоа, да си имаш мерка! :!:
    Или ако си на некоја журка или што ти ја знам па повторно претераш не си оди дома додека не почнеш да гледаш убаво :D
    Ќе си купиш газирана вода и мастики, па кога ќе можеш да функционираш фати си го патот накај дома!
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Фала ви девојки, до некаде можеби ми помогнавте и би била среќна да ме разбираа моите како што ме разбирате вие. Ај ќе видам што сум направила па ќе ви кажам. Иначе и пред да дознаат си реков дека не пијам више. Прв и дефинитивно последен пат.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    И јас мислам дека е најдобро да им кажеш, ама онака преку сериозен, отворен разговор, и да си кажеш дека веќе никогаш нема да ти се повтори. Ајде, се случило еднаш, немора да значи дека ќе се повтори. Ти самата колку што гледам си свесна дека не е добро тоа што си го направила... Не е ништо страшно, ртко на кого ова му се нема случено, па сигурно и твоите ќе те разберат. И друг пат со мерка, веројатно си знаеш до каде ти е границата.
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Ти кажаа другите само немој да се нервираш , да се браниш , да се дереш . Само смирено и без нервози .Кажи дека не ти било добро .. дека гадно ти било ( а верувам ти било многу :lol: )Искрена биди и ќе немаш гајле :)
     
    На danydany му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    што си се опијанил еднаш да речам се случува(само пази навика да не ти стане :) )
    и пази што правиш кога си во ваква состојба, оти после вракање назад нема(за зал)
     
  9. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Поминав онака добро да речеме.. Само што се скарав со татко ми.
    Иначе не пијам више никогаш :shake:
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    И мене ми се случи тоа еднаш и нема да ми текне веќе да се испијанчам толку. :envy: :envy: И тоа мојата ситуација беше многу полоша. Ги викнале моите родители да ме земат, бидејќи не сум можела да застанам на нозе. Утрето кога станав, се извинив и кажав дека нема да се повтори. Од тогаш не ми се има случено тоа. :)
     
  11. Saniche

    Saniche Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Pomosh....

    Najprvin sakam da se zaglabodaram na site onie devojki shto kje odvojat vreme da go prochitaat ovoj dolg post i shto kje me sovetuvaat.
    Imam 18 godini. Dete sum na razvedeni roditeli, vo mojot zivot imam proziveano mn neubavi raboti pocnuvajki od maltretiranjeto na tatko mi da me gleda dodeka sum bila malecka vo centarot za socijalni raboti, potoa posetuvajkji ja majka mi vo psihijatriska bolnica nekolku godini po red. Imav decko koj go bieshe losh glas, bez da gi poslisham skoro site shto mi velea da se trgnam od nea jas ne poslushav i pojdovme. Go zasakav i sakav da mu dadam shansa da mi dokaze deka ne e takov kakov shto zboruvaat lazgo, zenskar i idiot. Toj so negovoto odnesuvanje dokaza deka bile tocni muabetite. Mu imam prosteno varanje i lazenje. Sakav da mu pomognam i od nego da napravam lichnos bidejki i toj e dete na razvedeni roditeli n ne uspeav. vekje eden mesec ne sme zaedno i zaludni bea site moi obidi, definitivno nikogas nema da se smeni. a jas pak ne sum taa shto saka da e 2,3.4 ili koja i da e devojka na nekojsi decko i ne sakam da stradam so nego celiot moj zivot. Ucam i sum odlichna ucenichka ucenjeto sekogas me ispolnuvalo, megjutoa poslendite 3 nedeli kako da vrijam vo sebe, po prirodna sum teperamentna lichnost i lichnost sto brzo se luti, no ova vekje se seriozno se lutam za sekoga sitnica, za senest shto kje me prasaat prvin moite doma. kako da mi smeta majka mi, ne sakam da kontaktiram so nikogo, tazna sum i ne razmisluvam da fatam i nov decko. Kako mojot zivoten chasovnik da zastana, a jas tapkam vo mesto. Nemam volja za zivotot, smacheno mi e od se. Povekje ne mi se zivee. Ne znam kako da se isponasham koga kje go vidam nego, i shto da storam, Toj sega ima druga. Go sakav i seuste go sakam. i mislam deka se ova shto mi se slucuva e tokmu zaradi toa. zaradi nego. Me povredi shto ne se smeni i shto ne me cenese i pocituvase. I izbuvnuvam vo sebe koga kje me prasaat rodninite kako deckoto ili ajde fati si decko vreme ti e. Uteha mi e fakultetot shto kje go zapisham vo avugust. Megjutoa nesto se sluci i jas povekje ne sum stara taa borbena devojka shto se bori za sekoe najeizno pravo. Indiferentna sum i ramnodushna i ne me interesira ni nokjiot zivot. Kje mi znachat mnogu vashite soveti, mlada sum i ne sakam vaka na ovoj nachin da go prodolzam mojot zivot.
     
  12. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Pomosh....

    Саниче ... Ти си човек кој судбината сама му поставила тежок пат, и до сега, со сета своја сила си го одела тој пат.
    Зошто сега, кога веќе си разумна млада девојка, почнуваш да не си веруваш на самата себе, да не си веруваш дека во тебе сеуште гори истрајност, храброст и сила? Зошто еден тип кој не вреди ни за 0 да ти ги убие сите желби, надежи и сонови? СИ го сакала, и не велам дека за брзо ќе го заборавиш, треба малку време.Но, немој да се каеш за тоа што не си го променила.Ти не си крива, тој самиот е!
    Главата горе девојко, никој не е толку вреден да те турни толку долу.Ти сепак си од оние луѓе кои судбината така му се наметнала, и имаш право да одиш со исправена глава после сите падови.Немој да се разочаруваш, со твоето искуство, пред тебе те чека убава иднина, бидејќи знаеш да се справиш со многу работи за разлика од многу од нас. Во граматиката е „Прво лице: ЈАС“ и немој за други да се грижиш, бидејќи никој не се грижел за тебе.Постави си ги своите цели, и не застанувај на ниедна пречка!
     
    На odbojkarka, srcekrsacka, roberta-rubi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Saniche

    Saniche Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Pomosh....

    е да и самата не знам зошто токму секога потклекнувам на предизвиците, како да сум уморна сега а оваа неуспешна врска како да ме докрајчи. Се трудам да си помогнам секој ден но не можам а не да не сакам. Благодарам за одвоеното време и советот!
     
  14. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    570
    Pomosh....

    Не можеш секогаш да бидеш силна и јака. Баш животот поставува вакви сопки, за да не научи на нешто.
    Штом ќе почнеш со факултет, дружи се, запознавај нови луѓе. Не се навраќај на луѓе и работи кои не го заслужуваат тоа. Среќата може да ти се насмевне кога најмалку очекуваш. ;) ;)
    Биди своја, прифаќај ги предизвиците на животот, дај си шанса да уживаш, колку и да е тешко. Главата горе! :*
     
    На Saniche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Pomosh....

    Верувам дека ти е навистина тешко...можеби нема да ти се допадне мојот одговор , но треба да се свртиш околу себе а и на интернетов па кога ќе видиш со какви се трагедии се соочуваат луѓето можеби твојот проблем ќе сватиш дека не е толку голем ...Од лошото секогаш има полошо...
    Бидејки во моментов дечкото ти е болна тема..најпаметно е да мислиш што помалку на него...окупирај си ги мислите со други работи кои те исполнуваат..почни нешто ново, надградувај се...посвети си повеќе внимание на себе, разгали се...
    И биди добра со луѓето околу себе...оние кои те сакаат... цени ги и искажувај им ја својата љубов секој ден, додека сме живи треба да си искажуваме пријатни чувства бидејки за жал никој не знаеме до кај ни е линијата , а не после да се освестуваме и плачејки по некој да ги забораваме тие околу нас што ги земаме здраво за готово, и на нив ја истураме нервозата ...денес сме тука , за утре никој не знае... сакај ги тие што заслужуваат и насмевни се :) По дождот ќе дојде сонце :)
     
    На roberta-rubi и Saniche им се допаѓа ова.
  16. Saniche

    Saniche Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Pomosh....



    Sekako deka mi se dopagja vasiot odgovor. sekoj odgovor go cenam. Mozebi mojata greska e toa shto ne se staviv jas sebesi vo prv plan tuku nego. Blagodaram
     
  17. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Pomosh....

    И јас ја направив истата грешка , со таа разлика што излегов од таа врска ( во мојот случај брак) со две дечиња, па сега се опаметив........
    Се најдобро ... поздрав :*
     
    На Saniche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Pomosh....


    Самата си даде одговор (блондираното), знаеш што сакаш па сега запрашај се зошто те тепа некоја нервоза. Ако ја најдеш причината и полесно ќе го решиш проблемот.
    Можеби е тој а можеби сите случувања во животот кои си ги машки поднела па сега на мал крах во животот испливува на површината сета нервоза. Не дозволувај да те убие депресијата а никако пак да го сваќаш тоа како хендикеп дека си дете на разведени родители (повеќе пати го пиша па ми влезе во очи). И покрај твојата животна сторија што за жал си морала се да надминеш од мали нозе биди благодарна дека има и полошо и што бог ти задржал памет да бидеш таква прекрасна и паметна како што си.
    Млада си и животот е пред тебе. Свати го ова како уште една шлаканица која ти е залепена од животот и со тек на времето ќе станеш имуна и ќе можеш да се контролираш.
    Студентскиот живот е најубав период на секој млад човек кој сака да учи. Допрва ќе шмекаш студенти ;) и ќе го бараш оној кој ќе те исполнува и ќе ти биде убаво со него.
     
    На Saniche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    3.414
    Пол:
    Женски
    Pomosh....

    Саниче,се гледа дека ти е тешко.Премногу си очекувала од својот дечко,јас така те сфатив.Си била во тежок период,и си очекувала тој да ти е најблизок .Љубовта меѓу луѓето е оладена,и навикни се на тоа,посебно за машките ти кажувам.Немој да се нервираш затоа што твоите се разведени,тоа е нивна одлука,ти не треба да страдаш,но ете се разбира секогаш децата се жртвите :fubar: .
    Побарај утеха во нешто,прави работи кои ти се допаѓаат,најди си хоби,дружи се повеќе,излегувај макар и на кафе,прошетај се ,ќе ти се скренат мислите.Сега си повредена,но животот продолжува.Сега ќе препознаеш полесно кој ти одговара како партнер,кој не.Баш убаво што си имаш планови за иднината.Се најдобро од мене :hai:
     
    На Saniche19 и Saniche им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    Pomosh....

    и не се секирај за роднините што ти зборуваат за дечко, и мене ми се случуваше и понекогаш уште ми се случува, ама не обрнувам внимание, тие нека си го гледаат својот живот а не твојот
    што е твое ке си дојде, поздрав и се најубаво :)
     
    На Saniche му/ѝ се допаѓа ова.