Смачено ми е од ваков зивот Зашто не купис некој поклон или направис несто интересно колаце да ги изненадиш
Смачено ми е од ваков зивот Не знам колку години имаш, но претпоставувам дека си многу малда. Тоа што е важно да го научиш е дека ти си креатор на сопствениот живот. Почни да мислиш позитивно, биди добра со твоите најблиски, иницирај нови познанства, учи нови работи, разбиј го своето секојдневие со нови активности, насочи ја енергијата во созадавње нешто, поезија, музика, украси, сл. Пополни ги мислите со нешто креативно и околината ќе те прифати повторно. Секое чудо за три дена.
Смачено ми е од ваков зивот Имаш 14 а веќе ти е смачено од животот? Дај те молам, што толку си направила? Кажи ако е нешто толку сериозно треба да се размислува позитивно, но не го знаеме твојот проблем, па како да ти помогнеме? ПС Посакувам се да се реши побрзо!
Смачено ми е од ваков зивот Што не направив? Ете премногу им веруав на некои луѓе,дозволив да ме лазат и да испаднам јас мрдната,невостина и незнам што уште.
Смачено ми е од ваков зивот Ме збуни со ова зивот, наместо живот. Твоите нема шанси да не те сакаат, може е некој период кога држат лутина.Нема шанси да си нивно дете и да те мразат..Изненади ги ! Еве ти еден пример. Како помала и го скршив телефонот на мајка ми, и некеше да ми збори , и многу плачев. Еден ден решив да и го купам омилениот парфем и кога ке се врати од работа да ја изненадам.Го купив , мислам дека беше C-THRU белиот. Кога се враќаше од работа ја видов, татко ми беше во комшии,брат ми со другарчињата надвор, ја затемнив собата, смислив една песна и и го дадов.И си се смиривме. Ама не ја знам твојата ситуација, твојата грешка, чим ти е смачено од животот сигурно си направила некоја поголема грешка, чим татко ти неќе да те сослуша. Незнам стварно како да ти помогнеме, сигурно е нешто лошо чим некеш да кажеш јавно, а да го знаевме проблемот можеби ќе можевме да ти помогнеме , ама вака незнам.Незнам што да кажам уште, штом направиш грешка неможеш да го вратиш времето назад , мораш да се справиш со таа ситуација, ти посакувам среќа... И ако можеш користи ш,ќ,љ,њ,ѓ и слично за да те разбереме поубаво Аха, го прочитав мислењето погоре па морав да редактирам .. Незнам кој точно ама некоја форумчика во потпис имаше ставено: Don't trust too much, don't love too much because that "too much" will hurt you so much .. (се надевам разбра што сакав да кажам.. )
Смачено ми е од ваков зивот Што и да е ќе помине. Колку и да си згрешила, ако сакаш со време ќе покажеш дека се каеш и труди се да бидеш подобра личност. Сподели што ти се случило, можеби ќе можеме да ти помогнеме. Спојлер Во меѓувреме повежбај со граматикава, срамота е .
Смачено ми е од ваков зивот Кажи што си толку згрешила може ќе можеме да ти помогнеме? А и срамота е за другите што покажуваат со прст кон тебе па како и тие да не згрешиле. Луѓе сме грешки правиме тоа е нормално не треба и твоите до толку да те осудуваат.
Верувам дека сите имаат проблем како мојов.Има милион другарки,се шетаме,се дружиме,ама ни една не е вистинска.Кога ке се скараат две другарки сите тајни ги издаваат.Кога ке треба помош никаде ги нема.Кога сите те измејуваат за да се спаси и она те исмејува.Зошто? Зошто нема вистинска другарка.Подготвена сум да бидам навистина добра другарка,да бидам искрена,да и помогам,да ја насмеам кога и е тешко,ама некоја што ке биде таква?Јас не сум совршена ама се би дала од себе за да бидам верна другарка.Ама на кој верна? Денес на никој не се верува.Зошто е тоа така? Како да се најде добра другарка?
За жал денеска се се поретки вистинските другарства,не си ти виновна што сите гледаат да те искористат и потоа не те познаваат.Се прашуваш зошто е тоа така?За жал сите гледаат во материјалното,никој не гледа да е добар со тебе и да ти даде совет. Тоа е реалноста каде што за жал се е испомешано и човечките вредности полека изумираат.Ретки се тие кои што знаат да се вистински другари и кои што се секогаш тука за тебе.Соочи се со реалноста што побрзо толку подобро за тебе,бидејќи ако веруваш во сите ти ќе бидеш повредена.Дружи се ти со луѓето,нормално дека треба да имаш социјален живот, но не ги кажувај своите тајни никому и биди со резерва секогаш за на крајот да не излезеш ти повредена.
мила немој да се трудиш да бараш, реткост е тоа денес. само по себе си доаѓа.. ќе запознаеш некоја добра девојка и ќе видиш дека другарството е привилегија која ја имаат најсреќните. не се секирај биди си своја и почитувај ги другите, како гром од ведро небо ќе ја запознаеш другарката.
пред неколку дена се возев во такси на задно седиште сама,а на предното беше еден човек од маало,и се загледувам и гледам под седиштето на човекот пари,си помислив на човекот се,му паднале,и ги земав и го прашав човекот вели не се мои,му ги дадов на возачот,ги брои 4 по 1000ден,и му викам можеби ги изгубил некој што се возел последен,вика вие сте ми први патници од таа смена,велам можеби ке се јави некој во централа и ке си ги бара,да му ги дадете,греота не се малку пари,можеби си земал пензија или социјална помош па ги изгубил,си одам дома им кажувам на мајками и вели зошто не си ги зема,возачот можеби си ги земал за себе,велам несакам туги пари од туга мака,дали добро постапив,вие како би постапиле?
Лошо не си постапила.Ама да бил некој друг би ги земал што знам.Ама ти ништо не губиш.Стварно незнам јас како би реагирала во таа ситација.
Го ставив прашањево тука намерно, иако се работи за дечко рано е да за темата врски е сега вака: Спојлер Се запознав со еден дечко, на скајп, мислев дека комуникацијата ќе ни биде тогаш за тогаш односно тие неколку часа дружење и тоа е тоа па направив една глупост и го излажав за нешто (големо), но еве 6-7 дена комуницираме нон стоп, се запознаваме полека полека, но мене нешто ме јаде внатре, сакам да му кажам дека го излажав ама страв ми е од неговата реакција, не би сакала да го загубам како пријател, да мисли за мене лошо Навистина ми е жал што лажев. Ми треба совет од вас, Дали да му ја кажам вистината (иако се плашам дека тоа може да донесе крај за нашето пријателство) или да оставам се како што е?
Вистината треба секогаш да е на прво место, и сакала нејќела секогаш излегува на површина. Подобро живот во болна вистина, отколку во лага до бескрај. Кога тогаш пукнува балонот и се што било соберено во него излегува на површина. Go with the flow girl, кажи си се' што имаш и олесни си на душичето. Тоа би бил мојот ловџиски совет хехе.
И јас бев во ваква ситуација.Ама криев од него и криев.Бидејки сега повеке не сме веке пријатели по моја вина,ама пак незнае за тоа.Ако сакаш кажи му,ама јас не би кажала бидејки ова моево е стварно сериозно,сепак незнам ти за што си го излажала.
Ми треба совет и помош бидејќи незнам како да постапам..Се преселив од Македонија и никако да се навикнам на европава но не е како што ја мислев..Лугево се ладни секој за себе си гледа..Убаво ми е на факултет но сеуште не сме ептен блиски..Знаеме да излеземе но не се осеќам убаво, сакам да бидеме поблиски бидејќи сум сама и никого немам овде..Многу ми е чудно, си заминав од Македонија и никој ниту ми се има јавено ниту пишано Како да се вклопам овде? Цел памет ми е во Скопје во нив а нигде ги нема ни да пишат ни ништо..Кога бев во Скопје знаев секој ден како ќе биде се а сега незнам ништо, се ми е измешано Се осеќам виновно, тешко ми е..До мене ли е? Колку што ми е убаво од друга страна и тешко ми е..има за ова помош?
Колку време има откако се имаш преселено? Сигурно не е одамна... Нормално е да имаш носталгија за родниот крај, за пријателите, и сите други кои си ги оставила тука. А за европјаните, тие се малку поразлични од нас што е нормално секоја земја си има своја култура и свој начин на живот, ќе видиш дека со тек на време ќе запознаеш луѓе со кои времето ќе ти минува беспрекорно. Се ќе си дојде само по себе само треба постојано да ти е на памет дека ако цело време размислуваш на Македонија многу потешко ќе ти биде да се вклопиш во новата средина. А зошто викаш дека се чувствуваш виновна, си направила нешто за да се чувствуваш така? Дали ти си пробала да стапиш во контакт со пријателите тука? Вистинските пријателства не знаат за далечина тоа ти го кажувам од искуство.
Ми треба совет... Дали треба да го послушаш срцето и да се бориш за она што го сакаш или да се помириш со реалноста и да не се повредуваш самата уште повеќе ?? И како можеш да научиш да живееш со спомените од минатото кога секој пат одново и одново те уништуваат ?
Сигурно брзо си се преселила.Си се навикнала тука и сега одеднаш во др држава,да тешко е,ама со тек на време ке се навикнеш.Се е навика.И нема зошто да се осеќаш виновно,затоа што ништо лошо не си направила.Ке се вклопиш со тек на време. Второво прашање и јас постојано си го поставувам.Според мене треба време за да сватиш дека така било и поминало и со тек на време ке се научи.И мене спомените ме уништуваат,ама јас правам за да се отргнам од се што ме потсетува на тоа.На пр песните,сликите и мн други работи..Не грижи се ова е подолг период,ама ке помине верувај,само дај си време.Болката ке помине,ке се помириш,ама нема да заборавиш,никогаш. А за првото прашање зависи,некогаш треба да мислиш со срце,некогаш со памет,а пак некогаш со двете.Јас секогаш имам надеж,се борам,упорна сум,секогаш дури и кога не треба.... Незнам...зависи за што се бориш,затоа што некогаш вреди,ама некогаш пак не.