Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски

    Точно е се што кажа но претпоставувам полесно е да се каже отколку да се направи , особено кога не сакаш да заврши , а имаше шанса поинаку да биде
    Во секој случај ти благодарам :)
     
  2. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Колку што разбрав за љубов се работи нели?
    Ако е така тогаш ке ти го кажам ова:
    Љубовта нема граници.
    Ако вие се секате и има можност да бидете заедно зошто да се откажеш?

    Инаку така е,полесно е да се каже,тоа е секогаш така.Јас знам како треба да се постапи и да му кажам на друг,ама јас да го направам е потешко,сите така правиме. :)
     
  3. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Имаш право дека не треба да се откажувам..најверојатно само ни е страв да не бидеме повредени , но ако не пробаш никогаш нема да дознаеш а подобро е тоа одколку да се каеш за нешто што не си направила
    Поздрав :)
     
  4. Ana122

    Ana122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    ми треба совет..
    се дружев со едно девојче ниско колку мене и 2-3кг потешко од мене. Се држевме се додека да започне летниот распуст.. :( оттогаш како таа да стана друго девојче :worried: со неа се видов дури во јули и што да видам таа послаба од мене, и не само тоа дури и однесувањето и беше поразлично :| веќе не беше истата почна да излегува со други девојчиња да собира лајкови на сликите и сега на профилна слика има дури 200 лајка :o во училиште се прави важна и сега се дружи со оние ''прчлите''

    е сега јас сакам да ослабеам дебело и ниско девојче сум и мислам дали да почнам со диета а имам многу за слабеење околу 15кг ама не сакам да ослабеам за да се здружам со нив онака сакам да бидам слаба ако не сум висока бар да сум слаба :)
    незнам каква диета држала мојата бивша другарка ама
    препорачајте ми добра диета и сита и слаба :D
     
  5. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Таа избрала да се дружи со нив,а не со тебе и ти треба да го прифатиш тоа,секој си се дружи со кој сака,иако не е убаво што се растури вашето другарство.Ама денес мн другарства се растуруваат,всушност тешко е да најдеш баш добра другарка.
    Инаку можеш да ја почнеш УН диетата,така ем ке ослабеш,ем ке бидеш сита,ем здраво ке се храниш. :) ;)
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Знам дека сум досадна со моите проблеми но морав да се искажам некаде.
    Се работи за мојот брат и мајка ми.
    Вчера тој ме удри силно заради тоа што мене ми падна далечинскиот управувач.останатото не сакам да го кажам бидејки ме фака срам. :x
    Од кога ме удри, мојата мајка цело време го бранеше него а мене ми ја префрли вината.Мене ме направи луда,мене ме избрка од собата.Сакав да го пријавам тоа малтретирање бидејки не му е прв пат.И нему а и мојата мајка да ме гледа накриво кога јас се карам со него.Секогаш ми ја префрла мене вината а тој секогаш по некоја логика има право.
    Сакв и да го кажам на татко ми ама пак премолчив.
    Мајка ми после таа случка еднаш не ме праша како сум.Туку цело време беше со него.
    Ве молам не ме осудувајте,јас не бев виновна за ништо.
    Цело време брат ми се однесува како надрогирано човече,се однесува како мало дете а има 26 години.Јас навистина не знам што да превземам.
     
  7. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Ако е вака,не си виновна.Знам вакви случаеви и тоа мн.
    И кај мене беше сл,не исто,ама сл и јас не се нервирав,туку и поради некои др причини некако станав злобна и уво не ме боли за мајка ми и татко ми.
    Ама знам дека мајка ти те сака,неможе мајка да не си го сака своето дете.Разговарај со неа,среди ја ситуацијава со разговор,немој да бидеш како мене,не е убаво да се мразат родителите.А и со татко ти поразговарај,сигурно ке те разбере. :) ;)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Таа не ме разбира,се обидов да разговарам со нејзе а таа не па не.Ми повишува тон,доволно ми покажа дека не и е гајле што брат ми ме удрил.Ме прави луда,и дека јас сум таа која мора да плака за сите кавги.Тоа љубов кон дете ли е? :)
     
  9. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Понекогаш свакаме колку некои личности ни значат и колку ги саккаме откако ке си заминат. :)
    Доволна е реченицава.
    Можеби брат ти го сака повеќе бидејки е прво дете,ама нема шанси да не те сака,сепак ти си нејзино дете.
     
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Немој да се секираш па и ти не е за умирање работава. Ама мора да поправиш се што си зазнала. Значи се. А нормално е да имаш симпатија или ајде да речеме дечко, ама што имаш ти за муабетење со дечко ти? Тој на таа восраст единствено нешто што го има во глава е секс. Сега можеби и те сака се тоа е ок ама немој да бидеш многу наивна зашто се што лета не се јаде. кога тогаш ке те наговори на секс и тоа ќе ти направи поголеми проблеми. јас мислам дека тоа што сите те осудуваат и не го сакаат дечко ти, ке створи револт на твои години и ке бегаш кај него затоа што мислиш дека "само тој те сфаќа". Тој ако те сфаќа како прво нема да дозволи ти да бегаш од дома на 14 години зашто ќе се загрижи како ќе реагираат твоите родители. На него сега му е важно ти да преспиеш кај него да си добие што ке си добие, па после ти чукај си ја главата. Така не!
     
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.453
    Пол:
    Женски
    Сакам да умрам

    Јас доживеав брат ми да посегне по мојот живот и по животот на мајка ми,и сега седам затворена дома како јас да сум криминалец,од страв од него,па не се предавам и не сакам да умрам.Има многу поголеми проблеми од вашите и од мојот,секогаш имајте го тоа на ум.Јас сега се би дала за да ми се вратат ситните проблемчиња со дечковци,со пари и слично,а не да го преживувам овој пекол,да не знам кога ќе излезам од дома до продавница дали ќе се вратам жива,ама не се предавам и не сакам да умрам на мои години,а не па вие на 15 години што уште ништо не сте виделе и уште ниту еден проблем вистински голем и нерешлив не сте имале.Проблемите доаѓаат како растеш,не се откажувајте на првиот
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Истата јас онаа што пишав дека се сруши светов врз мене во СКД и дека при очи ме прават будала.
    Е сега девојки барам совет една моја другарка почна да се дружи со погрешни личности,почна да мисли дека тие и се најдобри другари ова она.Дека просто неможе без нив.И поради тоа почнаа да ја избегнуваат сите другарки,и почна да ми се жали дека нема другарки.Е сега драги мои,многу пати се обидов да и кажам дека не треба со нив да се дружи но џабе ми е. А што е најлошо мислам дека почнува да се заљубува во еден од нив.Значи таа мене почна упорно да ми негира дека никогаш неможела,него да го сака или било што.Ама јас знам дека не е така. Како да го спречам сето ова,едноставно жал ми е за неа. :( А да нема и ништо меѓу нив,живееме во мало гратче каде што од мравка прават слон.

    Фала ви однапред.
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Поразговарај со татко ти!!! Не ви ја знам ситуацијата дома, освен ти сама - но ако сметаш дека татко ти може да ти помогне, разговарај со него на само, објасни му се.
    колку години сте разлика со брат ти????
    ако не, мое мислење - во ваква ситуација никој не е паметен совет да ти даде - но ако брат ти е насилник, како што кажуваш, кога ќе дојде дома - ти оди си во твојата соба и учи, одмарај, тргни се од него извесен период, имај едно здраво и чао. Со тек на време ќе му недостасуваш и сам ќе те побара!!!
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Сакам да умрам

    Срцка многу ме натажи твојава ситуација. незнам како дошло до ова, но многу ми е мило што си храбра и одлучна и што го сакаш својот живот. секоја чест. :clap: :clap:
    да била некоја друга до сега кој знае што ќе се случило..поздрав најголем :hai:
     
  15. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Сакам да умрам

    Девојче како прво ти си гонаправила првиот чекор кон подобрување на твојата ситуација со тоа што си си ги сватила грешките и што си побарала повош-совет.
    Е сега како прво,многу си млада за да мислиш на такви работи како умирање и сл.
    Твоите родители не може да не те сакаат,ти си им чедото дете си им,а ако не те сакале имале педиод пред 14 години да го докажат тоа,но керка си им и колку и да грешиш ке те сакаат. Само што еде дошол и тој период (пубертетот) кој сите го поминуваат кој со повеќе кој со помалце грешки и бубачки во главата ;)
    Не бегај од часови,седни и извини им се на твоите родители и вети дека ке се поправиш,но за да не ја изгубиш довербата уште повеќе знаеш дека тоа што ке го ветиш ке мора и да го оствариш.
    Имаш уште многу време пред тебе и за шетање и за дечковци,да да имаш време и за дечковци
    Ти посакувам се најдобро,и пиши ни нешто ново и нормално нешто убаво. :) :)
     
  16. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Сакам да умрам

    Сфатете дека животот е најголемата вредност и најголемиот дар од бога... Ако се на сред некој за вас нерешлив проблем, едноставно замислете си дека вие сте ставени на тест кој мора да го поминете и решите. И треба да знаете дека има многу поголеми проблеми на светот од вашите и со тие зборови да соберете сила и да продолжите понатаму и верувајте во себе. А не право да посегате по животот, бидејќи тоа ви е најголемиот дар и треба да го чувате колку што можете со сите сили, без разлиак на се :)
     
  17. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Луѓе мои луѓе,што ли да правам?Осмо одделение сум и од следната година ќе одам во гимназија,но наместо да бидам оптимист дека ќе запознаам нови луѓе,друштва,ситуации и слично мене ми е страв.Да,страв ми е бидејќи во средното во кое планирам да се запишам речиси 60% се од моето основно,а во едно друго исто така блиску средно пак 40%.Лошото е тоа што јас со децата од генерација не се ни дружам многу.Имам само онака 3-4 познанички во едно одделение со кои чат-пат се дружиме и то.Е сега,кај мене постои тој страв дека кога ќе влезам во средно секој со секој ќе се познава (бидејќи доста деца од мојава генерација се познаваат со деца од други школи) и така сите ќе си формираат друштва,а ја ко утка сама ќе останам.А има ли нешто полошо,а да останеш во најдобрите тинејџерски години сам и неисполет?Дефинитвно нема.Ете поради ова од оптимист во животот станав песимист,а тоа е лошо.

    Фала ви однапред :)
     
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    значи во иста ситуација сме а и годините им се исти,и мојов ме малтертираше психички и ме удираше шамари за безвезе работи и мајка ми најчесто беше на негова страна,имав некој уплав од него и ден денес ми трае сите комплекси што ги имам ми се од идиотов,ама јас почнав да му кажувам на татко ми а тој му викаше потоа и сфатија дека безвезе и за ниништо се дере и почнав да не му обракам внимание и да не сум многу време во негова близина тоа ми е решението,што да се прави :(
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А каде учат тие со кои ти се дружиш? :)
    Како и да е, мисли си на учењето сега, овој проблем и не е проблем. Ако си добар човек, пријател и во пустина ќе си најдеш сродна душа.
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ниту еден родител не може да не го сака своето дете.Сигурна сум дека мајка ти те сака тебе,но од некоја причина го брани брат ти.Разговаај со неа и кажи и како стојат работите,па ако имаш силна причина и ако малтретирањата се постојани од страна на брат ти пријави го бидејќи тоа е семејно насилство.Најдобро е да зборуваш со татко ти и да му кажеш него се што се случува,па можеби тој ќе те разбере и ќе се сменат нештата на подобро.Во никој случај доколку ти не си виновна не дозволувај да те малтретита некој макар тоа било и брат ти,имај си свое јас и биди си своја.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.