Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.906
    Допаѓања:
    11.455
    Пол:
    Женски
    Дај кажете некој совет како се справувате со напнатоста, стравот ? Си велам се да отидам на психолог ама овде нема некој асален одма на психијатар и со апчиња и е најлесно а јас не сакам. Знам дека тоа ми е се во главата, не сакам да се клукам со апчиња сакам сама да се изборам . Инаку ова не ми се случува постојано, само што јас сум плашлива и си велам леле готово го губам разумот :sweat: . Кога имам обврски немам време за какви сра*а ама што да правам, невработена сум а во ова градче нема ни работа ни што занимација да најде човек. Ова ми се случува неколку дена ,не е постојано, најчесто во вакви сиви, тмурни, ладни периоди или пмс , ама што да правам фурка сум , неможам да се опуштам како човек. Искрено се напнувам дека имам уште еден испит и се плашам што потоа , уфф незнам да функционирам со слободно време ама никако , одма ме фака паника . Не сум јас да легачам поарно дрва ќе цепам :D само не сакам да дремам вака како паразит :x . А стравот ми е набиен од пред десетина години кога се разболе мајками фала му на Господ се помина во најдобар ред, потоа ми се случи уште една грозна работа која ме дотепа ама се изборив сама, животот оди напред. Фала му на Господ моите најсакани се здрави и живи а јас сум во постојан страв да не им се случи нешто. Постојано сум стегната периодов, почнав б комплекс да пијам и омега 3, може и ќе ми помогнат или да си барам стручно лице :doh:
     
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Да си побараш психијатриска помош,оти непоминува тоа така лесно,со помош на психолог и твоја работа на себе.
     
  3. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Има ли воошто решение за мене :'(( ?

    Па вака .. целата сум уништена не знам ни каде сум што правам животов на конец ми е.. ја изгубив целосната доверба во родителите а и со дечкото не сум во најдобри односи..признавам јас бев виновна за се со проблемите со дечкото и несакам да живеам со таа болка која ќе ме потсетува дека м згрешив,дури од разочараност од мене незнаше што рпави му беше криво дури и рацете ги раскрвави мавајќи в ѕид а можда не тербаше да биде и дотолку бидејќи и беше речиси пијан:/ ..дали сум болна или незнам што се случува со мене и несвесно или свесно правам грешки:'( сите грешки без мислење за последиците :worried::worried::worried: инаку имам 17 ипол години,во врска см 10 месеци а немам ни односи со дечкото сеуште..сеа мајками дури и за тоа не ми верува од толку што е разочарана од мене. повеќе нема ни интернет да имам ни да изл а мајакми ми вели нема ни дечко повеќе .. јас неможам без него да живеам , рече дека ќе ми опрости за тоа што го направив (не го изневерив со др,туку му згрешив за неш др.) ама сепак и да се врати врската е џабе бидејќи нема да изл повеќе како што е настроена вака мајками и нема да ми дозовлува,а и неможам да бидам во врска ќе се присетувам на тоа што г направив ии незнам веќе ми нема спас.. планирам да се самоубијам оти од мене дефинитивно ништо не бидува :worried: Ве молам за некој совет,што мислите вие за ситуацијава :'((( ???????
     
  4. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Општи прашања

    Имам едно прашање, итно е.
    Во последно време кога и да излезам, со кого и да излезам се чувствувам премногу, премногу напната и ќутам постојано, сите почнаа да ме мислат за мн мутава, а у суштина не сум :lol: (плус неќам да изгледам мутава, лошо е од страна, а не е да се праам нешто што не сум пошто ич не сум тивка и ќутлива особа) ама неможам ништо да направам, пробувам да подобрам ама од што сум напната не ни размислувам.
    Ми спомнаа дека бедоксин биле за опуштање па сакав да прашам да не знаете уште некои вакви апчиња за „опуштање“?
     
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Општи прашања

    Абе какви апчиња за опуштање не зезај.
    До душа има многу апчиња за “опуштање“ т.н. седативи кои се за сосема друга намена.

    Сметам дека немаш такви сериозни проблеми за да пиеш апчиња. На своја рака немој ништо да земаш.
    А од што си напната ? И траежлива ? Си мислиш ли на нешто посебно, те мачи ли нешто ?
     
  6. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Општи прашања

    Знам дека вака можеби глупо звучи ама решена сум :lol: Ако ништо друго бедоксин ке пијам сигурно, плус ова и мајка ми ми даваше порано, плус другарки пијат, плус слушнав дека мајката на една другарка и дава кога е „вознемирена“ ако треба да искочи со некој дечко. :D Не пијам на своја рака како и да е, бар на мајка ми ке и кажам ама сигурно она нема да ми бара апчиња па мислев вие да ми кажете некои вакви ако знаете, ама вака неможам, не се трпам. :)
     
  7. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Општи прашања

    Бедоксинот е само витамин Б6, ништо страшно и да го пиеш два или три пати на ден, како Ц витамин. А за други апчиња ни јас не би ти препорачала.
     
  8. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Лични животни проблеми

    И ко ќе се самоубиеш шо ќе направиш ????
    Мислиш поарно ќе ти биде?
    Ни на тебе ни на тие околу тебе.
    Од ова овде напишаново неможам да сватам ни каков проблем ни што.
    Седни разговарај дома , не си мала 17 години си :) објасни и решете го проблемот.
    Исто и со дечкото , и да биде и да не биде нема што да тагуваш , не е единствен !
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Можеби не ти одговара друштвото :^) . И јас сум обично зборлива ама со правите луѓе, ако нема некоја инстант искра да речеме со некого, не ми иде муабет и ќутам ко муле :D Бедоксинот може да ти направи разлика ако го земаш извесно време, од одма нема ништо да ти помогне. Пробај со 2-3 на ден, недела две и види дали ќе функционира :)
     
    На sweet-star и Springy им се допаѓа ова.
  10. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Помогнете !!

    Значи проблемот е во тоа дека постојано мислам на лоши и страшни работи , а не сакам!!
    Од хорор филмовите кои ги имам гледано , постојано мислам дека ќе ми се појават дека ќе се случи нешто како што се случило таму и се.. Посебно ова ми се случува нассабајле кога ќе станам и навечер пред да заспијам. Пред да заспијам и постојано мислам на тие работи а неможам да престанам или да ги заборавам .. и цела се препотувам како да ми се случиват а не ... едноставно шо да правам?? :( :worried:
     
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Помогнете !!

    Па не гледај хорор филмови бре ;)
    Кога ке си легнеш вечер помисли на тој што го сакаш или на училишните обврски...
    А за насабајле едноставно наместо да дремиш в кревет стани и направи нешто корисно, намести си го креветот, пушти си музика..
     
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Помогнете !!

    Да и јас се согласувам со феминиум
    Немој повеќе да гледаш хорор филмови, и се ќе помине. Мене вака ми е еден ден откога ќе изгледам хорор филм но потоа ако ми дојдат такви лоши мисли веднаш ги престанувам да мислам на тоа и мислам на убави работи во животот, и поминува. И престанав веќе да гледам хорор филмови. Така направи и ти веднаш штом ќе помислиш на тоа, веднаш престани да мислиш на тие лоши работи и почни да размислуваш на нешто убаво, на пр. за училиштето за обврските околу него, за љубовта или пак за нешто што те прави среќна во животот. Ќе помине верувај ми! :)
    И почни да гледаш роматични филмови или комедии ќе ти биде подобро.
     
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    Помогнете !!

    Потполно се и двете во право! Не мисли :)
     
  14. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Помогнете !!

    И мене така ми се случуваше, па престанав да гледам хорор филмови и сега си гледам комедии и анимирани филмови. :)
     
  15. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Помогнете !!

    Пред легнување слушалки во уши и омилените песни. Барем мене тоа ми помагаше.
     
  16. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Помогнете !!

    Значи психата е страшна работа. Мозокот уствари впива се’, се’ што ќе видиме, слушнеме, ако не веднаш после некое време ни се појавува или пред очи или во мислите...

    Прво престани да гледаш такви филмови :) И јас порано многу гледав и сфатив дека и мене ми влијаат на психата, после тоа цело време бев нерасположена, а како помала исто мислев дека ќе ми се појави нешто од под креветот, позади вратата.....
    Но нема!

    Потоа едноставно потруди се да се убедиш самата себе дека тоа е само филм. И дека тоа е глумци и дека ништо од тоа што го гледаш не е вистинско и нема да се случи. Нема да ти излезат духови, нема да се отвори земјата и да излезе ѓавол и слично.

    Кога ќе ти се случи такво нешто (кога ќе ти дојдат такви мисли) сконцентрирај се, диши си длабоко и потруди се да мислиш на нешто друго. Мисли си на некој убав филм што си го изгледала, на убавото време што си го поминала со другарките, на дечко(доколку имаш), симпатија.....

    А стравовите секогаш се тука околу нас и сите ги имаме, едноставно треба да знаеме да се справиме со нив и да ги поттиснуваме. :)
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Уште првиот хорор филм што си го гледала кога си видела дека има лошо влијание на тебе што си барала постојано да гледаш дури и стресови да си правиш?јас на пример ми е страв да гледам хорор и никогаш не гледам сега тоа и влегло во потсвеста и ти создава страв но не се грижи ќе помини престани такви филмови да гледаш под хитно како прво,како второ смирисе опуштисе нема ништо апсолутно,како трето замисли само на каков смешен начин се снимаат тие тоа се само маски или трансформирани лица со шминка,позади тоа седат камермани и 100 души плус пробај на тоа да размислуваш на ваков начин а ако си добила уплав и неможиж ова да го надминиш побарај помош не е ништо страмота психијатар на бајач можеби да ти забај од уплав било што ако неможеш да престанеш да се измачуваш не си играј играчки со психата побарај помош навреме со среќа и не се плаши...
     
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Можеби проблемот е до мене но навистина ми е потребно нешто што би ме упатило кон правиот пат.Моиве постојано имаат кавги,еден чекор пред развод се,буквално речено.И кога сум виновна и кога не сум,врз мене го истураат својот бес низ зборови кои дефинитивно допираат длабоко во мене.Со друштвото кога како си поминувам.Премногу сум затворена во себе и сум помирена дека такви се луѓето.Навистина незнам како да си помогнам себе си,а ниту на другите.Благодарам за помошта :?:
     
  19. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Здраво. Најпрво сакам да ти посакам добредојде на форумов.
    Ти самата кажа дека твоите имаат кавгии скоро за се, дека се пред развод, ама верувај ти воопшто не си виновна за тоа. Знаеш, во такви моменти луѓето кажуваат секакви работи, работи кои што воопшто не размислуваат пред да ги изговорат, вмешуваат секого кој ќе им падне на памет. Затоа воопшто не ставај на памет тоа што ќе ти кажат во тие моменти, а за да не се нервираш пробај да ги избегнуваш нивните караници, оди во соба, излези надвор, слушај музика..., и немој никогаш да заборавиш дека што и да се случи помеѓу нив и што и да ти кажат длабоко во нивните срца ти секогаш ќе бидеш едно од најубавите нешта што им се случиле во животот.
    А во врска со другиот проблем мислам дека треба малку повеќе да се опуштиш кога си со друштво, уживај во моментите кога си со нив, не мисли на ништо друго, знај дека во тој момент тие се со тебе и нив треба да им го посветиш целото твое внимание. :)
     
  20. manta123

    manta123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Имам проблеми со самодовербата. Токму и затоа немам многу пријатели и имам слаба страна со спријателување. Мислам дека тоа што треба да го кажам е глупаво па после кога ќе го каже тоа некој друг се каам. Имам голема цел во животот но мислам дека нема да успејам затоа што неможам тоа да го правам. Сакам барем малку да мислев позитивно но се ми иде наопаку. Исто така моите родители постојано се караат дури и се пред разведување, татко ми мисли дека мајка ми го изневерила а пак она упорно негира. Одлучија и некое време да живеат одделно, не разделија мене и сестра ми, но повторно се вратија заедно затоа што јас неможев да се сконцентрирам и добивав слаби оценки во школо. Незнам што да правам..!