Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Ама страв ми е,сите ке речат ти сакаш фамилијата да ја растуриш и сл..и ке настани хаос.А баш некни на ручекот седиме на маса и тој вели као демек не ми е јасно море луѓе,децата ке патат за тоа..како можат такво нешто да прават а тој кеф си тера,а мајка ми пустата У-нема видено од убавина(шетање,излегување,дотерување).. Ке избие голем срам! Но ми текна што да направам..Кога мајка ми ке биде на раб.јас ке пробуричкам по профилот негов-во пораки и ке видам доколку има некој договор,вечерта ке ја пратам баба ми горе ке речам имам пролив,мајка миима горе во фрижидер апчиња де земи страв ми е по темното да одам горе..Па да види тој !
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова е најсоодветната тема, но ајде да пробам.
    Само ве молам немојте да ми се смеете. Мене тоа ми претставува проблем.

    Значи вака...
    Се работи за моите хистерични реакции во одередени ситуации.
    Секогаш кога ќе се спомне името на една личност, кога некој ќе слушнам дека зборува за неа, јас буквално се штрекнувам и се грчам. Не можам тогаш да се опушам. Премногу чудно ми е.
    Мислам дека сум премногу опседната со таа личност, или !? Пречесто ја сонувам, во најразлични ситуации. Инаку таа ми е поблиска роднина и неизмерно многу ја сакам. Не знам дали има тоа некаква врска ? Што воопшто се случува со мене ? Имаме многу убав однос, значи никакви проблеми. Се е во ред. Но, секогаш кога некој ќе ја спомне мене рацете ми се тресат. Ова се случува константно веќе 6/7 месеци. Кога на телефонт ќе го видам нејзиното име, срцето почнува да ми лупта онака без причина.
    Тоа чувство е одвратно. Навистина не сакам тоа да ми се случува. Дури се случува некој пат откако ќе зборувам со неа по телефон, мене да ме фаќа паника. Буквално се губам, некако ми се лоши, рацете ми се тресат, очите ми се насолзуваат, срцето почнува забрзано да ми чука, едносатвно се препотувам, а последниот пат мислам дека и во несвест ќе паднев.
    На што се должи ова !? :(
    Не е критично, нели !? :(
    Навистина не ми е јасно што се случува и зошто воопшто се случува тоа.
    Вака во живо се обидувам да не се приметува многу, да бидам нормална како сите кога разговараат со некого. Значи во живо кога зборувам/поминувам време со неа можам да се исконтролирам некако, но сепак чувствам напнатост која не е баш пријатна.
    Да се разбереме, таа личност е од особена важност за мене.
    Поблиска роднина ми е и односот ни е супер, навистина.
    Кога разговарам дури и со непознати полесно ми е и поубаво склопувам реченици, па дури и поопуштена сум. Оваа личност ми е блиска одма после родителите. Не знам што е проблемот !?
    Секогаш е пријатно во нејзинот друштво - но јас без причина паничам и не знам како да го спречам тоа. Што мислите вие за ова ?
     
  3. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Мислам дека ти си влјубена во оваа особа. Можеби и самата несакаш да веруаш дека е така но така е, тоа се гледа и по пишувањето. Што побргу си признаееш себе тоаа подорбро.
    Невикам дека треба нешто да прееземеш во смисол да го имаш, затоа што сте роднини, но мислам дека треба да преземеш нешто за да ја сведеш таа лјубов на минимум. По кажувањето ти доживуаш оргазам и кога ќе го слушнеш, а замисли што би било да го имаш.
     
  4. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Мислам дека ти си влјубена во оваа особа. Можеби и самата несакаш да веруаш дека е така но така е, тоа се гледа и по пишувањето. Што побргу си признаееш себе тоаа подорбро.
    Невикам дека треба нешто да прееземеш во смисол да го имаш, затоа што сте роднини, но мислам дека треба да преземеш нешто за да ја сведеш таа лјубов на минимум. По кажувањето ти доживуаш оргазам и кога ќе го слушнеш, а замисли што би било да го имаш.
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ^ Благодарам што одвои време да ме посоветуваш.
    Еве признавам, ќе зборувам отворено.
    Јас сум женско и не би можела да бидам вљубена во таа личност. :D
    Се работи за мојата прва братучедка.
    Не сум до толку фрик. Не сум ни лезбејка.

    Сепак благодарам за одвоеното време.
    Ми значи, во секој случај.
    Инаку мене тоа повеќе ме потсетува на паника и губење, отколку на што било друго.

    Најчесто се случува во ситуациите погоре.
    Понекогаш успевам да го смирам внатрешно тоа чувство, не не можам секогаш.
    Не напишав, слично ми се случило и во некои други ситуации, но главно (како што имам објаснето)
    ими барем тогаш јас сум забележала.
    Или можеби се се поклопило.
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кога некој ме нервира имам страшна потреба да скршам нешто или да плачам.
    Се нервирам многу често и доколу почнам да кршам тешко мене..
    Исто така кога се карам со некој или се нервирам или пак доколку сум премногу возбудена јас веднаш се потам, срцето ми забрзува и се гребам по раце. :|
    Што може да биде тоа?
    Некој совет како да не реагирам така?
     
  7. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Сега одлучисе дали тие симптоми ти се јавуваат и во други ситуации или само во присуство на таа особа? Ако се јавуваат и во други ситуации тогаш треба да посетиш психијатар. Доколку се јавуваат само во присуство на таа особа тогаш се работи за емоција која ти се јавува во нејзино присуство. А таа емоција може да биде: Страв, завист или лјубов т.е сексуална привлецност. А зошто мислиш дека неможа да се работи за привлечност, што има врска што ти е братучедка и што ти не си лезбејка. Затоа понекогаш неможеме да препознаеме за што се работи бидејќи несакаме да веруваме во тоа. Помекогаш некои чувства неможеме да ѓи контролираме баш како што ние сакаме. Само кажими освен тоа чувство на срцебиење тресење..... каква емоција ти се јавува кога ќе ја видиш: Се плашиш од неа, ја мразиш, дртаго ти е што се слушате или гледате и што подолго би разговарала со неа, и лјубомориш па ти иде на живци...... Потруди се да ја објасниш емоцијата која се јавува во тебе осим тоа тресење и срцебиење. Искрено мене тие симптоми ми се јавија кога сум во близина на некој што ме привлекува.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Мила,јас мислам дека си опседната со нешто што ако не реагираш,можеш голема да ја направиш.Релативно долго време ти се случува ова,и веќе ти влегло во мозок,и можеби си се навикнала на тие константни реакции.Да пробаш малку да се одалечиш од неа,да не мислиш воопшто,преокупирај се со други работи..едноставно да оладиш,м? :?:
    Можеби кога нема да ја гледаш,со ладна глава ќе си ги разграничиш работите.Дали сите тие реакции имале некакво значење или било се опседнатост.
    Јас искрено,не мислам дека е љубов,неможе да биде :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Зошто размислуваш неагтивно, зошто мислиш дека сите тебе ќе ти се нафрлат и ќе ти викаат дека сакаш да ја растуриш фамилијата? толку ли се фрикови тие што нема да можат да сватат дека ова го правиш за добро на сите околу вас. Татко ти не може и не смее на тој начин да си поигрува со чувствата на мајка ти. Најубаво е мајка ти со време да се освести. Јас знам дека последиците ќе бидат кобни, караници, ова она ама се поминува. уште еднаш ќе ти кажам, сама кажуваш дека мајка ти абер нема што е убавина, епа мислам дека е редно време жената малку да се освести и да живне. Вистината понекогаш боли ама кога ќе се соочиш си неа стануваш посилен.
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Благодарам на двете што ми одговоривте.
    Irrepleceable,
    Еве и јас да одговорам, со братучедка ми не се гледаме многу често може да се каже еднаш месечно.
    Мило ми е кога ќе се видиме, но можеби ја идеализирам !?
    Ќе се обидам да не ја сфаќам толку сериозно и да научам и сфатам дека нема потреба за тие реакции. Можеби тоа ми се случува затоа што сепак е важна за мене !?
    Сардинија, мислам дека моите чувства према неа не се такви, не би можеле да бидат.
    Знам што чувствувам за неа.
    Не чувствувам ниту страв, ниту омраза, ниту некоја одбивност туку едноставно нешто спротивно.
    Ја сакам, но не на таков начин - блиски сме. Јас повеќе би ја гледала како сестра, отколку како што пишуваш ти љубов !? :^)
    За мене е навистина важна. Секогаш ми е драго кога ќе се видиме и кога ќе разговараме.
    Но, не знам како да опишам некако се паничам за тоа како таа ќе изреагира на секоја моја промена, збор, реченица, движење - а не знам од што.
    Сите чувства за неа ми се позитивни, но се паничам можеби од голема опседнатост !?
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Јас мислам дека од идеализирање преминало во опседнатост, како што си кажуваш ти.
    Сепак не се портесувај мн мн, секој си има таква откачена фаза во животот.
    Сфати дека тие емоции се непотребни и дека поттекнуваат од опседнатоста.
    Нека остане она твој идол, ама па не претерувај со нејзиното доживување.
    Нареден пат кога ќе треба да се слушнете,видите прво смири си ги живците па потоа продолжи.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Mи требаат совети како да ги убедам моите родители да одам на камп летово охрид со друштво.беа одлучени дека ќе ме пуштат се додека вчера на гости не дојде кумот ми и почна да кажува се и сешто како може да ме мани струја во кампот немало каде да се оди во тоалет каде да се јаде,немало кој да те надгледува итн.. тој неговото дете не го пушта а имаме по 17 год,неможам да верувам дека сето тоа тој го кажа а самиот тој лани купи камп во охрид. :x :(
     
  13. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Прво прашај ги во што е проблемот и зошто го промениле мислењето, прај се наудрена они нека ти кажат,потоа кажи им на твоите родители дека треба да си го одржат своето ветување и да останат дсоледни на нивниот збор и да те пуштат да одиш. Кажи им дека они треба да ти бидат пример во животот како треба да се однесуваш и речи им дека ако сега не те пуштат кај тебе ќе се создаде голема болка и разочарување бидејќи те повредиле, ти си мислела дека они стојат на својот збор а тие испаднале вртикапи. Кажи им да не слушаат глупости од секого и дека не смеат толку лесно да го сменат мислењето бидејќи и тебе ќе те воспитаат така. Кажи им дека си доволно паметна да одиш сама со друштво, дека ќе се слушате секој ден и потсети ги нив како им било кога имале 17 години. поздрав
     
    На sarricka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите што ме посоветувавте.
    Сега успевам да се однесувам нормално.
    И секако е сеуште исто важна за мене.
    Само што последниов пат кога се видовме, јас сфатив дека и покрај тоа што е важна за мене, нема потреба од тие чувства кои ме совладуваа.
    А и се начекав себеси и во некои други ситуации како реагирам слично, буквално за глупости.
    Можеби тоа е/беше само производ на стресниот период кој го доживував.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Сакам дома да им кажам дека имам дечко мислам дека веќе е време и дека нема логика веќе ова скиривање од нив..само прашање е како? страв ми е од тоа како ќе реагираат,прво сакам на мајка ми па после таа да му каже на татко ми ,но незнам како еј мамо имам дечко...иначе и таа на овие мои години има фатено дечко о.д кога била за 3та год исто како и јас сега..Некој совет како да и кажам на мајка ми како вие им имавте кажано? :^) :doh:
     
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Јас на татко ми му кажав и ништо не рече,иако не му беше по кејф многу :lol:
    Само кога ќе излезев знаеше да ми каже :А да учиш малку? :!: (а сите 5ки ми беа) :lol:
    Му беше страв дека ќе се омажам и дека нема да завршам ни средно ни факултет,ама не беше во право,зошто му го докажав спротивното.Ем петки во школо,ем со дечко со кој нон стоп секој ден се гледам :D
    Така да од како ќе им кажеш,обавезно надополни се со тоа дека ќе учиш и нема да запоставуваш обврски кои се битни за тебе,и со тек на време ќе им го докажеш и тоа.
    Подобро од тебе да дознаат,него од некој друг. :)
     
    На sarricka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Пак јааас. :worried: .дајте кажете како да го убедам татко ми да ме пушти во камп во охрид,мајка ми ја убедив некако но кога нему ќе му спомне тој само ќути се лути несака да чуе,мисли дека таму е хаос незнам како како ли да го убедааммммм :clap: |( :@
     
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Колку години имаш? :)
     
  19. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Зошто не пробаш на само да зборуваш со него.
    Прашај го зошто не ти дозволува,и ако мислиш дека причината не му држи вода,кажи му дека не е во право,и објасни му зошто не е.
    Кажи дека треба пред се да ти верува,и дека таму идеш за да си поминеш убаво,а не да правиш глупости.
    Можеш тоа да го направиш и во присуство на мајка ти,која пред него ќе те подржи,и заедно ќе го убедите.
    Кажи дека сакаш да се дружиш,а не да се двоиш,кажи ги луѓето со кои ќе одиш,да знае сепак со кој те пушта.
    Или пак ако имаш постар брат/сестра и они малку нека превземат мерки :)