Девојче колку што разбрав татко ти е сериозен на карактер.Не сака шеги и не практикува да се шегува. Поагајќи од мене,дека и јас сум таква,и избегнувам шеги,би те советувала со него да немаш таков однос. Ете човекот си е таков,и не може да го сменеш. Разговарај за се-околу домашните работи,клучни прашања за семејството и сл,ама шеговити моменти не. За доброто на сите и семејниот спокој
И јас овој период го имам тој проблем.... не ми се учи, не ми се прави ништо, не ми се живее..........
Ех.. уште сега треба да спремам испити, имав толку желба за учење.. сега - ништо. Апетит изгубив, јадам само колку да не изгубам имунитет.. Од дома немам излезено.. Не знам, не знам до каде ќе одам со овој проблем. Правам нешта само зашто треба да бидат направени. Можеби и сплет на околности направија да биде така, ама психава не знам како да ја пренасочам. Се обидувам, не можам. Ако некој знае излез, нека помага. Сериозно е глупа состојбава. Вегетирам ко идиот.
ужасно ме нервира тоа што машкиве што се заинтересирани за мене сакаат преку другарка ми да дојдат во контакт со мене а оваа е толку себична и љубоморна што не верувам дека се ми пренесува што треба да ми биде пренесено,едноставно немам доверба во неа тие мислат дека ние две многу се дружиме и затоа така,и плус несакам таа се да знае за мене кој и што ме свиѓа бидејќи она се крие од мене,а и ја гледам дека сака да ги шармира и оние машки со кои јас сум се запознала без неа,со сите сака да си прави муабет што јас ги знам а тие што таа ги знае се недостапни за мене,т.е. себично ги ''чува'' од мене,а да изгледам ептен повлечена и недостапна нема врска,можеби во последно време ретко сум на социјалниве мрежи ама и кога бев беше вака,едноставно несакам таа змија да знае се за мене познавајќи ја каква е
Според мене, добро би ти дошло полека - полека да се оддалечуваш од неа. Сум се нашла и јас во сродна ситуација.
Се запрашувате за што вреди да се обидувате и продолжувате. Јас мислам дека ова е сосем нормално, кога идат испитите, некогаш да ти се учи ама некогаш ти е преку глава од се‘ и не сакаш ни да учиш, чувстуваш општа слабост и обично стресот е виновен. Немој да се префорсираш за да јадиш, земај витамини и јади колку шо мислиш дека ти е доволно. Во врска со учењето, ти треба мотивација за да сакаш да учиш зошто ако не си направиш себеси да ти е интересно додека учиш нема да сакакаш ни да ја намирисаш книгата. Од време на време излегувај, убаво е да те фати воздух, немора да вечер по кафичи и слични глупости, јави се на другарка и дента прошетајте до парк или било каде и после свежа оди дома и спемај се за испит. And you call her your friend? Seriously? Обиди се да се оддалечиш од неа, да не и‘ кажуваш и полека да им даваш на знаење на околината околу тебе дека таа не ти е толку битна за да не ѝ кажуваат неа место тебе па за да имаш чист пат зошто таа најверојатно ќе ти го мати ако остани во средина.
Претпоставувам мислење под мисење не се пишува ама од телефон не ми дава опција за да едитирам .. Антисоцијална ме викат, имам две другарки и тешко примам некој однадвор да се приклучи на нас. Немам доверба во луѓето и некако ми е страв од нив. Некогаш се плашам дека тој некој ќе ги земи од мене или ќе ги повреди или ќе ми го напрај то мене. Сега едната упорно тврди и за нова и натака да одиме со плус уште едно друштво и секад да излегваме и то ме полудва. Неможам да се прилагодам на толку луѓе и ќе останам чудната. И према психологија учеебникот ги имам сите симптоми за социјална фобија и сфаќам дека луѓето се потребни и дека треба да се социјализирам ама неможам, посилно е од мене. Ќе идам со нив ама како Каспер ќе бидам. Ве молам некој совет .... ?
За тоа дека на сите ни доаѓаат периоди кога ништо не ни се прави, тоа е класично паѓање, ќе си речеш неможам, доста ми е од се итн. Но сепак во 5 до 12 се враќаме на правиот пат , затоа што обврските те чекаат и ти сепак ќе смогнеш сили да одиш напред, нема нешто одвнатре да ти дозволи недајбоже да пропаднеш. За подлите другарки има само едно средство, полека откачување и не им се доверувај, стави ѕид само до каде може да оди со тебе. А ти активирај се на ФБ и сама крои си ги дружењата со кого сакаш. Ќе си најдеш така и нова другарка и се. А за социјалната изолација, е знам драга моја дека на сите нас ни е добро да сме на сигурно. Ама не можеш животот да го поминеш само со двете другарки. Се тече, се се менува и ти сакала или не ќе мора да се најдеш во ново друштво, во нови околности, со непознати луѓе, колеги итн. Ако биди сега каспер, но полека ќе сфатиш дека во животот ништо нема сигурно и ќе се учиш да се прилагодуваш во разни ситуации и да склопуваш нови пријателства, некои да ги раскинуваш итн. Полека релаксирај се и почни. Ида сакаш немаш друг попаметен и пореален избор. поздрав до сите вас, luvena.
Пронајди си хоби, нешто со кое се издвојуваш од другите. Ќе видиш дека постојат многу луѓе како тебе. Пронајди заеднички работи со нив, гледај од позитивната страна. И јас сум како тебе, малку антисоцијална. Луѓето постојано велат дека треба повеќе да излегувам, да се дружам, да комуницирам со останатите. Тоа воопшто не ми претставува проблем. Повеќето луѓе мислат дека сум страмежлива и повлечена, а воопшто не сум таква. Повеќето теми за зборување на моите врсници воопшто не ми се интересни, и едноставно се отргнувам и не коментирам на ништо. Ама ако ме заинтересира темата, спремна сум да зборувам со часови. Потоа, ми велат дека тие воопшто не ме сметале за таква личност, туку мислеле дека сум многу тивка. Кога запознавам некој за прв пат, постојано се однесувам пристојно, без разлика дали ми се допаѓа или не. Разбирам како ти е. Ќе си речеш, лесно и е на нејзе да кажува кога ги нема истите проблеми. Пробај, послушај ме. Излези надвор, прошетај до некаде. Сосем случајно, прашај некој странец каде се наоѓа некоја улица или колку е часот. Со тек на време, ќе сфатиш дека луѓето и не те осудуваат веднаш, на таков начин како што си замислуваш. Тие и нема да размислуваат долго време за тебе туку си размислуваат повеќе засебе. Не плаши се. Постојат различни луѓе со различни карактери. Одбери ги оние што ти одговараат тебе. На крајот на денот, не се важни останатите туку ти.
Здраво на сите, немам кого да се обратам па затоа овде.. имам 16 ипол години..скоро 17 не знам од каде да почнам, но ете за почеток јас бев девојче кое повеќемина ме исмејуваа и си правеа шеги на моја сметка, само зашто ним им беше досадно, но сето тоа помина наеднаш се променив и самата јас, и физички и карактерно, со тоа што станав може и малку себична, но само пред другите кои ме повредиа.. но има моменти кога се потсетувам на тие моменти и ми е тешко... друго, иако не планирав, се заљубив во личност кој никогаш не очекував, никогаш на никој не кажав за тоа, оваа беше платонска љубов таква и ќе остане, но верувајте многу го сакав, а тој на секои недели си ги мењаше девојките, но беше проклето убав и најважно имаше смилса за хумор, секогаш кога бев со него се чувствував исполнето, ама заради тоа што сакаше да ги има сите, никогаш не му кажав и криев од сите, баш од сите... секој ден станував се подепресивна, изгубив и волја за учење за се... наеднаш се појави друг дечко, на почетокот ми беше интересен ама сега сваќам ништо не чувствувам повеќе, некако ко да ми фали нешто... се прашувам зошто, зошто не можам да го сакам како што го сакав тој првиот, иако не залужуваше, зошто?? од друга страна, пред родителите морам секогаш да се преправам ко се да е ок, се смеам, понекогаш насила, само тие да не почуствуват дека нешто не е во ред, зашто нив ги сакам најмногуу.. а за другарките, што да ви кажувам, сите се исти освен 2 што се издвојуват малце, за другите д ане зборам.. порано кога братучетка ми не беше омажена, бев со неа најблиска, се и кажував но ете, пред некоја година се омажи,и ме заборави, повеќе не се ни гледаме и тоа.. а и секојдневно ги слушам и проблемите на другарките и тоа уште повеќее ме истоштува. и се прашувам која е смилата на животот, зошто живеам, не сум ни среќна ни заљубена, едино родителите ги сакам најмногу од се, како да продолжам, немам волја за ништо, изгубив секаква надеж, поточно во врска со љубовта, мислам никогаш нема да сакам некој толкуу многу, вистина ли е дека само еднаш се сака вистински? и знам ќе речете мала си, ама едноставно не можев да ги конролирам чувствата иако многу се трудев и се плашев да не заљубам,но веќе се случии, и псотојано раѕмислувам за тоа како не вредам за ништо, немам никој, бевредна и си стварам 1000 комплекси, и мислам на тоа дека никогаш нема да сакам веќе никој, и се во животот е онака, безвредно, дека сите вредат мн повеќе од мене, и секакви лоши мисли, додека порано се беше обратно, и кажете ми што да правам, како да си ја вратам самодовербата и волјата која ја имав порано? фала ви однапред
Девојче, животот е уште пред тебе немој да си ставаш такви мисли во паметот, за другарки ќе си запознаеш ќе најдеш немој така да очајуваш не се само тие еднствени, во врска со дечкото.. ти си се “затрескала“ што и се случува на таа возраст само си летната не си заљубена, се во животот си има свое време, а ова сега ти се само лекции што треба да ги учиш за понатаму да сфатиш и да цениш некои работи
marisaa на овие години е сосема нормално да имаш платонска љубов и да помислуваш дека никогаш нема да сакаш како што сакаш сега. Тоа е само еден период додека не дојде подобра шанса, сакам да кажам ќе се појави оној вистинскиот во вистинскиот момент тогаш и ќе почнеш да се смееш на старата љубов со безброј прашања како си можела да ја сакаш таа личност. Добро е кога се има верна другарка, но кога се нема мора да се довериш некому да ти поолесне на душата. Можеш да се довериш и на твоите родители, тие никогаш нема да те изневерат, секогаш ќе те поддржуваат и советуваат. Главата горе, не се предавај толку лесно. Животот е пред тебе, немој уште сега да паѓаш во депресија, ова што ти се случува сега, се случува кај секоја девојка во овој тинејџерски период. Платонска љубов, невозвратена љубов, разочарувања, се е опфатено, нема потреба за паника и грижа, потполно те разбирам и верувај ми ќе помине се.
marisa верувајми нема девојче на форумов што нема да ти каже дека барем еднаш не била во таква ситуација како твојата.....еве јас ти казувам дека буквално не ми се живееше,не ми се излегуваше од дома плачев со денови(ахаххха-дури имам една слики сликана в тие денови очите буквално ми се затворени од отокот од што сум плачела)но сегабаш таа слика е причина за мое орасположување...немозам да ти објаснам колку се смеам кога ке ја видам...и колку ми е интересно кга ке ми текне на тие моменти......верувајми ке се смееш и ти еден ден...но младоста е таква....едноставно неможе да помине без тие работи...кога ке видиш вака од страна тоа е и убавото во жиотот...затоа ЖИВЕЈ СИ ГО ЖИВОТОТ УЖИВАЈ ВО НЕГО
Мариса сите сме поминале низ тој период во кој сме чувствувале дека никаде не припаѓаме,осамени,несреќни,дека некој не исмејува и дека никогаш нема да почувствуваме лубов,сите сме имале по некое љубовно разочарување но сето тоа поминува. Се си доаѓа на свое место со текот на времето,сепак ги имаш твоите родители покрај себе и верувам дека можеш и на нив да се потпреш,со нив да си поразговараш околу одреден проблем и верувам дека би те сфатиле. Гледај денот да ти биде исполнет со активности и посвети се на своето учење,излегувај и дружи се со другарките,комуницирај со останатите а за дечко да не му ја мислиш многу - ќе си најдеш. Животот е пред тебе,потруди се да поправиш некои работи што не ти се допаѓаат,размислувај позитивно,се ќе се среди. Ех да можам да се вратам повторно во средна чколија,според мене најубавите години.
Фала за советите, навистина ме охрабривте, и да во право сте дека сум млада дека на сите им се има случено ова, но верувајте кога нешто се трпи се повеќе и повеќе,и тогаш доаѓа моментот кога незнаеш што да правиш, баш така се чувствував јас. бидејќи не сум премногу отворена, на пример дома со моите се ок, опуштена сум за било што, но да се доверувам за ова за дечко, за такви сл.работи, нема шанси, не знам како прво како ќе реагираат, и не сакам да се сеќираат па порано си пишував во дневник, и ми олеснуваше. и фала уште еднаш што одвоивте време за мојот проблем
Епа вака имам 16 ипол,и живеам со моите кој веќе 1 година не зборат а живеат заедно а татко ми се однесува како некој психопат они и претходно се карале по 6 месеци па збореле нормално јас зборев на татко ми да се смират али више како што поминуваат годните се откажав,за овие 16 години имам видено премногу како татко ми заклучува врати,татко ми и брат ми се тепаат брат ми има 22 годиини иначе сеа и сеа татко ми се плаши од брат ми ама не е тоа тоа..па полиција по дома,па татко ми го заклучува дуќанот на мајка ми,па ја следи,па дома го зима клучот,во 3 саат сабајле се караат,фрла нејзини работи пред 2 години се случи да ја тепа среќа јас се најдов и го одвоив некако човекот живее во некој филм дека мајка ми го вара незнам што.Вчера дека мајка ми има фризерски салон татко ми ја следел и видел дека шиша машко и влегол и напраил драма бутал столчиња незнам што, се дерел доаѓа домамајка ми и вика да не си влегла дома оди си ми го уништи и Божиќ и се,а на Бадник нели треба сите заедно да вечерма ја го викнав ми вика јадете си вие сами..Единствена слаба точка сум јас ама не гледа дека ме губи со тоа негово дебилско однесување,колку и да го сакам толку и го мрзам знам дека ми е татко..Со него неможе да седне и да се збори како со нормален човек он во тоа нешто што е убеден и крај како он го сфатил така нејќе да сослуша други.Мајка ми ми спомна дека ќе си иде од дома..мн ме секриа тоа бидејќи знам дека нема кај да иде баб ми живее надвор од скопје..тоа највише ме плаши што нема кај да иде,порано коа ќе ми спомнеа развод ја се потресував цела сеа ми е веќе сеедно дури сакам да се разведат да спијам мирно да не мислам дали сабајле ќе ме очекува викање по дома,да не се секирам да ја остаам мајка ми дома сама мирот е многу битен..неможам ни во школо да бидам концентрирана попуштив со школо и верувајте џабе е се,милион пати зборев со него и му објаснив ама коа не иде не иде..Знам дека има друга жена,имам виднео и слушнато она има 1 дете највеќе ме боли тоа што никад не ме ни однел на лекар,забар а неа ја носи немате појма како е додека не доживеете,а не посакувам на никој ваков живот да има!Вчера беше крајот едноставно експолдирав неможам више колку и да нејќам да плачам солзите сами течат,пред некој ден раскинав со дечко ми пошо дознав дека ме изневерува..Неможам да сфатам зашто коа се руши се наеднаш се руши,стално губам личности што ми значат вчера почнав да плачам и им кажав на другарите дека моите се разведуваат,они незнаат што све се дешава па ми викаат ќе се смират уживај,ќе разговараат..единствена причина да се смеам ми се они другарките и другарите..неможам више знам дека ќе помине и ова ама паднав психички..
Значи, не знам од каде да почнам...Па,вака на кратко... Имам 18 години,а многу сум нервозна,значи има 1 година и повеќе не можам да се контролирам,за било шо се нервирам,човек да не може со мене муабет да направи..Почнав да пијам и диазепам...Најмногу ми е жал за дечко ми,шо него го нервирам со моите глупости,глупости му зборувам,а имам доверба во него.Се караме секој ден,шо мене ке ми текне некоја глупост шо била пред 1 век и ете ти караници цел ден,нервози од двете страни,заради мене не може да учи има колоквиуми.Му досаѓам ,свесна сум за тоа ама не мозам да се контролирам,немам самоконтрола...До денеска не знаеше дека пијам апчиња,му кажав,ми вети нема да ме нервира за да ги прекинам,ама џабе не е до него ,до мене е ,јас сум нервозна,не можам да се контролирам.... Некој совет???
За почеток Диазепам замени го со Б6 и Б комплекс. Мислиш дека те смирува тоа ? Не, се лажеш и ти и сите останати кои мислите дека најлесно е тоа. Тие седативи само го отапуваат човек психички. Не велам дека не е стресен животот, ама не е решение ако за се се нервираш. Јас во принцип не сум човек кој многу избувнува освен во оние женски денови и кога сум нервозна мене ми е чудно и неможам да ги издржам тие неколку дена мислам дека шизнувам ама хормон си е хормон, кај тебе е друго. Јас сум мнооогу чувствителна, ама па не и дека ич немам проблеми, се грижам за се и сешто и поради тоа некогаш ме факаат паники. Во разговор со една личност ми вели: Промени се себе, а ако не можеш себе, промени ја работата, т.е ПРОМЕНИ СЕ ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ТИ КАКО ЛИЧНОСТ. Научи да се радуваш и на лошото, тие зборови посебно ми се врежаа. Денес не постои човек кој нема проблеми, верувај, сите сме со проблеми кои ни висат над глава ама мора да се носиме со животот. А ти си премногу млада да се труеш со такви лекови. Ако не можеш самата да се избориш посети психолог, ама прво психолог , тие со психотерапија помагаат, ако се потребни лекови ќе те советуваат да одиш на психијатар за да ти даде терапија. И ништо страшно и чудно ако посетиш стручно лице. Како самата ти што можеш да си помогнеш не може никој. Ти си таа која треба да стави црта дека не може секоја работа да те тагнува и да те руши. Ехеее допрва нашето доага. А деца кога ќе имаме, кога некогаш нема да не слушаат, па доцнат од излегување, па температура качиле, тогаш што треба нервен слом да добиваме. Чувај си ги нервите за понатаму. Научи се да игнорираш многу работи, за да се поштедиш себе . За твое добро