Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ситуацијата е ваква - ние сме 5 другарки и сега има едни машки со нив од секогаш се дружеме (од наши одделенија, наше школо) ама се здруживме и со едни други. И им кажав јас на моите, сакаат да знаат со кој се дружам, а јас не кријам од нив. Ама кога им кажав, овие другарите испаднаа од лоши фамилии. Не дека моите сакаат да се дружам со некој богаташи или сл. (далеко од тоа), туку на еден од нив татко му лежел затвор, на друг дедо му се затворил во подрум и се отрул од пиење, а татко му со кола удрил некои девојчиња и ги оставил така. Татко ми се нашол таму и ги однесол до болница, друго, имал девојка и со мотор секаде ја носел и ја легнувал кај стигне. А синот на овој и е дечко на другарка ми и уште една другарка има дечко од тоа друштво. И сега навечер кога излегуваме некогаш со нив седеме и мене ми се ок и на разговор и на се. Моите почнаа многу да се сомневаат во мене и не ги знаат местата на кои седеме, не сум им кажала затоа што знам дека ќе испаничат, дека таму е темно, опасно (што не е точно), а мош и ќе ми забранат да излегувам. И речеа ми да не се дружам веќе со нив и дека ако ме фатат на некое место со нив или да правам нешто што не треба (пушам, пијам, а јас на такво нешто не сум ни помислила) лошо ќе биде и татко ми рече дека некогаш ке дојде да види што правам кога сум излезена (од тоа најмногу ме страв, затоа што може нешто грешка да свате). И нај ме нервира што се сомневаат дека имам некој од ова друштво, а јас тој што го сакам е од она другото (а од тоа другото ги знаат им родителите и се), дури и во исто одд. учеме, тие никогаш не би се посомневале во него, а не можам да и кажам, ќе ме зафркават, ќе преобвеличат. Да им кажам на другарките за ова што ми го кажаа мојте не можам, знам дека тоа нема ништо да смене и овие другарите се добри и знам дека многу се сакаат тие двајца со другарките, а и другарките ако ги дознаат дома лошо ќе биде и не знам што да правам, потребен ми е совет за исправно да постапам.
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    ColoursOfTheRainbow
    Види вака сега, мајка ти и татко ти мислат најдобро тоа секогаш треба да го знаеш. Тие не ти го викаат тоа за да ти го загорчат животот или пак да те направат несреќна, ти го викаат тоа поради тоа што ти мислат само најдобро. Незнам какво е тоа друштво и се надевам дека стварно се добри дечките, но понекогаш изгледот мами и не е се така како што изгледа. Сум видел многу добри дечки/девојки како пропагаат поради нивните нови друштва или пак поради дечковци/девојки.
    Имав една другарка, може да се каже ми беше најдобра другарка(еден краток период и повеќе од другарка), не е важно, значи сега си фати еден дечко, типов наркоманиште и пол, а таа беше многу добра девојка, стварно во секој поглед предобра, и од кога е со него се смени, се оддалечи од сите, си најде ново друштво, пропадна.
    Јас сум машко, и знам што се машките користат за да легнат некоја, пази се бидејки не е секој тоа што изгледа дека е. А ако сакаш совет околу тоа што да правиш со родителите, стварно незнам, непренципиелно и неетички од моја страна би било да ти кажам да ги лажеш, а истото би било од твоја ако ги лажеш. Затоа ако стварно мислиш дека тоа е правилна одлука не ги откривај сите детали околу нив и твоите излегувања. Јас искрено на моите родители не им кажував/кажувам(иако сега сум полнолетен + 4 години) каде се одам и со кого сум ,а тие ми веруваат бидејки до сега не сум превел проблеми, не сум се враќал пијан и т.н.
     
    На SparkyAngel и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    n1k0la
    Фла на советите, иначе со дечките на прв поглет изгледаат како да се некои да не кажам лоши, а после кога ќе ги запознаеш на разговор се Ок. Ќе гледам да не се зближувам премногу, немам ни таква намера, а не сум ни личност што потпаѓа под туѓи влијанија. На родителие никогаш не сум им правела проблеми и затоа нз. од каде тиа сомневања ама ќе гледам да решам се со разговор.
    Искрено, фала ти.
     
  4. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    34.602
    Пол:
    Женски
    Чуството кога мислиш дека нема назад дека е подобро да не снема отколку да се соочиме со проблемот и трпението е тоа е тоа на моменти кога ке имам кавга со моите или сега веке мај екс сум посакала да умрам.. но вреди ли?
     
  5. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Не вреди.
    Секој барем еднаш во својот живот се почувствувал така и сметал дека не вреди да живее.
    Но, тоа е моментална состојба, која поминува брзо.
    Колку и да е тешка состојбата во која се наоѓаме, самоубиството или самоповредувањето е последното нешто на кое можеме да помислиме.
    Секоја ситуација, колку и да е тешка може да се реши на многу подобар начин, без проблеми и последици врз другите.
    Караници со родителите и дечкото се најмала причина за такви мисли. Се случуваат и поминуваат како ништо да не било.
    И вреди заради една обична, секојдневна караница да помислиш на смрт?
    Не вреди заради пет минутно разочарување да посакаме да умреме.
    Има луѓе кои имаат големи проблеми и тежок живот, кој веќе нема смисла, но сепак знаат да му се радуваат и на таквиот живот.
    Животот е еден и е скапоцен.
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Проблемов ќе го пишам во психологија, иако гледам темава не е многу активна, не знам дали повеќемина ќе прочитаат.

    Имам другарка која има проблеми (со семејството, работата и со изгледот бидејќи зимава се здебели, не многу 6-7кг, ама ја мачат).

    Станата е неподнослива. Премногу е негативна. Се трудам со муабети, совети да и помогнам, да ја разведрам со хумор, но не помага. 5 мин. е опуштена, другите 60 мин. буквално ме исцрпува, па потоа дома се осеќам како исцедена психички.

    Почна многу да се зајадува, да провоцира, да навредува, одвај чека да згрешиш за да ти се исмејува, што и да кажеш со арно, вели ам како да не, и слични фрази со кои те понижува.
    Ја толерирам и разбирам, бидејќи поминува во депресивен период, но наместо да е благодарна што сум покрај неа и и помогнувам, таа станува полоша кон мене.
    И укажав на ова со разговор, но џабе. :x

    И јас сум невработена, но имам брат од странство кој моментално ми праќа пари, па од нив знам и за неа да купам нешто, додека е во криза. И се радува, а по два дена ми вели, е она што ми го купи не чини, грдо ми е. По кафичи и за купување нешто поситно, чоколади, пецива, се јас плаќам. И потоа мора да искоментира колку нештото било лошо, како и се слошило.
    Од пред 2-3 дена реков дека ќе престанам да плаќам, зошто еве не заслужува, се исмејува и ме повредува со тоа. :^)

    Се прашувам кога сум толку добра кон неа и и помагам (а, таа тоа го знае и го има признаено), тогаш зошто стана толку лоша со мене ?
    Со зборови и со дела, секој ден само ме повредува. :worried:
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да и кажеш ако не се поправи веќе ќе ја оставиш.Кажи и го тоа и остави ја малку,ако не се поправи не гледам причина да ти биде другарка. :fubar:
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.530
    Пол:
    Женски
    Силвер,честитам што покрај се и си останала добра другарка. Но :!: веќе ако почнала така да се однесува,и не прекинува поради ништо,ни разговори не помагаат тогаш дефинитивно не е она правилна личност со која треба да разговараш.Разговарај со нејзиното семејство,кажи има дека и треба малку разбирање,љубов...за другово неможеш ништо да направиш.А она треба да биде среќна што те има тебе!И немој сега одма да ја оставиш дади и уште барем малку време,ако нема подобрување токаш прекини го пријателството со неа.Барем јас би така постапила. :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ете си пробала да ја советуваш и помагаш на секој можен начин ама девојчево никако да се освести и сметам дека треба да превземеш некој по сериозен чекор, како што кажа и summer-lover да и кажеш дека ако не се поправи ќе ја напуштиш, ај што го уништува својот живот го уништува ама зошто да дозволуваш да го уништува и твојот :^)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Што кога немаш причина за живот?
    Си ја изгубила личноста што ти значела се на овој свет,најзначајното нешто,
    што толку си осамена како буквално никој ама баш никој не може да ти помогне?
    Што кога немаш никого,и само бараш излез од се,?
    Во волкава депресија немам западнато никогаш,се ми е тмурно немам причина за да станам сабајле,а ни волја за јадење ни за ништо друго.....
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.085
    Пол:
    Женски
    Мнозинството кое бара совет најчесто не е подготвено истиот да го примени.Секој треба да го ислуша оној на кој му верува и да размисли,а не да оди сам против себе.Најдобра психолошка терапија е автотерапијата.Ако сами не сакате да си помогнете,не очекувајте дека друг може да донесува одлуки наместо вас.Сите имаме тешки моменти во животот за кои треба да собереме сила и да бидеме оптимисти дека ќе ги надминеме.
     
    На Florenca, anggell и vitomir им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    Силвер,твојата другарка благо речено ти завидува.По тоа што го опишуваш,таа не само што не го цени вашето другарство,не цени се што ти правиш за неа,туку и посакува да го има тоа што го имаш ти.
    Немој да ми замериш за ова што ќе го кажам ,но овде ти потенцира дека се плаќаш,знам дека стварно ја цениш и поддржуваш но глупаво е,не си должна патем туѓи сметки да плаќаш.
    Мој совет е да седнеш отворено и искрено да разговараш со неа за ова,да и кажеш дека нема потреба од иронија и понижувања,покажи и дека и на тебе ти е тешко уште повеќе што таа така се однесува.Пристапи и од срце,и види дали ќе има резултати.Aко продолжи пак да те омаловажува,значи не ти е вистинска другарка.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене ми е чудно како девојка на 20 год. да нема причина за живот и никаква цел во животот, а се допрва ти почнува ? :^)

    А, таа личноста, си заминала по својот пат, ти си слепо врзана за неа, сега ја немаш и страдаш. Не се врзувај со синџири за никого. Зошто сите си заминуваат, никој не останува вечно до нас.

    Сигурно имаш обврски, школа, работа, дом, почни да се трудиш, не очекувај нешто големо да се случи. Малку од малку. Никој нема да дојде и со магично стапче да ти ги реши проблемите. ;)
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Отворено ја прашав, целта ти е да ме повредуваш?
    Ми вели дека се навредила што сум ја прашала така. Дека ми мислела се најубаво и душа давала за мене (што во пракса не е така).
    Мене не ми беше проблем да и плаќам (значи поситни работи), но ме боли кога таа тоа не само што не го цени, туку отворено се исмејува на потрошеното или даденото.
    (Пр. го плаќам кафето, а потоа вели леле ми се слоши од кафево, а вака ја гледам ништо не и е, и зедов лак за нокти и лабело, три пати ми има речено како лакот не и бил траен, по 5 мин. и се лупел, и дека лабелото имало катастрофа боја. А, упорно го користи лабелото и лакот, ако не и се допаѓаат нека ги фрли. Но, гледам и чинат, само намерно мора да увреди нешто.
    Колку што зема, толку и бојкотира, се договоривме да правам пица дома, кога дојде не и се јадело и не сакаше ни малку да касне. Потоа се договоривме за палачинки, дојде пак не и се јадело, била прејадена. Не сакаше ни за дома да и ги спакувам. А, иначе јади дома, нема срам или нешто..
    Јас сум купувала намирници, сум се затворила в кујна да спремам за џабе.)
    Ете, или не и се допаѓа или бојкотира (а, со очите го впива).
    Си реков ќе ставам граница, и еве неколку дена сум промената кон неа, но сепак нема видување, а таа сепак да не даде негативни коментари. :x
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    Силвер,убаво што си и пристапила отворено.Oбјективно по тоа што го кажуваш,таа не само што завидува,туку и сака да ти го загорчи животот.Не кажав да не споделиш со неа што и да е заради пари,туку баш оти од срце правиш се за неа,а таа не е благодарна.Ти исто така напомена дека не си добра финански,и наместо да цени што другарка како тебе ,што ја поддржува во се ,таа гази буквално врз другарството :x Има злобни луѓе кои се гледа дека им тече злоба од очите,ако можам така да го наречам тоа.Ти најдобро ја познаваш,и сама процени дали ти одговара таква другарка која само гледа да ти го расипе секој миг,и отворено те повредува.Врв на лицемерието е што па и се прави како ништо да немало,цц незнам помизерзно од ова дали може да биде.Ти советувам да не ја нудиш со ништо веќе,ако те праша зошто кажи и онака ќе ти се слоши,се грижам за тебе.Тогаш ќе видиш како набрзо ќе го покаже вистинското лице.Негативни коментари ако продолжи да дава,тогаш ти кажи и може и мене не ми се допаѓа нешто од тебе но имам почит и не се спуштам на ниско ниво.
    Жал ми е што ќе кажам пак,но таа не ти е другарка воопшто.
     
  16. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Разговарајте за да ви олесни душава

    Девојки имам 14 години, и што туку започнав средно, но во друг град и таму живеам.Имам самодоверба (во се освен на темава) знам кој ми се предности, а што е лошо во мене.Да сум малку посериозна од моите врсници не паѓам на секакви момци сум и малку поразлична од другите свој стил и на облекување, и на музика, и на книги.Би рекла дека имам свое ЈАС повејќе одошто што може да има дете на моја возраст.
    На училиште е супер, комуницирам со многу деца знам да му ја затнам муцката кога треба на сите, никој не микажал лош збор ниту слушам дека ме оговарале.Но кога треба да се излезе на кафе, никој жив не се прави ќе речите треба да почекам нова сум дојдена во тој град, но тие што си живееме на училиште 6 девојчиња(кои сите меѓусебно се запознавме во исто време), тие по 2 по 3 или сите заедно излегува.А мене не ме вика.Ама кога ќе му треба совет ме викаат(но не совет за мувачи туку совети од кој боли глава, сериозни).Така е со сите други и со тие кој што се познавам 4-5 години и сме добри другарки.Кој би можел да биди проблемот?
    Поголемите ме сакаат но кога ке дознаат дека имам 14 друга приказна,а малите ме сакаат кога сум тука (ако се погодам случајно) ама невикаат на кафе).Ваше мислење барам.
     
  17. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    Силвер јас да сум на твое место место(колку и да звучи клише) не би го трпела тоа.Ако нешто што најмногу мразам во животот е некој да не ме цени,а ако некој не го цени ниту пак сака да го виде тоа што го правиш за него, автоматски и не те цени.Конкретно пишувам за твојот проблем бидејки имам таква личност во блиска фамилија, вечно незадоволна и верувај секој разговор ни завршува со кавга.Затоа се држам на дистанца и се трудам што е можно поретко да се гледаме.
    АМА, таа тебе ти е другарка и другарите сами си ги бираме и те разбирам дека сакаш да бидеш добра другарка и да не ја оставиш на цедило, но верувај нејзините проблеми не се толку големи за да не можат да се решат.6-7 кила накачени, не се причина за депресија ниту пак изговор за такво однесување.Ако се потруди ќе ги смакне.Голема работа,за секој проблем има решение.Само мене што ме вознемирува во целиот твој пост е тоа што ти упорно и купуваш работи, и готвиш храна...и плаќаш кафиња...мислам дека уште на првиот нејзин израз на неблагодарност, требало да пресечеш и толку.Колку и да боли,подобро твоето внимание и вакви гестови насочи ги кон некој што знае да те цени.Не знам баш дали ти завидува, ама мислам дека на некој начин ти тера инает.Изгледа како да ја изгубила контролата во животот, другарките, семејството, работата...па сега на тебе ти пркоси иако само ти се грижеш...А изгледа како да и купуваш љубов.
    Знаеш, како кај мало дете кога колку повеќе му попушташ, тоа толку повеќе се треска од земја.
    И некако(од моја гледна точка) изгледа како ти да чуствуваш доза на вина што ти и покрај тоа што си невработена,имаш извор на материјални средства,а таа нема никој...па затоа на ваков начин гледаш да и надокнадеш, што е многу убаво од твоја страна, такви пријатели вреди да се чуват.Но кога немаш позитивен фидбек, сепак не вреди.
    Затоа кажи и се што мислиш, дури и малце на погруб начин ако треба, за да ти олесни и да не ти лежи на душа.И оддалечи се од неа некое време и не ја барај прва.Ако е навистина до некој степен самосвесна и ако и значеш како другарка, твоите зборови ќе ја треснат од земја и ќе се смени...можеби и ќе си го среди животот до степен кога ќе се видете следниот пат да не ти ја цица енергијата.

    Јас не ви знам точната ситуација, ти пишав врз оглед на тоа што го прочитав овде и како јас си го протолкував.Ако не е така, не ми замерувај. ;)
     
  18. katerinastojkovsa

    katerinastojkovsa Нов член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Сакам да кажам...

    Не знам во која тема да се обратамм а би била најприлагодна за мјот проблем :(
    ми треба совет златни девојки инаку ќе пукнам,ќе се распкрскам насекадее, ве молам,доволен е еден утешителен збор само, затоа што ни тоа не го добивам од никого а јас упорно тонам како сидро ;(
    многу сум несреќна изминативе месец два и неможам да живеам понатака со оваа болка во мене и страв. болка што не можам да ја скротам,а пробувам упорно пробувам ама не гледам излез од овој зачаран круг. ме боли душата и тешко ми е како никогаш до сега,очите ми се потечени деноноќно од плачење а глас за зборови немам повеќе ;(

    сакам тагата и депресијата да ја надминам со дружење и социјализирање ама немам ниту еден ебен услов за тоа, татко ми е без работа а мајка ми зема минимална плата од проклети 8000 денари за издржујвање на семејството а сме 5 члена, сметки огромни, трошоци уште поголеми и се нема за ништо, моите немаат пари да ми дадат да се запишам на некоја било каква активност за да ссе дружам макар било и блеење во ѕид тоа. :( немам другарки, иако живеам во голем град не можам да стекнам другарки кои би ме почитувале и сакале и тоа би било взаемно. јас немам пари за секој ден да одам по кафичи а ниту една не сака да го помине времето кај некоја дома пример, е затоа ми е тешко и ме боли душата :( немам дечко, не сум ниту имала некогаш, тоа е веќе луксуз.... имам другарка која е зафатена со дечкото, тука сум повторно отфрлена и покрај сите мои обиди да се измени нешто, се караме постојано и нема хармонија повеќе..... повторно сум сама ;( неможам да зборам со моите дома и така имаат верувајте премногу проблеми а и не сум личност која би ги споделила маките со нејзините домa...

    сакам да ччитам книги а ни за тоа не сум способна, добивам ужасен напад на наервоза и не можам да продолжам понатака..... не можам ни да учам, едноставно не фунсионирам добро. кријам многу тајни и нешто во мене кои ни во лудило не би ги споделила со некого...немам пари за професионална помош од некого....

    спасот го најдов во антидепресиви на своја рака,се плашаам,искрено се плашам, секој сегмент ми е уништен во животот.... не ми оди ништо се осеќам како жив мртовец...помогнете ми со некој збор ве молам ;( ;( ;(
     
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Вака сега неси ни прва ни последна на овој свет со овој проблем ,млада си здрава си е сега пари немало па минлива состојба е тоа не е болест недај боже колку потешки работи има,за другарки верувај и тие што имаат другарки немисли дека си поминваат сјајно со нив ретко да се најде вистински искрен другар ,да сум на твое место во ваква состојба прво ке почнам да се допишувам со некој така ради муабет и да ми олесни зошто да не ,второ да не се затвараш дома ако немас пријатели и другари тркни докај некој парк прошетајсе малце потрчај не се знае што носи денот ,не размислувај негативно ке се дозатрупаш во тага и не земај антидепресиви на своја рака земиси милениче ке те расположи и тоа многу немора да купиш полно има во здруженијата на зивотни што ги даваат на поклон колку што може животното да ме развесели барем мене немож :) и никој друг верувај дека идат подобри времиња минлива состојба е ова не се загрижувај дотолку животот е пред тебе можеш само сама да почнеш да живееш немој да плачеш и да се нервираш
     
  20. tigarche

    tigarche Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    1
    Веќе неколку недели се чувствувам дека нешто не е во ред со мене со незнам што.. Дома нонстоп се карам со мојте, секогаш наоѓам некоја причина за карање ни сама незанам како и зошто. Истото се случува и со дечко ми значи ме тера( нешто одвнатре) да најдам некој повод за карање со него.. Се осекам како да сум станала многу себична и сама незнам како.. Понекогаш размислувам, ''еј чекај зошто сум таква зошто правам такви работи? '' но одговор нема.. Чуствувам дека мн сум сменета и другите го приметија тоа и верувајте дека незнам како да се променам да бидам тоа што бев, незнам од кај ми дојде оваа голема промена во животот :( ако имате некој совет дајте :)