Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    11.454
    Пол:
    Женски
    Факт е дека нешто те мачи, и тоа самата треба да го пронајдеш. Нервозна си, напната и се истураш врз другите. Јас иста ваква сум во ПМС, и навистина гадно чувство, едноставно не можеш да престанеш да се сопреш а знаеш дека не си во право, како да те тера одвнатре. Седни и преиспитај се што е она што те мачи, од каде таа нервоза, мора да постои нешто. Понекогаш е многу тешко да се открие што се се' крие во нашата потсвест, поради тоа често сме напнати и нервозни :sweat: .
     
  2. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Епа вака, поголем песимист од мене нема. Дома ми го збореа тоа, затоа што постојано се расправам со нив, сега почнаа и пријателите. Свесна сум за тоа многу добро, негативна сум, прибирлива, чуствителна, се си ставам при срце. Сакам да го сменам тоа, но незнам како. Многу сум размислувала да идам на психијатар бидејќи имам потреба да зборам со некој во врска со ова. Ми се случиле многу лоши работи во животот што ме фатиле неспремна, едноставно не знаев како да се носам со работите. Едно нешто што исто така ме секира е тоа што сум оставила таков впечаток врз познаниците, како депресивна и нерасположена, чудна и ми се чудат што ми се врти во глава. Многу влијаело на мене и што како мала се шегуваа секогаш на моја сметка за вишокот килограми, и секогаш се поставувам заштитнички према секого. Ако некој ме сфаќа, или бил во слична ситуација нека предложи нешто. Ова беше се на кратко. :)
     
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    И јас бев ваква некое време. ми се смееја дека сум била мнигу ниска бла бла. Постојано дома се карав за безвезе... Мислам дека тоа е поради некоја траума. или нечија смрт што те повредила. Јас имав траума од кучето на соседот. Сите ми се смееа затоа што се плашам од него и ме зафркаваа. Јас револтирана од тоа, им се издеравав.. Така почнаа да ме избегнуваат.Тоа почна да ми смета бидејќи никој немав да ме подржува, ниту пак да да ме ислуша кога сум депресивна. Затоа престанав да се замарам со тоа кој што вели и сега си кулиркам. Тие пак си зборуваат но јас сум помирна, имам сега на кого да се искажам и слично. Пред некое време така се однесував и татко ми ме праша дали нешто ми се случува. Не сакам тој да ме гледа како личност разочарана од животот бидејќи секогаш се труди да се чувствувам најдобро. Неговите зборови си ги внесов во умот и сега повеќе се дружам со позитивни личности и се смеам (не како лудача, туку знам да се расположам) :). пробај да избегнуваш расправии туку кажи си го мислењето мирно. Психијатар не ти препорачувам, некој може да те направи луда. Ос искуство кажувам. се надевам дека помогнав. поздрав :)
     
  4. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Фала многу на разбирањето :D За психијатарот истото го мислам...
     
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Психолог, а не психијатар тоа да те исправам дека има разлика :) Инаку нема зошто да се срамиш или некој да те потсмева поради тоа што би посетила психолог и јас мислам дека ти е добра опција тоа ( познавам лично повеќе луѓе кои што посетуваат психолог и не гледам ништо смешно во тоа туку едноставно тоа е помош, некој вид потреба на стрчно мислење кое гледа објективно на нештата ), а за да се оттргнеш од негативната енергија и песимизам пробај нешто да спортуваш или да правиш работи кои те прават весела, да слушаш убава музика, да читаш некои убави позитивни книги и пред се дружењето со позитивни и ведри личности може многу да помогне :)
     
  6. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Последниве неколку дена имам нагони на солзи, но не можам да ги пуштам да потечат. Имам огромна болка во срцето, но зошто? немам никакви причини за тоа. Имам родители, сестра, добра музика во телефонот, личности кои ме насмејуваат, храна, дури денес добив и пет со сите бодови по математика... но мене ништо не ме расположува. сакам да ги пуштам солзиве, но како да ги нема. само онаа кнедла во грлото ми стои. Се лутам веќе. Па и болкава кај забите уште ми фали. Сакам да бидам смирена, опуштена, но кога сум сама се замрзнувам. ко да имам трема од сама себе. веќе одамна ми се случува, но не можам да го сопрам. Единствено што ми ја заматува болкава е храната, но сега и тоа несмеам да правам. Фалсификат човек! Зошто тогаш постоиш?! :envy:
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    11.454
    Пол:
    Женски
    Ако ти се точни годините на профилот, во пубертет си ќе помине. Таков период мнозинството поминуваме. Запиши се на некој курс, спортувај, дружи се, ако можеш исплачи се. После 20 тата година ваков период ќе има во скоро секој ПМС, ние жените сме многу комплицирани :) . Разговарај си со твоите ако нешто те мачи, од родителите нема подобар слушател и рамо за плачење.
    Инаку незнам до време ли е до што ли е, овие два дена и јас сум некако нервозна, бесна, се ме нервира, ми се плаче без причина а не можам да се исплачам, се карам со кој стигнам, да живеев со свекрва до сега ќе ме искуфереше од дома :rofl:. И времето многу има влијание, така да не си единствена :) .
     
    На lightning123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Како што завршуваме 8мо, сите по своите патишта па така и јас и мојата другарка. Таа сака да учи во друг град а јас во училиште каде што никој не познавам. Се плашам дали ќе можам да се оделам од неа зошто буквално сме како сестри, се правиме заедно, се дружиме од 3 години и сега ако тоа исчезне за 4 месеци? :( А јас? Ако не успеам да се снајдам?Да најдам нови другарки?
    Знам дека не сум единствена која се наоѓа во ваква ситуација.Од многумина пробав да ми дадат совет,мислев ме познаваат,ме разбираат ама од сите тие луѓе слушнав само: НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ!НОВА ДРУГАРКА ЌЕ СИ НАЈДЕШ.
    Да беше само толку лесно... :( или мене така ми се чини?
     
  9. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Хаха будалче не се секирај :) Види, вие ке останете во контакт, па живееме во екот на технологијата има камери, телефони. Инсталирајте си вибер и зборете без трошење пари. А и да, ќе се најдеш во нова средина, ќе запознаеш други луѓе, тоа и не е така лошо, нели? :)
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sunlove

    sunlove Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Па проблемот малку е со мојата психа. Или не знам, можеби грешам.
    Во мене постои огромен страв.. Повеке за мојот партнер да не му се случи нешто додека си иди од работа навечер. Лош сообракај, пијаници на секаде, замор..а и неколку пати имал незгоди со автомобилот..
    Да додадам на тоа дека во последно време сонувам многу лоши сонови поврзани со смрт. Кога ке речам на некого за сето тоа ми вели: "Ма батали сон е".. A соновите мои некогаш се исполнувале....
    И уште нешто.. до ова дојде од нарушениот однос од дома, да имам паника и страв... без ничија подршка.Без да ме сфати некој. Наместо утеха добивам исмевање и неразбирање од страна на соговорникот а исто така и постојано ме нервираат домашните. Постојано нешто им фали, секогаш јас лоша и виновна за се.А никој не може да ме сфати како всушност мене ми е. :(
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    11.454
    Пол:
    Женски
    Никогаш не очекувај дека ќе те сватат, знам како ти е . Човек додека не се најде во таква ситуација никогаш нема да разбере. Анксизоноста е вистинско измачување , кој поминал знае ! Труди се колку можеш повеќе да насочуваш мислите на убави работи, кога ти дојде таква мисла одма сврти на нешто друго, нешто позитивно. Знам дека е тешко ама ќе гуркаме со сите сили, се е во нашите глави и нашата психа. Најди си некое хоби кое те исполнува, да ти свртува вниманието, мене ова ми се случува од стрес од пред неколку години, така неколку поголеми стресчиња :D .
    Е сега нема стрес веќе неколку години фала му на Господ, сега стрес сум си јас самата на себе :drunk: . Имам слободно време на претек и мислите одат таму кај што не треба. Го минав ова еднаш и помина, како дошло и ова ќе замине.
    Ако си во можност посети психолог, посебно во Ск има многу стручни лица, ништо срамно и чудно. И колку и да звучи лошо и себично секогаш биди си на прво место, ти, и само ти !
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Девојки во многу незгодна ситуација сум и не знам како да постапам. :?:
    Имам брат, тој штотуку наполни 16 години. Ми кажаа дека пред неколку дена го виделе како пуши цигари.
    Што не смее да се случи бидејќи одличен играорец е, ако навистина пуши тоа би му сметало многу, поготово ако професорите дознаат тогаш никогаш нема да има шанса да стане професионален во тоа со нивна помош.
    Како постара сестра, сум разговарала со него за ова многу пати, и сум му кажала реално како е и што е, и тој ми викаше да да во право си, и беше против цигарите. Сметав дека ако има нешто такво ќе ми каже на мене, но очигледно сум се излажала. Во исто време сум повредена поради тоа што ме мота, и не ми кажува кога ќе го прашам (а сме многу блиски),а од друга страна не знам како да постапам. Правилно ли е да им кажам на моите родители? Ако разговарам со него, џабе ќе биде. Ќе ми рече дека ќе престане, и пак ќе си продолжи (а под знак прашалник е и дали ќе ми признае воопшто). Да разговарам ли со моите? Ќе ми биде многу криво бидејќи ако тие дознаат нема така да помине, ама сметам дека тоа е најдобро за него, бидејќи никогаш нема да се свести :?: :doh:
     
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681


    Миличка како прво да те прашам сигурен ли е изборот на информација ?
    Мислам денес се случува многу пати некој да те излеже и затоа никој не е сигурен.
    Не го знам брат ти, но од искуство со помали мислам дека нема да те послуша или само ќе те залажува да му веруваш. Најдобро за тој проблем да разговараш со родителите, тие најдобро знаат што како и ќе најдат најдобро решение да го упатат на правилниот пат.
     
  14. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Изворот не ми е нешто многу сигурен. Тоа е тоа што ме плаши малку. Но нема ниеден начин да дознаам дали е сигурно. Тој што го видел тврди дека бил брат ми. :?: Се плашам јас малку, ќе направам грешка ако не кажам дома, а ќе згрешам и ако кажам, па да испадне дека не бил тој или дека ме лажеле. :doh:
     
  15. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    пребарај му низ ташната за училиште или низ џебовите, ако пуши сигурно ќе најдеш некоја цигара... може и да го осетиш по миризбата доколку пуши... инаку мислам дека нема потреба уште сега да кажуваш на родителите, штом изворот не ти е баш сигурен...
     
  16. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Му имам најдено запалка во џебовите, но и тоа не мора да значи ништо. Како и да е, кажав на моите, и тие разговараа со него, се надевам дека се ќе се среди. Ви благодарам девојки. :)
     
  17. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Мили4ка123, Ако уште сега го кажеш на вашите размислуваш ли дека може да ти се налути ? Сепак ако на крај излезе дека информацијата не е точна ти ќе бидеш крива.. Мој совет разговај со него и кажи му дека ТИ си го видела а не некој друг, па види што ќе одговори и како ќе реагира :) Поздрав.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Osamena2222

    Osamena2222 Нов член

    Се зачлени на:
    16 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мојот живот е упропастен

    Прва година сум.Уште од многу мала,уште од градинска сите ме избегнуваа,никој не се дружеше со мене.Кога бев основно не ми сметаш. Но сега сум средно,подруго е.Јас сакам да се дружам,но не знам зошто сите се дружат,а мене ме одбегнуваат.Ме боли.Едвај издржувам да не запачам.Друго е средно.Излегуваат,на кафиња,ова она,јас сама.Пред некој ден се собрале од клас неколку девојчиња и машки,мене не ми кажаа бидејки не сакаа да дојдам и кога дознав се правеа наудрени.Денес две од клас разговараа,се смеа,кога дојдов кај нив одма сменија тема,фаца и покажаа дека не сум пожелна во нивно друштво.А едно од тие девојчиња првиот школски ден кога се запознавме ми рече некогаш да излеземе,но тоа беше само првиот ден кога со никој не се знаев,понатму сите како да бегаат од мене.Понекогаш и цел клас ме исмејува.И не само цел клас туку и од другите класови.Сакаат да си одам од класот.Не можам тоа да го издржам.Ве молам некој совет... ;( ;( ;( ;( ;(
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.278
    Мојот живот е упропастен

    Веројатно е потребно да го прошириш својот круг на познаници, а од тоа можно е да излезат нови пријатели. Но исто така преиспитај се како им делуваш ти на другите. Невозможно е секому да се допаднеш, но можеби правиш нешто кое на другите не им се допаѓа или им е чудно а тие не се подготвени да прифатат во моментов поразлична особа од нив. Ако си прва година средно, тогаш имаш уште време за дружење. Не оди тоа секому и секогаш преку ноќ.

    Имаш ли роднини приближно иста возраст на твојата? Имаш ли соседи чии деца се приближно твоја возраст? Евентуално обиди се да се дружиш со некои од нив...

    Дали имаш некое хоби? Со што се бавиш во слободно време? Се бавиш ли со спорт? Доколку тоа не е е случај, запиши се на некакви спортски активности каде има и други млади луѓе - тоа може на пр. да биде пилатес, аеробик, можеби ракомет или нешто што мислиш дека ти лежи. Со тек на време можеби ќе се зближиш со една или повеќе спортски колешки.

    Можеби би можела да побараш некој психолог или психотерапевт во кого имаш доверба, некој со кого би почнала да работиш врз себе за да се спознаеш повеќе како личност, да ги откриеш или надградиш своите евентуални скриени позитивни способности и таленти, кои потоа ќе бидат можеби еден од магнетите за нови познаници и пријатели во твојот живот.

    п.с. Како тоа си прва година средно, а имаш веќе 17 години? Така барем пишува на твојот профил од форумов.
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.019
    Пол:
    Женски
    Мојот живот е упропастен

    Не те познавам но секогаш мнозинството преовладува и треба прво да се запрашаш да не се однесуваш поинаку од другите, да не изгледаш премногу самоуверено, во облаци, да не си многу потиштена и им шириш негативна енергија.... Јас верувам дека можеш да си влијаеш самата на себе и тоа го можеш само ако прво добро се анализираш. И не, твојот живот не е упропастен. :tmi: