Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е тука вистинското место ама секој совет ми е добредојден.
    Имам блиска другарка (порано бевме многу блиски сега само блиски) која веќе е мажена, работиме во иста фирма и се гледаме секој ден. Но во последно време до мене стигнаа муабети дека ја виделе со некој маж рано наутро пред да доаѓа на работа. А се случувало да доцни на работа ......муабетов го слушнав од 2-3 луѓе.

    Прашањево ми е, дали како другарка (иако ве повредила) а имате некоков колегијален однос би и кажале што се зборува за нејзе, би ја советувале да повнимава на своето однесување.
     
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Jaс лично не би се мешала.Тоа е нејзина работа,она си знае најдобро.Само погрешно ќе те сфати и тој малку добар однос што го имате ќе го снема.

    А ко второ,на рекла казала не се верува.Секакви муабети се вадат у денешно време,дур не видиш со твои очи не реагирај. Или барем некој доказ.

    Каква врска има доцнењето на работа со аферата не разбирам?
     
  3. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Здраво,

    Ме интересира дали тука постои доктор/психолог, кој е образован и искусен со проблематични деца - тинејџери, ми треба за голем проблем со 15 годишно дете?

    Ви благодарам
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Зашто бараш психолог на форум?Сите можат да ти кажат јас сум психолог.

    Оди си во институција (болница,амбуланта,ординација) и барај таму стручно лице.
    :x
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.896
    Допаѓања:
    171.490
    Пол:
    Женски
    Не. Ако веќе не сте блиски високо веројатно нема да ти го открие тоа. Ако сте само во колегијален однос, сега, најверојатно нема да ти открие за нејзиниот приватен живот наспроти кога бевте поблиски. Блискоста многу менува, но останува во минатото.
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Не ми беше намерата да бидам злобна кон нејзе,туку само да ја советувам дека работите веќе стануваат очигледни за повеќе луѓе околу нас.
    сепак мислам дека заслужува како пријателка да ја советувам да пази што прави а после тоа е нејзина работа
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Веројатно бара препорака.

    Јас би советувала да побарате препораки во социјалните служби, тие ќе го имаат вистинскиот одговор.
     
    На ladyh07 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Прво им благодарам на сите што ќе го прочитат ова долго мислење :angel:
    Ние сме 5 во друштво и супер се сложувавме до пред некое време. Сите сме весели со смисла за хумор, освен една. Толку е разгалена од сите што не знае веќе што полигаво да направи. Каде и да се појаве шири негативна енергија. Ситуацијата е ваква - време на другарките веќе не посветува, цел викенд е со дечко и, а кога не е со него а е со другарките со него зборува на телефон. Пробавме да и кажеме за тоа и ние испаднавме криви, па направија драма и таа и тој дека се е против нив, блаблаа и од тогаш не сме и кажале за тоа, затоа што и ни одговара да седе дечко и а не со нас бидејќи е досадна како клуб на пензионери и негативна. Падната е толку ниско, луѓето се сликаат со неа за лајкови :puke: Тој пред дечко и што го сакаше (и уште го сака) цело време ја зафркава, а таа мисле дека и е „најдобар другар“ и не ми даде да седнам до неа на клупа заради него :nod: „Најдобрите другари“ преку шегата многу пати и ја плескаат вистината, сите другарки изгубивме почит за неа.
    Бидејќи си ги знаеме пасвордите на фб таа случајно видела дека една другарка кога ги наброила другарките ја заборавила неа. И почна да ми пишува на мене како дали ни значи, зошто секогаш таа е крива и побара од мене да бидам искрена со неа. Па јас фино лепо се и изнакажав, на најможем груб начин и уште не се докажав таа се налути и јас и изнакажав дека таа не е доволно храбра за вистината, дека ако мисле дека ова е проблел што ќе прави со поголем проблем, дека сите и мачкаат очи, дека вистината не е за неа, дека е слаба личност и уште што ли не. А секако се вмеша и дечко и со драматизациите дека ние сме против нив, демек на нас ни сметало што таа се гледа со него (а никој им нема кажано такво нешто :!: ) дека таа се направила за нас, да се засрамиме и јас му реков дека со неа се скаравме поради неа, а не поради нив двајца, оти светот не се врти околу нив, дека тој ја знае само нејзината страна на приказната и да не се ни осмелува ни да ми суди за кажаното, можат само да ми судат останатите другарки (што се на моја страна). Значи имам коњски живци, со никој до сега вака не сум зборувала, а што сето тоа им го изнапишав значи ми згазнале на нервот затоа што го трпеме ова разгалено суштество цела година :swear: Толку ги измелив на чат што на крај таа ми врати :) (не знаела што да ми пише), а тој Океј. Сега се простивме со неа, па ми се умилкува нешто, демек извини :fubar: Скиснато ми е веќе и од двајцата :@ Толку драми нема во индијска серија, мајке ми. Некој совет ве молам? :yawn:
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Прво, смени си го пасвордот на фб. Нема што да ти го знае.
    Второ, бидејќи си имала коњски нерви, издржи уште еден разговор (или групно) и кажете и со убаво што ви пречи.
    Но, не верувам дека ќе те разбери таа, ги знам овие разгалениве, си мислат се им се може.

    Секако сте 5, без неа, пак сте друштво, штом е таква откачете ја.
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ^ Пасвордот веќе си го сменив. Да планираме да разговараме со неа, ама не верувам дека нешто ќе смени. Планот ми е да ја игнорирам. А да ја откачеме не бива, 8 години пријателство не е малку (со мене 4) + депресивна е и може да си наштети заради тоа.
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    Јас искрено рецката не би и ја мавала на оваа.
    Ако има дечко, и ако со него и е убаво, нека си оди кај него, нејзино си е, нема што да и пререкувате. Ако седи со вас и ако си зборува со него или за него, едноставно игнорирајте ја, зборувајте си вие меѓу себе, нејзе исто како да ја нема. Мене друго ме загрижува. Како бе пасворд на фејзбук си давате така? Тоа е твоја приватност, и од каде знаеш еден ден што ќе се случи и дали пак ќе бидете другарки или не, па не мора секој да ти ги знае муабетите од прва рака, ако имаш нешто да им раскажеш, ќе им раскажеш.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    ^И јас имам ваква „другарка“, негативна и премногу себична и тврдоглава, секогаш кога и требаше помош за било што со неа бев, совети и делев, кога беше во депресии ја тешев, истото и го имам зборено 100 пати, било што да ми побараше и давав, ама тоа се беше еднострано, јас кога и кажував озбилни работи и ми требаше совет ми се смееше и ми рече ВИДИ КОЛКУ МИ ПОРАСНАЛА КОСАТА, цело време е со дечковци и долги врски а само по потреба и се другарки.Е одкога ми го кажа тоа се сврти кругот, почнав да ја избегнувам, нека си седи со дечко ѝ што сака нека прави, све во фаца и лупнав.Уште и ми мрчеше зашто повеќе ми значеле тие што сум ги знаела две години одколку неа. :x
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Незнам дали мојот проблем е во соодветнава категорија на теми но не знаев каде да пишам.Пишав тука затоа што мислам дека тоа што ми се случува е како резултат на мојата моментална психолошка состојба.Мојот проблем е следен започнав да ја покачувам мојата тежина поради тоа што многу често јадам поточно храната ми претставува утеха за тоа што го немам во животов . Станав асоцијална личност,немам пријатели немам љубов се чувствувам осамено,вознемирено и грдо.Во домот немам пријатна атмосфера едноставно не се грижам за себе како некогаш.Често сум под постојан стрес и ме иритираат зборовите на другите кога ќе ми пререкуваат за мојот живот и за се друго како да ја несакам да променам нешто.Единствено добро е што работам барем тие 8 часа не мислам на ништо но во сите останатите се чувствувам празно и досадно и тогаш посегнувам по храна јадам неконтролирано и сум опседната од својот изглед ,не сум задоволна од изгледот на своето лице ,тело.Нензнам како да си помогнам.Ви благодарам однапред.
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Не можам повеќе да издржам! Веќе ми е преку глава од мојата срамежливост ли, социјална фобија ли е, не знам. Ради неа постојано сум тажна и не можам дa им пристапам на машките. Ради неа често не искачам многу бидејќи ми е срам сама да прашам некој да искочиме, а кога искачам на некаква забава или нешто, ниту танцувам, ниту се забавувам. Не дека сето тоа ми е глупо, знам 100 пати поубаво да играм од сите таму, или да напраам 100 пати поинтересни муабети. Меѓутоа поентата е што постојано се плашам од нешто, најверојатно од тоа да бидам одбиена, неприфатена, а можда и исмејувана. Поради тоа цело време имам ниска самодоверба. А не е до изгледот, знам! Долго време вежбав и можам да кажам дека имам добро тело и убав изглед. Ама не е до изгледот, до нешто друго е, нешто внатре што ме спречува да се забавувам, да го живеам животот. Некаков страв, срам... Не знам што да направам! Мислев со времето ќе помине, ама од мала сум ваква, а моите родители се тотална спротивност од мене! Секаков совет би бил добредојден :)
     
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Сосема си свесна, правилно размислуваш....ако не се охрабриш самата КОЈ??? Никој
    Работи сама на себе, па што ако те одбиет....ке бидиш одбиена еднаш двапати....трет пат сигурно не, но не смееш да се разочараш.
    Мораш сама да се бориш со срамот, со стравот...ќе излезеш еднаш, двапати, ке внимаваш што зборуваш (од страв да не погрешиш, па и да погрешиш)мислиш друигите се супер херои, не грешат??
    И јас се срамев, излегував но секогаш во сенката на моите две другарки. Нода поминаа години за да сфатам дека јас вредам.
    Самата кажуваш дека си убава, а верувај никој не одбива убави девојки, паметни....
    Паметна си , кажувај си позитивни мисли сама на себе, јас вредам, јас вредам :))

    Гоу фор ит :)
     
    На anamariia.x3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    ДАЛИ ЌЕ САКА НЕКОЈ ДА ДОЈДЕ ЛП ЗА НЕШТО ДА МИ ДАДЕ СОВЕТ ? УЖАСНО СЕ ЧУВСВУВАМ ;( ;( ;( ;( ;(
     
  17. dan4eeee

    dan4eeee Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Немам посебен наслов, се извинувам...

    Во последно време се чувстувам чудно...
    Почнав со испитите на факултетот, но секогаш кога ќе положам, моите дома се радуваат повеќе од мене... И секогаш кога ќе дојдат гости кај нас, премногу ме фалат дека сум била успешна на факултетот.. Иначе студирам историја со археологија... Многу ми пречи тоа што ме секогаш фалат... Не знам што да правам не знам што да им кажам не сакам да ги повредам... Знам дека се горди на мене, но тоа премногу го покажуват дури и на гостите... Се чувствувам неугодно и глупаво... ;(
    Ве молам кажете ми што да правам... Не знам како да им кажам да престанат со тоа...
     
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    68.348
    Dан4ееее кога си сама со твоите дома кажи им дека не ти се допаѓа кога те фалат толку. Според мене нема причина да не им кажеш директно, ништо страшно не е тоа. Ако гледаш дека ептен при срце ја зимаат твојата реакција, тогаш објасни им дека тебе ти значи нивната радост, но ти пречи кога на сите им кажуваат. Ќе те разберат сигурно. :)
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Па одоколу на смеа на шала, речи им “лелеее што убаво ме фалите ама по малку срам ми е така“. Така на неколку пати и ќе сватат. Инаку од што им е мерак на луѓето за тоа си кажуваат, и јас така чат пат со мајками се расправам ама џабе е неможиме да се разбериме :) . Тоа се рзликите во генерации.
     
  20. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Девојки, јас имам некои сериозни проблеми...често знам да запзаднам во депресија и секакви глупости ми паѓаат на памет, често плачам и се нерирам за многу работи. Немам многу другарки, па затоа и не излегувам често(инаку сакам постојано да сум надвор за да заборавам на проблемите но едноставно подолго време неможам да најдам соодветно друштво и затоа постојано се нериврам дека и ова лето ќе ми биде катастрофално). Пред извесно време почнав со леќи, а мотој организам има толку голем страв од страно тело во окото што си направив инфекција на окото, а тоа ми беше уште една причина за паднам ептен во депресија. Едноставно не можам да најдам ништо што ме прави среќна и задоволна, стално доживувам нови разочарувања порди тоа останав без ни малку надежд дека работите ќе се подобрат, незма што повеќе да направам...ако може некој совет во врска со ова......