Како прво, за да не запаѓаш во депресија, најди си нешто за да си го исполниш времето,почни некоја серија,гледај филмови,најди си некое хоби, читај книга, се со што можеш да си го отргнеш вниманието од лоши и негативни мисли.Од ова што си го пишала претпоставувам дека седеш и постојано мислиш на твоите проблеми кои сигурно не се толку страшни и сериозни.Почни излегувај,сигурно имаш барем 1 другарка, или пријателка,школска и ако сакаш да имаш повеќе пријатели, мораш да се смениш ти,за самата себе,и да му приоѓаш на повеќе луѓе. За леќите нема што да се плашиш или треба подолг период да се навикнеш,а ако имаш цилиндар на диоптерот како јас,ако ти се тврди леќите тотално те сваќам и јас бев така.Најдете со родителите некој добар доктор за да ти препише меки леќи( моја препорака). Имај надеж и никогаш не ја губи. Биди позитивна и луѓето ќе сакаат да ти пријдат, а ако си намуртена и негативна,веројатно ќе им е страв да ти пријдат. Најважно, најди си занимација!
Ти благодарам за советите јас досега имам пробано многу нешта за да се цуствувам подобро, стално гледам филмови, читам книги но не е тоа тоа. Кога ќе дојде викенд знаеш сакам да излезам на тие диско забави со другарки, да си минам убаво, а не цело врме книга или на пц да седам. Јас до сега сум пробала да се вклопам во многу друштва но едноставно не бидува...или тие ме избегнуваат или јас сум мисела погрешно за нив па сега ја сваќам вистината и мн други работи.....Сепак ти благодарам со ми ја подигна сигурноста во себе со овие твои зборови
Потребен ми е совет во врска со форумот. Три другарки од друштвото ме дознаа која сум, уште една другарка и една познаничка сега дознав дека ме знаела. Не дека се срамам од тоа што сум, ама сепак. Тука го прикажувам на некој начин тоа што не го знаат луѓето за мене во вистинскиот живот. И така сум луда за повеќето без да знаат што се мислам, а што би мислеле за мене доколку ме дознаат на форумот? Не би сакала повторно да се зачленувам на форумот, ама можеби ќе треба? Ми треба совет - да продолжам како ColoursOfTheRainbow или да правам нов профил за да си ја зачувам приватноста? Сепак не би било се исто од нов профил, имам многу пријателства од овој, пренесено убави пораки...
Јас мислам дека сепак не ти ја откриле лозинката и не те хакирале,па затоа барем засега нема потреба да правиш нов профил штом со овој имаш формирано нови виртуелни пријателјства и имаш драги лични пораки во инбоксот зошто тогаш да правиш нов профил,со нов ник,ништо тогаш нема повторно да биде се исто?!И мислам дека сепак секој си е луд на свој начин,само не е добро кога си лоша и злобна личност,друго се може да се прифати и се е во граница на нормалата.Поздрав и не се секирај и не се замарај воопшто што мислат другите,остани си таква оригинална и откачена каква што си!
Имам еден депресивен проблем. Одвреме навреме често се фаќам како запаѓам во депресија поради една работа и доколку не им ја кажам на родителите без разлика дали ќе се реши или не јас неможам да спијам да разговарам со нив и слично но секако постојат и работи кои неможам да им ги кажам едноставно неможам за некои од тие работи најдов решенија за некои им ги соопштив на поинаков начин и се одтргнав од нив , од тие мисли и сега се случи неколку пати едно нешто моја грешка додека бев глупава навистина глупа и неразумна направив нешто засрамувачки што навистина се каам и си давам збор дека нема да се повтори никогаш во мојот живот но ги гледам нив насмеани среќни се ми удоволуваат неможам да го издржам овој гнев во себе не се кажува тоа нешто но неможам повеќе да трпам незнам како да им се оддолжам или да си ги скратам маките едноставно премногу е болно..понекогаш мислам дека некои луѓе веќе и го знаат тоа за мене но не ми го кажале јас стварно неможам да си помогнам некако некој да ми помогне психички и да ми укаже дека сум била само будалеста во тој период и дека доколку се каам и ветам дека нема да се повтори се ќе биде добро или слично? знам дека со таа постапка не ги направив моите родители горди а тоа ми е единствената желба и со таа грешка се срушив и сите надежи ги фрлив во оган ми иде да се самоубијам овака не е многу страшно од друга перспектива но како што сум под депресивни моменти и денови неможам уште тоа ми фали а се има случено од дамна сега ми под текнува
Ин медиас рес!-односно,во превод од латински во средината на нештата!Ти воопшто не си навела што се сличило,но јас стекнав впечаток дека нешто одамна се случило у поради тоа имаш многу големи псохички трауми и си депресивна.А,што се однесува до грешките,сите ги правиме и на грешките,впрочем и се учи и ако не сме ги направиле не ќе сме извлекле никаква поука.Ако се работи за некои минати недоразбирања,јас ти советувам да не се замараш со тоа затоа што тие се одамна решени.Ако се работи за она што си напишала порано во темата да ти испратат лична порака за совет,пиши ми ја на мене,па јас колку можам да те посоветувам.Не се плаши,пиши ми слободно ЛП ако е за тоа што си напишала дека те мачи.
Мислев да прашам зошто некогаш кога легнам да спијам мислам на несто дека сум болем или слично и глупо се осеќам....
Кога ќе ти дојде таа мисла....а гледам свесно размислуваш....одма насочи се кон нешто позитивно, макар да е светсково првенство ), шопинг - што да си купиш, што ти фали во гардеробата, утре шо ќе облечеш....почни од едноставни работи мораш така, пренасочи ги мислите
Здраво девојки. Незнам дали е прашањево за тука, може ќе изгледа глупо, се срамам од самата себеси заради тоа што го направив но морам да го споделам. Имав момче.Многу го сакав, премногу.Беше идиот на моменти,али јас му бев најмила.Се сакавме многу.Но тој премногу беше љубоморен...Се случи што се случи,раскинавме.Долго време не сме заедно.. Се случија некои нешта иии....Пробував да го заборавам на многу лош начин, со други...Сега се каам. Имав секс со повеќе момчиња после него......Се чувствувам многу глупаво. Депресивна сум премногу но сфатив дека што и да направам не можам да го заборавам. Сега имам страв од СПБ. Имав незаштитен секс повеќе пати (што е многу неправилно),и се имам некое чувство како да ќе починам за многу скоро време (смешно е да, но вака како да се збогувам )... Како и да е, Ве молам за некој совет, барем некои тестови да направам за да се смирам или, што да направам за да престанам да се глупирам... (синоќа бев пијана again..и пак глупости).. Ми фали многу...Никој не може да го замени а тој ме мрази сега поради сите овие нешта... многупати размислував за самоубиство но ми е криво за родителите..ве молам за помош.... Ви благодарам однапред.Поздрав!
Човек сам со главата што ќе си направи, никој друг не може да му направи. Ако мислиш дека имаш некоја болест оди на лекар. Седни дома не скитај не се пијанчи не се мувај со сите, смири си ја душата а не да мислиш на глупости. Депресивна си оти не ти е мирна душата оти правиш работи кои не те исполнуваат, се муваш со луѓе кои не ти значат и на кои не им значиш. Е па нормално нема да си исполнета. За промена престани со тие глупости, и ако вистински го сакаш тоа момче сигурно дека нема да спиеш со други момчиња. Затоа сврти нов лист, ПРОМЕНИ СЕ. Можеби тој веќе нема да биде со тебе ама тоа не значи дека нема да најдеш некој со кого ќе ти биде многу поубаво. Сепак за да почне некој да те цени и почитува и да сака да биде сериозно со тебе ќе треба прво сама да почниш да се почитуваш, и да не се послужуваш на тацна.
Ти благодарам..јасно ми е се ..само многу ми е тешко да почнам да направам промена.. кога ќе станам наутро незнам од кај да почнам и што да правам преку денот..се чувствувам изгубено и нејќам никој...цел ден пред компјутер и тоа...не ни зборувам воопшто...да ме види некој, како зомби сум..сепак се надевам дека ќе соберам доволно храброст да започнам одново, со чиста глава...
Имам една комшивка, малце е забегана, ама се на се фина жена. Има фејсбук, а бидејќи не сфаќа дека лозинките се приватност си ја кажува лозинката не баш пред секој, ама пред повеќето да.Јас и ја знам лозинката и таа има доверба во мене, ама најтрагично е тоа што има доверба и во некои за кои не знае дека не се такви какви што се претставуваат.Таква е мојата другарка, со која во последно време фала богу сум преооддалечена.Мојата комшивка ја има кажана лозинката и пред неа и оваа тоа си го искористува и го користи нејзиниот фејсбук како играчка.Влегов во профилот на комшиката онака чисто од љубопитност и има што да видам.Пребарувано за дечиња на моја возраст, пишувано на чат на истите, исптаќано понуди. Па и јас и ја знам лозинката, па никогаш го немам направено тоа.Е сега работата е тоа што незнам како да и кажам да си ја смени лозинката.Неможам да и кажам смени си ја лозинката бидејќи другарка ми ти го знае пасвордот.Ќе помисли дека јас секојдневно и се уклучувам на нејзиниот фејсбук и следам со кој се допишува, за кој пребарува, кој и се пријатели итн.Аа да не заборавам да кажам и дека ми има пишувано мене од профилот на комшивката мислејќи дека не сум приметила, а исто така пишувала и на една моја другарка.Сто пати ја опеменав да престане со тоа, а таа наоѓа некои изговори демек сестра и се вклучувала и друго.Незнам како не и срам.Јас помислив да и речам дека во последно време сум забележала нешто чудно кај неа на профилот, како станувала пријател со деца на моја возраст и им лајкнувала слики на истите, па од таа причина сум се вклучила од кај неа за да проверам дали се има допишувано со истите.Ве молам дајте ми некој совет како да постапам, дали ова е правилен начин за да и помогнам?
И тоа треба да и го кажеш,а и отворено во очи да и кажеш да не верува на секого и да не го дава пасвордот од фејсбук на сите без разлика дали ги знае или не подобро,дали е блиска или не со нив затоа што тоа е приватна работа и никој не треба да ја знае за да не доаѓа до вакви злоупотреби!И не е лошо таа конечно да се освести и да не биде забегана затоа што не и доликува на годините! И најважно кажи и дека многу ја сакаш и ја почитуваш,па затоа и обрнуваш внимание на што да внимава и да преземе мерки,да ти е сеедно и да не ја сакаш и почитуваш не би и ништо кажала! А,таа што и се мешала во профилот избришете ја и двете и блокорајте ја и на фејсбук и од животот воопшто и немајте милост кон неа колку и да ве моли,колку и да се правда и колку и да тврди дека искрено се кае оти за неа стекнав впечаток дека е многу расипана и многу голем недругар! Поздрав и само храбро!
Што кога се нема волја за ништо?? Се чуствувам многу изгубено, наутро кога станувам, не знам ни како да го започнам денот, ни ништо.. имам само 16 ипол години, се чуствувам премногу депресивно. Опкружена сум со лицемери, со големи лицемери, сите другарки ми се такви, немам кому да се доверам, имам дечко кој мислам дека не ме сака, и онака уште некое време и тоа ќе биде крај, што кога сите околу мене ме повреудваат на некој начин, освен моите родители... Се чуствувам заникаде, не знам што да правам, на сите кои сум им верувала ме повредиле и ми го свртиле грбот, секој ден сум потажна, и потажна. Порано не бев ваква, секогаш бев насмеана, сакам само да бидам старата јас, се трудам но се потешко. Едноставно не знам зошто живеам, испаѓам ради реда, све правам ради реда, за ништо не се чуствувам исполнето. Зошто е така, дали е само период? А денес сфатив каква е другарката која многу и верував, и уште повеќе се разочарав, едноставно не можам да поднесувам лицемерии, и луѓе што гледаат се во своја корист, не можамм, само сакам искрени другарства... но колку повеќе верувам и помагам се повеќе сум повредена.. Како да се сменам, како да станам по ладнокрвна, како да се радувам на нештата? и јас да бидам лицемерка? немој да кажете промени го друштвото, многу пати, сум го променила, сите на еден начин извисуваат..
Е па имаш само 16,5 години, и сега како растиш ќе сватиш дека светот не е розов, дека за твоето место во општеството треба да се бориш сама. Ќе научиш дека убаво е да имаш пријатели но дека не треба никогаш од нив да очекуваш поддршка или некоја помош, ќе научиш да не се разочаруваш кога истата нема да ја добиеш. И најбитно од се, дури сега ќе почниш да сваќаш дека твоите родители се оние на кои најмногу можеш да се потприш и секогаш се овде за тебе. Ќе сватиш дека животот е убав но треба сам да си го направиш таков. Дечкото ако не го бива слободно нека си оди толку си млада, што не знаеш кога ќе го сретниш другиот кој ќе те прави среќна и насмеана, другарките ги има, ги нема, па со тек на годините и нив ги менуваш, некои остануваат од детството но некои до прва ќе ги сретнуваш. Ти мила немаш проблем, само сега почнуваш да се соочуваш со реалниот свет. Не се замарај уживај, не дозволувај на другарки или дечко да влијаат на твоето расположение, и немој да мислиш дека само тие постојат на овој свет. Уживај, учи, шетај смеј се, едноставно не се преоптеретувај со ништо. Кога ќе пораснеш уште некоја година тек тогаш ќе сватиш дека на светот постојат многу поголеми проблеми од лицемерни другарки.
Фала на мислењето и советот. Навистина, морам да кажам дека откако го прочитав твојот пост се чуствувам некако многу подобро. Можеби тоа не е проблем, ама се прашувам какви ли полоши проблеми би имал човек, има полошо од тоа да си осамен и да мислиш дека никој нема до тебе во било кое време.. Како и да е, веќе ќе ги гледам позитивните страни, нема многу да се замарам со другарки, нема да очекувам нешто многу од нив, дечкото ќе почнам да го игнорирам, со него не знам што ќе се случи... А за родителите, тие се најдобрите на свет, барем за мене
Помогнете ми ве молам Вака се викам Ивана и имам 18 години нова сум на форумов. Се зачленив со цел да побарам помош се надевам дека некој ке ми помогне. Еве да започнеме со мојот совршен живот. Имам 18 години а никој до сега не ме поканил на кафе ова она некое машко ниту се немам мувано до сега :/ Знам грда сум глупа личност немам ни пријатели по цел ден седам дома и тие со ги имам само ме одбегаааваат имам поголема сестра која мислам дека мама нејзе се и дозволува таа има се а јас ништо се осејкам осамено многу осамено сакам да избегам некаде ама немам каде. Тешко е кога ги гледаш сите како излегуваат а ти немаш со кого. Мојата сестра се страми од мене сакам да се сменам но незнам како сакам да бидам потворена а не затворена во себе