Помогнете ми ве молам Најпрво што треба да направиш е да се прифатиш сама себеси, да се сакаш онаква каква што си, да ги прифатиш твоите маани и предности! Кога ќе почнеш да мислиш дека си убава дека си паметна, верувај ми ќе ти биде многу полесно.Еве што да правиш секогаш пред спиење почни да кажуваш "јас сум најдобра, јас сум убава, јас сум паметна" и така повторувај..ќе видиш по извесно време дека мозокот сам ќе прифати и навистина ќе почнеш да го мислиш тоа што го кажуваш пред спиење. Но сепак обиди се секогаш да изгледаш средено, да држиш линија , почни да се дружиш со ново друштво кое на тебе ти одговара запознавај се со други луѓе, сигурна сум дека има уште илјадници девојки што во моментов очајуваат и ја имаат истата мака како тебе, пронајди ги, усреќете се меѓусебно! едноставно да си поставиш цел во животот! да знаеш што сакаш! Среќно <3 и никогаш не се откажувај !
Помогнете ми ве молам И јас го имам истиот проблем,и јас сакам да излезам но немам со кого,неколку девојчиња од класот постојано излегуваат,а јас кога и да ги прашам дали излагаат ми викаат дека не,а потоа во мое присуство зборуваат за тоа како си поминале,си покажуваат на мобилен слики,тогаш ми е многу тешко.Да продолжам да ги прашувам дали излагаат ќе помислат дека ги молам да ме викнат со нив.Никако немој да мислиш лошо за себе,знам како ти е, на факултет ќе стекнеш нови пријатели и со нив че излагаш...Ако сакаш,да ги размениме мобилните телефони,или да се побараме на Фејзбук,да комуницираме,да се дружиме...
Кажи и на комшика ти отворено. Поточно објасни и за што се користи точно фејсбукот и дека шифрата треба да ја знае само таа. Или пак викни ја кај тебе или оди ти таму и нека си ја смени пред тебе. Не мора да и кажуваш дека другарка ти влегувала ама објасни и дека лесно може да и го пробие некој пасвортот и дека оти ти го знаеш да не излезе после дека си ти била таа. Не и кажувај со другарка ти тоа дека влегувала да не излезеш озборувачка и да не бидеш ти винвона акос е скараат. А и другарка ти јас незнам каков човек е. Па и 10 фб да има оставено пред мене во еден нема да влезам. Лична работа е.
Убаво те советуваа погоре, секоја вечер пред легнување мисли си позитивно за себе, јас сум убава....јас можам.... Имаш 18 години...незнам дали си 4 година или не, потруди се најди некоја работа по бутик по сендвичара....каква и да е работа ( да излегуваш, да имаш колеги колешки), мораш од негде да почнеш Полека полека ќе се спријателиш со колегите, ке те викнат ќе ги викнеш накафе и сама друштво ќе си створиш
Ивана и јас до 8 одделение рамзислував вака ама после се се промени. Ако постојано седиш дома, висиш на компјутерот и размислуваш вака верувај дека никогаш нема ни да најдеш друштво. Кога веќе го имаш интернетот искористи го паметно. Повикај некоја школска, братучедка, комшика да се видите или не мора на кафе нека дојде таа кај тебе оди ти кај неа поседете, муабетете. Ти направи го првиот чекор покажи дека си друштвена. А ти ако вака се затвораш во себе сигурно е дека лугето ќе те одбегнуваат, може и тие мислат па дека ти ги одбегнуваш. И зошто сестра ти да се срами од тебе? Си направила нешто срамно? Не. Зборувај со неа барем еднаш нека те земе со неа за излегување да видиш како е нејзиното друштво ако ти договара добро, ако не па добро. А во врска со дечко не се брзај за се има време. И навистина ако си завршила со школо зошто не се вработиш некаде? Така ќе запознаеш повеќе луге ќе имаш и колеги. А ако доправа треба д абидеш 4 година што се случув со твоите шкоски? Ти кажав направи го ти првиот чекор договори се со некое девојче.
Луѓе ај малку помош , проблемов ми е малку мутав ... е сеа вака имам еден другар што знам дека е заљубен во мене , знам дека многу ме сака ама ете јас него не на тој начин , на пијано му реков демек и јас тебе и овој сериозно си го свати ... за да се потргне од мене му реков да ми даде време демек да се средам со мислите ,не можам сега , не сакам ништо такво, ама упорно покушава да ме баци залапа и сл . и збори демек како на другите да им соопштиме дека сме заедно во иднина и сл . На секој можен начин му давам до знаење демек ги сакам сите тие работи што он ги мрази во врска , варање и сл колку само да се тргне , и тоа е џабе пак е упорен ... Едноставно не го гледам на тој начин и упорно се тргам , тргам глава , ама он е уште поупорен од мене ... незнам како да го откачам ама пак ми одговара ко другар ок ми е ... Сакам да остане другарството а да не пробува да ме заебе и врати зашто мисли и ме предупредува дека си играм со неговите чуства и дека идел по девизата памти па врати ... незнам ни сама што и како мешаница ми е во главата !
Најдобро е да му кажеш директно, барем со тоа покажи колку ти значи како другар, не го залажувај. Ако не ти остане другар толку те ценел, што можеш, тоа не е во твои раце веќе. Само си згрешила со тоа што си му го кажала на пијано, сега убеден е другар ти дека работава е „пијани усни, трезни зборови“.
Женски јас во последно време имам сериозен проблем „Не можам да се карам“. Знам дека звучи глупаво ама не можам збор да кажам кога сум нервозна. Не велам дека сакам да сум кавгаџивка ама сепак треба некогаш и да се каже сопственото мислење. До пред некоја година не бев ваква ама сега не знам што ми се случува. Еве на пример свекрва ми е ептен зајадлива. Не дека е лоша ама знае да ме пецне онаму каде што навистина боли. Јас занемувам и се тресам од нервоза и ми се блокира паметот. Откако ќе си замине туфкам зошто не сум и рекла ова она ама поминало. Ете денеска одам во Тутунска банка и еден човек (јас не го видов дека чекал на страна) почна да ми вика се и сешто бидејќи сум му го земала редот. Ме изнавреди премногу. Јас како некоја мутава си молчев додека не завршив со плаќањето и откако излегов пукнав од нервоза зошто не му реков ништо. Истото ми се случува и со мм и со родителите и со целата околина. Порано знаев да кажам ако нешто не ми се допаѓа, знаев и онака да се изразвикам за нешто кое не ми одговара а сега за се се смешкам и велам аха а уствари во себе Имам чувство дека некој и да ме опцуе јас ќе се тресам од нервоза ама ќе молчам. Мислам дека станува збор за некој психолошки проблем.
Посети психолог за да го дознаеш коренот на проблемот. Сега се манифестира , а којзнае од што и од кога потекнува.
читам на темава и во многу постови се пронаогјам... мојот проблем се појави неколку месеци откако се омаЖив со мм стојам добро но проблемот се неговите родители со кои сме во заедница Живееме во странство како поминува времето се потешко е... едноставно немам веке сила психички да се борам цело време сум нервозна и под стрес веке не сум истата цело време сум затворена дома кога мм е на раб.или работам нешто или одам во соба немам роднини ии пријатели тука..моментално не рабтам тоа е дополнителна нервоза... тие се многу зајадливи и сакаат да ми зборат се и сесто а јаС да молчам се што правам не им одговара скакаат Животите да ни ги дрЖат во нивни раце. Мм попушта зада не се прават проблеми и ме моли мене да не се нервирам за глупсти ама не успевам..сакам некоја поискусна да ми даде совет како да ги надмудрам и да се смирам ми го направија Животов пекол...
Или помири се или ќе Нив не можеш да ги промениш. Тешко е затоа што немаш со кого да го споделиш ова. Немаш роднини ,пријатели во твоја близина. Најдобра алтернатива да почнеш да работиш, да се мавнеш од дома и што поретко да си во нивна близина.
Покрај работата, има и уште едно решение. Нив нема шанса да ги промениш. Единствено можеш да се прилагодиш кон нив. Обиди се да се спријателиш, отсега со нив ќе ги поминуваш деновите. Не дозволувај да ти ги уништат. Мој совет е- прави што сакаш, најди начин, само немој во никој случај да се расправаш, затоа што така ќе си ја влошиш состојбата уште повеќе.
Тоа е точно и се трудам секогаш но не признаваат дека е така секогаш се запознаени со се. Сама не излегувам никаде кога готвам прво прашувам кога перам перам од сите кога чистам чистам цела кукја кога одам во продавница прашувам што да купам ретко одиме по пријатели а тогаш тие се со нас или одат тие сами а кога ке ни дојдат кај нас јас послуЖувам а тие се на маса.кога ке ме навредат стално бегам во соба и плачам а не му возвракјам и кога мм доагја дома му велат како не сум сАкала да седам со нив....и уште што не друго да не набројувам и ајде сега проценете којгреши во мене ли е проблемот? Нормален разговор не знаат што е се се сведува на кавга не прифакјаат ничие мислење Желба и потреба....очајна сум но не сакам да си го растурам бракот и да му го направам кефот...
Проблемот дфинитивно не е во тебе. Биди сигурна. Стварно незнам што да ти кажам. Обиди се да не обраќаш внимание на навредите, затоа што и да немаш ќе ти наоѓаат маани. Немој да плачеш и да се нервираш. Најверојатно им треба повеќе време да те прифатат, но на крај како и да е ќе мораат. Затоа издржи и биди трпелива.
Ех пијаните усни не секогаш кажуваат трезни желби. Епа најдобро кажи му на него дека сега за сега не си подготвена за врска и кажи му ја вистината дека тогаш пијана си избрзала и си згрешила што си го кажала тоа и толку. И кажи му дека несакаш ништо посериозно сега за сега и да си останете другари. Може ќе се налути ама во право е и ти си ука згрешила што си му кажала така ама ајде де пијана си била. И си требала уште следниот ден да му се извиниш и да му кажеш дека тоа не било намерно и искрено туку дека во пијанство си го рекла тоа. И не заобиколувај, кажи му директно.
А зошто ти не почнеш да работиш? Ако почнеш да работиш неможете по неколку месеци да си емете кредит и купите свој стан или куќа? Подруго е кога ќе си во свое. Добро може ако имате деца ќе ти биде проблем за тоа кој да ти ги чува ама во странство е подруга работата имаат подобри плати и се. А и ако почнеш да работиш малку ќе се одалечиш од дома повеќе време ќе си на работа кога ќе дојдеш можеш да јадеш, раскренеш по дома и да си се одмараш. Така ќе ги избегнуваш караниците и слично. И едноставно помири се со фактот дека се такви сепак стари луѓе се во прашање. И избегнувај ги таквите караници се карање се потребни двајца ако ги игнорираш тие сами со себе неможат да се караат место тебе. А сепак и себично од твоја страна ќе биде ако бараш мажот ти да одбере меѓу тебе и нив. Ама ако почнеш да работиш можеш да правеш муабет да земете некој стан или куќа во близина, а родителите ќе ги посетувате од време на време. И нема причина да си го растурап бракот ама верувај дека доста бракови се растурле со мешање на родителите. Велиш дека работа е тешко да се најде а ти бараше? Распрашај се. Сигурно имаш комшии спријатели се па распрашај се со нив да работиш било што за почеток да се мавнеш од дома. Ние сфаќаме дека проблемот не е во тебе и дури сега ја сфаќам мајка ми зошто несакала да живее со баба ми и дедо ми. Не само ние и други луѓе кажуваат, затоа барај си работа по весници интернет ваму таму и зборувај со сопругот за некое време да се преселите.
Mој совет потруди се да си најдеш работа. И нешто за кое знам дека сигурно ќе проработи во твојот проблем, СЕКОГАШ кога те навредуваат ти само благо насмеј им се. Насмевката полека полека ќе ги уништува. Се додека го имаш твојот маж до тебе не е толку голем проблем. А знаеш дека насмевката може да го промени светот така ? Тие на таков начин ќе видат дека ти не мислиш ништо лошо за нив и полека полека ќе попуштаат. Сум имала сличен ваков проблем така да,кај мене беше успешно. И кога ќе те навредуваат пробај да се задржиш и остани седи со нив. Смешкај им се. Се надевам ќе го решиш проблемов. Ти посакувам се најдобро!
Помогнете ми ве молам не знам на кој да му се обратам Моите проблеми почнаа уште кога почина татко ми . Од тогаш сум некако затворена, повлечена во себе скоро и да со никако да не разговарам едноставно како што викаат и други глупа сум незнам да почнам да прам муабет. Сакам да го сменам тоа но како . Немам другарки и тие што ги имам ако ги прашам да излезиме тие ми викаат ам не излегуваме денес а тие излезени или ако сакам да појдам кај нив еј не сум дома ова она ми викаат. Болит кога сите од нашава мала еве на пример вчеера излегувааа а јас дома седев пошто немам ни другарки. Тешко ми е многу незнам што да правам. До сега ни еден дечко не ми има викнато за излегуваје не камоли да се дружиме. Моите дома ко да не ме сакаат, секогаш мислам дека мајка ми секогаш ја сака поголемата сестра а мене ко да ме одбегаваа секогаш таа има се што сакав јас порано сега таа го има а мене само ми вика чекај имат време, секогаш вика пред мене дека таа одлучува во кујката дека таа е шефот секогаш ја фали. еве на пример од кога и барам да ми најде работа таа прво на сестра ми и најде а менее... :/ тешко ми е многу помогнете ми ве молам најмногу
Сама ќе се отвориш кон светот. Почни да комуницираш со луѓето. Ако си паметна да пишуваш овде тогаш паметна си и да направиш муабет со другите. Тие другарките нели не сакаат да излегуваат со тебе факт е дека треба повеќе да не се замараш со нив и треба да се пуштиш во потрага по нови. Па најди една барем за излегување, братучедка комшивка школска другарка, било што па ако треба и наметни се. Па ако почниш да излегуваш ќе си го прошириш и кругот. Ама пази никој не сака пријателки што ќутат и два реда муабет не знаат да сврзат, значи почни да комуницираш смеј се, и смисли си некои теми за што би разговарала кога ќе излезеш со нив, доколку спонтано не ти иде муабетот. За мајкати и сестрати немој да мислиш дека ти мислат нешто лошо. Сигурно погрешно ги толкуваш и нивните постапки. Во твојот случај единствената пречка си самата себеси Open your mind and dont worry..Променисе 100% почни со поопуштена комуникација и за најкратко време ќе ја приметиш промената.