@Anonimna098 немаш ти проблем верувај, можеби си само премногу емотивно врзана со домот. Но со тек на време ќе ти помине и тоа, па ќе се заседнеш во Ск и ти. После некое време сигурно нема да ти се враќа во родниот град. А замисли пак да не студираш и цело време да си дома, без дечко таму и сите другарки настрана ќе скапиш од досада. Тоа што те нервира цимерката е нормален процес, ние со домашните неможеме да се поднесиме секогаш а не пак со некој човек кој го познавате кратко време. За се треба компромис. За промена почни да размислушаш позитивно, почни да правиш работи кои те исполнуваат, излегувај на забави, журкај се, фати некој дечко или најди си симпатија, или почни да вежбаш нешто, фитнес, зумба што било. Инаку сите во животот поминуваме низ некои вакви периоди, не си ни прва ни последна. Уживај во младоста
@Anonimna098 se soglasuvam so Ellisa,samo bi nadopolnila,ako te nervira cimerkata smeni ja dokolku e vozmozno,ako ne najdi nacin i usoglasi si gi slobodnite aktivnosti taka sto da se razminuvate po doma.
Ви благодарам девојки, се надевам и јас дека е само период и дека што побрзо ќе помине. Сакав овој семестар да почнам и да работам, меѓутоа покрај факултетот не можам да помислам за работа зашто некој ден имаме премногу предавања, а некој ден по 2-3 саати. Измешан е распоредот и така да не би можела да фатам некој ред за работа. И сепак јас првенствено сум тука дојдена да студирам, па ако има време за друго Инаку вчера вечер ми се јави другарка ми и додека зборувавме (поточно нешто таа се жалеше) почна да плаче. И за мое големо изненадување и неверување ми кажа дека во скопје и било тешко. Дека ја фаќала депресија посебно кога треба со куферите да се качува по автобуси, сите како ја гледале а немало место и сл, и сето тоа го кажуваше со плачење.... Нормално и јас и се отворив и кажав дека и јас така се чувствувам, на почеток не веруваше мислеше само ја тешам ама на крај сфати дека сум сериозна. Па така почнавме повеќе да зборуваме околу тоа, а јас уште не можам да поверувам дека не сум сама во ова. Морам да кажам дека стварно сега ми е полесно кога знам дека не сум само јас така. Вчера ми беше многу тешко затоа решив да се обратам тука, и во исто време и другарка ми ете призна незнаејќи дека и на мене ми е така. Сепак сите сме со различни карактери, некои уживаат да се далеку од дома, некои се повеќе приврзани... А за цимерката спомнав дека се сложуваме. Еве денес скоро цел ден бевме заедно, пазаревме, се шеткавме, се зезавме. Девојчето е добро, фино, не пие, не пуши, не носи дечковци (како што прават некои цимерки) единствено во кое не се сложуваме е дека таа воопшто не спие, значи може да функционира и со 4 саати сон, а јас сум сосема спротивна, голема сум спанка и се ми смета околу мене. Малку да заврти лист од тетракта јас се будам ете до толку лесен сон имам. Плус дома сум научена сама во соба, а овде ја делам со неа. ( знам дека е глуп проблемот, некои седат и по четворица во соба) Ама како што кажа @Elissa со домашните не можеме да се погодиме, а не со други. Ќе издржам некако уште 3 месеци, па за после здравје. Ви благодарам уште еднаш на советите
Во последно време сум многу, ама премногу агресивна кон секој и секого... Малце да ме изнервира некој, ќе почнам да се дерам, НЕСВЕСНО. Кога ќе се освестам веќе отишол возот и ако се обидам да им објаснам, не ме разбираат. Зборував за проблемов со мајка ми, но не ми помогна баш најмногу. Се изразувам, пишувам, сликам, цртам, скулптурирам но не помага. Длабоко во себе како жар некој да имам, малце да се потпали цел оган се прави. Пред некој ден ми се случи на татко ми да се издерам така и знам, не е на арно ова... Ако продолжам вака, може и довербата во блиските да ја изгубам, а нема да бидам свесна кога ќе ја направам грешката. Ми се случува и на другарки да се издерам, па и малце да згрешат. Како да го исконтролирам бесот во мене?
@Papillon.Papi дали си забележала кога,во кои ситуации ти се јавува тој напад на бес?дали ти се јавува непосредно пред да добиеш менструација во деновите на предменструалниот синдром?Или небитно од деновите пред менструација ти се јавува?Дали си под стрес поради училиштето?Јас ти препорачувам да пиеш апчиња витамински Бедоксин Б6 против нервоза исто и Белмиран Дан или Вамекс на природна база од валеријана за смирување.И задолжително да одиш на психолог или ако треба на психијатар за да ти помогне да го исконтролораш бесот.И секако,избегнувај ги луѓето и ситуациите коишто те вадат од такт и те нервираат за да не те полнат со негативна енергија.Биди упорна и ќе го победиш бесот со текот на времето!Среќно!
@atala Небитно од деновите, многу лесно се нервирам и ме нервираат некогаш и ситници... не сум под стрес воопшто, супер живот имам. Ќе одам било каде, само да го снема бесов зошто не можам веќе, не само дома, секаде каде што сум има караници заради една ситница што ме изнервирала. А, ако ги избегнував луѓето што ме нервирале, би требало специјална планета за мене само да си најдам и таму да бидам изолирана. Благодарам за поддршката и советот.
Прв пат пишувам во темава и се надевам ќе ми помогнете. Вака имам една другарка која може да се нарече и најверна. Повеќе јас и каживам моите проблеми отколку таа нејзините во врска со љубовта.Имаше еден период кога ептен се зближивме секаде одевме заедно но не можеме да правиме сешто бидејќи нејзините родители се строги и и дозволиваат излез до 11 а имаме по 16 години, ни јас не сум многу сјајна ама не сум толку воздржана од страна на моите. Мајками пред некој ден баш ме погоди во срце и решив да пишувам овде. Ми рече абе ти имаш другарки? Јас велам да и ми вели па никогаш не сум те видела да ти доаѓаат дома. Доведуваш само некои школски што ти се повеќе пријатели и познаници. Другаркава ретко ептен ретко ме повикала дома пред некој ден и велев да учиме заедно ми вика ее да бе мош...никогаш се немаме гушнато, пред некој ден ја викам за излегување ми вели неможам, ја викам да гледаме претстава несакаше. На телефон не си збориме само ми цвони кога има потреба, еднаш ми се налути за ситница бидејќи и реков ти си луда.. боже сачувај. Си пишуваме ептен ретко еднаш во денот или ниеднаш зависи кога сакам да ја прашам нешто само ми вели незнам, ќе видам и ми одговара кратко. Кога ги гледам другите девојчиња што прават со најверните другарки ми иде да заплачам се гушкаат си разменуваат облека во што е проблемот како да ја опуштам ?
Јас пред 2 години имаав таква другарка. Значи во школо цел ден заедно, сите тајни си ги знаевме, а за викенд никако неможев да ја натерам да излеземе. Цела учебна година заедно, преку лето немавме никаков контакт, еднаш се видовме. Кога започнавме со школо ми рече дека се зближила пак со нејзнината бивша најдобра другарка. Ме викаше и мене со нив ама повеќе не беше тоа,тоа. Јас за инат се зближив со нејзината најдобра другарка и до ден денес се уште сум со нејзе, а таа фати дечко и веќе не се дружи со нас. Мислам дека оваа твоја ,,другарка,, мисли само за себе и не и гајле за ништо,а ти се јавува само она кога има проблем, со такви ништо не бидува. Или можеби има некој проблем од дома....ама разговарај со неје, и кажи и се отворено.
Јас имав многу вакви другарки, ако всушност можам да ги наречам другарки. Во училиште постојано бевме заедно, ама летото, никакви контакти не одржувавме. Само еднаш имаме излезено навечер. Не разговаравме по телефон, не се допишувавме на фејсбук, ништо не правевме, како ти што велиш, што прават другите девојчиња со најверните другарки. Полека започнав да се оддалечувам од нив. Ни во училиште не контактирав премногу. Зближи се со некоја друга другарка, која ќе те разбира.
Имам една порано бевме скоро најверни кога почнавме средно заедно ама почна и таа да се одалечува има и една друга најверна и плус од село е баш летото не е овде во селото си е. Има и други другарки со нив оди по дискотеки мене тоа не ми е дозволено за жал.
ве молаам за совет потребен ми е од сите мора да се променам карактерот ми е заникаде многу сум избувлива се што ми е на ум мора да кажам без да избојам до 10 моите дома ги повредувам се расправам нонстоп и на крај ке зажалам за тоа ама касно е веке сум кажала работи што нетреба многу сум нервозна незнам какво чаре да тражам а имам само 23 год... изгубив многу работи ради тоа однесуванје и дечко и се стојам во место секој пат велам ке се контролирам но неможам посилно е од мене проблемов е многу поголем отколку што мислите секој совет ке ми биде добредојден и од помош... се чуствувам многу лошо се плашам да не останам вака па да патам во животот многу..од нервоза сум почнала и да се нафрлам по телото да влијае на здравјето за се се грижам што ако биде вака што така....има ли некој страни во врска со однесуванје каде нешто можам да научам... благодарам однапред за секој совет.
Најдобро од се во ситуацијава е што ти си целосно свесна за твоето однесување и самата знаеш дека ако го промениш се би било поинаку. Е па гледаш, се зависи од тебе, горе кажа дека не броиш до 10, сега за промени почни да броиш, после 10 нема да го кажеш тоа што си го мислела предходно. Сето тоа што лошо се однесуваш те прави уште по нервозна оти после се каеш. Затоа самата ќе си почнеш смирено и полека, гледај да не избувнуваш. Провери на google сигурно ќе најдиш да прочиташ книги, совети, мислења искуства. Или купи си книга од некоја книжара, па и немора да е некоја психологија, и роман да е пак добро ќе ти делува. Мислам оти ми ја свати главната поента, сама на себе ќе си помогнеш, можеш .
Имам уште еден проблем. Во училиште имам малку проблем со 4 девојчиња тие се во друштво и се караат скоро со сите а сега на мене се нагледале едната посебно си живеев до пред некое време а сега почна да ми оди контра. Има во нашиот клас еден бивши симпатија кој по некое време ми се пушташе ама јас имам дечко и си го сакам ама ете некогаш се случувало да ме бакне во образ иако јас тоа го неќам и одма оваа на мене ми вика не ти е срам ма имаш дечко јас и велам не го бакнав јас туку он и почна пак да вика по мене, па ти си крива што не го удриш ама на тебе ти годе тоа што те бакнува . Ме вика дека сум била лигла оти имам поопуштен карактер и си зборам со машките а за неа тоа е пуштање. Денес пак нешто она се закачаше со еден школски и јас ја погледнав и ми вели што ма и викам цц засрами се на мене велиш дека јас сум се мотала со машки и ми пријде почна да ми надига мо вели ти тоа што го правиш соо... никој не го прави уф неможам да ја поднесам веќе . Да напоменам дека имам слаб карактер и сега цел ден ќе се нервирам заради ова и незнам да се карам се чувсрвувам глупаво бидејќи сакам да и ја затнам таа муцката голема.
Ќуууути, јас не со една.. со 2 такви се справувам. За се' мрчат, но имам добри објасненија. Ма да не заслужуваат објасненија тие. Едноставно игнорирај ја, не ти е потребна, нема ни да ти потреба. За мене зборат дека сум дроља, ороспија, јас со машко 2 чекора растојание сум... али ај, луѓето зборат, колку и да си совршен. Затоа, сврти се и почни да правиш муабет со соученик/соученичка, ако не ја слушаш што зборува, најмногу ќе ја уништиш.
вака ... имам пробелем со лажни профили од фб.. однсно сега скоро дознав дека ми пиши бившата на дечкоми ... и ништо посеебно не пиши ама ме напнува .. и предходно имав пишано можи ви сум досадна ама ств незз со да прам .. дали да и пишам на нејзиниот профил или ништо да не реагирам... а таја пиши и ме блокира никако јас не мозам да му писам