Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. buffalo

    buffalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Машки
    :clap::clap:
    :clap:
     
  2. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Имам само 17 години.....прво ќе започнам од љубовниот живот. Пред некој месец раскинав 1ипол годишна врска со дечко кој покасно сфатив дека не вреди за мене. Не знам и јас како ама ете овој пат бев многу одлучна и не попуштив, значи ете го преболив и навистина не мислам на него.
    Периодов сум некако чудна, после долго време засвиѓав др.дечко, на почеток се беше ок, ама како поминуваше времето сфатив дека ми стана некој вид на опсесија, мислев на него, сакав да испадна во град за да го видам него, и бидејќи другарка ми се има со него, таа му даде до знаење дека го свиѓам, а и тој ја распрашувал за мене. Јас навистина се израдував, кога се гледавме во диско доаѓаше, се поздравуваше, ми се насмевнуваше, ама работата е тоа што освен ова тој не презема ништо. Неодамна дознав дека пред некој месеци раскиал со неговата бивша, и дека уште ја сакал, ете ова ме скрши. Може нема да ми верувате ама навистина повеќе ме болеше за овој дечкото, него за бившиот што раскинав. И ова е најглупавото кај мене, мн.брзо се затрескувам, а брзо можам да преболам и да се впуштам во нешто ново. Ама ова прв пат ми се случува, како е можно да станам толку опсесивна со некој што не сум имала нешто, да мислам само на него, и да ме боли ради тоа што тој не презема ништо.....
    Понекогаш се прашувам зошто ова ми се случува......сите другарки се во врска, кога излегувам доаѓаат и нивните дечковци, и ретко да испаднеме сами, не можам да го сменам друштвото, а бидејќи живеам во мал град, немам ни избор за испаѓање. Значи за љубовниот живот ми е за никаде, се чуствувам толку осамено и глупаво, па дури веќе и никој не ми се свиѓа.

    За другарките, ги имам 4 така што сме најблиски. Двете имаат ,, сериозни,, врски и повеќе се со дечковците, другата откако раскина излага со кој ќе и текне, не зобрам за 2-3 туку за 15, можда се и повеќе, повеќе не можам да ја препознам, и зборам и секогаш сум тука за неа во најтешките мигови, ама се е залудно. Другата може да се каже е онаа која е најмногу слична со мене, со која се разбираме и без зборови, и таа само што раскина, и наместо да испаѓа и да продолжи, таа се затвара дома и ме лаже дека се посветува на училиштето.
    Накратко моите другарки не се она кои беа, сега сите се расфлени на некои страни, и се јадат меѓу себе, а јас на сите сакам да им направам добро, и секогаш кога ќе се скараат јас не можам да одберам ничија страна, неможам повеќе да го издржам ова, неможам,не сакам да сум во средина, ако не застанам на нечија страна мене ме јадат, ми се лутат, и јас зашто немам избор принудена сум да ги лажам и кога сум со едната да ја подржувам неа.....јас не сакам да се караат, ама нема вечер да испаднеме а да не се скарат за нешто. Онаа која ја мислев за најдобра, што најмногу ме сваќаше, таа која се затвори дома ми се налути затоа што јас не сум ја прашала како е. Верувајте девојки 2 викенда по ред, не испадна од дома, и си реков веќе не ни се јавувам ќе чекам на нејзе, и откако направив така, таа ми рече дека јас не сум била таа што бев. Кога и реков сето ова што го напишав тука, ми рече дека другарките не биле само за излагање натаму-наваму, и дека не треба да се лутам ако сака да посвети на училиштето. Какво е тоа посветување, ја познавам најдобро, и знам дека секој има 1 час во денот, за да одвои врме на некој кој му е битен, а да не зборувам зарем во 12часто навечер ќе учиш, и цел викенд нема да излезеш од дома?
    И мене ми е тешко, и јас доживувам невозвратена љубов, и го гледам бившиот секој ден, и др.другарки ме извисуваат за еден дечко кои и самите се свесни дека не вреди, ама јас се борам, излегувам, се дружам без разлика што овие другарки не се сјајни, научив дека суров е животот, и без разлика на се, ги знам од мали, и покрај се јас пак ги сакам многу.

    За семејството, јас немам ни брат ни сестра, живеам со мајка ми и татко ми, а до нас моите роднини кои стално се расправаат, со братучетка која секој ден ја гледам, и наместо да ми биде некаква подршка, таа е многу лоша. Баба ми и дедо ми, нив многу ги сакам, ама како поминуваат деновите, дедо ми е се во полоша состојба, и се плашам дека ќе го изгубам, и ако се случи тоа јас нема да знам како ќе продолжам. Друго што ме изнервира, во школо, учам со девојчиња кои се безобразно злобни, ама се справувам и со нив. Во школо, каде што и да учиш и да не учиш ги добиваш истите оцени, каде што немаа правда, кога те споредуваат со некого кој ќе дојде еднаш у месец на тест, и ќе ја има истата оцена како некој што ќе ја тупи секој ден.Училиштето е заникаде, исто и професорите, се е за врски, и со врски.....
    Пред некој ден имавме час по педагогија, и професорката рече дека во семејство кое има само 1 дете, тоа дете секако ќе биде разгалено, и подоцна ќе се развива полошо, дека секогаш потпора ќе му биде семејството. Тогаш се потсетив на мене, никој не знае како е да бидеш единец, да немаш никаква потпора, сама да се справуваш со се, и да се правиш како ништо да не е.....

    Ете накратко мојот живот, т.е знам дека е само период и ќе помине, ама не знам веќе како да породолжам,од каде да добијам сила, се трудам да бидам позитивна и оптимист, ама секој ден ми се случува нешто ќе ме разочари, не можам повеќе. Не знам за што да се стремам повеќе, за училиште кое нема правда, да чекам да дојде викенд, и да си поминам глупаво или пак да застанам во средина, обидувајќи се да ги смирувам, и накрај да ми плеснат в фаца дека сум себична, за дечкото кој не ме примеќа, за што, за што?
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @mila7 стреми се кон себе, кон исполнување на тоа што вистински сакаш да го постигнеш и што ќе е за твое добро. Јас сум во слична ситуација, односно, меѓу другарки кои што ми прават лице сум. Немам потпора, иако имам сестра, блиски братучеди (психички), мајка и татко кои потполно ме разбираат и сакаат да бидам успешна. Злобните луѓе никогаш нема да можеш да ги избришеш во светов, зошто, нели, ако не беше мракот, не ќе се гледаа ѕвездите што светат. Така и тука, да не беше лошото, немаше да се гледа доброто. Ни јас немам најблиска другарка, па потпора ми е изразувањето на чувства преку лист хартија. Не се грижи премногу за што ќе се случи во иднината, точно дека треба да пазиш што правиш, но кога ќе се стремиш кон твоите цели, кога ќе се стремиш кон себе, тоа ќе биде далеку од себичност, тоа ќе биде самопочит. Тие што ќе зборуваат, остави ги да зборуваат, ничија е работата да им се лепат со трака големите усти.
     
    На okcenzi, mila7 и Purelove92 им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Срцки сами ако не си помогните, никој нема да ви помогне.Денешно време неможе на никој да се рачуна а и јас лично не би сакала да рачунам на некој или да зависам од неговото мислење или совет,зарем во ова тешко време на не лојалност и корист барате вистински пријатели?За жал
    1503426_10152587054575345_5730033309567513003_n.jpg
     
    На blond.bunny, tiesto, mila7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Прочитав еден пост погоре, демек се било во врска со дечковци, еве сега и од мене еден, и проблемов баш не е мој, за другарка е, а баш и не се работи за конкретен дечко, односно уопште за дечко..
    Загрижена сум за другарка ми. Цел живот се дружиме пет девојчиња, сме поминале низ милион семејни срања заедно, низ средношколски љубови заедно, низ смртни случаи, низ америки, низ манијци професори, низ прекини на 5годишни врски, плачење и смеење заедно буквално за се, еве сега за прв пат и поминуваме низ прва напорна вистинска работа... :)
    Во средно, во тие години, секоја од нас се снаогаше како знаеше и умееше со својот изглед, со градење на личност, со фаќање дечковци, некоја послободна, некоја позатворена, некоја во лошо друштво и слично. Е сега девојчево, кога бевме на крај од средно се гледаше со едно типче и се заљуби, имаше драми, тој не сакаше врска нешто такво, али знам дека ја повреди, бидејќи се поврза со него, а во принцип многу тешко се отвара, таква личност е. Од тогаш па навака веќе 6год немала ништо посериозно, едно гледање со еден дечко, во неколку месеци. Потоа некој друг ќе наиде па со него ќе излезе на кафе еднаш, два пати и ништо нема да има неколку месеци. И така веќе 6 гоdини. Последен пат кога се гледаше со еден, и го сврте филмот дека сака да е со неа (а излезен од 7год врска) и после три гледања, на четвртото муабетот му беше абе јас не сакам врска, сакам лабаво да ми е. Мислам дека губи самодоверба поради ваквите работи. Не сака да разговара многу на темава, али мислам дека ја боли и кога ќе седнеме сите на кафе и ќе ги кажуваме нашите среќни моменти, нашите кавги, нашите глупости, од нашите врски, нормално низ муабет ,а не надвор од тема. :) Немој да мислите дека ние што сме во врска па само седиме и за тоа збориме, али се случува да седнам и да раскажам колку ме изнервирала постапката на дечко ми, или како сме си поминале во грција, или другаркава да раскаже како не ги може другарките на дечко и, или мајка му што и кажала, како ја погледнала и сл.. Не сака да излегува со девојките што се сингл, а ако излегува треба да е пивната за да може послободно да разговара со некој момак и многу пијана за да се сплетка со некој прв пат. Кога сме кај излегувањето, веќе не ни сака да мрдне од дома, подобро и е да си гледа филмови и да си седи во пижами. Мислам дека е падната во депресија малце, не сум психијатар за да знам точно, али така ми се чини. Дури и мајка и ја тера да излегува од дома, ништо не и е скратено, имаше ситуација кога и забрани еден петок да се врати дома по кафето, па беше приморана да дојде со нас во дринкерс, па во хавана.
    Значи не сакам некој да ме сфати погрешно, дека јадам гомна тука за другаркава што не може дечко да фати, бидејќи не го правам тоа, и воопшто не мислам дека не може дечко да фати.
    Друга работа е што мислам дека сака само странци и затоа не им дава шанса на нашиве убави момци. Со нив е многу поотворена, се зеза и разговара нормално. Дури и сестра и онака низ заебанција, додека разговаравме ми рече, абе она само за странец е.. Не, не е. Бар јас така мислам. Она со македонец не оформила врска, па со странец ќе оформи што има крајно поразличен менталитет и различно е одгледан и се останато. А и повеќето странци знаеме за што се овде дојдени, дури и имавме дечко странец во друштво, цела година, па ја гледам другаркава, уште е во македонија и 100пати го проколна зошто и го скрши срцето. Не знам што повеќе да пишам, барам совет од лично или блиско искуство, како да и помогнам, бидејќи не сакам да паѓа во депресии и да се комплексира дека не може да фати дечко. И велам дека се комплексира, бидејќи сите ние имаме сомнежи во себе, па самата јас се имам убивано од плачење за тоа како не можам еден нормален дечко да фатам зашто сум дебела идиотка што не е убава и не е социјализирана, а нормално не е така, зашто имам супер дечко веке две ипол години, е сега што сум дебела, дебела сум.. :) Фала и поздрав.
     
    На mila7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Размислував многу.....ги прочитав вашите совети и фали ви што на некој начин ме утешивте.
    На онаа другарка и напишав едно писмо кое и признав се, и се смиривме, ми призна дека згрешила и разговаравме. Навистина можеби ќе ви е чудно ама јас нејзе ја знам од забавиште, секогаш сме биле заедно и сме се бодриле за се,на многу луѓе сум простила, би ми било многу мака ако и го завтрам грбот, и таа не сака да излагаше овој период, ама се надевам дека ќе се смени тоа. Навистина ја сакам како сестра, со неа ми започнува денот, од заедно одење во школо, до учење, до се......а од година и во ист град сакаме да студираме. Вчера беше кога за прв пат се скаравме, за прв пат во животот, и навистина ми стана многу тешко, ама одлучив многу работи.
    Повеќе нема да се лутам ако не излегува, за ништо повеќе нема да се налутам и најмногу ќе се стремам кон себе и постигнување на моите цели, а нејзе ќе и простам, зашто и онака сум простувала на погрешни луѓе.....
    За другите другарки одлучив да им продолжам да им го кажувам она што сакат да го слушнат, зашто ништо не менува. Досега за сите нивни проблеми сум била до нив, сум ги слушала, и сум давала совети ставајќи се во нивна кожа, ама тие ништо не преземаат.Имам проблем и со една друга другарка, го знаете ли чуството кога вашата другарка го изневерува дечкото кој е предобар со неа, кој ја сака, а таа упорно ви вели дека е глупак невиден, дека не ја сака, дека сака да му дади шанса на бившиот, кога има совршена врска а бара совети од вас кога вие сте во најлошата состојба, а никој не го гледа тоа.
    Кажете ми што да правам со другарката која има навистина среќа во љубовта, ама тоа не може да го види зашто е заљубена во идиот, илјада пати и имам одржено лекција, дека не ја сака бившиот, дека има злато од дечко, илјада, а таа упорно ме убедува и мене и сабата себе. После некој ден сваќа дека згрешила, а после 2 дена повторно се враќа на него, и бара совети од што да прави?
    Се изморив повеќе, немојте да помислете дека сум себична ама се изморив, да го повторувам се едно исто цела година, затоа од денес, ќе им го кажувам на луѓето тоа што сакаат да го слушнат. Ќе и кажам дека што го сака бишиот нека тера со него, жал ми е за дечко и, зашто знам како е да бидеш изневерен.
    За дечкото кој ми се свиѓа веќе нема ни да го погледнам, и него ќе го избришам,нема ни да го примеќам кога ќе го видам,глупавата јас само му го зголемив егото, сигурно ќе ми се засвиѓа некој подобар, ништо на сила небива. За бившиот не зборам, и онака веќе го отсакав....
    Отсега ќе бидам таква како што никогаш не сум била. За жал мора да бидам посурова кон лошите луѓе за да не бидам повредена толку многу.
    ......Можда здосадив, знам дека нема што да се кажи, ама повеќе сакав да искажам некаде....
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @mila7 Не е себичност ако не помагаш со проватниот живот некому. Ако самиот не може да си помогне, ти најмалку можеш. Остави, равотите ќе си бидат какви што требало да бидат. Јас знам како и' е на другарка ти, односно сум се затрескала во погрешна личност. Навистина голем притисок се врши ако упорно се обидуваш да ја освестиш. Мене ми е криво што сум го посветила скапоценото време на непотребна личност, но и научив да ги ценам посебните луѓе, кои што ќе ја гледаат и мојата посебност, а истовремено и јас нивната. Само остави времето да ги среди работите. И извини што задоцнив со одговорот.


    @WarriorAngel И јас бев исмевана... Сите сме биле. Сега ми е дупло потешко што сум во друго училиште, односно таму сум ученичка и ќерка на наставничка, па пред мене прават лице, а зад грб ме исмеваат за тоа како сум одела, како сум седела, како тоа премногу ме интересираат животни... Сето тоа на некој начин доаѓа до мои уши и на почетокот ми ја намалуваше самодовербата, се осеќав грдо, се мразев... Но, потоа сфатив. Јас сум таква каква што сум и треба да останам таква. Сфатив дека сум посебна, исто како и ти, како и некој друг, дека не сум копија на некој, а и не треба да се обидувам да бидам. Во минатото училиште јас бев најслаба во физички изглед, а сите други девојчиња пополнички. Скоро сите мислеа дека сум анорексична, не знаејќи како е предизвикана таа болест, не знаејќи ги симптомите на таа болест. Тогаш и јас не бев доволно информирана за анорексијата, па почнав да се мразам себе, се мразев за тоа што јадев премногу, а не се дебелеев, се мразев што не можам да бидам како нив. Сега кога веќе се знам себе си, знам дека не сум анорексична, туку сум јас, а и си ветив дека ќе останам јас. Смешно ми е до ден денес кога ќе се потсетам што сум мислела тогаш, но дете како дете, несигурно, неинформирано, ќе си мисли дека другарките се подобри во се'.
    Остави го минатото зад себе, погледни се себе, ќе видиш дека си уникат и нема за што да бидеш искомплексирана. Запамти, убавината доаѓа во сите големини и облици, но што ја доградува е оригиналноста и необичноста. :hai:
     
    На Sunshine.Sunshine и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  8. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.182
    Овој проблем го имам околу половина година.
    Пред околу еден ипол месец правев трансплантација на срце, и поголема беше шансата да умрам од страв одколку од операцијата. За време на операцијата доживеав клиничка смрт, и тоа што тогаш ми се случи беше врв на се.
    Јас имам преголем страв од натприродни сили. Навечер не можам да спијам од страв ако не се покријам преку глава, кога одам некаде постојано се вртам назад за да видам дали има некој. Страв ми е да седам сама, да спијам, да се бањам, страв ми е да постојам кога некој не е до мене. Постојано мислам дека има некој дух и дека ќе ми направи нешто, дека ќе ме нападне вампир. За да биде ситуацијата уште поинтересна, нема вечер јас да не сонувам кошмари, дефинитивно не сакате да ви кажам што сонувам бидејќо ќе би бида страв да спиете после.
    Чувам лук до себе, се мијам со крстена вода, чадам со темјан низ куќата, секоја вечер се молам, ама ништо ме помага. Поминал ли некој низ ваков период, и како се справил?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    @waterllady Го имав сличниот проблем, ама далеку потрагичен... Трагикомкчен сега. Се плашев да одам во ВЦ случајно да не ми искочи чудовиште од ВЦ школката или чешмата... Не се шалам, озбилно ова. Но, после си реков "А, по која логика?". Исто и со духовите. Како така не ги гледам, не ги слушам, ни ги чувствувам, а можат да ми направат нешто? Нема теорија. Па од која материја се составени тие? Нелогично е да бидат цело време околу нас, а ние да не ја отриеме материјата од која се тие. Крстена вода, лукови, такви суеверни работи верувај, не помагаат. Јас преживеав со црна мачка дома 7 години веќе среќа ме прати, како што живее таа кај мене, така живее и мојата среќа. Соочи се, спиј со откриена глава, сама оди по дома, тешко ќе е на почеток, ама верувај, после ќе се смееш како што јас се смеам на тоа што сум мислела порано.
     
    На okcenzi и waterllady им се допаѓа ова.
  10. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Еве размисли логички, нема да те убедувам дека тоа не постои пошто веќе си убедена дека постојат духови, но еве факт е дека до сега никој не настрадал од дух значи нема потреба од страв и паника ете и да постои што може да ти направи? Ај од живи луѓе пак некако ќе сфатам некој да се плаши, до некаде логички е, но од мртви?! Што може мртов да ти направи кога е веќе мртов?! :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Јас како помала душа немав, ми беше страв од една во друга соба да влезам. Во темница не спиев никако, сама дома не останував никако, во купатило одев со подотворена врата и така. Со тек на време сватив дека се е до нашата имагинација и фантазија, како што рече мачкица, кој настрадал до сега од дух па да се плашиме толку. Јас веќе не се плашам да останам сама, да изгасам светло и слично. Сега дури и сама кога сум дома гледам хорор филмови сама. Е после филмовите обавезно сонувам кошмари се будам во сон страв ми е пак да заспијам за да не ми се повтори сонот ама точно знам оти тоа сама си го правам никој не ми е крив.
    И соништата и мислите сами си ги предизвикуваме.
    Ти за промена почни да мислиш на нешто убаво, амо останеш сама навечер пушти си некој смешен филм или музика, прави си муабет на тел, сурфај по нет, читај вицови и едноставно кога ќе е обземе страв помислувај на некои добри моменти фантазирај си нешто убаво.
    И за крај нека ти текне оти сите страдаме и патиме од живи луѓе, од нив повеке треба да се плашиме од реалните а не од замислените.
    Не се замарај, опушти се и уживај.
     
    На waterllady и mackica1 им се допаѓа ова.
  12. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.182
    Воопшто не сум убедена дека постојат духови и вампири, напротив, знам дека не постојат. Ама ете влезено ми е во глава. Во последно време пробувам да спијам без покриена глава, ама тоа трае најмногу 20 секунди, ме фаќа страв и повторно се покривам. На кошмарите им нема крај, не знам што да правам освен да чекам да помине овој период, ако воопшто помине (или не умрам од страв дотогаш).
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Знам дека е глупаво и на кого да кажам ми се смее, ама јас стварно не можам да спијам ако има некој во истата соба со мене (facepalm)
    Значи само да диши човекот мене ми смета, ужасно ми смета и не можам да спијам. Кога заспивам сакам да е потполна тишина инаку колку и да сум изморена сон никако не ми доаѓа. И со самата помисла дека нема да можам да спијам и наредниот ден ќе бидам изморена и без концентрација, се возбудувам, срцето ми чука брзо, се нервирам и уште толку не можам да заспијам.
    Некои гајле си немаат, и да урлаат во истата соба и тапани да чукаат ништо не ги буди...а јас? :@
    Дали некој има сличен проблем? И другарка ми кажуваше дека и сметало ама мислам дека како мене нема никој.
    Ова дефинитивно некое пореметување е (facepalm) Само не знам како ќе терам вака општо во животот.
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мене како мала на бајачка ме носеа од уплав. И јас цело време сонував кошмари и бев преплашена, оди и ти ако имаш каде, мислам дека на тебе барем на психолошко ниво ќе ти помогне. Јас мало дете сум била не сум разбирала, ама зошто да не пробаш.
    Втора варијанта е, земи на лист нацртај се што те плаши. Буквално се од што се плашиш, и потоа изгори го листот, или фрли го. Ова мислам дека е психолошка техника што се применува кај мали деца, со цел да се ослободат од стравот, и најчесто помага во такви случаи.
    Или трето, можеш да одиш на разговор кај психолог. Можеби нешто внатрешно те мачи, со оглед на се што си поминала, нешто потсвесно. Распрашај се, и низ форумов има теми за психолози пиши некое мислење.
     
  15. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    [Здраво @wUOTE="waterllady, post: 2368046, member: 89063"]Воопшто не сум убедена дека постојат духови и вампири, напротив, знам дека не постојат. Ама ете влезено ми е во глава. Во последно време пробувам да спијам без покриена глава, ама тоа трае најмногу 20 секунди, ме фаќа страв и повторно се покривам. На кошмарите им нема крај, не знам што да правам освен да чекам да помине овој период, ако воопшто помине (или не умрам од страв дотогаш).[/QUOTE]
    Здраво @waterllady, кога го прочитав твојот пост ме потсети на мојата другарка која имаше сличен проблем на твојот. Таа стануваше и легнуваше со една мисла дека ќе умре, си мислеше дека е болна од некоја болест и слично. И беше страв да спие, сонуваше вампири и се будеше цела облеана во пот, нејзините ја однесоа на бајач али ни тос не и помогна. После тоа одеше на психолог едем месец и таму разговараше за се што ја мачи и сега е супер. Исто и даде психологот навечер да пие капки валерија и во текот на денот да пие чај од маточина и кантарион со мед. Ти посакувам побрзо да го надминеш овој проблем кој њ стварно исцрпувачки. Поздрав
     
  16. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    Што кога имате лоши периоди, и некако се справувате, но имате другарка која е спротивна на вашите мислења, ви носи едноставно негативна енергија, но покрај се, вие пак премижувате, од тоа што ви е драга и се надевате ќе биде добро.
    Вака, имам 17 години, раскинав со бившиот кој идев 1 година, го преболив некако, се затрескав во друг, кој не ми обраќа внимание, пак сте скршени, се борите да станите личност кој мора да биде издржлива во тешки периоди, па некои мали проблеми во семејството, па намалената самодоверба, лицемерни пријатели во школо, и накрај сконцентрирање за учење, зашто сакате да постигнете успех, учите а некој онака си доаѓа и си има врски, и на крај повисоки оцени и ода вас......сваќате се е со врски, сите се толку лицемерни и гледат само за себе, и покрај тоа паѓате и станувате и се учите дека има само лоши периоди, а животот е убав ако самите го правиме.
    Но покрај вас се наоѓа другарката која не сакам да се изразам ама м ќе морам, ВЕ ЗАМАРА........и ви ствара негативна енергија. Другарка која ќе се налути кога нема да сакате да одите во Петок во тој кафич зашто не сакате да видите некој, другарка која за да не биде сама, и не може да преболи еден дечко, утеха ја наоѓа во испаѓање со др.дечи,и се одново и одново се врти. Вие и помагате и и укажувате ама таа тера пак по свое. Кога имате учење зашто сакате да постигнете успех, а таа ќе ви дојди на врата, ако не испаднете секкао ќе се налути, ќе ве обвини дека сте себични и се тоа, а таа не се замара ни за школо. Кога и викам, јас веќе не го сакам веќе бившиот, мн.сум среќна, а таа ќе ви каже: хаха како не, не може да заборавиш толку лесно....Кога се прави се да знае, кога едноставно сака да ве контролира, и кога ќе кажете НЕ вие не сте другарка. Кога за едно излагање планира уште од Вторник, и уште тогаш си прави планови, и не сака да имате др.мислења.
    Понекогаш се чуствувам самата дека сум себична, си викам што ако грешам.....ама таа не сваќа.
    Јас имам свој живот, јас одлучувам каде сакам да одам, што сакам да правам, еднаш, двапати ќе и одам по кејф, ама не и третиот пат.
    Кога има и др.добра другарка како мене, ама нејзе не и се лути кога нема да изл со неа, пред мене ќе ја озборува а кога ќе бидиме сите 3 заедно најдобро со неа.
    Не сака да имам др. подобри другарки, си мисли дека таа е најдобра другарка за мене.....
    И покрај тоа што и на вас ви е тешко, таа само се жали нешто, и кога нешто зборува, зборува во множина.. Еден ден ви вика, тој е добар дечко, др.ден, мислам да не се замраш со него.
    Не можам повеќе....
     
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    @Si-lala мораш да ја избегнуваш таа другарка што те замара и што те полни со негативна енергија,нема друго чаре,така се постапува со негативните луѓе!Со текот на времето кога ќе завршиш средно училиште ќе запознаеш нови луѓе на факултет и нови другарки,а неа ќе ја заборавиш!Ти си се обидела многупати да и објасниш дека работите не се такви какви што таа ги замислува,ама таа не те слуша,таа што си има во главата тоа е,нема друго,така што не вреди да и објаснуваш повеќе,батали ја,не ти треба штом не те почитува!И кажи им на родителите исто дека другарка ти многу те нервира,може ќе ти дадат поддршка како полесно да ја тргнеш на страна и на брат,сестра,братучеди ако имаш,можеш и помош од школски психолог да побараш исто!Не си обврзана да го трпиш нејзиното малтретирање по секоја цена ако во вашиот однос изумрело сето она што е убаво!Некои контакти и другарства опстојуваат со текот на времето бидејќи и двете страни вложуваат во нив,а некои,пак,со текот на времето спонтано се гасат и пропаѓаат!Луѓето спонтано заземаат различни насоки во животот и тоа е сосема во ред!Сврти ја енергијата кон тебе и кон твојот живот,а неа батали ја бидејќи не заслужува воопшто да се замараш со неа затоа што не вреди ниту како другарка ниту како човек воопшто!Поздрав и се најдобро!:hai:
     
    На Si-lala и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  18. hulii

    hulii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    ми треба совет слободни пишете во поракаа
     
  19. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Луѓенца незнам што се случува со мене во последно време,се чувствувам осамено,не ми се оди во училиште и онака на никој не му текнува од "другарките" да ми се јави да ме праша зошто не сум дошла во школо,како сум.Тешко ми е тоа што не му текнува на никој за мене.Како да сакаат сите да не постојам..Незнам како да не размидлувам за реалноста пробав разни начини но залудно.Има ли некакво решение? :/
    Благодарам однапред
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Да те прашам само, за кој живееш ти? За себе или за да те рецнат другите? Знаеш колку посреќна би била со тоа што ќе нема да ти зависи среќата од другите луѓе? Девојко, никој не ти е потребен за да го живееш животот, доволни сме си самите себе. Од тебе зависи твојата среќа, ти си таа што одлучува дали да биде среќна или не. Осаменост секој доживува повеќе од 2 пати во животот, тоа на некој претставува проблем, но не сфаќаат дека ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЛАГОДАРЕНИЕ НА МРАКОТ. Што сакав да кажам е дека дури и работите кои ги сметаме за лоши, прават да се извишиме, работите кои некогаш не правеле тажни, во иднина ќе не' прават благодарни што сме ги доживеале.

    Така и кај тебе, биди благодарна на осаменоста, таа прави да најдеш време за СЕБЕ. Ова ти го кажувам како интроверт, па не знам дали ќе ме разбереш бидејќи ми личиш на екстроверт, според тоа што не ја сакаш осаменоста, а јас ја гледам како привилегија. :tmi:
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.