Е не се обврзувајте која вероисповед е и националност зошто одма така се факјате верски смислата мислам дека беше друга што е по вероисповед
Да Адина не знае како е, иако е муслиманка ама ти што си видел еден случај знаеш. Не е ни тоа поентата на муабетов. Што и да си по националност или вероисповед, животот е твој. Изговори се тоа дека од дома те тераат. Ако сакаш нешто, ќе се бориш. Ако не се бориш, не сакаш доволно.
Значи јас не осудив ни една вера да не се сватиме погрешно,јас само прашав која вера е.Јас ја почитувам муслиманската вера и имам доста пријатели муслимани,јас не реков ништо против верата,само ме интересираше која вера е.
Не сите ама 50% да,и тоа е многу жално.Еве сега колега даде девојче а само еднаш го виде зетот,кој сака нека ме осуди ама јас сум премногу против тоа.
Najprvo ti blagodaram so mi ja pocituvas verata... Drugo,te citirav zs smesno bese i ne mozev da najdam pricina i povrzanost na postot na Hajdi so nejzinata veroispoved.. Licno, poprvo bi prasala za koja partija glasat,poso neli partiska knishka,rabota,pari...popovrzano e de (mala shala,sekako) Imaj ubav den
Нема зашто да ми се заблагодаруваш јас ја почитувам секоја религија на светов,значи кажав само што ми смета и што не е во ред според мене.Јас ни тебе те нападнав а ни некој тука на форумов,чисто онака прашав што вера е ме интересираше.Секој има право на живот и да си одбере која вера ке биде,тоа си е негово јас тука неможам да се мешам,чисто инфо сакав само што вера е.Фала имај и ти убав ден,нека е со тебе алах секогаш
Поглупаво нешто не сум пρочитала... вие со ова ρазмислување од главата си патите а не од сиρомашните луѓе! По малκу и те сожалувам исκρено затоа што паρите денес ги имаш утρе ги немаш. Што по дифолт сите што се сиρомашни споρед тебе се гρди?? Или цел свет ти е κρив што си со богат ама гρд дечκо? Испод част ти е да бидеш со неκој што не му оставиле мама и тато милиони?? Ниκој не ти е κρив тогаш... Животот е маќеа за луѓе што немаат κρов над глава, за луѓе што немаат паρи леб да јадат, за луѓе што стρадаат од семејно насилство, за жени силувани злоупотρебени, за деца без ρодители, за неκој што ρаботи κаκо κоњ дење ноќе и паκ неможе да си дозволи неκои ρаботи, а κон тебе мила животот очигледно ниκогаш не бил маќеа па не го знаеш значењето на тој изρаз!
па никој не може да нареди сиромашен со сиромашен богат со богат...а шо ке биде ако богатио стане сиромашен ....тука нема правило не се цени човекот по тоа колку има материјално ако нема духовно во него ..така да ..
Па ај заболи од рак(не дај боже) може тогаш ке сватиш колку си била срекна што си здрава. Извини на дрскоста ама немаш ни грам мозок па не е ни чудо што не те сакаат машките.Спушти се на земја може и не си толку убава како што се замислуваш. А тие грдите што ги нарекуваш...грди ама со карактер се,со чувства,смисла за хумор...имаат нешто што ти го немаш.И затоа се посрекни Хејтерите ке ме нападнат сеа ама баш ми е гајле.Искрена бев...
Навистина чудно што ова ти се случува? Бога ми со вакво размислување... карма очигледно... Не значи ако си богата и убава по дифолт дека треба да си среќна, а сиромашните да патат. Секој со чисто срце е среќен човек, а ти очигледно е колку си површна и трула. Полна си со огорченост затоа и животот ти е таков... Убавината е релативна работа, тие ти што ги сметаш за грди на другите луѓе им се убави, додека пак ти лепотицата на многу луѓе очигледно си им грда. Богатството како и сиромаштијата се исто релативни, денес си на врвот утре на дното. Посети психијатар и опрај се додека ти е време. Збеснати дечишта .
Мислам и претходно имаш пишувано на Ти што сакаш од животот сама не знаеш дека се имаш и се ти е добро веќе сакаш да имаш и невозможни работи. Доколку владееш со планетата земја и тоа ќе ти биде малку ќе побараш да владееш со цел универзум
Мислев дека сум грда, сите велеа дека треба да имам самодоверба и еве конечно кажав дека сум убава и пак не чинам што и да кажам. Фала ви барем што ми ја кажавте вистината дека сум грда. И прочитав разни измислени работи тука. Ок е да кажете дека си имам проблем, ама да се пишуваат работи што јас не сум ги пишала пр имам грд ама богат дечко. Како прво никаде не реков такво нешто, како второ да беше така ке бев многу посреќна, а како трето не може некој богат да е грд. Зошто? Затоа што со парите што ги има и операции ќе направи и најскапа облека ќе купи. Не ви замерувам за навредите, ама ве молам не измислувајте. Иначе, кон мене колку е суров животов не знам спрема кој е таков, не верувате бидејки не сте во моја кожа.
е ова веќе е врв на глупоста и после ќе им правиш операции и на децата и на внуците сите да бидат убави?? или најскапата облека ќе ги направи убави?? Убавината е пролазна работа девојче и парите се пролазна работа, денес ги имаш утре ги немаш, и скапата облека не го прави човекот ништо подобар, другите квалитети го прават човекот - ЧОВЕК!
Па ти почна со навреди и како очекуваш да не си навредена?Јас мислам дека се наоѓаш во некоја твоја измислена илузија заради ете како што објасна мислеше дека си грда и за да го прикриеш тоа мислите ти се сведоа на тотално споритвни вредности од вистинските, материјалното нема да те направи среќна.Дечко ти ако е физички понепривлечен од тебе и тоа нема да те направи среќна.Така не се стекнува самодоверба...познато тие ова?Животот твој моментален заради комплексот на пониска вредност, пробај биди малку сама и среди си ги мислите, немора да имаш дечко некој период, доволно си голема за некој да управува со твојот живот но ако имаш мислење за себе дека си физички непривлечна никогаш нема да ги надминиш овие размислувања ќе потпагаш по туѓо влијание и потоа ќе плачеш зошто некој управува со твојот живот.Земи зацрврсти се малку и ќе стигнеш до целта-твојата лична сатисфакција ама онаа вистинската. За останатото не сакам да коментирам оти ќе треба да сум бидам груба,а не мие денот.Се надевам ќе успееш Хајди.
Што ти фали еве кажи јавно. Пардон на принцезата и фали нешто што уште не е измислено. Ти рече дека богатите ќе прават пластични операции се по список ли ќе прави операција а тоа со облеката облеката го прави човекот човек или срцето и душата какви му се
Освен Мокта на потсвеста - дали би препорачале некоја друга книга, да самоспознавање, позитивна енергија и ................. и на Хајди да и препорачаме и на други