Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Хахха смешно ми е жими се. Од една страна сите велите дека сум грда а од друга да верувам во себе.
     
  2. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Кој ти рече дека си грда ама и ти премногу леташ во воздух навредуваш а сакаш да не бидеш навредена размисли малку па после одговори
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    "Сафари духа" и ќе заборават на Грдост.
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Треба да веруваш во себе, али тоа не значи дека треба да ги исмејуваш другите дали биле грди или сиромашни!

    10421634_482853651855146_6157682522883413375_n.jpg
     
    На JustFun, eloves, presiosaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    @Hajdi22 ова 22 е бројот на твоите години?
    Сакав да кажам ако имаш толку години и имаш ваков став ти дете си „зарибала“ во животот.
    Се однесуваш садомазохистички и спрема себе и спрема другите.
    Треба да знаеш дека ТИ и само ТИ си одговорна за себе и за својот живот.За сите свои успеси и порази.Бори се за тоа што сметаш дека е најдобро за тебе.За дечкото кој го сакаш па нека е и најголемиот сељак.Ако тебе ти е добро што се потресуваш за тоа како ќе го прифатат другите.Онаа твоја поделба на богати со богати и сиромашни со сиромашни,не ја сфатив,прости ми,не допира таква поделба на луѓе во мојава свест.Зарем постои таква вага да се мери богатствотото или да се осудува сиромаштијата.
    Тебе ти треба да си ја протресеш главата да се погледнеш во огледало и да заземеш свој став.Тој што ќе е најдобар за тебе.Лошо е што ти немаш свој став туку си како сунѓер кој впива се од околината а не знае да разграничи што е што.Затоа кај тебе има таков хаос во размислувањата.Овде можеш да добиеш насоки во кој правец да одиш.Те чека тешка борба,за да се искорени оваа лоша природа.Ако не си помогнеш сама на себе,или да посетиш психијатар нема да дотуркаш далеку.
    Верувај ми.
     
    На Kala22, kjukli, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    33.394
    Пол:
    Женски
    Дали многу ја претерувам јас со моите мисли?
    На кој начин?Епа видете вака:ниска сум за моите години и назиглед на личам како да сум 18 туку како 11-15 години.И ми се смачи од прашањето:кое одделение си...:@И кога ќе ми речат симонче си велам се зезаат со мене дека сум ниска по височина.И си се тешам дека толку ми е растењето мала сум и таква ми е судбината.Готово со растењето,се виде моето растење.Ама се си велам дека грешам шо вака мислам.И сега кој дел од збунетата мене е во право?Советче некое?
    Благодарам однапред дечки:hug:
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @Hajdi22 прости, јас не те нареков грда. Јас незнам ни како изгледаш па за да можам да те наречам убава или грда. Напишав дека тоа е релативна работа, на некого си му лепотица, на некого си му грда. Нема тука универзално правило кои се убави, а кои грди, во различни очи сите различно изгледаме.
    Многу е убаво што си имаш самодоверба и што си мислиш за себе дека си убава, тоа е сосема ок и браво за тоа, но тоа не ти дава за право да навередуваш и да потценуваш се околу тебе. Тебе нешто не ти чини во животот и ајде сега сите сиромашни и „грди„ луѓе на светов ти се виновни за тоа. НЕ! Виновна си ти и само ти, и само ти можеш да ги земеш работите во свои раце и да ги поправиш. Само ти можеш сама да си ја креираш среќата. Твој живот е, не е на твоите родители, направи го тоа што ТЕБЕ ќе те направи среќна. Не сме во среден век па да те присилуваат да бидеш со некој... А и сигурна сум дека не е до толку работата колку што тебе ти смета што мислат другите.
    Најбитно е ти да си среќна, а за другите немој да се оптоваруваш. Секогаш ќе имаат што да кажат другите.
    Твоите родители многу лошо те воспитале, дел од вината е и кај нив, но сигурна сум дека и тие само сакаат да бидеш среќна, затоа ти треба да седнеш и да поразговараш со нив и да им објасниш што е тоа што тебе те прави среќна и тие ќе прифатат. Нема родител кој не би направил се за среќата на детето.

    Ако сакаш напиши подетално што е проблемот за да можеме убаво да те посоветуваме...
     
    На eloves, JustFun, maravillosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Има секаков вид на женски тела, ниски,високи,слаби,дебели и сите сме убави разликата е во самодовербата.Жени како жени треба да се трудиме да го истакниме тоа што го сметаме за најубаво на нашето тело/лице, во искинати алишта од контињер можеш да бидеш секси доколку знаеш како да ги носиш.Се се сведува на ова на самоводербата и кога ќе се прифатиш,засакаш е дури тогаш ќе газеш со штиклите како само ние жените што знаеме.
    офтопик јас ги користам сите можни начини да изгледам помладо и послатко :bandit:
     
    На blond.bunny, IthoughtIwasAnAllien, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    @mims-89 Не те посочив тебе. Има други кои директно кажаа, фактички се спуштија на мое ниво, јас навредив па и тие.

    Лесно ви е да осудувате. Еден лош збор човек да каже одма го напаѓате и осудувате, а како му е него не е битно. Ниту знаете како му е во душата, ни што му се случува дома, ама битно да осудите..
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па со карактер како твојот не заслужуваш и некој да те сака. Не ми е идејата да те навредам ама за ситуацијата во која што си сама си си виновна. Зошто да мораш да бидеш со некој кој не го сакаш? Колку години имаш, 15/16? Ако не го сакаш дечкото раскини кратко и јасно. Уште многу ќе се заљубуваш, не е крај на светот. А тој што го сакаш ако не те сака големо чудо, ќе си најдеш некој што ќе те сака и вистински почитува. Викаш дека имаш пари, епа приквечер дотерај се нашминкај се. излези од дома прошетај викни некоја другарка одете на кафе, сладолед, прошетајте на некој низ продавници да видиш како ќе ти се подобри расположението. И со ваков однос како горе потцртаниот нема да имаш никогаш ниту другарки, ниту дечко ниту никој ќе си останеш сама. Многу просто од твоја страна да ги делиш луѓето по убавина или материјална состојба, зошто некој кој таму нема леб да јаде може размислува десет пати подобро од тебе ама сепак е сиромашен нели? И памет и пари ретко каде одат заедно. А тебе животот не ти чини затоа што немаш лепотан дечко до тебе? Дете опрај се, некој тежок филм те мава. Со очајувања, кукања, жалења по форуми ништо не правиш. Ако семејството те воспитало на еден начин дека се е во парите а ти мислиш дека тоа е погрешно, зошто ти е ваков односот? Незнаеш дека има побитни работи од парите или? Се додека вака размислуваш и гледаш на небитни работи шансите да бидеш среќна се нула.

    И очигледно трескаш глупости на велико.
    Знаеш што? Ти си немаш појма од животот и незнаеш да почитуваш никого, затоа секогаш ќе бидеш нсреќна. И по твоите постови ми се чини дека бараш сожалување, а не совети. Епа ете го имаш моето сожалување, најискрено те жалам толку млада девојка а полна со негативна енергија, омраза и не гледа подалеку од носот.
     
    На Sunshine.Sunshine, martine, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  11. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    на што дроги си толку што леташ со паметот дека ти си нај нај
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Го добив одговорот. Фала ви многу. Тоа е. Што друго да кажам. Можеби сте во право. Јас веќе одамна ја донесов одлуката, време е да ја спроведам. Уште еднаш фала ви.
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Мојата братучетка се избори со висината - гордо насмеана им вели на сите “ отровот се чува во мали шишенца“ :)))) е така да си знаеш ;)
     
    На Sunshine.Sunshine, Nausicaa, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    е па и јас ќе ја прочитам...ми звучи на српски, не грешам?? Каде можам да ја најдам
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Незнам за кој одговор мислиш дека си го добила но ни ти не постави асално прашање за да ти се даде соодветен одговор, освен препукувања ништо друго.Смири топка,земи воздух и кажи ни што толку те револтирало во животот а да нема решение??
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Зошто бараме вина само во девојчето можеби се виновни нејзините другарки што ја напуштиле сама пишува дека нема другарки дека и е тешко да седи меѓу четири зида и јас мислев дека таа е виновна се додека не ги исчитав сите незини постови затоа ако не можеме да и помогнеме да не ја навредуваме
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    За неколку години ќе се гордееш на својата младоликост, и ќе ти годи кога ќе имаш 30 да ти речат: колку имаш, 20? ;) А ако си ситна, во некои култури ситните девојки се сметаат за поубави. И јас сум ситна, и барем тоа лесно се средува - штикли ;) Опушти се, и не си набивај комлекси... сите сме убави и уникатни на свој начин.

    А за Хајди, немам зборови. Дали си во ПМС, или општо си таква, не знам. Прво никој не те нарече грда, туку ти беше таа што ги делеше луѓето на убави и грди (одвратни, и други погрдни зборови). Кои се тие сиромашни и грди, ти се молам? И колку богата си ти што имаш право да ги потценуваш тие што имаат помалку? Соземи се и цени ги луѓето според душата, а не според новчаникот, облеката и силиконите (оти нели богатите биле убави оти правеле пластични операции). На крајот со вакво мислење ќе налеташ на 'богат и убав', со мислење како твоето (ќе те земе САМО оти си богата и убава) кој нема да те цени ич и дури тогаш ќе страдаш!!!
     
    На Sunshine.Sunshine, kjukli, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Сиромашните биле грди, а богатите не можеле ни под разно да се грди и глупи? :rofl:
    Ах бе девојко ме изнасмеа вака по сабајле на цела нервоза.
    Не ги гледај луѓето како пари пошто тркалото се врти. Во иднина ќе ти биде уште потешко така ако размислуваш, зашто со такво размислување ќе останеш скрос сама.
    Разбери дека парите не значат ништо, сега ги имаш а утре не, и плус со нив не можеш да купиш среќа, здравје и семејство што те сака и поддржува во се.
    Битно е во душата да си богат, да имаш дом, леб и луѓе што те сакаат.
    Знаеш како викаат: Децата може да те кренат до небо, ама може и да те акнат од земја.....што дека некои се богати ама ќе збеснат, па стануваат наркомани, трошат пари и полека пропаѓаат, почнува никој не ги цени....а некои сиромашни па едвај ќе го школуваат детето ама после кога ќе се вработи 3 пати повеќе ќе им врати од парите што вложиле во него и ќе ги направи најгорди родители.
     
    На Sunshine.Sunshine, joy1, presiosaP и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не се грижи ти, истово и јас го имам ако може да се нарече проблемче. Ме нарекуваат 13 14 годишна девојка и тоа го сфаќам како комплимент :D Еднаш, кога имав 22 години ме вратија од продавница кај што сакав да купам цигари на тетка ми со образложение дека сум имала 14 години и на малолетници не им дозволувале цигари. Додека се разбравме време помина :D
    Друг пат ми рекоа, стави кармин на устата заличи на возрасна девојка :D биди срекна што си вака младолика. подобро е што не наликуваш стара на твои години. Некои одат на операции за да изгледат помладо :)

    @Hajdi22 не знам како можеш да размислуваш така на твои години, ама не за џабе рекле од глаата си патиме. Среди си ги мислите и чукни си во главата, со вакво размислување далеку не се стига девојко.
    Јас го жалам типот што е со нејзе, девојката не ја жалам воопшто. Не трудете се да ја исправите, таа веже донела одлука ама еден ден ќе и се одбие сето кажано од глава. Таквите што летаат високо кога же паднат на земја највеќе ги боли.
     
    На kjukli и simonna.a им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    52.411
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме интересира кој е толку висока класа во Македонија па да потценува луѓе така. Некоја вонсериска убавина и кралска крв изгледа.
     
    На Sunshine.Sunshine, eloves, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.