Извини вака ама мислам дека твојот брат е до толку разгален, зошто ако мене не ми е погодено, да глумам пред некој дека е се океј за на него денот да не му се расипел, па немора да разговара со мене, а него кога не му е погоден денот не гледа дека тебе можи да ти го расипи денот ? А зошто ти да му ја поставуваш масата за јадење? Не е тоа кизне каква работа, за кога ќе си дојди од работа да си ја постави. Тој излегува да јади, а тебе те остава гладна ?? Тие пари што ќе ги потроши за јадење кога излегува, можи да купите и заедно да јадите, и како тоа тој работи, а ти треба да бараш пари од комшии само за да јадеш, добро не ми е ни малку срам. Твојот брат ми личи на разгалено дете, иако имал 29, мисли дека цел свет околу него се врти и крајно безобразен, извини ама стварно мила ме погоди твојов пост, тој ти е брат како можи така да се однесува. Вака мила земи поразговарај со мајка ти кога ќе се врати и да и кажиш како стојат работите, дека тој така се однесува со тебе, како поминуваш тие кога не се тука. Пробај поразговарај и со него ако можиш и дека ти не си крива ако него нешто не ми е погодено.
Нема потреба од извинување мила, свесна сум за тоа и самата затоа дојдов и овде побарав совет. Да, сето тоа се случува доколку тој е нервозен.. пред некој ден ми го расипа денот, вчера исто така. Во ред, кога зема плата со бонови, боновите одат на сметка на нашата куќа, за тоа немам замерка но проблемот е другите денови кои ги опишав. Од мене бара пари кога нема во него, а јас ги чувам последните за да купам нешто и да зготвам додека моите не ми испратат. Се е лудост. Некогаш размислувам да си заминам од дома, да отидам некаде и да не се вратам. Ке пробам и ке разговарам со мајка ми уште еднаш, ако не ке го сторам тоа што го кажав.
Мила ниту си прва ниту си последна со вакви проблеми, ни ако постојано молчиш, плачеш, срамот го притискаш во тебе,се плашиш и се мачиш не треба да се помириш со твојата судбина и да го подариш животот на помирување со ситуацијата. Верувам и дека ти е тешко и дека имаш проблем и тоа голем и психички во тебе и затоа не дозволувај да го џвакаш и да молчиш за мир во куќа бидејки мислам дека си доволно свесна дека овие последици ќе те прогонуваат во иднината, а млада си доволно паметна за да најдеш чаре.. за да се извлечеш од ова. Стравот и овие маки пто го носиш со тебе можат значително да ти го влошат здравјето и психата, стравот не се лечи, удира тогаш кога не очекуваш и е болен по себе. Затоа како прво седни и разговарај со мајкати, (сепак таа ти е мајка и ке те свати) би ја болело и нејзе да почуствува и види дрка ќерка и е омаловажена и игнорирана, сето ова што го пиша тука кажи и го нејзе, смирено.. опуштено, како разговор меѓу мајка и ќерка, верувам дека бар малку ќе ти помогне, а ти ќе се растеретиш психички, кажи и да не те остава сама во куќата, разговарајте и обидете се да најдете чаре. А ти во меѓувреме најди си некоја занимација, работа, застани малку од малку на свој нозе, и самата потруди се за успех во твојот живот, верувам дека со труд би можела да изградиш твој свет колку толку и да ја решиш оваа ситиација. Останување сама никако дома, ова е најдобра опција. Да би нашла некоја работа бар ќе бидеш поисполнета, нема да си дома, и што е најбитно ќе имаш некој денар бо свој џеп. Никогаш не е ниту рано ниту касно за работа и за застанување на свој нозе (можеби нема да печалиш кој знае колку, но доволно како за тебе). Не седи и не молчи, за да не ти биде полошо.. реагирај и потрудисе за некој твој успех.
Благодарам и тебе златна за советов. Да, стравот преовладува, и срамот и недоволната сила во себе. Сега засега потпора ми беше личноста која ја знам само виртуелно и тој ми помогна да се справам со сите неодамнешни тортури врз мој грб, но не можам и него постојано да го замарам за тоа. Разговарав денес со мајка ми, и кажувам и мислам дека има надеж барем малку да ми помогне таа иако и брат ми нејзе и е миленик. Ке видам како ќе одат работите, и да.. работа најдов денес, поработев на тоа но мислам дека сепак нема толкава сигурност за да се промени после тоа додека брат ми не размисли каква тортура прави на сите останати, не само на мене. Јас некогаш реагирам, ама кога реагирам целосно се исклучувам и се претварам во монструм и тотално не знам што зборувам и колку го повишувам тонот. Засега тоа е добро, за натаму ке видиме.. Мајка ми се враќа викендов, и мислам дека ќе почнат моите подобри денови.. дотогаш, се крстам за да не се случи некој испад.
Здраво. Нова сум на форумов. Би сакала да споделам со вас што е тоа што ме мачи, со какви проблеми се соочувам моментално и би ми било мило да слушнам ваши мислења и совети, па и критики, зошто да не. Можеби и не е баш правилно тоа што го мислам па добро би било да слушнам и други мислења. Се наоѓам во многу тежок период од мојот живот и свесна сум дека е време за промени. Прекинав другарства од причина што едноставно не можеме да се дружиме, како да кажам. Полни се со негативна енергија и таа негативна енергија мене ми ја пренесуваа. И злоба, премногу злоба. Еденствени теми на муабет беа оговарање, исмејување, циничмо смеење. Се срамам од себе што јас си дозволив да зборувам за некој. Не за џабе велат со кој си таков. Едноставно реков толку е. Подобро сама отколку да се дружам со некој што не ми одговара. И затоа сега сум без другарки. Дали правилно постапив? А и време е да ја преќинам долгогодишната врска. Сфатив дека тоа не е љубов (од моја страна) и дека врскава ме гуши и не сум среќна. Можеби на почетокот имало чувства, но повеќе не. Сега дури ми стана одбивен. Си велам ти заслужуваш подобро. Дали според вас е тоа правилно? Сакам да го изменам мојот карактер и живот од корен. А и добро би било да посетам психијатар па и да примам некоја терапија. Знам дека би ми помогнало. Значи почнувам од нула и свесна сум дека не е ни малку лесно. Иако осаменоста е тешка, потребно и е некое време да бидам сама.
Биди сама одмори, повлечи се во себе размислувај си. Среди си ги мислите. Ако се чувствуваш исцрпено и полна со негативна енергија од одредени луѓе секако дека е време да ги оставиш зад себе истите. Животот тече, работите се менуваат луѓето си го наоѓаат својот пат. Се менуваат другарства, пријателства, врски, бракови, ништо не е постојано. Имаш право и време да ја смениш околината да почнеш да се дружиш со нови луѓе и да се чувствуваш како нормален човек. Никогаш не е касно.
@Elissa Ти благодарам за мислењето. Вчера раскинавме. Кога му кажав дека е готово со нас изреагира толку лошо со што ми докажа дека не ме сакал никогаш. А јас глупава му верував. Почна да се дере, да ме навредува, ти ваква ти таква и сфатив со каков човек бев во врска. Се ми се насобра одеднаш.
Ми треба совет во врска со цимерката. Едни од работите кои ми сметаат се што краде јадење, не плаќа сметки навреме, за се живо ми води инает, се понаша како мало дете, чека се на готово од мене, не сака да чисти, а прави голем неред и слично. Цимеркава прави премногу погрешни работи и секогаш кога ќе и спомнам дека ми пречи нешто, дека направила погрешно таа почнува да се дере, вреѓа и не знам како да се справам со ваква личност. За жал, не можам да ја набркам бидејќи во ова време од годината е речиси невозможно да се најде цимерка.
Уфф, и имаш кажано да не краде, дека доцни, да чисти повеќе и сл? И таа се кара со тебе? Глупо е знам, ама имаш ли некој начин да стапиш во контакт со нејзините родители? Како живеете, имаш ли посебна соба?
Нејзините родители ја поддржуваат во се, премногу е разгалена, буквално живеам со мало дете. За своите 19 години ништо не знае да почитува, одма се дере кога ќе и спомнеш нешто. Јас разбирам дека и е прва година со цимерки, ама ја толерирав веќе два месеци и преку глава ми е. Во иста соба сме, мојот дел секогаш е среден, а таа има нечисти чорапи расфрлано, алишта насекаде, не луфтира, ништо не прави. Вчера караницата беше за сметката за струја, оти и кажав да уклучува на евтина струја и таа зема да се кара со мене. A пак кога ќе и кажам дека треба да се купи нешто за во станот не се замара, значи јас ако не идам да купам тоалетна таа нема да иде никогаш. Ѓубре не собира, не чисти, како да не живее во станот. А, кога ќе и кажам повеќе да се замара само ќе рече "на мене ми е прва година со цимерки, не знам јас како треба" и кога ќе и кажам како треба пак исто си е.
Е сега слушај вака, кажи и уште еднаш со убаво што ти смета, дека живеете двете во една соба и веќе не е дома за некој друг да се грижи за неа, дека треба да прифати одговорност. Ако не разбира ако не сваќа фино лепо кажи и да се исели или бегај ти. Не си должна да трпиш некои размазени гадурии, кои надвор глумат лудило и кој знае кои дека се а дома се гнасни, неуредни, крадачки и слично. Цимерка секогаш ќе најдеш верувај, и не си должна ти да ја оправаш нејзе во животот или пак да губиш нерви поради некоја таква. Не трпи за некој што не вреди.
Епа друг пат ќе си купиш само за тебе хартија и ќе ја скриеш, па кога ќе и треба нека се чуди. Ич да не ти е гајле ни тебе, понашај се како што прави она, и закани и се дека ако не се среди ќе ја избркаш. Направи листа од работи кои треба да ги прави и закачи ја на видно место.
А ти зошто не си најдеш нова цимерка, да ја избркаш таа сега што ти е, или да се иселиш од таму и да си најдеш нов стан или соба доколку си во Студентски Дом. Јас така не би трпел. Ти си во минус, ти си оштетената во ситуацијата. Чим неможе со милом, ондак кажи и нека си ги пакува работите и да ја нема. Ти испаѓаш будала тука што ја толерираш. Јас такви луѓе мразам.
Не знам од кај да почнам, очајно ми треба поддршка а ја немам. Имам 23, најмногу ме мачи образованието го зафркнав сама и не можам да се помирам, уште пред четири год. си запишав факс до трета се беше ок но наеднаш цела сесија ја паднав изгубив мотивација и место парите за семестри си ги трошев за мене и уште моите не знаат, на 23 сум толку неодговорна ко мало дете не можам да си простам, никој не знае само јас, сите ги лажам дека идам на факс, девојки како да се извлечам од ова не знам, ко прво не планирам со средно да останам очајно сакам факс да завршам а на моите што да им кажам? Они очекуваат годинава да привршувам само им смислувам оправдувања ама џабе време минува а јас се повеќе тонам, социјално скроз се повлеков немам со кого да разговарам, по цели денови сум дома се чувствувам ко да сум најнепродуктивното суштество на свет, дечко неам пошто сум најсебичната особа што постои на планетава. се чувствувам како животов да ми е у тотален аут, се наоѓам во безизлезна ситуација.
Најпаметно е да почнеш нешто паралелно да работиш, било келнерка, било друго, за да си ги заработиш парите за да си го платиш семестарот и си го средиш факултетот.
Jас ке те посоветувам да бидеш искрена со твоите за факултетот. Може нема да им е право ама ке ти помогнат да го завршиш. Верувам дека така нема да те остават. А за друштво ке наjдеш, почни излегуваj не се затвараj дома
Не е страшно како што ти се чини, најди нешто ќе заработиш и ќе учиш, секому во дадени периоди му опаѓа мотивацијата ама си почнала, толку време си вложила и сега да се откажеш не оди, ајде, собери сила и пролистај по огласи сигурно има нешто и ќе бидеш продуктивна и ќе си го обновиш социјалниот живот.
И јас размислував за опцијата за работа но прашав на факс дали можам да почнам од трета год. пак, ми кажаа дека не можело пошто не сум доставила молба за паузирање на време. Треба од почеток нз што да правам... А моите? Стварно не сакам да ги разочарам ми даваа пари за факс а јас си ги трошам по кафиња, нз како да им објаснам.