Ми треба некој совет бидејки ке полудам Најнапред пробај да се смириш. Што и да е, колку и да е сериозен проблемот може да се реши. Сигурно постои некој што ќе те сослуша, што ќе ти помогне и посоветува. Некој што ќе те разбере. А и ако имаш 16 години, тоа е период кога 200 различни мисли ќе ти се вртат низ глава во минута. Размисли, не си сама, има и други околу тебе..
Зошто овде не го напишеш твојот проблем !!?! Можеби полесно ке се чуствуваш кога ке споделиш со некого, што немаш кој да те сослуша еве ние сме за тоа тука
нема каде да одиш ке си седиш дома мирно на газето верувај родителте ти го мислат најдоброто само штово нервозата знаат да казат и некои тешки работи а другите за кои што мислиш дека ти сепријатели мозат само да те зафркнат гадно и ај писи ни што толкуе страшно ако не сакаш јавно пиши у лп па да ти олесниме малку
Нема кај да бегаш, малолетна си. Ниту имаш можност, средства за такви идеи. Смири се, верувај дека има за сe' решение. Ти реков, пробај разговарај со некој помлад (братучетка/братучед) или со некој со кој си блиска, пробај да објасниш која е ситуацијата, некој кој те познава тебе и твоите, верувам дека ќе дојдете до некое решение. А вака без конкретно познавање на проблемот тука ништо не можеме да ти помогнеме.
Девојче ти си во тие години кога мислиш дека само ти си во право и никој друг и прекорувањата на твоите родители ти изгледаат како најстрашно нешто што ти се случува.Верувај не е така колку што можев да разберам од ситуацијата.Тие ти викаат и ти бранат некои работи поради твое добро.Најдобро е да си седниш и да си разговараш со нив отворено и да им кажеш како се чувствуваш и дека таквото нивно прекорување кон тебе ти пречи. Не е решение да избегаш од дома и да си направиш уште поголеми проблеми.Малолетна си каде ќе одиш,што ќе правиш,размисли малце со ладна глава и ќе видиш дека иако не мислиш моментално така родителите ти го мислат најдоброто.
Всушност, ти само поминуваш низ оној бунтовнички период, низ кој кога-тогаш речиси сите поминуваат. Нормално ќе се чувствуваш глупаво, ќе бидеш нервозна и се ќе ти пречи, но тоа не треба да те наведе да направиш погрешни чекори. Ова со постар пријател, и тоа пријател во машки род воопшто не ми се допаѓа поради неколку причини. Не знам каков е неговиот однос кон тебе, ниту кон што цели, ниту дали ти има понудено да одите некаде, но со самото тоа што кажуваш дека си малолетна и дека имаш постар, што значи полнолетен пријател укажува на тоа дека ти најверојатно размислуваш за нешто како некој вид бегство. Да избегаш од нешто не мора да значи дека физички ќе се оддалечиш од тоа нешто. Има и други начини. Се надевам дека ти ќе го послушаш советот и ќе го одбериш правиот начин. Да се вратам на пријателот. Обично таквите пријатели немаат и некои чесни намери. Не дека јас ги познавам премногу добро машките или пак го осудувам твојот пријател, но ќе те посоветувам убаво да подразмислиш на што упатува неговиот однос кон тебе, каква корист би можел да има од тебе и нормално да се увериш дека не ти е пријател само поради некакви негови зацртани цели. Со оглед на тоа што си малолетна, колку и да мислиш дека знаеш се, верувај ми - не знаеш ништо. Been there, done that. Не е малку претерано да зборуваш за самоубиство и за „крај на нерви“ кога уште немаш ни 18 години?! Дали знаеш колку тежок и неподнослив станува животот понатаму?! Најверојатно сеуште живееш во привидниот свет, во кој за жал ние сите некогаш сме живееле и не ја сфаќаш реалноста. Нормално, не те осудувам. Низ тоа кога - тогаш поминуваат сите. Тоа што сакам да кажам е дека не знам со какви проблеми си соочена, но доколку ти имаш цел во животот и се стремиш истата да ја оствариш ќе го совладаш тоа лошо чувство и ќе се мотивираш самата да продолжиш понатаму. Луѓето што се убиваат се оние што не успеале да ја пронајдат смислата на животот. Е сега, ти си млада, полна со енергија и живот пред тебе. СЕКОГАШ, ама баш секогаш ќе има луѓе што ќе те критикуваат, намерно нервираат и ред други вакви работи, без разлика дали тоа се твоите блиски или некои зајадливи личности. Јас не го гледам бегството како решение. Тоа не е гаранција дека тебе ќе ти биде поубаво, бидејќи со такво размислување, ќе следат такви ситуации каде и да одиш. Би ти предложила да размислиш разумно за ситуацијата во која си, да побараш излез, бидејќи постои и да го согледаш проблемот од различни гледни точки. Нормално, сите ние се што правиме сметаме дека е исправно, но тоа за жал е не секогаш така. Убаво ќе биде доколку почнеш да си ги согледуваш грешките и да се поправиш, а не да го бараш најлесното решение за сите проблеми - самоубиството. Доколку подлегнеш на ваквите мисли нема да докажеш ништо друго освен дека животот те победил. А, да, животот е борба. Бори се! Ќе има секакви полоши ситуации и ако дозволиш да бидеш психички совладана ќе докажеш само колку нестабилна и слаба личност ти всушност си. Се надевам дека ме разбираш и дека ова ќе те мотивира да ги согледаш работите од поинаков агол и да застанеш на нозе. Верувај ми, колку побргу се соочиш со тоа дека животот е суров, (за некој помалку, за некој повеќе) толку подостојно ќе ги поднесуваш наредните удари од животот, што сигурно ќе ги има.
Love или тролаш или опасно лажеш. Како прво беше заљубена во погрешен, па потоа беше мулсиманка и мораше да носиш традиционална облека, па потоа во друга тема ако беше машко ќе се викаше Иван ( строго муслиманско име за толку строго семејство) и сега упорно бараш помош и скокаш низ форумов без да кажеш што е всушност проблемот. Особено ме провоцира тоа што сето ова го правиш во темата психологија каде што лугето си имаат серизни маки и проблеми. Или кажи си што те мачи или префрли се некаде кај што гледаат на грав.
Епа вака.. Запознав еден тип сосема случано..Си живее у филм дека е фаца...иде по казина и такви ствари.. Што сака нека праи крај краева..али ми се засвиѓа...и така после некое време праење муабет се смувавме вчера али беше типот пијан...и пак си продолживме со муабет цел ден.. Најмногу од се ме иритира што тоа што он си живее у филмот дека е фаца и пол ми го пренесува и мене.. Муабетите што ги праиме гледам да не ги сфаќам озбилно пошо има вреѓање али ајде све на заебанција.. Незнам што да праам, не ми е озбилен некако, а и башка со брат ми добро стојат.. Се му смета од моја страна, ако му кажам нешто убаво мисли дека му праам филмови дека го лажам..Уствари незнам ни за каква ме рачуна..прво збореше врска планирал со мене... СТВАРНО НЕЗНАМ...Што да речам Кога е со друштво заборава на мене , пошо они му се најбитни , а вака може и по 2-3-4 саати муабети да праиме по телефон.. значи главното од се е што си се праи мангуп, и ми се понаша,а и многу е загорен по секс, гледам да го сфатам муабетот на шала за да не се скараме, и да го искулирам , нема поверење у мене ,ништо не ми верува, а сепак му значам.. Се навикав на него , го засакувам.. На моменти посакувам да се одалечам и да не го регистрирам и кога ке вртии и кога ке пишува..ама незнам на кој начин да постапам за да предизвикам позитивен ефеект.. И таман мислев дека е за мене ..ништо пак изгледа нема да искочи ..Се изморив..
Мислам дека е најдобро да го откачиш.. Според тоа однесување тој гледа само да те искористи. Батали го.. има и други не е единствен..
@MorgaNa Ако имаш 100 kg живци,50 години на располагање и најбитно карпа од глава и 20 години вишок отпосле за да си ја чукаш од бетон а да не ти се распарчи,тогаш го имаш "рецептот" за СОживот со него.
Се надевам дека некој ке може да ми помогне...Пред неколку месеци изгубив многу драга личност и од тогаш живеам во страв секоја секунда од мојот живот. Се плашам од се,се плашам од темница,се плашам дека пак нешто лошо ке се случи,се плашам да не изгубам пак некој...цело време сум вознемирена. Се обидувам на секој можен начин да ги задушувам тие мисли,тој страв,но неможам,како да постои некоја друга личност во мене што ги поттикнува и што ме уништува. Изгубив ориентација за време и простор,се ми изгледа не реално од тогаш, се ми изгледа смешно и апсрдно. Немам волја за да се борам за ништо,мислам дека нема зашто да се борам,никој не ми гарантира дека нема се да се сруши пак за 1 ден Знам дека доживеав многу висок степен на стрес, знам дека ке ми треба време и свесна сум дека ке биде многу тешко сама да се борам со тоа, дека треба да побарам професионална помош. Но,мислам дека неможе никој да ми помогне. И,нели,несреќата никогаш не доаѓа сама-ситуацијата во моето семејство е ужасна,тригодишната врска ми се распаѓа,факултетот немам волја да го продолжам...се плашам дека ке се уништам. Но,најмногу од се се плашам од мислите што неможам да ги контролирам и од страшните кошмари што ги имам секоја ноќ...се обидувам да потиснам се,ама ги чувствувам лошите мисли како се насекаде околу мене...неможам да се изборам со стравот дека пак ке изгубам некој Незнам ни дали постои совет за моиве проблеми... Благодарам однапред!
Јас мислам дека е нормално човек да се чувствува како тебе доколку изгубил личност која му значела а овој период сега е тежок за тебе што е природно,но НИКОГАШ не се плаши дека ќе изгубиш и друга личност,дека нема да можеш да издржиш.. Се случува тоа,порано или подоцна,сите губиме по некоја драга личност,но мораш да останеш силна и да продолжиш токму заради неа,заради луѓето кои те сакаат и веруваат во тебе-твоето семејство,дечкото..Па нели и тие ти значат и ти нив? Замисли како ќе им биде нив ако ти се изгубиш,потонеш а веруваат во тебе,те сакаат,си им потребна?! Секогаш кога надоаѓаат тешки периоди во животот,сети се дека секогаш има уште битни личности во твојот живот кои те сакаат и со кои можеш да позборуваш за да го пребродиш тешкиот период.. Мене разговор со сакана личност ми прави полесно на душичката-и јас изгубив две сакани личности,незнаев каде се наоѓам,кој ден е,ништо не ме интересираше но времето и добриот и искрен муабет направи да полесно прифатам и да продолжам понатаму..
Девојче тој не вреди ни да го погледнеш и незнам стварно што барате да излегувате со вакви типови. Оди по казина, те вреѓа, во глава му се врти само секс - зарем треба некој да ти каже дека треба подалеку да стоиш од него?
Можеби е време да почнеш да размислуваш позитивно и да погледнеш што имаш околу себе и да не дозволиш да го изгубиш тоа што го имаш. Тоа што си го изгубила не може да се врати, го знаеш тоа. Но тоа што ти останало можеш да го зачуваш. До дека велиш не можам, никогаш нема да можеш. Застани цврсто на нозете и колку и да е тешко не се откажувај. Ако навистина не можеш сама да се избориш со сето тоа побарај помош од психијатар или пак од твојот дечко, можеби тој може да ти помогне. Но сепак ти самата ако не си помогнеш, џабе ќе ти е секаква друга помош. Еве ти една фотографија. Не дека ќе ти помогне многу, но можеби ќе ти даде инспирација да не се откажуваш.