Како тоа сакам да одам ама нозете ми се враќаат,, Имаш некаков проблем на факултетот,, или што ? и јас сум 3 год на факс знам како е ,, во првото тешко не сме се навикнале на повеќе сати учење,, ама се знае што те чека пред да се запишеш.. Мој совет е ако има нешто друго што те мачи разговарај со твоите дома,, нека ти помогнат и со учењето ,, ако може да си дозболеш да земеш и приватни часови за предметите што ти одаат послабо,, и да не вознемируваш волку.. немој да се лутеш ама оваа со нозете ми се врааќаат сами ,, и се тресеш и очајна си за тоа дали си положила или не ,, ти треба психичка подршка.. сепак смирисе и се ќе биде ..
Зошто си зборуваш самата на себе со толку строги зборови? Прво да ти кажам нешто. Мораш да се отвориш себе си према твоите. Што требало, што не требало, поминало и треба да решаваш од оваа точка па натака. Секој во животот доживува преломна точка во животот, криза и може нема да ја нарече криза, ама е криза. Нема воља, не знае каде е, не знае што сака или ете си ги троши парите за факултет на себе и не може да објасни зошто. И не ни треба да објаснува. Тоа се вика барање на себе си. Некој не учи, некој не сака да работи зошто не знае што сака, некој менува партнери, некој па не сака партнери, некој губи другари итн итн итн ехееее... еден куп начини за манифестација. Кој тврди дека не поминал таква точка во животот, лаже. А ако не лаже, нека се спрема да му се деси, кога-тогаш мора да си се видиш баш себе си, а не да се влечеш на идентитетот кој ти го наметала околината... Има успешни потискувачи. Ама ту би онест, потискуваат за да и се допаднат на околината и семејството, живеат во туѓите рамки, но не и во своите. Не си даваат оддишка да се разберат каде се и до каде се. И еден сончев ден ќе се разбудат и ќе се запрашаат што побогу направив јас за себе? Кој сум јас? Ќе препознаат многу карактеристики на нивните родители, на нивните пријатели, но ништо од себе си... Па после некој го дефинира тоа како средновечна криза и се потсмева на сето тоа, демен не доликувало. Епа не доликува, зошто не си дозволиле да бидат тоа што се кога требало за да бидат лојално дете на родителите и пријателите. Така што... биди спремна да ти бидат страаашно лути, ама отвори си ја душата и понеси одговорност. Стравот дека нема да те прифатат и ќе те осудат, ти го разбирам, но би ги разбрала и нив. На крајот од денот ти си нивно дете. Оди провери ги условите на факултет и отвори си душа пред твоите. Ама за почеток признај си зошто си го направила тоа, најди што сакаш од себе си и јуриш. Не би ти препорачала прво да бараш работа па да кажуваш дома за да им докажеш дека си сериозна. Искрено... никому ништо не му должиш да му докажуваш... се случува живот, не е трагедија твоево. И да не си била сериозна, па што? Сега решаваш да промениш, ама условот е да ги отвориш чувствата, а не да ги исполнуваш само критериумите за љубов на твоите родители. Добро е што си познаваш некои работи и реално се гледаш себе си, а сега започни да ги менуваш тие твои карактеристики и почни да се градиш од почеток таква каква што си. Вакви циклуси се случуваат на секои 7 години или ако се случи позначаен трауматичен настан во животот па може и помеѓу да дојде до пресврт, а тебе ти се десило токму на 21 години. Не гледам ништо трагично тука, ниту страшно. Голема работа, мала криза, со смешен импакт, заглавила на факултет... бре, бре. Ако е за парите, студирај и работи, посвети се максимално на тоа.
И јас имам ваков сличен проблем, само што јас сум прва година. Го запишав факултетот ептен затоа што моите ме тераа, а мајка ми има такво тенко гласче плус и со срце е слаба, па го запишав ај. Не е дека мислев друг да запишам, само сакав една година пауза, да поработам малку, да ги пишувам книгите што ги почнав и да соберам пари за да почнам да изработувам накит. Си дадов година дена, не сакав да се брзам, но навистина сакам да се занимавам со тоа. Не е дека факултетот не ми се допаѓа, напротив, и тоа навистина ме интересира, но иако е 3 години со уште една плус специјализација, моите набрзина ме запишаа иако едвај имаат пари, со свои пари од работата летоска се снаоѓам (бидејќи студирам во друг град). Дури почнаа и со бесплатниот курс за рачна изработка на накит на кој навистина сакав да одам, но условите беа да сум непријавена како вработена, но и да не сум запишана на факултет. Не можев да отидам, ми пукна филмот! Се решив, ќе одам само еден семестар, што положам положам, моите нека крпат крај со крај, па од јануари одам за Грција, и онака се снајдов за таму. Се средив, се, и летото можев да отидам, но не отидов поради тоа што се запишав. Друштвото што го имам, дечкото, сите тие се будали коишто за жал ми значат, но сепак... Не припаѓам таму. Другарките се променија, некои се оддалечија од сите поради дечковците, тие две што останаа - едната е лезбејка, а не може да најде женска поради што е во постојани депресии, а стана и гагаџика, користољубива, се глупира премногу, почна да ме срами насекаде; другата има 16г. и не може да искача баш секогаш и секаде, нејзините ако им текне, нема да ја пуштат, пари никат не и даваат. Само другарите ми останаа, но поради другиот град и очајното барање барем една асална другарка, се пододалечив од нив. Дечкото пак уште позаникаде, стварно немам среќа, божем ме сака, но ми се здосади од нашено скар-смир, неговата љубомора, тестовите, однесувањето како жена, дури одвратен ми стана иако навистина го сакав. Овој месец сакав да останам со него, да ги средиме проблемите бидејќи и онака во други области ама баш ич не ми иде, караниците со него ми се нешто најуспешно, барем некаква комуникација, другиве не ни сакаат да ме сослушаат, а секој ми кука. Новиот град направи нешто што никој не знаел да направи досега - навистина да се сакам себеси. Претходно, се плашев да се здружувам без другарка ми сега што стана лезбејка, па што би рекол некој ако му кажам дека немам баш другарки, само другари, дека дечко ми е таков, пробував да останам блиска со моите две сестри, да ја одржам врската со овој, да удоволам на моите... Ако ми е за се, како што викам јас, ситуацијата во која што сме е нешто што сами сме си го одбрале, така и јас ова сама си го одбрав, но сега бирам друго - ќе направам пари самата, ќе си го платам факултетот самата, ќе изградам целосна самодоверба во себе, ќе си се препуштам сама на себе. Моите ќе мора тоа да го прифатат, сестрите по некое време ќе созреат, ќе се доизградат себеси, и онака постојано го следат мојот пример, дур јас не се средам, тие нема да созреат никат и секојпат ќе прават било какви испади, дечко ми ако стварно ме сака, ќе се промени и ќе прекине да драматизира како жена дека сакам друг, да измислува тестови и да се понаша како психопат. Сепак, велат дека машките не се менуваат, па и тоа е во ред, подготвена сум засекогаш да се оддалечам од него, како и од моменталните друштва околу мене. Во новиов град бев запрепастена колку само можеле некои луѓе да бидат како мене по карактер и да ме разбираат, си мислев дека со мене нешто не е во ред штом се мене никој не ме разбира, како и тоа дека сите сме уникатни, па затоа да се разбереме е тешко. Знам дека не е така сега и многу ми е полесно, веќе никого не трпам. И вие тука што пишавте, стварно пишавте убави совети, сите ко и за мене да се однесуваа, затоа ова тука го пишувам, уште еднаш видов дека може некој да не ми се чуди, туку да ме разбере и дека од мојата ситуација има излез колку и да изгледа сирота. Се надевам дека и другите ке се охрабрат како мене да постапат и да си средат некои работи сами и да биде како што тие сакаат... Пред се, да дознаат што сакаат
Миличка прво не со такви зборови да се претставуваш .А како второ кажи им на твојте тие ти се родители и треба да знаат што се случува со тебе иако имаш 23 години тие ке те разберат ке те советуваат но ти мораш да учиш за утре ден да станеш човек ако добро се организираш ќе имаш време за се и да излезеш и да научиш и да се видиш со дечко буквално за све малце избегав можда од темата сега ама ајде се надевам нема да се налутиш
Мене ми се сруши,два дена бев во депресија,ни јадев ни пиев ни ништо,плачев бледа у пичку матер.Ама се запрашав ВРЕДИ ЛИ ?????? Не никако.Животот е убав,со или без некои луѓе,и продолжува.......Треба да бидеш силна за да издржиш......Се е само навики и одвики.
Дај бе научете ме како ги лажете вака родителите со години, јас од моите за бонус џепарац не можам да се изгребам одма ме откриваат, а не па вака за сериозни ствари. Шала на страна, признај им и барај си го чарето. Дали со запишување нов факултет, дали стариот ќе го продолжиш, сеедно.
devojkii edno prasanje ako znaete dali ako na fax ja zaostanis prva godina (a sega si momentalno za vtora) treba da odis na predavanja i vezbi od prva? i dali mozi namesto da odis na predavanja i vezbi od prva da si gi prijavis ispitite od prva shto si gi zaostanal i da si prodolzis vtora?
@devojce91 Уфф, вакви примери еден куп има околу мене. Знам отприлика како ти е. Мое мислење е да кажеш дома, верувам си помислила на ова неколку пати ама од страв не си кажала. Ама знај дека сама, тешко ќе го средиш истото. Ти сигурно во овие години си гледала некако да надокнадиш, си размислувала да промениш нешто, следниот пат да платиш да положиш итн... И верувам не ти успеало. Примерите околу мене беа такви што планираа цело време да превземат нешто , ама едноставно не знаеа од каде да почнат . Ако почнат да работат мислеа дека нема да му дозволуваат додека студираат напоредно да го прават тоа и ќе ги насетат .... Имаа некои планови за да соберат пари, ништо и од тоа не излезе. Па се на крај додека не ги разбраа преку сосема други луѓе . Ако во сите овие години не си смогнала сили да се поизвадиш некако, да се поправиш во тој сегмент подобро веднаш кажи дома. Вака сама не можеш да се одлучиш,сакаш а не можеш да мрднеш. Башка за стресот, вината , товарот што го осеќаш...можам да замислам. А и што било-било, ама барем кажи сега ќе се лутат, ама ќе им помине на твоите . Не оставај да мине време , или да разберат од други. @Svetulkaaaaaa на кој факултет си ? Кај сите е различно
Најди си некоја занимација или работа и ќе немаш време да мислиш на такви личности. Средувај си ја собата, направи генералка во цел стан или куќа, вежбај, прави се што сакаш и остави ги тие што те повредуваат зошто очигледно незнаат да го ценат тоа што го имаат.
Тебе не ти треба совет..тебе ти треба еден чекич и сама себе да се чукнеш по глава и да се отрезниш и освестиш, да излезеш од чаурата како играчка од киндер јајце.Голема си и доволно возрасна за да проблемиве ти ги решава некој друг...а сеуште си недозреана и неизрасната за да ти се сруши цел свет..се уште не си почнала да живееш и да се судруваш со мачните животни прикаски. На 17 ипол години останав бремена, сеуште немав завршено 4 та година средно, значи пред матура бев..и кога сите девојќи размислуваа што ќе облечат за матурска, јас размислував од која зграда да се џитнам..ниедна не ми беше доволно висока....душата ми беше врзана во чвор, срцето парчосано ...грозно чувство на промашен и уништен живот имав а замисли, само што сум почнала да живеам...и во цела таа агонија од месец и половина, размисливајќи што да правам, мајками ме прашува без многу заобиколувања да не сум случајно бремена! Неможам да ти опишам каков порој на солзи имав но истовремено осетив дека чворот на душата попушта, срцето се ослободува...липав и ја молев за прошка и совет......(сега повторно ми се насолзија очите после толкуууууууууу години поминати). Мајками почна да плаче со мене, незнаеше што да прави...само ми рече..не плачи, ке најдеме одговор! Да не ја должам мојата сторија, поентата ми е...кажи одма на твоите се како било и каква е ситуацијата, ке осетиш огромно олеснување..ако има санкции и тие ке ги издржиш, но душата неможе да издржи лага долго време...седни ги и олесни си ја душата што побрзо....родителите брзо тоа ке го заборават....верувај ми и јас сум родител
Ti blagodaram,no problemot e tezok.Problem vo posirokoto semejstvo za pari i plus toj so go sakav ispadna licnost so psihicki problemi i jas ne sum momentalno vrabotena i samo na toa mislam
@BabaRada Со последното се согласувам, дека треба да им каже на нејзините дома, тие и се најголема поддршка, иако не е свесна. Но, во однос на останатиот дел, ако нејзе и треба чекич, што да кажеме за тебе, тинејџерка која останала бремена? И твоето и нејзиното е резултат на неодговорност и недосозреаност. Поентата не ми е да те навредам, но сдк дека секој е приказна сам за себе и на секој своето му е најтешко.
Убаво би било кога некој научник би измислил гумичка за бришење на непосакувани мисли...а нешто не ти се допаѓа или те измачува во мозочето, земи гумичката и шкрт прт си избришеме. Нема да има нешто такво, мислите сами ке си бледеат со времето а ти гледај деновите да си ги поминуваш што поубаво, никого да не повредиш и да се научиш да бидеш силна и да не дозволуваш да те повредуваат.Научи се да се бориш.
Погрешно ме разбра..сакав да кажам да не чека уште многу и така долго време поминало..чекичот и е да сфати дека не се срушил цел свет а сепак јас имав 17 год а она е 23. Инаку да ја докажам прикаската, јас се омажив, родив две деца и ден денес сум во добра брак.Камо да имав и јас еден чекич тогаш, ама не затоа што сум била бремена туку што живеев во агонија и помислував на самоубиство а сум требала само одма да и признам на мајками. Поентата е НИШТО НЕ КРИЕТЕ ОД РОДИТЕЛИТЕ.
Се може да се среди само треба време а ти ќе избереш како ќе го поминеш тоа време. Во денешно време ретко кој има вишок пари а и да има сигурно нема да каже . Лицето со кое си била во врска сигурно си го знаела и претходно каков е и што е. Секој има проблеми ама треба да ги решаваш еден по еден. Дај малку оптимизам
@hermosa Епа гледај душо сега, ова варира. Зависи колку те повредиле, колку значајни ти биле во животот (ама да бидиме реални сем физички, ако некој не ти е близок при душа и не можи баш да те повреди). Обично ќе слушниш совети од типот: 1) „Занемарувај твојот проблем и држи се зафатен“ - можи да биди добро, зошто да не. Ама секоја работа која ќе ја правиш вака или така ќе те потсеќа на факторот кој те повредил. 2) „Почни да бараш огласи за работа, вакво или такво, ќе најдиш работно место“ - ова е добар почеток ако имаш финансиски проблем и колку- толку ќе можиш да се крениш малку на нозе. Ко ќе имаш мала основа од пари после полесно ќе ти биди да демниш шанси за подобра работа. 3) Каков психички проблем ако не е тајна? Тежок претпоставувам? Ако ти бил ете да речам дечко, сопруг etc, нормално дека е тешко да го оставиш и да неможиш да поминиш преку тоа, но тоа не значи дека понекогаш можиш да го посетуваш колку да видиш дека е подобро. Барем јас верувам дека кога ќе видиш дека е подобро ќе ти олесни, па после одат другите две бројчиња, времето кога не го гледаш, а знајш дека е океј работиш колку да заборавиш на проблемите, со почетната работа која ќе ја најдиш и дај Боже натака ќе успееш повеќе. Ајде, ти само држи се, биди силна, знам дека не е лесно да се исполни колку што е лесно да се кажи, ама верувам дека ќе го пребродиш овој период.