Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    @sie искрено соочуство кон родителите. Страна на тоа девојче мило треба да бидеш храбра, многу храбра, за да успееш да продолжиш со животот. Знам дека тоа чуство и тие луѓе никогаш ништо нема да ги замени мило но животот е таков, удира секогаш онаму каде што најмногу не боли. Биди храбра, созревај и пробај барем малку од малку да се помириш со тоа, не е лесно но единствено тоа ти преостанува со плачки и нервоза нема да можеш ништо да смениш и самата тоа го знаеш.
    Не си многу голема ниту пак многу мала за да не можеш да ги сватиш работите и фунционалноста на животот. Бори се и продолжи да живееш, имаш милион причини да продолжиш со животот и да станеш добар човек, да се изградиш како лилчност и да се издигнеш над животот.
    Не дозволувај оваа болка да те совладее, млада си имаш многу на учиш и да живееш верувај, имаш образование, работа и луѓе кои верувам те ценат и ти даваат подршка. Појди на психолог ич да не се мислиш околу тоа јас сум сигурна дека ќе ти даде терапија и бар малку ќе ти помогне низ патеките низ животот. Продолжи да се бориш, ти си силна и тоа го можеш!
     
    На eliesaab и toogood им се допаѓа ова.
  2. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    А зошто не живееш сама или пак со баба/ дедо, ако земаат пензија можат колку толку да те подржат финансиски. Зарем не ти оставил татко ти куќа да имаш покрив над глава верувам дека додека бил жив не сте живееле со чичко ти, полнолетна си имаш право на наследство.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BrokenAngel97

    BrokenAngel97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки се надевам ке ми помогнете. Незнам од каде да почнам како да го изнапишам ова многу ми е тешко незнам дали ке успеам да изнапишувам се. Цел живот истата песна неможам ова да го издржам веке. Немам никого немам со кого Нова година да ја славам. Па ало бре 18 години имам нема логика ова. Еве и на факултет еве ке поучиш ама времето со кого да си го исполниш нема. Несакам да сум сама ми треба некој се да си изнакажам. Што да напишам повеке здрава права сум, добра душа имам. Но ова е претерано не поминува кој да го барам. По цели денови плачам. Зошто мене баш ова.
    Се надевам ке ми помогнете ;(;(;(;(;(;(;(;( Јас незнам повеке што да правам со мене.......... :|;(;(;(;(;( Барем тука да најдам помош. Ако може и во ЛП.
     
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас знам психолог во Битола ако сакаш.
     
  5. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Nemas nitu edna drugarka?? Vikas ides na fakultet, poznanstva od tamo??
     
  6. BrokenAngel97

    BrokenAngel97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Немам некој што ке осеќам своја и прифатена. ;( Никој не ми излегува во пресрет. Незнам што ќе беше ова. И башка излегов од 2 пријателства што ми глумеа дека ми се пријатели. :|:|
     
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Ne ti trebaat mnogu prijateli , denes retko se naogjaat pravi drugari.dovolni ti se dve tri drugarki koi ke bidat pravi i iskreni.vo prijatelstvata se vlozuva, se neguva, i toa treba da e obostrano.kolku davas tolku i dobivas
     
  8. BrokenAngel97

    BrokenAngel97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Се ама буквално се правев за нив сега ми треба некој нов во пресрет не излегува. ;( Секој ден во четири зида.
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Девојче дигни главата и учи.. учи и слушај од повозрасните.
    Животот е таков, трње, игли, препреки.. разно разни интриги, ако ти при првата створена препрека се откажуваш од се никогаш нема да научиш да се бориш за себе си, да изградиш карактер и своја самодоверба а пред се да успееш во нешто.
    Секоја твоја грешка, разочараност и длабока болка нека ти биде уште еден патоказ кон созревањето и трудот кој што треба да го дадеш од себе си.
    Знам, чуствителните личности фунционираат на овој начин и добро те сваќам што сакаш овде да искажеш, но, треба да се челичиш пред животот, треба нашред да одиш, вака со жалење никогаш нема да успееш верувај.

    Кога ти самата ќе седнеш и ќе сватиш/согледаш дека што помалку очекуваш од луѓето и кога че разбереш дека секој најпрвен си гледа за себе и своите амбиции тогаш ќе ти биде многу полесно и поедноставно.

    Излегувај и дружи се со сите, секогаш со резерва, и никогаш не очекувај од другите да фо прават за тебе она што ти за нив го правиш, бидејки не секој гледа и фунционира на иста беановита должина како ти.
     
    На ivimis, 123.Maki-first и anakonda88 им се допаѓа ова.
  10. BrokenAngel97

    BrokenAngel97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Да јас знам но да немаш со кого ни да излезеш муабет да направиш тоа неможам да го сфатам. Никој не заслужил да е сам а не камоли јас. Доволно е една личност но каде да ја барам. Како може ова цел живот да трае па неможам повеќе. :(:(
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @BrokenAngel97 мислам дека сеуште си во пуберетет, затоа вака размислуваш и се ти се гледа толку црно.
    Во животот не е се така розево, ама па не е ни се така црно. Сите ние имаме периоди кога ни е тешко, осамени сме, мислиме дека цел свет ни се руши. Проблемот е во тебе и само во тебе.

    Не е толку многу страшно тоа што го замислувате, "нема со кого нова година да славам"
    Незнам и што е тоа толкава фама кревање и форсирање на нова година ама ајде тоа е друга тема, да не бегам многу далеку од дискусијата.
    Што ќе ти биде ако една година останеш дома со твоите? Чисто онака, оваа година за прв пат ќе славам нова година со друштво. До лани секогаш останував дома. Брат ми што е 3 години помал од мене секогаш одеше славеше некаде, јас славев дома. Не викам дека едното е подобро од другото, но плачење поради тоа што нема каде да славиш нова година ми е ту мач некако.

    Во врска со друштвото, колку што сфатив одиш на факултет па сигурно има таму некои девојки со кои можеш да почнеш разни теми за факултетот, музика, книги учењето итн. Чисто културен и пристоен однос, па покана за кафе и така да се зближите. Но она што треба да ти биде на памет и да го имаш во предвид е дека (обично мразам генерализации ама) вистински другарства ретко каде постојат. Ќе си бидеш фер, културна и фина секогаш со сите, но сепак да се има некоја дистанца. И не очекувај премногу од никого, на крај секој својата корист си ја гледа. Многу пати ненамерно и ние сме повредиле некого.

    Многу добро те разбирам како се чуствуваш иако знам дека некогаш делувам помалку остро со постовите. Порано и јас бев пречуствителна на таа тема, не прифаќав порази и кога некој ќе ми свртеше грб по цели ноќи плачев и се прашував каде сум згрешила и зошто баш јас. Како што растев и созревав сфатив дека низ животот мора и негативни работи да ни се случуваат, да има и изгубени љубови и изгубени пријателства, за на крај да ги разбереме оние кои се барем малку вистински и искрени. И денес не ми е жал за ништо ама баш за ништо. Така да а со дремење во четири ѕида и плачење ама баш ништо не се решава. Излези од тие четири ѕида.
    Мислам дека решение секогаш постои, само кој сака да го побара.
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 63567

    63567 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Искрено се мислев дали да се зачленам на форумов и да ја отворам темава.
    Свесна сум дека имам голем проблем. Свесна сум дека треба да одам на психијатар и да пијам антидепресиви. Но, би сакала да слушнам и други мислења во врска со мојот проблем.
    За брзо време ќе полнам 18. Израсната сум во семејство каде што навредите, понижувањата, исмејувањето па и физичкото насилство е секојдневие. Цел мој живот така го имам поминато. Секое станување почнува со караници и навреди. Од татко ми никогаш не сум слушнала да каже за мене нешто добро. И не само за мене туку и за мајка ми. Кога ми било најтешко, кога ми требале родители не беа покрај мене. Од мали нозе се затворив во себе. Никогаш сум немала самодоверба. Во школо и во основно и во средно никогаш не бев прифатена. Не ретко и ме тепаа. Тогаш најмногу ми требаше родителска поддршка и помош. Ама не ја добив никогаш. Ете сама сум. Психички многу пропаднав.
    Јас не знам веќе која сум. Не можам да се препознаам. И многу се запустив себе. Се здебелив. Не се ни дотерувам. Не ни имам воља за тоа. За жал извадив 2 заби. Косава ми се уништи од што не ја негувам. Сакам да кажам, не само што психички пропаднав туку и се запустив себеси. Тонам се повеќе и повеќе. Додека моите врсници се дружат, излегуваат, дечковци/девојки и се тоа јас седам дома и тонам.
    Има ли спас за мене? Што мислите вие? Дали можам да променам нешто?
     
  13. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.178
    Допаѓања:
    73.830
    Пол:
    Женски
    Да можеш да промениш. Да ја дигнеш главата горе, да си средиш прво себе физички и постепено да почнеш и психички. Немој да се затвараш во себе така ќе си наштетиш себе си уште повеќе. Почни да излегуваш,социјализирај се ако ништо друго во тие моменти ќе ти се тргнат мислите од тоа дома што ти се случува. Само не ми е јасно зошто ја трпите тортурата од татко ти??
     
    На Rose96, Naked Gun, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Девојко сега тие тешко,и само ти знаеш низ што се поминуваш,и баш тоа треба да ти дај сила да продолжиш напред!
    Знам дека е тешко ама тоа земиго како мотив!
    Кажи си сама на себе дека можиш,мораш и ќе успееш!
    Ти пробај изборисе со сето тоа надмини го,а ако не успееш (што чисто сумњам) тогаш туриму пепел,ама барем ќе знаеш дека си се обидела!
    Верувај ќе биде тешко на нови промени,но после иди тоа најубавото ИСПОЛНЕТАТА ЦЕЛ!
    Шлагот секогаш иди последен на тортата,јас знам дека можиш,верувам во тебе!
    Има некои немаат ни родители,напуштени се,немаат ни друштво,ама сепак се трудат а знам некои и што многу успеале..(ете едно девојче лично што го познавам,беше повлечено не се дружеше многу со сите ја зафркаваа за изгледот дека запуштена после само 3 години таа стана дел од манакенките на шанел! и сето тоа со ТРУД И ВОЉА)
    Ако сама не се потрудиш се е џабе,собери сили и прво поработи на себе,после се си иди постепено!
    Мораш да пробаш!
    Зошто?-Па за тебе!
    Неможиш?-Мораш!
    Боли?-Трпи!
    Стигна до целта?-Ќе речиш вредеше!
    1+.jpg Толку од мене !
    Ти посакувам се најубаво и многу среќа :*:*
     
    На fast_and_curious, Rose96, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Една моја познаничка,исто беше затворена во многу слична ситуација како твојата од 17 години па се до 27години. Најубавите години и поминаа,ама еден ден кажа СТОП. Се стави себеси пред сите се среди психички и физичи, запиша факултет и стана човек. Така да главата горе и напред!

    p.s.
    Во оваа наша Македонија јас би им го одземала правото на родителство на 90% од жителите.
     
    На Rose96, Someonespecial, 63567 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.904
    Допаѓања:
    171.591
    Пол:
    Женски
    За почеток, треба да се обидиш да видиш што би те усреќило и би ти ја вратило довербата - малку шминка, повеќе физичка активност и дели си комплименти самата на огледало. Обиди си да бидиш поопуштена околу луѓето и со тоа колку полесно ќе правиш пријатели толку повеќе ќе ти се дига самодовербата.
    ^Ова е да не речам, грубо кажано, во поглед на подлабокиот проблем кој го имаш ... што и да кажиме ние е безсмисла, самата кажа добро со почетокот на мислењето дека ти треба помош зошто ти си малтретирана толку долг период, заслужуваш одмор од тоа.
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Знам како е кога во животот сите ти ја затвораат вратата.И јас поминав низ многу работи,ама мене проблеми ми правеше средината те. немав пријатели.Се чувствував исто како тебе,немав сила за ништо.Пред 2 и пол години на летување ги поминав најлошите мигов во мојот живот,бев со група организирана од мојот град.Толку навреди и понижувања претрпев што кога се вратив не личев на себе.После тоа ново школо,нови деца и претрпев уште толку.Сето тоа ме натера да го допрам дното,плачев,се повлеков многу,не бев сигурна во себе.Сето тоа до еден момент кога реков доста е,нема с да земам при срце.Во овие 2 години толку се сменив,си изградив самодоверба,она што го таложев во себе му оставив место да излезе на површина,станав поотворена,имам пријатели.Сеуште немам друштво,немам дечко,понекогаш се чувствувам осамено но,се борам да го променам тоа.Едноставно не дозволив сите тие работи да ме скршат,напротив станав личност каква што би требало да биде секоја една девојка.Со мојов пример сакав да ти посочам дека не смееш да се откажеш.Сите лоши мигови заборави ги,мораш.Со тебе сум ако ти треба помош пиши ми лп,но ова мораш да го надминеш сама.Мисли на убавата иднина,на денот кога ќе станеш некој и нешто,на денот кога ќе ја пронајдеш љубовта,на денот кога ќе станеш мајка.Запомни после ској дожд доаѓа сонце :sun:
     
    На mila1111, CoverGirl10, 63567 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Не си ни прва ни последна во ваква ситуација за жал.. а животот на овој свет е пополнет со секакви ситуации и трње што човек мора и треба да се избори за да живее, тоа е всушност и самиот поим за живот.. да се бориш и да чекориш низ трњето не откажувајки се никогаш за самата себе си и подобар живот и покрај се.. покрај се низ животот!
    Секоја индивидуа сама си го одбира патот по кој што ќе чекори, тоа да ти е јасно, а ти си таа личност што треба да си постави цел како ќе чекори низ истиот.
    Наместо да се запустуваш себе си и да пропаѓаш барајки изговор колку тоа е тежок животот и дека ти не можеш треба да стиснеш заби и да речеш дека ти можеш да успееш и да се изградиш себе си.
    Најлесно е кога човек одбира да легачи и да се помири со дадената тешка ситуација и наместо да најде елан да се бори за себе си за нешто подобро тој пропаѓа се повеќе во трњата низ животот и чека да падне гром од ведро небо за да го спаси. Очекувањата можат да не убијат (заклучок).

    Отворено си кажуваш дека си малтретирана во училиште?! Треба да си поставиш граница на сето тоа и да си речеш на самата себе дека е крајно време да се промениш, да реагираш и да зборуваш со надлежните како за почеток а потоа и ти самата да проработиш на твојот карактер врз сокласниците ако сакаш да застанеш на цврсти нозе и да станеш човек пред се.

    Друга работа, во врска со родителите, ако секој твој обид за разговор со нив е неуспешен време е да се помириш со тоа нешто што не можеш да го промениш, за почеток пробај да ја пронајдеш својата мотивација за среќа во училиштето надградувајки се сама за себе си, можеш да пробаш да бараш и некоја работа за време на распустот и твоето време да го поминуваш продуктивно за себе и својата исполнетост. Значи потруди се, избриши ги солзите и дигни ја главата, кажи си дека и покрај се можеш да успееш ако се потрудиш и дадеш се од себе.. ќе видиш дека она што не те убива те прави посилна и поотпорна од надворешната околина.

    Немаш љубов, немаш подршка, немаш ништо велиш.. може грешам и ќе звучам сурово но сметам дека треба да размислиш малку подлабоко каде грешиш и во што грешиш за да се промениш, може навистина имаш во себе некој проблем што треба да го решиш најпрвен со самата себе си.
    И како за крај, штом си увидела дека вака живот не бидува пробај да бараш работа, нема ништо поубаво од свои финансии, довербата веднаш ќе ти се подигне а и ќе бидеш слободна да правиш што сакаш и да бираш каде сакаш и со кого сакаш да го делиш животот, не веднаш но со тек на време со трепение и упорност можеш многу да постигнеш и да се изградиш себе си.

    Значи, наместо да седиш и кукаш пробај да го помрднеш газот од стол и да проработиш на твојот живот.
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    81.161
    Нашиот живот е наша креација.Се друго се само изговори,себесожалување и себеоправдување!!!
     
    На mila1111, 63567, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    ЗА ТЕБЕ МОЖЕ ДРСКА И СУРОВА , НО ЈАС ЌЕ БИДАМ РЕАЛНА !!
    Извини , но овде ние неможеме да ти помогнеме ЗОШТО ти очигледно не сакаш сама да си помогнеш !!
    Ако твоите родители те изложиле тебе на стрес, ти го уништиле детството , ти го земале мирот ..итн
    .Што уште сакаш и кукаш овде ?! Тоа родители ли се , ако ти се биолошки незначи дека СЕ,Ќе пиела антидепресиви , зошто ?! Зошто не си способна да си го средиш животот ! Најлесно е да седнеш и да кукаш ДЕЈСТВУВАЈ ДЕВОЈКО 18 ГОДИНИ СИ !!
    Ќе станеш , ќе се средиш како што доликува на секоја девојка не за мене Трајко Петко за тебе , за да имаш самодоверба , треба да имаш желба за живот ТОЧНО Е РОДИТЕЛИТЕ ВЛИЈААТ НА ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА ,НО САМА ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧЕШ.
    Има луѓе што изгубиле родители , деца ,немаат што да јадат , голи и боси се ...
    Твоето не е проблем , додека се самосожалуваш и сакаш другите да те сожалуваат не правиш ништо . Ти ако вистински бараш решение на твојот проблем , нема да го бараш овде ,туку во себе СИТЕ ПРВО ИМАМЕ ПРОБЛЕМ СО САМИТЕ СЕБЕ ПОСЛЕ СО ОКОЛИНАТА .
    Ќе гледаш малку посебично на нештата и околината , ако сакаш да станеш човек ..пошто од дома реално не те сметаат за тоа . Ќе најдеш работа , се осамостоиш И НЕМОЈ ДА ВИКАШ ЛЕСНО Е ДА ЗБОРИТЕ ВАКА ТАКА ИМА ЛУЃЕ ДАЛЕКУ ПОЛОШО ПА УСПЕАЛЕ !!
    СРЕЌНО !
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.