Не си ти ниту за на психијатар а најмалку за антидепресиви на неполни 18 години. Сега мислиш дека ова е најлошото и најужасното нешто што може да ти се случи, но всушност постојат многу полоши ситуации низ целиот живот, а единственото нешто што ни останува на сите нас е надежта, како велат таа последна умира. Сега кога мислиш дека си го допрела дното, само малку размислувај по надежно, дај си сама на себе воља за живот, и најважното бори се за подобро утро. Најпрво среди се физички, негувај ја косата за да ја вратиш во добра форма, посети заболекар види што може да се направи со тие 2 извадени заба, ако не се напред не е толку страшно, а во случај и да се знај дека денес стоматологијата е многу понапредна, и решение се наоѓа. Не си ниту прва а за жал ни последна со такви родители, и воопшто не е лесно. Знам како е да си навредуван во училиште без разлика дали е основно или средно, знам како е уште на мали нозе да ти се сруши самодовербата секогаш да мислиш дека правиш погрешно, од некоја постапка што си ја направила да те исмејуваат а тебе очите да ти се полнат со солзи а на душата да ти се товарат грутки тешки како камења. И најлошото да немаш подршка, да слушаш како ја навредуваат твојата мајка. Лоши спомени за цел живот кои дел од нив сум ги искусила на своја кожа и сум била со нула самодоверба. Но со тек на време сфатив дека така не можам да продолжам. Сакам да ти кажам дека животот има и светли моменти, се зависи ние на кои ќе им дадеме поголемо значење. Бори се за се, спротиставувај се на навредите во училиште, не молчи, дај им до знање на непријателите дека тие не може да се однесуваат со тебе како сакаат, а најмалку да те навредуваат и понижуваат. Сигурно во училиштето имате психолог, можеш како за почеток таму да одеш на разговор да кажеш каква ти е ситуацијата и како се чувствуваш, за навредите во училиште може многу да ти помогне. Веќе од Април времето се затоплува и можеш да спортуваш, возење велосипед, трчање, пешачење. Освен што и ти би се чувствувала подобро, ќе испаднеш малку од дома, ќе намалиш и дел од тежината, па така мислам дека и би ти се вратила желбата за дотерување. Понекогаш многу мали работи можат да не направат да се чувствуваме поубаво. Бори се и не губи НАДЕЖ, решение се наоѓа за се, биди упорна
По неколку пати ги прочитав вашите совети и мислења. Ви благодарам многу за одвоеното време. Да не ве цитирам секој посебно, се согласувам со сите до некаде. Се согласувам со тоа дека се е до нас САМИТЕ и дека само јас сум таа што може да си помогне. Но не се согласувам дека ова моево не е проблем како што погоре некој напиша. Тоа и ќе го направам. Ќе пробам колку-толку да си го средам животов. Сега засега имам некои планови. Уште еднаш ви благодарам од срце. П.с болна сум и затоа дури сега ви одговарам, не можев порано. А и тие што ми напишаа лична порака нека не ми замеруваати нив сум им многу благодарна.
Едно утро ќе се разбудиш во твојот кревет, ќе се истегнеш, ќе издишиш длабоко и ќе погледнеш во прозорецот од твојата соба. Зраци светлина ќе те опсипуваат, а ти ќе си речеш колку е убав животот. Ќе застанеш пред огледало, ќе се погледнеш физички. Ќе си речеш убава сум. Ќе бидеш истата онаа од предходниот ден. Чиста, совесна, самоуверена, силна. Ќе бидеш некој што животот и случувањата во минатото го научиле да застане на свои нозе и да се бори. Ќе го измиеш лицето на кое и онака немало ништо валкано, ништо од кое би се срамела. Ќе се облечеш убаво. Нешто удобно. Саканиот ќе те чека надвор. Ќе му се насмееш, широка насмевка што ќе надомести за секоја солза што си ја пролеала. Ќе бидеш среќна девојко. Ама, од тебе зависи се. Знам дека не е така лесно. Верувај ми дека ако бидеш упорна, и поубави работи ќе доживееш! Се најдобро!
Девојче мораш да се средиш прво со мислите и да си речеш млада сум,можам и морам.Ако на татко ти кој цел живот те навредува и потценува му поминал животот така не дозволувај и тебе да ти помине млада си имаш многу пред себе ако на се потклекнуваш и се откажуваш ( а животот удира шамари ) кај ти е крајот. Надвор светот е многу суров среди се се е до главата прво таму треба да си ги средиш работите нема песимизам и лоши мисли па после да видиш кога ќе бидеш со ведар дух како ќе се разубавиш и од надвор а лесна работа е другото ќе си држиш диета, ќе се средиш потшишаш и ред др работи прво убавината доаѓа одвнатре млада си толку да паѓаш во депресии и да се запоставуваш себе си ти имаш живот пред себе ама сето тоа ако сакаш само од тебе зависи.Ќе се запишеш на факултет нови пријатели,познанства може и љубов ќе си најдеш или мој совет доколку имаш можност замини си дали на брод или некаде во странство млада си ти си полна со живот има потенцијал во тебе јас верувам во тоа,а мораш и ти во себе самодовербата е многу важна да успееш во животот.
Вo смер се пaднaв сo дете сo пoсебни пoтреби и цел клaс не знaе кaкo дa пoстaпи сo негo. Не знaм ни кaкo пoминaл нa приемен испит, нo ми се чини декa е сo пaртиски врски (зa ВМРO викa декa бил, a верувaм мaјкa му јa фaлелa пред негo...). Не е битнo тoa, прoблемoт е штo нa цел клaс пречи и немaме друг избoр oсвен дa гo трпиме. Нo кaкo? Премнoгу гo тoлерирaме, нo секoгaш нештo му фaли и ние сме винoвни, пa или пoчнувa дa се дере пo нaс и дa трескa сè oкoлу себе или јa викa мaјкa му дa гo "брaни". Не е винoвен тoј штo вaкa се oднесувa, знaм, нo винaтa е нa негoвите рoдители штo гo прaќaaт вo вaквo шкoлo, нa местo вo шкoлo кaде штo нaјмнoгу би му oдгoвaрaлo нему и нaс. Личнo јaс се oбидoв дa бидaм фер сo негo и дa му пoпуштaм, сaкaв дa му пoмoгнaм, нo тoј нaпрaви дa се чувствувам неудoбнo и кoлку и дa му кaжувaм тoј тoa не гo прифaќa и верувa декa тaкa е прaвилнo. Прoбaв дa гo игнoрирaм, се рaзлути зoштo не сум му збoрувaлa. Прoбaв дa бидaм директнa сo негo, дa му кaжувaм кoгa е грешкa и кoгa не, пaк се лутеше и не сaкaше дa прифaти. Еднaш ни кaжувaше кaкo јa дaвел и тепaл сoпственaтa мaјкa и буквaлнo цел клaс се oднесувa кaкo бoмбa дa деaктивирa кoгa збoрувa сo негo. Не знaм нa кoј нaчин дa пoстaпaм сo негo...
Изгласајте едногласно сите да се префрли тоа дете во друго школо каде што би му одговарало. Таа мајка не знам што сакала да постигне со ова. Дали сака од камен, леб да направи или незнам што... Разговарајте со вашиот класен раководител во врска со случајов и за негово префрлање во друго школо. Знам како е. Нит вие можете да учите на раат, нит тој може. Не е во соодветна средина.
Збoрувaв денес сo клaсниoт и ми викa декa имaл кoнфликт сo мaјкaтa. Детевo уствaри гo oбвинувa цел клaс декa не гo дружиме (a бaш нaпрoтив, целo време му збoрувaме) и мaјкaвa му верувa... Клaсниoт и oбјaснил декa не е дo нaс, туку е дo дететo, тaa упoрнa билa дo нaс е, ние сме гo исмевaле, не сме гo примaле вo друштвo. Прoблемoт е штo дететo тaквo е рoденo и не мoже дa се вклoпи вo клaсoт, имa рaзлични и чудни сфaќaњa зa рaбoтите и не знaе кaкo дa се oднесувa сo други луѓе. Сaкa дa биде дoбaр кoн другите, нo еднoстaвнo не мoже, секoгaш oбвинувa некoј зa нештo, мести, лaже, се кaрa, пред неделa денa се случи и дa истепa девoјче oд клaсoт. Не знaм кaкo дa пoстaпaм веќе. Јa имaм тaa несреќa дa ме "сaкa" и целo време ме тoрмoзи сo тoa, се дoближувa премнoгу дo мене (секaкo се тргaм и му викaм декa не требa тaкa дa прaви), a честo се случувa дa ме фaти зa кoленo (и јaс нa тoa бурнo реaгирaм, нo кoлку и дa се oднесувaм тaкa тoј прoдoлжувa).
Во нашио клас има слично дете одкако се префрли кај нас од друго училиште постојано има кавги во класот. Детево можеби има проблем психички но мислам дека нема откако е дојдено го зафркаваа/фме го тепааат на почетокот беше добар со сите но потоа кога почнаа да го малтретираат стана лош кон сите почна да се заканува почна агресивно да се однесува да мава по сите со столови со наливи и така секој ден . Уште од старт беше навредуван ненормален ваков таков и не беше прифатен од класов кој е виновен во сотуацијава ученикот или класот
Ќе може ли некоја повозрасна да ми пише ЛП Потребен ми е совет во врска семејство-дечко, ама премногу ми е лично да пишам овде.
Тие што го зафркавале, но не би било така ако уште од старт мајката си го знаела детето и на место во школо каде што нема да може да се вклопи, да го прати во школо каде што ќе може. Ме нервираат кога си ги убедуваат децата со посебни потреби дека не се со посебни потреби и ги пикаат во класови каде што само покомплицирано им е. И за жал премногу вакви родители сум сретнала... Детето во никој случај не е виновно затоа што така му работи мозокот, така е родено и соучениците ништо не можат да направат (особено ако веќе психолог и класен разговарал со родителите) ...
Сепак, ќе напишам овде. Ќе биде многу долго, но секој совет и мислење ми е добредојдено. Спојлер Прво, морам да ја претставам ситуацијата во моето семејство. Не можам да се пожалам за ништо материјално од нив. Имам покрив над глава, храна и секогаш колку-толку, имам по некој денар во џеб. Имам еден друг проблем. Растев со многу малку љубов. Пораснав со баба и чиче. Дома само со баба можев да направам добар муабет и да ме разбере, сега баба почина. Имав подршка од неа за се. За разлика од моите родители. Татко ми не го ни гледав, цело време работеше. Уште кога бев мала секојдновно си добивав навреди од мајка ми. Нути еднаш не ме гушна, не ме бакна за добра ноќ, не ми рече дека ме сака, дека е горда на мене и моите успеси. Само критики. И кога одев кај другарчиња, кога гледав како спрема нив се однесуваат нивните родители, ми паѓаше многу тешко и многу плачев. За плачењето не добивав утехи, туку уште толку критики. Кога имав 6 години, се роди сестра ми. Тогаш морав да созреам. Кога си играв со играчки, ми викаа дека сум голема и дека треба да седнам да учам. Немав ни другарки и само учев. И тогаш тие прикажуваа љубов кон сестра ми, со неа се гушкаа, што ми паѓаше уште потешко. Никогаш не ги почувствував за блиски родителите. И ден денес, не можам да функционирам нормално и самостојно и до пред некое време морав да им полагам сметка за се, дури и за кога ќе одам да се бањам. Имам речиси 17 години, не пушам и не пијам, скроз одлична сум на школо, секое излегување се враќам пред 12. Во текот на работните денови ми е дозволено само еднаш да излезам од дома. И повторно критики од родителите, дека немам карактер, дека не сум знајала да правам муабет, дека за џабе учам, дека бубалиците како мене завршувале како неуспешни, дека ќе бидам пропадната инвестиција, дека многу очекувале од мене, а јас сум ги разочарала. Ситуацијата од кога фатив дечко во семејството уште толку се влоши. Тој има 19 години, заедно сме речиси една година и проблемот кај моите родители (поточно мајка ми) е тоа што има завршено само средно ветерина и не оди на факултет. Тоа мајка ми ми вели е дека, нема да завршам факултет, дека ќе пропаднам, дека на млади години ќе се омажам. А пат тетка ми ми рече, буквално одма да го оставам, затоа што бил прост и необразован. Дека нема да имам иднина со него и дека ќе ме униште. Дека сега сум млада, ама кога ќе сум возрасна ќе ги сфатам тие работи. Дека дечко треба да бирам, а не да ме бират. Тоа е едната страна на приказната. А другата страна е ова. Тој ми има речено дека иако за сега ни оди одлично, не знаеме иднината што ни носи, ако во иднина имам друг дечко и не ми дава да одам да завршам факултет и да градам кариера и ми прави проблеми, да му се обратам на него, затоа што тој гледа дека сум паметна и секој ден ме подржува да успеам. Ми рече дека ќе му биде задоволство ако тој биде мојата подршка за да успеам во намерите. Ми рече дека не сака брак на млади години. Тој не се запиша на факултет затоа што неговите немаат доволно финансии за тоа. Сака да печали и натаму ако е во можност и тој да се школува. Буквално, го вади најдоброто од мене. Ме подржува да правам работи, за кои порано сум немала храброст или сум мислела дека не можам да ги направам. Во сите тешки моменти, особено кога баба ми почина беше со мене. Ако сакам да излезам само со женско друштво, никогаш не ми прави проблеми. Откако сум со него, до дома никогаш сама не си отидов, затоа што е вопитуван дека девојче се испраќа до порта за да се осигура дека безбедно сум стасала дома. И за прв пат чувствувам како ми се исполнува празнината во срцето што ја имам цел живот. И сум среќна со него. Од друга страна, ми ја полнат главата да раскинам со него. Ве молам за мислење и совет.
Епа вака сега, имаш две можности: или се работи за супер дечко кој поради сплет на околнотсти не може да се школува, или пак си се заљубила во добар глумец кој ти го кажува она што ти сакаш да го слушнеш за да си оствари некоја задна намера за која ти можеби не си ни свесна. Искрено се надевам дека е првото. Како и да е, треба да ги разбереш и твоите, тие се само загрижени за тебе. Не знам дали се во право или пак погрешиле, можеби претеруваат со реакцијата, но не ти мислат ништо лошо. Тие само не сакаат ти да страдаш. Инаку, ако навистина ти е многу убаво со дечкото, те поддржува во се, никогаш не те остава сама кога ти е тешко, не гледам зошто да ја прекинеш врската. Тоа што не се запишал на факултет не е повод да му раскинеш... барем не на 16-17 години. Според ова што си го напишала, јас добив убав впечаток за дечкото: трудољубив, самостоен, воспитан... Но, само според тоа што ТИ си го напишала, што значи дека ТИ така го дожувуваш. Реалноста може (но не мора) да биде сосема поинаква. Од друга страна пак, разбери се себеси. Имаш потреба од љубов, нежност, поддршка. Дополнително, од дома не добиваш ништо од ова, што уште повеќе те прави склона да се потпреш на дечкото. Имам впечаток дека до пред врската си била многу осамена (поправи ме ако грешам). Секој има потреба од некој покрај себе, колку и да изгледа дека е силен и самостоен. Исто и мајка ти, колку и да не ти кажува дека те сака, верувај дека те сака многу повеќе од што можеш да замислиш. Пробај тоа да им го објасниш на твоите, можеби малку ќе ја ублажи ситуацијата. Само немој да се искараш со нив, тоа е најголемата грешка што ќе ја направиш. Велиш дека и пред врската постојано те критикувале за се и сешто. Колку и да се строги кон тебе, тие тоа го прават за твое добро, макар што ваквите методи на контрапсихологија (или како и да се вика стручно, не знам) често пати даваат контра ефект. Мислат дека ако постојано те критикуваат тоа ќе те поттикне тебе да станеш подобра верзија од себеси. Некогаш успева, некогаш не. Конкретен совет не е коректно да ти дадам, ти самата треба да процениш и да одлучиш. Притоа внимавај да не се изгориш!!! Се надевам дека барем малку ти помогнав. Ти посакувам среќа! На крај краева, нема ваљда утре свадбата да ја закажете. Уште сте деца, животот е пред вас!
Ти благодарам од се срце на мислењето И дефинитивно, дечкото е првото што ми го кажа, затоа што се гледа кога некој те сака и се грижи и кога некој глуми. Сум ги запознала неговите и многу е строго воспитуван, исто како и јас. Работата е што моите многу брзо реагираат, а не го ни имаат запознаено. Чичо ми го знае и до сега лош впечаток нема добиено. Фала ти се советите и ќе дадам се од себе да ги разберам и моите. И не е сериозно до тој степен за свадба хахах И самите сме зборувале дека не знаеме што ни носи иднината и натаму што ќе се случи. Затоа што пред се, јас сум уште дете и не можам да имам до голем степен сериозна врска. Јас му го дадов до знаење тоа на него, а тој на неговите родители и тие гледаат на мене како на дете, не како на идна снаа или не знам што, затоа што се свесни и самите дека јас сум уште мала. Како и да е, уште еднаш ти благодарам
Секој заслужува да биде сакан. Чувај си го тој дечко. Изживеј си ја врската, дај Боже да ви трае вечно. Образованието не е репер. Битно е и срцето и душата на човекот, карактерот. Родителите секогаш ќе ти бидат родители. Ако прекинеш ради нив со дечкото, секогаш ќе ги обвинуваш. Секогаш ќе се прашуваш што би било да останев со него. Слушај си го срцето. Пари се печалат, дипломи се купуваат - нажалост.
е вака веќе повеќе години имам проблем со ова и никако да го решам се стојам во место можеби ова на некој ќе му изгледа смешно или чудно или незнам како ама јас имам проблем во врска со тоа и тоа голем и би сакала да ми помогнете.значи вака јас сум многу срамежлива и повлечена и поради тоа имав многу проблеми и многу патев немам воопшто самодоверба и работата е што ние учевме физичко 4 години во средно и јас на физичко буквално ништо неможев да правам значи колут напред назад одење по греда техники кошарка фудбал одбојка ракомет ништо буквално во тој момент се тресам од страв и неможам ништо да направам а и плус затоа што бевме многу во класот и тоа уште повеќе страв ми беше и секогаш се измислував и не играв и си викав ај од другиот час од другиот час и кога ќе дојде тој момент јас неможам нешто ме кочи ме фаќа паника е сега пак на факултет ќе имаме физичко не сакам веќе со тој проблем да стојам во место јас немора сите тиа работи да ги правам перфектно но сакам барем да имам храброст да се обидам ве молам за помош.
Па, искрено јас немам проблем со такви работи, но ако некогаш дојдам до препреки или се ми оди наопаку во животот, се трудам да се смирам и да се мотивирам самата. Во, твојот случај според мене мораш да се избориш со срамот и стравот што го чувствуваш. Значи не правиш ништо од што би можело да ти биде срам, едноставно треба да го направиш истото што го прават сите. Ставот настрана, главата горе, верувај во себе и покажи го најдоброто што го знаеш. Знаеш зошто?? Затоа што ти го можеш тоа
Па вежбај дома постели си кебе или јорган на земја и вежбај.Може неможеш на коњче да рипаш дома,ама колкук напред назад можеш.Кога ке извежбаш,вајда ке бидеш поопуштена на часот.И јас бев како мала повлечена и нишо не добив со тоа.После сватив дека ако згрешам нешто на физчко,на час кога одговарам или во друштво додека разговарам,не е крај на светот.Па дури и ако ми се смеат другите.Се е тоа дел од животот.Денес тебе утре на друг ке се смеете,па можеш и самата на своја сметка да се насмееш.Битно е да го скршиш мразот,почни да бидеш активна во твојот социјален живот.Немаш време да го чекаш совршениот момент,сега е моментот немој да викаш има време утре.Почни од некаде.