Како дома, во семејството зборувам, искажувате љубов? Јас знам за моето семејство, се сакаме се почитуваме, не можиме едни без други - го знам тоа од малите нешта во секојдневието, но јас лично никогаш не сум слушнала моите да ми речат те сакаме. понекогаш се прашувам дали е тоа нормално, ненормално, честа појава, само кај мене дома.... искуства да слушнам сакам
Наместо да очекуваш од некого било што најпрвен треба да умееш да даруваш и љубиш. Не очекувај и не чекај од никого, кога даруваш ти возраваќаат, кога љубиш си љубен. За почеток тоа нешто што ти боди во очи ти направи го па тогаш очекувај и за возврат.
Конечно сфатив дека веќе влегов во опасната зона на зависност од интернет. Телефонот ми е скоро цело време во раце, често додека некој ми зборува јас гледам во телефонот наместо во него и наместо да се вклучам во разговорот со таа личност, јас во моментот се допишувам со некоја друга личност а со таа пред мене разговарам резервирано. Најлошо е што кога ќе седнам да учам наместо тоа јас на интернет киснам и ништо од учењето. Затоа и често си одложувам колоквиуми и испити, еве денес тоа се случи и веќе се запрашав себеси каде ова ме води. Инаку сум весела, позитивна, духовита, не сакам да се претворам во робот. Добро е што станав свесна за проблемот и ќе се обидам да се променам, некој совет од вас во врска со ова?
Некој посебен совет за ова нема. Самата ти треба да си кажеш доста е. Јас бев исто зависна цело време на телефон на фб и инстаграм. Пред некој период си кажав самата на себе доста е (затоа што не правев ништо корисно освен седење на тел) па сега телефонот го користам само по потреба, а слободното време си го користам за читање книги, учење. Дома кога си оставај го тел во друга соба да не биде со тебе цело време.
Тоа е добро што си сфатила, затоа што имам другарка која никако да сфати, кога и да поминам од кај неа кај што работи таа е на телефон, еднаш дур ме викна кај нејзе додека седев таа си збореше на телефон пола час што ми падна многу глупаво па фатив и си отидов дома. Првиот чекор е направен - признавање на грешката, вториот е малку потежок но не и невозможен, гледај да стоиш понастрана од мобилниот, најди други занимации а можеш да се фокусираш и на учењето. Социјалните мрежи ќе останат овде, тие дипломата нема да ти ја дадат, се надевам ме сфаќаш што сакам да кажам.
Кога сум во ПМС сум страшно нервозна и не можам да се контролирам,премногу сум агресивна тој период што и самата себе не можам да се поднесам.Дали е потребно да пијам некои апчиња тие неколку дена или дајте ми некаков совет како да се релаксирам.
Најдобро е што прифаќаш дека имаш проблем и со тоа си го олеснуваш решението зошто нели, не се одрекуваш за моменталната состојба. Искрено јас порано бев зависник од интернет, од компјутер, од телефон. Еден ден ми здосади едноставно, кога сетив дека имам за учење сама си правев рестрикции пр. му го давав телефонот на мајка ми - да не ми го дава додека не завршам, максимум на 10 минути пауза кога ќе имам - можеше, а на компјутерот седеше татко ми или брат ми, и дури и за време на паузата договорот беше да не стануваат за да седнам. Сега реално досадно ми е на интернет. Најискрено. Тоа го практикувам и денес, само во поблаги форми. Кога учам сериозно, лаптопот не го пуштам додека не сум целосно завршена, само таблетот седи до мене ако нешто ми притреба или за време на пауза малку да пуштам мозокот на пасење. Во глобала сега, од социјални мрежи не зависам како порано, туку само ги одржавам колку да се речи дека имам, најголем дел од времето на интернет го користам на игри и тоа кога имам време, не постојано. Е сега, ете друг пример, брат ми не признава дека е зависен од интернет. Не учи, не оди надвор да игра со другарите, до лани ќе одеше за викенд в село зошто се береа по 30+ деца на игралиште за да игра, сега неќи од дома да излези за на компјутер. Телефонот не го користи, не е фан, ама за компјутерот - да. Е сега има еден „услов“ од моие дека ако напиши, научи - ќе му го пишат пасвордот кој тој не го знај, ако не - нема ни да седни. Е сега зошто е мрза да учи, ќе седни ќе си игра нешто друго, ќе излези со другарите па после тоа пишува домашно и учи за на крај да има доволно време, а не премногу за на компјутер. Како и да е, нели сите сме различни. Мислам дека ти напрај најголем чекор - призна и имаш волја да го промениш тоа. Се што ти треба е да одиш против желбата за интернет или ете да искористиш брат/сестра или родители да ти помогнат во тоа. Па можам да те сфатам, и јас имам бурен ПМС, од типот нервоза, стрес, плачење, па смеење па после тоа нервирање и се тоа во најкрајни граници што можи. Кога ќе се сетам дека почнувам да губам контрола голтам едно магнезиумче со б6. Не знам дали тоа ми помага малку да се смирам или едноставно потсвесно вервам дека тоа ми помага па затоа го пијам - не знам ама знам дека после сум релативно посмирена, тие крајности малку се намалуваат и се во границата на нормалата. Обично нечие внимание, најискрено, во ПМС деној ми помага најмногу. Ме прај да се чувствувам сакана и среќна па гледам повеќе да сум меѓу луѓе колку и да неќам да ги гледам во тие денови само за да направам да се чувствувам подобро. Патем, за магнезиумот конкретно, ете не и за делот Б6, тетка ми ме советуваше во текот на ПМС да ги пијам и наводно менструацијата ќе ми била помалку болна па пробав и реално за сега е океј, ем ПМС ми е малку посмирен, ем менстурацијата ми е помалку болна па засега ми е океј вака. Ќе видиме до кога. Зошто како шо кажав, порано ги пиев кога осетев дека губам контрола, а сега редовно, секој ден по 1-2 за време на ПМС.
Почни да си посветуваш внимание на себеси! Затоа што ако ти самата ме си посветуваш внимание, како сакаш другите да ти обрнуваат внимание?! Понекогаш треба самите ние да бидеме свесни за своите постапки,а не да оставаме на другите оклолу нас, па дури и кога се во прашање најблиските во семејството, и да чекаме некој друг да управува со нашите животи.
Многу сум опседната со проблеми и дешавки околу мене, што и да ми се случи во текот на денот јас го преживувам по 2-3 пати во денот, да не речам 100-пати. Дури некогаш и не можам да заспијам од што го преживувам повторно настанот.... на пример - ако ми изгасне колата на улица, јас се јадам од нервоза, како, зошто, како можеше толку ли сум неспособна.... што дури ми доаѓаат и негативни мисли, дека сум неспособна, дека ќе се чукнам негде, дека повторно не ќе знам да ја изгаснам навреме, ќе удрам кола...... ( ) тргнувам од едноставни работи, знам дека не треба но ете... незнам каков проблем имам, едноставно знам дека имам, Што да правам ???
@jasmina00 Ако подолго време се соочуваш со овој проблем и покрај тоа што знаеш дека не треба да реагираш на таков начин, најдобро е да посетиш стручно лице за твое добро. Можеби имаш некаков проблем што не можеш сама да го надминеш, иако си свесна за ситуацијата. Без оглед на се мораш да бидеш порелаксирана и позитивна.
Нема што да бидеш опседната, насочи ги мислите на нешто сосема друго, нешто поразлично, нешто поубаво. Примерот со колата може секому да му се случи, тоа не значи дека си неспособна, туку тие работи ссе случуваат секој ден, секому може да му се случат. Дали имаш разговарано со некого за овие работи? Со твој близок ? Ако си, што ти велаат во врска со тоа? Ако не, разговарај или како што ти кажаа веќе, разговарај со стручно лице.
Дали имаш разговарано со некого за овие работи? Со твој близок ? Ако си, што ти велаат во врска со тоа? Ако не, разговарај или како што ти кажаа веќе, разговарај со стручно лице.[/QUOTE] Конкретно со никого не сум разговарала, детаљно. Онака нафрлано со најблиските дома, не можев да заспијам - и нормални одговори, опседната со проблемот, со ова со она.... да можеби е најпаметно да разговарам со стручно лице. И да, се трудам секогаш да размислувам на нешто убаво и позитивно. Затоа што ми одзема од енергијата. Фала за советите
Вака јас ќе ти кажам драга моја. И јас сум имала сличен проблем и го решив кога се оддалечив од дома, кога заминав да студирам во друг град. Се сменив тотално и мислам дека и ти ќе можеш да се смениш на тој начин. Ако не се оддалечиш од местото и од луѓето кои ја цицаат сета позитивност од тебе, тешко ќе го надминеш тоа. Ти треба поддршка, мир а не секојдневен притисок. Треба и да веруваш, самиот твој став е многу важен. Ти можеш, ти сакаш и почни да работиш на себе. Според годините, уште си во средно, наскоро претпоставувам дека ќе одиш на факултет, оди во друг град ако имаш услови за тоа. А дотогаш посети психијатар и следи ги неговите совети. Ако ти треба некој за разговор можеш и мене да ми пишеш.
значи незнам што ми е периодов цело време сум нервозна и се карам со сите за ситници посебно со моите дома на пр. денес се искарав зашо не ми купила сестра ми чоколатце,лом се напраивме у пакет ја стаив и мајка ми и им се дерев за сра*е скоро секој ден се караме,цело време сакам да сум сама,да живеам сама за да не ги повредувам другите за некои глупави ситници..пред некој ден еден другар ми кажа дека сум се понашала како да сум во депресија и дека сум се повлекла што искрено и се навредив..стварно незнам што да правам нејќам никој да повредам али коа ке дојде моментот одма избувнувам без да размислам што да кажам,ке кажам и нешто што мислам и нешто што не мислам