Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ако си негде од 15-19 години нормално е! Ми звучи баш како тинејџерство. Онака ко ненормална се понашав јас тогаш со сите се карав за најглупи нешта. А може и само таков ти е периодот, напната си под стрес. За избувливоста за жал нема лек. Тоа е и моја најјака карактеристика. Одамна се обидвам да ја променам ама не оди. Можиш само да ја контролираш делумно. Ете од другиот месец си викам на јога да почнам, многу помага со нервите би можела и ти!
     
    На Deadhalf му/ѝ се допаѓа ова.
  2. divalady

    divalady Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Ми требаат совети и мислења на една тема, на која многупати имам разговарано со моите најблиски но би сакала да слушнам и други мислења во врска со тоа. Ве замолувам само без осуди и сл. такви работи.
    Значи вака.Ќе наполнам 26 години за некој месец, немажена , дипломирана и моментално вработена по струка ( фамилијарен бизнис).
    Пред неколку години кога се запишував на студии, избрав професија спротивна на тоа што јас сакав да студирам. И тоа секако беше под влијание на моите родители . Немав никаква подршка од нивна страна , во смисол што ќе работам со тоа што јас сакам да студирам, нема иднина за таквата професија, не е само да запишам било кој факултет . Зошто да ја испуштам можноста кога веќе имаме семеен бизнис , можност да работам по завршувањето , да ми пренесат знаење, искуство....
    Немајќи друг избор и претисната на некој начин , тргнав по стапките на моите родители. . . . Го завршив факултетот во рекордно време ( да не речам со сила ) , работам сега,и се тоа.. но.. .Џабе што имам работа и се друго кога тоа воопшто не ме исполнува , ме гуши. Посакувам да оставам се , и да тргнам по патот по кој што отсекогаш сакав да одам.
    Сега, после толку време пак ми се пружа можност запишам студии . Многу размислував на тоа но не знам дали вреди и колку е паметно да почнам од почеток со оглед на се што имам досега, тоа што веќе годините ми се одминати , а плус и факултетот на кој што сакам да студирам е 6 години.Се работи за медицина.
    Ве молам за совети.
     
    Последна измена: 8 јуни 2016
  3. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Ако сакаш да бидеш среќна и исполнета, а не вака несреќна да студираш.
    Понекогаш родителите не размислуваат дека со тоа што ќе им го наметнат на своите деца ги прават несреќни. Тие за исполнување на своите цели или надополнување на своите неуспеси го втурнуваат своето дете во нивниот колосек не размислувајќи дека тоа нема да биде среќно и исполнето.
    Годините не ти се одминати воопшто за ништо, никогаш не е доцна се додека си здрав и жив.
    Кога се сака се се може, а гледам дека ти сакаш да си го исполниш својот сон од детството.
    Само напред.
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.644
    Допаѓања:
    173.779
    Јас ке те советувам да си се запишеш медицина и паралелно да си работиш и студираш
    Ке дојде некогаш момент каде што ке треба да пресечеш да ставиш крај на ова се до сега што не те исполнува и да тргнеш се одпоново
     
  5. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Па не би се согласила со вас. Денес, кај нас не држи муабетот прави го тоа што те прави среќен/а, Да, треба да го живееме животот онака како што ние мислиме дека би биле среќни, ама, не е се така розево.
    Ај ќе се запише медицина, ќе и поминат 6 години колку што напиша и што после? Што би работела после? Да не биде случајно светски доктор? Не сакам да те обесхрабрувам ама, јас мислам дека идејата да почнеш повторно да студираш и тоа не било кој факултет туку медицина, не е баш добра. Што знам, јас успех тука не гледам. Според мене наместо да размислуваш на тоа, размислувај како би била среќна со сегашната работа.
     
    На Nausicaa, mila89 и Outlook им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    5.118
    Пол:
    Женски
    Медицина ... ти би била остварување на соништата на моите хахахха јас избегав од медицина,а се запишав на нивно инсистрање. Не дека изгубив нешто со тоа образование, баш напротив ама не ми лежеше и јас пресеков многу порано од тебе. Не е доцна да струдираш, вториот факс го запишав на 29год. ако не се лажам. Нема да можеш да работиш и да студираш медицина да не се лажеме, тоа е многу одговорна работа пред се, значи треба ДА ЗНАЕШ, НЕ САМО ДА ПОЛОЖИШ. Само подготви се добро емотивно затоа што таму ќе студраат деца за тебе, ќе треба да ставиш оформување семејство на холд, што не е мала работа. Размисли добро пред да донесеш конечна одлука, многу откажувања и жртви бара студирањето после 25тата година, а твоите ќе преболат како и моите што преболеа што не станав доктор. Среќно!!!
     
  7. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Погрешно начисто. Таа веќе има факултет и работа и обезедена иднина. Ако ја исполнува медицината нека се запише, може и од тоа ќе излезе нешто.
    Кои песимисти еј!
     
    На ell и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.273
    Пол:
    Женски
    Може да се запише, ама нема да може да работи, бидејќи на медицина не може да студира вонредно, задолжително е присуството на вежбите и предавањата. Нејзините нема да сакаат да и ги финансираат студиите, па ќе мора да работи за да плаќа. Можеби подобра опција е да почне со школо за медицински сестри, па понатака да се надградува. Инаку и јас сум за студирање она што и е желба и никогаш не е доцна, само што кај нас, како што кажав е малку потешко изводливо студии и работа паралелно.
     
    На Мрчатор му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Ние не знаеме дали ќе и плаќаат нејзините!:^)
    Како и да е, верба никогаш не треба да се губи.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Не сум песимист туку реално гледам на работите. Доктор не може да биде секој. А ако и се работи за 15 000 нека учи 6 години.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Споре тебе за 15.000 никој не треба да студира медицина.
     
  12. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не треба никој да студира медицина туку на девојката воопшто не и се испалти сега да студира медицина и да изгуби 6 години а притоа си има работа. Многумина ја немаат ни таа раабота што ја има она.
     
  13. divalady

    divalady Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите.
    @Мрчатор за ничија иднина , работа или било што друго не можеме да кажеме дека е обезбедена . Животот не знаеме што носи . Патем, јас во мојот пост напишав дека имав можност каде да почнам со работа по завршувањето. Како си го протолкувал мојот пост тоа само ти лично си знаеш .
    Финансирањето на студиите ( доколку се одлучам за истите ) ќе биде на товар на моите роидтели.
     
  14. Мрчатор

    Мрчатор Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    300
    Иднина како иднина има и на краткорочен и долгорочен план (освен во меѓувреме не се случи нешто).
    Лично знам дека или не сме се разбрале или ти си контрадикторна во своите мислења.
    Родителите ти го наметнале школувањето за да не се маткаш да бараш работа, туку веднаш да навлезеш во семејниот бизнис.
    Толку од мене.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Бидете малку благодарни во животот што родителите ве насочиле и ви дале работа.
    Јас да имам семеен бизнис се ќе направам само за уште повеќе да се развива истиот.
    Моите ни совет не ми дадоа за каде да се запишам. Не знам што ќе ти фали да си работиш по семејниот бизнис, после медицина ако немаш татко, мајка, стрико доктор што ќе правиш ? Ќе требана клиника негде во некое село да работиш.
    Сите си фантазираме и сакаме нешто ама реалноста е друга и јас мислам крајно време е да пораснеме и да се соочиме со реалноста. Веќе имаш добра иднина, не си го зафркнувај животот со медицина !
     
    На Сунѓерот Боб и Prijatelot им се допаѓа ова.
  16. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас сакав да го кажам. Желбите се едно а реалноста нешто сосема друго. И нема никаква врска со песимизам како што кажа еден член погоре. :)
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не е така едноставно како што мислиш, еве и јас сум жртва на она што сакаа родителите а не јас, и навистина е многу тешко да се избориш со тоа.
    Таа наместо цел живот да биде исполнета со работата ќе биде незадоволна од својата иднина а нели својата работа треба да ја сакаме а не да ја работиме на зор.
    На теорија е лесно, во пракса уште потешко е. Не знаеме што ќе и донесе иднината ако се запише медицина, подобро е да ризикува и да си ја проба среќата отколку цел живот да жали.
    Не е само да се оди по ќеиф на родителите цел живот, што е всушност со тоа што го сакаме ние?
    Ако не успее со медицина нека се врати на семејниот бизнис, ништо не губи, може само да добие.

    Вака сите можеме да кажеме да не се жалиме а кога ќе го почуствуваме на своја кожа малку поинаку е.
     
    На Outlook и kjukli им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Моите да имаа семеен бизнис, кога би можела со средно да го работам истиот, ќе ги поштедев и од плаќање за факултет. Не знам дали знае девојката дека на медицина треба да се истепа од учење и тие другите факултет со склоп на медицина. Секогаш се прашувам што е правилно во животот, ама ете мене родителите не ми помогнале за изборот и криво ми е што не ми дадоа никаков совет. Нејзините родители го сакаат најдоброто за неа, не сакаат да се разочара ако заврши медицина што после ?
     
    На Сунѓерот Боб му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе.
    Која работа, која кариера во МКД ако немаме родители да не бутнат? Секако дека има и такви кои самите се потрудиле и успеале да најдат добра работа, ама ретки се. Еве од мое опкружување повеќето што ги знам што имаат добра работа тоа е благодарение на родителите. А тие кои што немаат родители да ги бутнат повеќето работат во Кам или Рамстор. Реалноста е таа, да не се лажеме. Примери еден куп можам да ти изнабројам.
    Многу луѓе посакуваат да ја имаат таа работа. Наместо да сте благодарни што родителите ви овозможиле, мрчите како мали деца. Ама јас не ја сакам таа работа, не ме исполнува. |( А сакаш да чистиш вециња? Оти тоа некој го работи и не се жали на тоа што работата не го исполнува.
     
  20. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Да, го сакаат, сето тоа во ред е и навистина има многу учење со медицина, ама од често што посакуваат добро не значи дека секогаш се во право. Ако мисли дека ќе успее зошто да не.
    Животот е таков, се состои од разочарувања, подеми и успеси.

    Ама чекај во ред, родителите се овде, сакаат да и помогнат, ама по против нејзина волја отишла на погрешен факултет.
    Што би сторила ти на нејзино место? Да сакаш да учиш јазици а твоите запнале стоматолог затоа што имаат домашен бизнис, како ќе се однесуваш? Ќе им тераш ќеиф? Ќе ги урнеш твоите соништа?
    Дали си била во нејзина кожа?
    Не е се така црно, Имам брат кој заврши економски, работи на одлично место, во фирма, имам роднини што завршиле на медицина, си отвориле своја ординација, па не е се така црно како што се мисли.
    Ќе те прашам кога би била притисната од желбите на другите.
    Вака сите знаеме да кажеме, а кога ќе се најдеме на тоа место најчесто кукаме по форуми, родителите вака онака. Ако е решена нека оди. Ама сепак таа знае.
     
    На kjukli и Мрчатор им се допаѓа ова.