Оживеана упла е всушност обнарден назив за стресот или анксиозноста, во руралните средини многу жени ваквата состојба ја користат за да заработат некој денар плус на маката на лугето. Немојте да се лажете да одите по бајачки и да фрлате пари џабе, таа состојба не се лечи со баење туку со ваше справување со дадената ситуација или психолошка помош. Сум се наслушала многу искуства како тие жени им помогнале бла, бла, бла. Она што е магијата во сето тоа е всушност што сами си помагате. При посета на таквите особи кои се многу сугестивно и умеат да ве убедат дека ви е (уплав) и да не се грижите воопшто дека тие ќе ви помогнат... Вас всушност само психолошки ве поткрепуваат за да сами ја надминете таа ситуација. Мојата баба всушност се занимаваше со баење од уплав, уроци, нагазено, или незнам како уште се вика, финтата е во тоа што наводно некој се лекувал од некаква си болест и расипал некоја вода на раскрсница како што обично советуваат овие луге и вас ве префатило. Е сега за да вас ви помине исто ќе треба да ви дадат некое шишенце со вода да се миете па дури има и такви да се бањате и да таа вода ја растурите на раскрсница, демек болеста да замине по разни патишта. Уф, за оваа тема можам да пишувам до утре, ама мислам дека е доволно. П.С Ако има некој маж да му забајам бурум (се шалам )
Ах, сум била на тие врати, и тоа за сериозна ситуација од која добив и анксиозност проследен со најразлични стравови па и депресија. Страв од затворен простор, темница, тоа ми е траума од детство не сакам да навлегувам што се има случено а мала бев. Памтам ко да беше вчера. Исто така еднаш ми се случи инцидент каде добив мал потрес на мозокот и целодневна амнезија (ништо не се сеќавав тој ден). Ова на психолог не ми го земаа во обзир никако, а еве јас мислам дека баш тоа е коренот на тие фобии па полесно би се надминале кога се знае од што се. Не знам може грешам ама ете, може па и психологот не беше погоден.. Е психијатар ми помогна , терапијата реално си заврши работа ко што требаше па денес е малце подруго и "поладно" гледам на таа ситуација, не ме тревожи како што беше до пред некое време, не можев у темно да се движам стално мислев дека има некој позади мене и ќе ме убие, сега веќе не... Со среќа Еленка20, се надевам дека што е можно побрзо ќе го надминеш ова, сосема разбирам како ти е. Да пробаш со милениче? Куче, маче, шала на страна ама помага, посебно кај полесни трауми (стравови). Јас се водев по муабетот како животните осеќаат такви работи па додека е мирно (а скоро секогаш е мирно) некако се смирив и јас покрај него..
Девојче мораш да посетиш психијатар па да ти даде терапија , валда си доживеала стрес и сега имаш некој страв во себе .... Има тема на форумов за аксиозноста има разни случави кои си го нашле спасот кај психијатар , со неколку месечна терапија и се ке биде во ред .
не сум до толку лошо мислам дека сум доволно силна да се изборам и со овај страв бидејќи имав и нешто полошо од ова не планирам да си имам работа со доктори
А зашто толкав страв од психолог/психијатар ? Секаде во светот сите имаат матичен психолог , само кај нас сите бегаат да не ги прават ненормални . Уште ли се лажете со бајачи ? Иди во Св. Јован во Црниче , имаш свети води , иди по цркви ... Побарај си молитва од поп за страв , ете ако неќеш лекар , свештено лице ќе ти помогне.
Kako mala bev mnogu trapavo i nesmasno dete , pa baba mi cesto me nosese po vakvi zeni nikogas ne veruvav deka znaat nesto zenickata ( baba mi ) mislela deka nekoj nesto mi napravil , pa nonstop pagjam i obavezno pukam koski na race xD
Јас исто вака имав упла навечер кога го миев лицето и се си мислев дека има некој позади мене, па некое време морав пола по пола да го мијам лицето за да можам да гледам барем со едно око наоколу. Глупости живи, ама тоа е тоа, сестра ми обожаваше хорор и нон стоп ме плашеше :/ . После отидов в црква попот да ме прелие со крстена вода и ми помина...