1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Ви благодарам,девојки! Се надевам дека ке најдам сила да се изборам.
     
  2. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Преку глава ми е од такви личности што се лутат безпотреба и за глупости... Имам прва братуцеда која се лути за ништооо. Има 25 години јас имам 23
    Другарки сме и братучеди... заедно излегувавме и заедно работевме. Се случуваше на работа понекогаш воопшто да не ми прозбори иди на работа и ни здраво ни ништо ... па дено ми се расипуваше од сабајле - ке ја рашам несто ми одговара кратко и јасно .... безвеза бе.
    По два дена се е во ред. И јас бев таа што секогаш попушташе. Кога и да ја викнев за излегување неможам мака ми е ова она ... ок не ја викав после зосто не ме викаш велеше тоа беше проблем. Сега таа има дечко од странство ... живее со него една година во италија. Комуницираме на скајп и на фб кога можеме. Пред неколку месеци си фатив дечко и ај да и казам и се јавив на скајп. Праевме муабет вака така и ми вика ау тој ми беше прва љубов во основно се мувала со него два три вечери ... (никогаш ми го немаше спомнато а како помала таа се муваше со пола град можи да се речи ) и јас аа незнаев реков ...
    Цел град знае само ти незнајш ... беше посчедното што го рече.
    Оттогаш не ми прај муабет |( ... хеллооу пред 10 години било сега има 25 тоа било на 14год кога била основно. не ми се верува. Што и значи тој во животот нејзин таа ке се мажи нареднава недела а мене не ми прај муабет 3 месеци за ова. Сега раскинавме со него (фала богу не поради неа :) ) а јас уште сум ижреволтирана за ова. Не попуштам ке одам на свадба ама строго службено ке и зборувам. Дали е тоа причина ве молам. Јас постапувам правилно или таа?
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Секако дека ти....
    Тааа си е таква....
    и што сега она ако се има мувано со пола град не значи дека одма ти треба неа да ја слушаш и од кај знаеш дека не лаже...мож те излажала од љубомора...
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас многу одамна ја изгубив мојата мајка,но верувај ми немој ништо од неа да криеш разговарај со неа,таа е единствената твоја пријателка која секогаш ке те разбере можеби некогаш бурно ке изреагира но тоа е за твое добро.Не плаши се да разговараш со неа........колку си поискрена со неа толку повеќе ќе напредуваш во животот
     
  5. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Повторно вратена во живот.Дали правилно постапувам?

    Здраво девојки,јас сум нова на форумов и се надевам ке се дружиме. :)
    Имам 14 другарки и се до ден денес несакав од дома да излезам,не се дружев со никој,за мене животот мислев дека завршил.Ама еве сега незнам што ми стана,а и на мајка ми е чудно.Од утре сакам да изелзам,да шетам,дауживам,да одам на излети,во кино,на шопинг,на забави,шетање и мн др работи.Немам многу другарки,ама неколку имам,а и имам братучетки и братучеди.Дури и сама сакам де шетам,дома да не седам.А до денес бев разочарана од се.Пред 2 месеци имаше еден што ме силуваше,а за ова мн ми е тешко,сеуште имам кошмари.Ама си викам било па поминало,а и некам на тоа да се потсекам.А и со најблиските роднини нешто не сум како што треба,а и со некои луѓе.До денес сите ме понижуваа и ми беше срам од дома да излезам.Ама сега има да излезм секаде да шетам,да уживам и да гледам со никој да не се расправам,а и гордо да одам.Што викате,дали правилно постапувам?? Дали треба животот да го сопреме заради тоа што се случило во минатото?? :)
     
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Повторно вратена во живот.Дали правилно постапувам?

    да,правилно постапуваш,треба да излезеш од дома,да се дружиш,да шеташ,да уживаш во животот,имаш сам0 14 години,малечка си,животот допрва почнува за тебе,ако седиш дома заклучена и изолирана нема да ти биде подобро само полошо може да биде,ке размислуваш ке се сожалуваш и запагаш во депресии.ако излезеш се дружиш,ке запознаваш нови луге,ке ти се дешаваат нови случки,ке заборавиш на минатото,времето ке ти биде исполнето и ке бидеш посрекна.жалосно е што ти се десило такво нешто и што имаш таква лузна а си толку млада,ама има една изрека-тоа што не не убива не прави посилни-од секое премрежје што ке го надминеме излегуваме посилни поцврсти помудри.верувај не си единствена што преживеала такво нешто,како дошло времево заникаде,читај весници или гледај вести и секој трет ден јавуваат за некое силување или обид за силување,а да не збориме колку има што не пријавуваат кога ке се деси такво нешто.има многу луге со лузни како твојата,ама секој сам си ја носи својата мака.таквиот настан може да не уништи само ако му дозволиме,ако се опседнеш со тоа,како се десило,зашто се десило,па зошто токму на тебе и сл,ке ти го окупира времето и животот.но ако го прифатиме како факт,дека ете едноставно се случило,и тоа не можеме да го измениме и времето вратиме назад,и дека животот продолжува понатаму,и треба да заборавиш,да не се потсекаш,да го закопаш тој спомен некаде длабоко,како никогаш да не ни бил,да не се случил.на чело не ти пишува дека си била силувана,така да никој не ни мора да знае за тоа шо се вика.излези дружи се забавувај се и ке видиш дека за некое време се ке ти изгледа многу полесно и порозево,се поминува и тоа ке помине,само насмевка на лице и главата горе миличка :*
     
    На Emche-kremche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. malena87

    malena87 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Се чувствувам осамено затоа што долго време го чекав оваа лето и на крај нема со кој да одам на одмор. :(
    Овој период кога мене ми дадоа одмор од работа и кога сум во финансиска можност да заминам некаде немам со кој да одам, ниту една од другарките не е слободена или веке се има договорено за покасно што мене не ми одговара од работа...
    А што е најжално имам и дечко но и он претходно си се договорил со другари да оди на одмор и немало смисла сега да им откажува и да дојде со мене затоа што мене сите ми отажале.... се гледа колку сака да биде со мене и поради тоа планирам да му раскинам.

    Дајте ми некој совет што да правам?
    Дали сега кога сум во финасиска можност сама некаде на море да заминам и да се одморам од се и од сите... али некако и страв ме фака сама на одмор да одам :(
    Што би направиле вие сте биле ли во ваква ситуација?
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Искрено јас плачам за да имам можност сама да одам некаде на море. Ќе се одморам максимално. Не се замараш со никој и за ништо.

    Ама ако веќе ти е страв да одиш сама, зошто не повикаш некоја братучетка ако имаш. Или подалечна пријателка. Или да пробаш да се вклопиш во друштвото на дечко ти и да одиш со нив.
     
  9. freebird

    freebird Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Девојки не знам што ми се случува. Имам чувство дека сите околу мене ме мразат, како сите со кои шо зборувам да сакат да ми идат контра. Не знам дали е до мене проблемот,може јас сум негативно настроена или премногу се оптеретувам, ама секогаш кога разговарам со некој имам чувство дека разговорот носи скриена порака и соговорникот сака да ми каже нешто во завиена форма. Пред малку бев излезена со дечко ми и еден негов другар, и другарот постојано ми кажуваше колку е убаво да се води грижа за себе, да се води грижа за надворешен изглед, дека девојките постојано морале да се средуваат...... А инаку, јас имам 163 цм и 60кг. Постојано се трудам да ослабнам, држам диети, ама многу тешко ми иде. И мислам дека тој намерно сакаше да ме испровоцира, демек не сум истрајна со тоа што го правам, или дека сум мрзелива дека не вежбам. Не сум дебела-дебела, ама имам барем 5 килца за симнување. Можеби самата си се замислувам дека некој сака да ми укаже на нешто. Понекогаш се прашувам дали витката линија и убавината е мерило за среќа???
     
  10. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски

    Имаш такво чувство, сите на моменти се осеќаме отфрлено и незадоволни од себе. Иако мислиш дека сите те мразат, ти сама си го задаваш тоа чувство. Нормално, можеби некој ќе ти замери нешто, некогаш но не значи дека сите те мразат. Можеби и претеруваш, но има периоди и јас сум се осеќала така.
    Во врска со линијата, зашто воопшто сите толку се замарате што другите мислат за вас? Да речеме дека си дебела (но според ова што го прочитав ти си таман), оние што се вистински пријатели или пак ете,вистински дечко никогаш не би те споредувал со друга, би те сакал/е онаква каква што си ТИ. Бидејќи да не си тоа што си сега, не би била ти. А ако стварно почнат така да се однесуваат со тебе за да ти укажат дека не им се допаѓаш зашто воопшто се мачиш да ги воодушевиш? Тргни се од лажните пријатели, и ќе сфатиш дека повеќе си добила одколку што си изгубила ;)

    И не, убавината не е мерило за среќа, убавината доаѓа од внатре.

    Поздрав, и повеќе самодоверба во себе! :*
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Секако дека правилно постапуваш. Не дозволувај една црна дамка од минатото да те претвори во безживотна особа. Излегувај, дружи се, не дозволувај кога си била повредена физички, да западнеш и психички. Верувај, не си ни прва и последна на која и се случило тоа. Се надевам и овде на форумот ќе наидеш на добри пријателки, кои во секој момент се подготвени да те ислушаат и да ти дадат совет. Биди поздравена и чекори гордо со исправена глава! Животот е пред тебе!
     
  12. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Да,таман што помислив малку да не се секирам ете татко ми.Значи едноставно неможам да го трпам.Сабајле јас спијам ми седи во соба,па сакам сама да бидам бре,јас ниту му влегувам во спална.Неможам еден ден раат од него да бидам,ама еве попосле ке излезам со другарки низ парк,барем да не се нервирам.Инаку фала ви на советите.
     
  13. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Да правилно си постапуваш.Со тек на време се ќе заборавиш.Ти имаш право да уживаш и да живееш како што сакаш... :* минатото поминало, каква корист има да се потсеќаш. З :) начи иднината е пред тебе!Поздрав до тебе ;)
     
  14. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759

    Eмче се согласувам со тебе, излези шетај се млада си пред тебе е животот.Едноставно мораш тоа да го направиш.Тоа што се случило се случило и назад нема :| .Инаку многу ми е жал што ти се случило тоа но мора да го надминеш полека полека.Седејки дома па ич нема да го надминеш.Добро што ти се појавило желба да излезеш, баш ме радува тоа.Е така излегувај забавувај се и не мисли на тоа што се случило. :*
     
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Премлада си да си го уништиш животот на таков начин :) Шетај , уживај ... се што било поминало и се што иде ќе помине , те сакаме :*
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Емче,многу ми е жал за тоа што ти се случило ;( ,но знај има некој горе кој ќе се погрижи за тој неранимајко,му фрлам клетва тројна несреќа да го снајде ]:) .
    Секако душичке дека треба да шеташ,да се забавуваш,сега ти почнуваат најубавите години,радувај се,уживај во животот.Лошо ќе биде да се затвориш во 4 ѕида,па ти за ништо не си виновна :!: .
    Се надевам дека си го надминала периодот после немилиот настан,и од мене запамти само храбрите луѓе го следат животот за да ги прати среќата.
     
  17. PunchMarmelade

    PunchMarmelade Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    Не знам дали некој има ваков поблем..Но...цел живот се занимавам со килажа и внимавање околу неа...Нутриционисти и сите шити ствари....Успеав до некаде...Али секој мал проблем ме асоцира на храна.
    Знам дека не треба и храната не треба да е излез или во неа да го гледаме...Само...Сепак,утеха е.
    Има некој друг ваков проблем? :)
     
  18. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Уф, мојот вечен проблем - емотивно јадење. Секогаш кога сум тажна или нервозна јадам.
    Почнав цигари да пушам за да не јадам толку. Уште полошо си правам за здравјето, ама ајде.
    Иначе во последно време кога имам такви напади за храна, земам да јадам нешто нискокалорично па можам да јадам колку сакам.
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    emche Имам другарка која исто така беше силувана, таа се имаше дома затворено можеби година дена, не контактираше со никој, ни на фб немаше седнато, во училиште не одеше, вонредно си зема.. Дома со нејзините не зборела, се затварала во соба.. Нејзините ја носеа по психијатри, примаше терапии.. Сега пред некое време ја сретнав со сестра и, изгледаше ко сосема нова личност. Супер беше. Знам дека таквите работи оставаат трауми во животот, ама многу беше подобрена. После тоа ме аддна на фејс, видов дека повторно почнала да искача, да се дружи. Сепак нашла начин да го преброди сето тоа. Ако можела таа, јас верувам дека можеш и ти! :)
     
  20. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    За мојата другарка

    Не сакав да отворам нова тема, но ако ја отворам повеќе членови ќе ја видат и ќе ми помогнат. Ве молам помогнете ми.
    Се работи за едно девојче, моја не толку блиска другарка... Нејзината мајака се самоуби, жената беше болна и мислам дека беше од шизофренија. Е сега незнам како да и помогнам на девојчето, знам дека и е тешко но несака да се искаже, молчи и сака да посегне по алкохол, цигари., со жилет на раката го испиша името маам... Незнам, навистина ми е тешко ваква да ја гледам. Најдобро ќе биде да посети псиихијатар, или психолог, но живееме во таква околина каде што или лда ќе ја направат, а и немаме баш услови, би требало да патува многу далеку за терапија. Сакам на било кој начин да и помогнам. Сите се трудиме да ја расположиме, на момент барем да заборави, но не го знаеме вистинскиот начин. Ве молам , најискрено ве молам да ми помогнете... :worried: