Мене само тага и депресија може да ме замолчи.Едноставно таков темперамент,ни кај мене не делува најдобро изброј до 10 па реагирај.Не ми текнува да избројам ,едноставно мислите ми се премногу брзи и реагирам брзо.На пример јас почнав да пешачам на подолги релации,пуштам музика на телефон и се смирувам.Еден мој добар совет,најди си мудри мисли,ризници,некои кои имаат во себе моќ да те натераат повеќе да слушаш помалце да зборуваш.Читај ги секој ден,секој добар совет што некој ти го пишал овде сликај го '' screenshot'' за во телефон и секој ден барем еднаш прочитај го.Запамти дека ние нема да го оправиме светот ако даваме отпор на секоја неправда.Имај си свое јас и чувај го за себе.Не мора да се докажуваш колку си праведна,тој што треба ке те разбере.Вежбај дома,физички вежби ,рокни вкрај музика.Навечер филмови што ке те натераат да размислуваш дека трпението е се.Секој ден повторувај си дека не мора на се да одговориш.Ако нешто те погоди,стрпи се ,издржи ,не мора да вратиш.Не дека скрос се сменив,ама барем се трудам.Не знам колку години имаш,ама со тек на време се помаце отпор на се ке даваш...поздрав
Здраво.Сакам совет од вас.Вчера ми се случи нешто.Вака,јас незнам да ја кажувам буквата р и многу деца од класот ми се смеат.Вчера на час по математика имавме да собереме податоци за омилено јадење од секое дете и да ги претставиме на дијаграм.Сите ги кажаа своите јадење и кога дојде редот до мене јас кажав пире.Тогаш едно дете кажа пиве дека сум рекла.Ми падна многу тешко.Како да ме уби со тоа.И неможев да издржам и заплакав.Отидов во тоалетот и плачев.По мене дојдоа моите најблиски другарки и ме тешеа дека ќе ја научам(бидејќи одам на логопед и малку ја научив).Ама мене многу тешко ми падна,одвнатре ме тераше да плачам.А јас сум многу чувствителна.И сега многу ми е срам од нив затоа што плачев.И од тоа дете што ме навреди ми е срам.Како да сум направила нешто лошо.Срам ми е да се појавам на училиште.А сите ме видоа и дека плачам.Секоја ден си велам да издржам да не ги слушам ама неможам,многу ми е тешко.Навистина незнам што да правам.Ако може некој да ми даде совет би ми било мило...
Треба тие да се срамат а не ти. Нивните постапки се срамни, не твојата. Имаш прекрасни другарки и вниманието насочи го кон нив а другите игнорирај ги. Не вредат за твоите солзи.
@Laraaaa Ти немаш никаква грешка и причина за срам. Одиш на логопед ете, имаш прекрасни другарки кои се со тебе и кога ти е тешко, добро кажа Битер погоре, насочи го своето внимание кон нив. Неможност да се изговара некоја буква и не е толку лошо, но ете не секој од децата сфаќа за жал, но ти не им обрнувај внимание. Ако друг пат пак прават мајтапи на твоја сметка, колку и да ти е непријатно смешкај се, зошто ако следен пат ти прават мајтап ќе биди за пак да се расплачиш - не им го давај тоа задоволство, реагирај спротивно колку и да ти е тешко. Ти си млада, убава и ќе бидиш успешна и длабоко верувам дека ќе научиш да ја кажуваш буквала „р“ онака како што треба, а дури да успееш, немој сега да се нервираш.
Во последно време премногу се грижам за моето психичко здравје. Почнав да паничам премногу за ситници, не е обична паника туку заборавам во тие моменти што сум рекла, се потам, го осеќам срцето забрзано како ми чука и реагирам како некоја лудачка. Оптеретена сум со мислите дали можеби сум трудна иако сум невина (не дај боже да ми касни неколку дена, најакиот режисер не ми е рамен)а се што имам со мојот дечко е петинг и тоа строго преку неколку слоја обека и страм ми е да кажам дури и на родителите, реагирам како некоја лудача. Преплашена сум, прв дечко ми е и се што правам мислам дека не е во ред а всушност не сум направила ништо погрешно. Пред некое време се мислев како сум ја решила 5та задача на тестот по хемија за после неколку секунди да сватам дека 5та задача во тестот немаше(а цела осмслена со реакции со све ја имав во главата). Незнам што да правам, загрижена сум премногу а помош од стручно лице не сакам да побарам. Како да си помогнам самата?Има начин?
Јас по природа многу објаснувам и филозофирам и тоа бо основно ми направи проблеми децата ме гледаа поинаку не се дружеа со мене еднаш дури и се веа договориле и ми фрлија топка врз глава исто ме имат и тепано. Цело време ме осудуваа а јас не успеав да се сменам цел живот имам проблеми заради тоа. Кога еднаш ке пораснеш и ке созрееш нема назад. Вие да сте на мое место што би правеле? Дали би се смениле или? Исто така и моите родители ми викаа дека ми треба помош и дека не сум нормална и дека треба да де сменам инаку ке останам сама.
Во која смисла многу објаснуваш или филозофираш? Бидејќи тоа не мора да е лоша особина, мојот најблизок пријател е таков, па и познат наоколу по тоа, а времето поминато со него ми е многу пријатно. Или делуваш надмено?
Не ме напротив јад мислам дека тоа е позитивно но имам 16 години и моите врсници на тоа гледат до потсмев
И јaс имaм блискa другaркa кoјa уште oткaкo знaм зa себе филoзoфирa. Нa клaсен чaс кoгa имaше некoјa дискусијa, клaснaтa нaјчестo неa јa стaнувaше бидејќи вooпштo не и' беше стрaв дa си гo искaже свoетo мислење и секoгaш беше спремнa зa дискусијa, дoдекa сите ќутевме кo трупци. И тoгaш бевме пoмaли и нa неa и' се пoтсмевaa, јa прaвеa лудa, не знaм уште штo, нo денескa е ептен пaметнa личнoст, иaкo и сегa некoи знaaт дa и' кaжaт декa премнoгу филoзoфирa зa време нa муaбет, нo тoa мене не ми сметa. Мoжеш дa рaзврзеш дoбрa дискусијa сo неa.
Подобро тоа отколку да молчиш како риба и да не знаеш да сврзеш разговор или да се искажеш. Нема потреба да се менуваш заради околината, луѓето секогаш наоѓаат мана кај другите, какви и да се. Тие што треба ќе те сакаат и ценат таква каква што си.
Многу е битно на кој начин и со кој тон се "филозофира". Лабаво и ненаметливо не смета никому, но кога во тонот се чувствува надменост, таквите личности не се воопшто пријатни за слушање и дружба. Многу ме нервира надмен тон. А надмени, вообразени и недоволно информирани за некоја од темите на разговор, а најгласни - најлоша комбинација. Немојте да бидете такви.
Мене баш обично ми се омилени личности на кои мнозинството гледа вака – дека филозофираат и знаат да се објаснат на долго и широко за тоа што мислат. Единствено пречи ако таква личност наметнува и е арогантна, но не верувам дека си таква, бидејќи таквите баш и не дозволуваат и не се жртви на потсмев и малтретирање, ниту пак размислуваат да се сменат. Не се менувај, тоа е баш зрелост за твои години. Надоградувај се со знаење и развивај се во таа насока каква што си
Сите на еден начин сме инакви од средината..малку се приспособуваме ние на неа..малку таа на нас тоа е балансот кој мора да го наметнеме
Како така те имаат тепано, гаѓано со топки? Не смеат да креваат рака на тебе само затоа што не си им по ќеиф. Значи некои детишта стварно...
биди си ти ... ТИ .. Значи нема потреба да се вклопуваш во овој денешен хаос .. Ги сакам различните луѓе тие кои се двојат од средината бидејќи тие луѓе се посебни , те надополнуваат , те ценат поради твојата уникатност и секогаш има што да дискутираш а пред се тие луѓе го мењаваат нашиот пропаднат и заостанат систем ...
Во 21 век е реткост да се најди паметен човек со кој можеш да развиеш дискусија, а ти ако си една од таквите личности тогаш треба да си горда на себе а не да се срамиш. Биди своја и никогаш немој да се менуваш заради туѓ ќеф. Ама ме чуди кај се родителите во целата таа работа дека те тепале...како дозволиле мајка ти и татко ти други да креваат рака на тебе?
И јас сум таков. додека не кажам до детал додека не извртам одоколу одоколу а можи и нешто друго да кажам пропратно за да го збогатам тоа што сум го почнал. а недајгоспот филм да треба да раскажувам или некоја случка или да организирам нешто. Филмот ако е 3 часа јас ке го раскажувам за 5 часа со мои мислења фодавања вака не требаше да постапат, е можеше поубаво да се направи наместо тоа тука ваму требаше,или пак да ме прашат за мислење домашниве мои додека не го исфилувам, па планови пред потоа за време на длучката, па мислење што потоа ако излези според план А како понатаму,што зошто. А ако излези обратно па оти така и си редам ред по ред. а замислете како му е на мојот претпоставен на тој што треба смена да му предадам дури и многу се уморувам почнувам пополека и по некој автоматизам се забрзувам и мн се срамам во последно време и се разочарувам
А ние кои си сме затворени и не кажуваме што сакаме? Девојче, немој да се прекинуваш додека зборуваш, бори се да кажиш што сакаш, без многу арогантност туку природно и спонтано. Сум имала пријатели и сум зборува се додека не се најдов во ситуација слична на твојата, не сакајќи се сменав. Сега дечко ми се лути ако ми речи "Чекај" - во смисла уз муабет како што користиме "чекај, ама не, не не јас вака" и сл., јас се пресекувам на пола збор и престанвам да зборам. @Alisa2387$# Ти сакаш да се смениш, како мислиш да се смениш? Да бидиш повеќе ќутлива? Ако да, немој. Какви се тие родители кои ти викаат дека си ненормална и дека ќе останиш сама? Едно е родителско советување, а ова е вон границите на тоа. Прво сакај се себеси и верувај во себе, немој да бидиш надмена и арогантна, но природно и спонтано разговарај си и филозофирај си. Тие луѓе на сите ни се омилени. Можеби овој период со соучениците ќе ти биди тежок, но со тек на време ќе си најдиш луѓе слични на тебе и луѓе кои ќе те почитуваат за тоа што си.
Здраво на сите. Имам проблем со гадење од храна. Каде и да одам негде на гости или пријателки и да треба да јадам, мене ми се гади, или да пијам со некој од иста чаша.Не дека тие се гнасни или нечисти , самата јас си правам некој филм и се гадам со друг да делам иста храна или пијалок. Некогаш ми е непријатно многу, другите ме прашуват зошто не јадам а јас измислувам нешто демек не ми се јаде и ке си останам гладна и ке си трпам Стварно некогаш и самата се нервирам зошто го имам тоа чуствоо ама ете што да правам