1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ти давам совет за автотерапија ;)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. borntobereal

    borntobereal Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Дечки сакам да ве прашам дали некој од вас знае нешто околу следново, недајбоже имал вакво искуство ама сепак слушнал и знае некој начин барем на психички да е подобро...
    Имам член од фамилијата што е во кревет, неподвижен, до пред неколку месеци можеше полека да оди сам, потоа со помагало и вежби, ама летото клапна и воопшто не можеше да станува сам, ама со помош од друг со се помагало проодуваше, не беше здрвен целосно. И сето тоа му се собирало со години и се доаѓа од кичмата. Во болница го снимаа и не му давале да прави операција не ми е јасно зошто?!? На бања никој не се нафаќал да се грижи, морал сам, а не може. Пробуваа со физиотерапевти-ништо, маст, специјални креми, апчиња, инекции, води некакви и од тоа ништо. Го однесоа во болница бидејќи имал мозочен удар зошто цело време тоа што мислел на неподвижноста, дека ќе остане во кревет, со се помалце надеж и речиси ич не зборуваше, психата му дошла до 0, не распознавал никој еден ден, два, а после се врати. И поради тоа лежеше 20 дена таму, ниту се грижеле, јадење слабо му давале, го разраниле, со памперси лом го направиле, пресушил за тие 20 дена. Откако се врати од болница од што не го станувале таму сега и со помош кога го стануваат дома не може да оди, само 1 чекор може да направи... Многу ми е жал, големи болки во нозе има и од раната под кичмата кај што се разранил и не може да спие, ни да седи, ништо... Дали има нешто некој начин за да се подобри малце нешто, ај што не може да оди сам во тоалет, барем мирно да спие да може и што да правам за да не мисли на лошото, психата да си ја врати....... Ви благодарам.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за ова. Мора со него добро однесување, грижа, никако да се покажува нетрпеливост, никако нервози, да не се почувствува како терет па уште потешко да му биде психички. Преглед од невролог, препишување на соодветна терапија, за раните може да се консултирате со матичен доктор или со фармацевт, потоа, работа со физиотерапевт во домашни услови, доколку има таква можност. Се надевам ќе биде добро.
     
  4. jessicamakedonka

    jessicamakedonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здрaвo девoјки
    Вчерa пишaв зa oвoј прoблем вo темaтa љубoвни прoблеми aмa еве ќе пишaм и тукa дa дoбијaм oбјaснувaње oд психoлoшки aспект.Именo брaт ми беше вo врскa сo девoјче се дo пред некoј ден,oни претхoднo беa дoaтa дoбри другaри и блиски a пoтoa пoчнa и сo врскa.пред некoе време брaт ми и девoјкaтa имaле мaлo недoрaзбирaње брaт ми и зaмерил декa мaлку се oдaлечилa нa штo oнa вoзврaтилa декa се врaбoтилa декa немaлo дoвoлнo време и декa тoa е причинaтa,нa штo брaт ми и несвеснo и рекoл декa немaле oднoс нa штo тaa реклa декa знaелa декa ќе му пречи инaче девoјчетo пaти oд тешкa депресијa и честo и се менувa рaспoлoжение и честo се случувa дa немa пoтребa oд oднoс мислaм декa пoсетувa/ше и психoлoг зa тoa. девoјчетo имaше и уште еден претхoден oбид зa рaскин aмa не издржa и пoвтoрнo гo пoбaрa и му ги кaжaa сите прoблеми штo ги имa нејзинaтa депресијa и честoтo менувaње нa рaспoлoжение и декa бaрaлa причинa дa рaскинaт нo не издржaлa и гo пoбaрaлa.Брaт ми јa прифaти тaкa кaквa штo е и и кaжaл декa не му пречи и декa ќе се нaвикне.Пиминaлo некoлку денa oд недoрaзбирaертo и се скaрсле зa нештo нa штo девoјкaтa кaжaлa декa веќе не чувствувa ништo декa хo сaкaл сaмo кaкo другaр декa сaкa дa птoдoлжaт дa се дружaт дa не рaсипaт пријaтелствo сaкaлa дa му кaже и некoј ден пoрaнo aмa чекaлa некoјa птoслaвa дa пoмине пa дa му кaже.Брaт ми гo пoгoдилo мнoгу кaкo грoм oд ведрo небo нaеднaш прекин.Oн пoштo дoбрo јa пoзнaвa мнoгу дoбрo викa декa не е мoжнo тaкa нaеднaш дa и се деси дa немa чувствa.Инaче зaбoрaив дa спoменaм декa девoјчетo имaлa пред брaтми претхoдни мoмци и сaмo се гледaлa не чувствувaлa ништo спремa нив се плaшелa дa не се препушти нa нив декa пoрaнo билa пoвреденa и пaтелa дoстa и зaтoa се oдaлечувaлa. брaт ми и бил првиoт штo пoчуствувaлa љубoв и блискoст кoн некoгo.oвa мене ми гo имa кaжaнo брaт ми незнaе. И сегa нaеднaш тие чувствa исчезнувaaт туку тaкa штo е мaлце нелoгичнo дaли девoјчетo свеснo пoвтoрнo се oдaлечувa пoрaди стрaв декa брaт ми немa дa јa прифaти декa имa прoблеми дaли девoјчетo свеснo сaкa дa се oддaлечи oд негo пoрaди тoa штo не мoже дa му пружи тoa штo гo бaрa??кaкo е мoжнo тoллу нaеднaш дa изгубиш чуствa зa дечкo a имaш чуствa зa другaр,дaли пoвтoрнo влијaе психaтa нa девoјчетo.Oни ќе си oстaнaт у кoнтaкт пoвтoрнo нo се мислaм декa oнa игрa нa кaртa дa брaт ми се oдaлечи пa oнa пoлеснo дa гo пребoли пoштo ми имa кaжaнo декa тaкa пoлеснo јa пoднесувaлa рaзделбaтa кoгa некoј друг е крив. дaли пa мoже девoјчетo ствaрнo не чуствувa ништo ??дaли е пoтребнo уште еднaш дa седнaѕ дa збoрaт пoштo мнoгу некaкo нелoгичнo звучи тaкa oдеднaш изгубени чуствa a двaјцaтa претхoднo мнoгу се сaкaa се приметувaше, пoчнaa и дoмaa дa идaт.Штo дoкoлку не се случелa кaрaницaтa дaли oнa ке му кaжелa?? Зoштo билa блискa тoлку сo негo a нечуствувaлa ништo??

    Некoе oбјaснение ве мoлaм oд психoлoшки aспект..
     
  5. Диња

    Диња Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Околината многу ме притиска не можам да се докажам на некој почиња. Еве вака како да не бидам пречувствителна како да не обрнувам внимание на другите? Како да бидам посилна?
     
  6. Milena2003

    Milena2003 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Имам 14 години во септември почнав средно училиште надвор од мојот град. Уште од првиот ден овде се чувствувам премногу тажна ми недостасуваат моите ми недостасуваат другарките ми недостасува се. Секој момент кога никој не ме гледа го кпристам да се исплачам, незнам до кога ќе издржам сакам да ме нема, на моите ништо не сум му кажала ќе ги разочарам тие имаја доверба ме пратија во друг град да учам а јас како им возвраќам како 3 годишно дете.
     
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова се нарекува Homesickness. Вознемиреност предизвикана од тоа да се биде далеку од дома. Неговиот когнативен белег е прекупирачки мисли за домот и приврзаните предмети. Страдачите обично пријавуваат комбинација на депресивни и вознемирени симптоми, повлечено однесување и тешкотии да се фокусираат на теми неповрзани со дома. Во својата блага форма, носталгијата го поттикнува развојот на вештините за справување и ги мотивира однесувањето на здрави приврзаници, како што е обновувањето на контактите со најблиските.

    Најефективниот начин на справување со носталгија е мешан и слоевит. Мешаното справување е она што ги вклучува и основните цели (променливите околности) и секундарните цели (приспособување кон околностите). Слоеното справување е она што вклучува повеќе од еден метод. Овој вид на софистициран справување се учи преку искуство, како што се кратки периоди далеку од дома без родители.

    1. Прави нешто забавно (забележлив метод) за да заборавиш на носталгијата (секундарна цел)

    2. Мисли позитивно и чувствувај се благодарно (необзервирачки метод) за да се чувствуваш подобро (секундарна цел)

    3. Едноставно менувај ги чувствата (необзервирачки метод) со цел да го гледаш времето како пократко (секундарна цел)

    4. Обнови ја врската која ја имаш кон дома преку контактирање (видлив метод) за да се чувствуваш поблиску до дома (секундарна цел)

    5. Разговарај со некого (забележлив метод) кој може да обезбеди поддршка и да им помогне да создадеш нови пријатели (примарна цел)

    Понекогаш, луѓето ќе се вклучат во размислување, ќе се обидат да организираат пократок престој или (ретко) кршење правила или да дејствуваат насилно за да бидат испратени дома. Овие начини на справување ретко се ефикасни и можат да предизвикаат несакани негативни несакани ефекти.
     
    На theowndemon, Milena2003 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Milena2003 инаку знам точно како се чувствуваш и како на почетокот може да ти биде многу тешко.
    Јас кога се преселив во Македонија, никако не можев да се навикнам и на менталитетот и на околината. Јазикот можеби го научив но за се друго се разликувам од другите и не можам да се прилагодам, а и не сакам.
    Првата година постојано плачев да се вратам назад во Онтарио бидејќи бев осамена и мизерна овде, понижувана поради странското државјанство и интелигенцијата ...
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    А зошто тогаш ако не си била спремна си отишла надвор од твојот град во средно училиште?
    Пради нечиј притисок или што?
    Ако не можеш таму врати се, ако ти недостаува се..никогаш за ништо не е касно. А можеби ова ти е само онака ќе ти помине, ќе се навикнеш.
     
  10. Milena2003

    Milena2003 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Уште од старт знаев дека не сум спремна си велев ќе се навикнам со тек на време но еве не се случи тоа. Незнам како да им кажам на моите дека сакам да се вратам многу ми е глупо, ама и вака пак не оди.
     
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    А дали во меѓувреме си се обидела да направиш барем една од методите кои ти ги набројав за полесно да се справиш со носталгијата? :)
     
  12. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Нема да ги разочараш твоите, кажи им точно како се чуствуваш. Не верувам дека постои родител што ќе го остави своето дете вака да се мачи.
    Немој повеќе да тагуваш, јас можам потполно да те разберам како се чуствуваш. Нови ликови, нова средина, далеку од она на што си досега навикната.
    Затоа, јави им се на твоите, кажи им и запиши си се во средно во твојот град. Биди си блиску до нив.
    За студирање во друг град има време. Ќе одиш на факултет, а тогаш ќе си и повозрасна и поспремна за предизвиците.
    Со среќа :hug:
     
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Едноставно ќе му кажиш дека не си среќна таму каде што си и готово. Не знам зошто толку се плашиш..
     
  14. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    здраво девојки.....Јас веќе некое време се мачам со една работа па конечно решив да ве прашам за да ми олесни....Вака пред едно 5 месеци на мажот ми му се случи да се нафрли нешто како алергија и се чешаше ова она и вечерта се повеќе и се напи апчиња против алергија но испаничи и наеднаш го фати како паника и ми вика ми се здрвува левата страна на лицето....а јас ги наполнав ѓак*те од страв реков сега што се случува...но.некако успеав да го кандисам да одиме на лекар.Кога отидовме таму нормално што прво притисок мерење кога од страв од што ли не многу висок притисок....Ајде инекција ајде што треба и не пуштија на болница како што кажаа докторките нема никаков проблем само да си види каков проблем го мачи и да си го реши..Наводно притосокот не правел така и се сведува дека била некаква алергија и од самиот страв притисокот рипнал.....Од тогаш некои негови проблеми ги решивме но мојот проблем никако да го решам...стравот од тој чин за кој и ден денес се плашам со тоа што неможам да седам дома пд страв да не се случи нешто па само барам да сме надвор на гости или било каде само не дома.....Прашањето ми беше дали некој слушнал за нешто вакво пошто ни кажаа дека имало некаква алергија од таков вид со здрвување на некој друг се случило или знае од што би ошело да биде дали алергија или прелиена чаша од берени чувства..Незнам што да правам што да мислам секој ден го живеам во страв со мислење да не биде она да не биде ова а не сакам така да мислам,зошто свесна сум дека тоа се работи што можи да се случат но и можи никгаш да не се случат.ве молам за совет поздрав до сите
     
  15. LolitaМ

    LolitaМ Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ако може повеќе информација за психологот. Итно е.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.872
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба да се докажуваш на никого освен на самата себе. Посилна ќе станеш кога ќе сватиш дека околината не те дефинира како личност, другите не се никаков фактор во твоите постигнувања и градење штом ти влијаат негативно. Нема да обрнуваш внимание кога ќе ставиш одредена бариера меѓу себе и другите, така што мислењата на останатите нема да ги земаш при срце. Се е до твојата психа и воља ова да го реализираш.
     
  17. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.570
    Јас сакам да побарам совет и решив овде. Ќе почнам со тоа што сакам да извадам бугарски пасош за почеток како некоја сигурност доколку не успеам да најдам работа овде. Но моите родители не сакаат ни да слушнат, постојано ми викаат да не се занесувам, да си ја гледам иднината тука. Преплашени се да не им избегам и сакаат цел живот да бидам покрај нив. :(
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Немораш бугарски пасош,можеш тука да работиш или да смениш работа
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.301
    Допаѓања:
    34.238
    Пол:
    Женски
    СОВЕТ!
    Мајка ми е болна од шизофренија. Татко ми се коцкаше. Постариот брат 24/ 7 седи пред компјутер не комуницира со никој, не излегува надвор. Помалиот почнал да се коцка.
    Ова е накратко. Ако е потребно ќе навлезам и во детали.
    Сакам да им помогнам но не знам како. Не сакам животот да им помине така.
    Секој совет е добредојден. Претешко ми е!
    Не сакам да почнам да одам по гатачки за да видам да не ни фрлил некој магија. Сакам разумно да им помогнам.
     
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Еве како личност која се соочува со истиот проблем како и ти сакам да го споделам моето мислење со тебе за целата оваа проблематика. И јас размислував за тоа да ја напуштам државата и да заминам во странство. Секој ден почнав да си правам анализа со тоа што на една страна ги ставам можностите и заканите кои се јавуваат кај двете ситуации (ако заминувам и ако останувам). Се уште сум во дилема но би сакал прво тука да се обидам иако знам дека иднината е несигурна и можеби ќе си го потрошам залудно времето. Бугарски пасош не ти треба барем според мое мислење и согледување, доколку сакаш да работиш во странство (на пример Германија) потребна ти е работна виза. Исто така можеш само 3 месеци да останеш таму само со македонски пасош без работна виза. Знам како ти е дека се нервираш поради фактот дека тука се бара книшка и партија и дека некои кои се со пониско образование од нас ни го јадат лебот. Но мора да знаеш дека не си единствена која така размислува, бидејќи реално гледаме на работите и не сме пристрасни не сме пожелни за секоја владина гарнитура. Јас мислам дека сепак на тебе останува што ќе одлучиш, твоите може да ти дадат совет твое е дали ќе го прифатиш или не. Инаку во слична ситуација се наоѓаме, само што моите ми велат да си одам од тука додека твоите велат да останеш. Се се сведува на лична перцепција на ситуацијата. Јас знам дека која одлука и да ја донесам ќе се каам.
     
    На Mrs. Lovett и celineparis им се допаѓа ова.