1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Разговарај најпрвин со твојот најстар брат очигледно дека различно ја поднесувате ситуацијата. Само тој може да ти помогне заедно да влијаете на татко ти и брат ти. Помалиот брат го следи примерот на својот татко иако не знам колку добар пример може да му биде. Доколку успеете да ги вразумите и убедите малиот брат и татко ви дека коцкањето не ги решава проблемите, обидете се да и помогнете на мајка ви да добие медицински третман и помош. Знам дека е тешко да се направи, а дека е лесно да се каже. Но обиди се додека не е доцна. Ти посакувам од се срце да го решиш проблемот. Се надевам дека мојот совет ќе ти помогне, ја имаш мојата поддршка доколку сакаш да разговараш со некој пиши ми. Среќно и имај пријатен ден .
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. amaranth24

    amaranth24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Очајна сум !

    Не знам дали баш ја погодив темата, барав пребарував други теми не можев да најдам нешто посоодветно, али океј, вака ...

    Пред некои 2 години, повеќе/помалку, цел живот ми се испреврте. Почнав со сите премногу да се расправам, ништо не ми одговараше, цело време во кавга навлегував, премногу пријатели, другари ми го свртија грбот од Х причини што се уште не ги знам, факултетот го заглавив скроз, колегите ми дипломираа пред 2 години, а јас не можам да мрднам од втора година, на работа ми оди ужасно, цело време јас сум виновник за сите работи што се случуваат, меѓу кои и ситници за кои што никој никогаш не би пререкол (влакно во јајцето се бара), на една „другарка“ и помогнав да влезе да работи јас кај што работам, таа до ден денес се труди да го заземе моето работно место и полека успева да го сврти работодавецот против мене, причина не знам, но претпоставувам дека платата е причината бидејќи скоро дупло повеќе плата земам од нејзе со што и дупло повеќе работам, али нема врска. На еден колега, воедно и добар пријател, му помогнав во врска со една моја другарка од детство, сега тие се заедно, ако мило ми е, но тој успеа да ме скара со нејзе со тоа што и зборувал глупости, измислувал што сум зборувала јас за нејзе, детски работи и рекла казала, свашта, минато е и тоа. Од ден на ден, животот се поужасен ми станува, секоја ситуација само се влошува никако не се подобрува, не може да помине ден, а да не се скараме со дечко ми по неколку пати во ден, со кој сме 7 и фазла, накај 8 години заедно веќе не ги ни бројам, и се тоа ми се случува уназад 2 до 3 години. Пред извесно време, врз мене беше извршен обид за силување, што ме сруши психички скроз, трпев закани, психичко и по малку физичко малтретирање од дотичниот што дојде до тој степен да проба да ме силува, сва среќа поминав само со неколку модрици бранејќи се од идиотот кој упорно ме удираше и врескаше по мене зашто не сум сакала со него, па немал друг избор освен да го направи тоа без моја воља и одобрување. Од тој момент се срушив, посетував невропсихијатар пиев антидепресиви, кои на мене делуваа на тој начин што ме здебелија околу 15-20 килограми, тогаш уште повеќе ја изгубив мојата самодоверба, која и предтоа малку ја имав.
    Животов ми е хаос, ништо не ми оди од рака, дома проблеми, на работа проблеми, со дечко ми проблеми, луѓе веќе не можам да кренам глава од проблеми, не памтам кога последен пат ми се случило нешто убаво.
    Дали сум урочена, дали некој нешто ми има направено, не знам што повеќе да мислам. Една моја тетка, односно баба, на татко ми тетка ми потсуми дека наводно некој ми има направено „некаква магија“, во што јас лично не верувам, поточно веќе во ништо не верувам и не знам што да правам...

    Прашањето кое сакам да го поставам е следново, дали и некој друг се нашол во некоја слична, не дај боже иста каша, и како си го вратил животот во ред? Веќе не знаев каде да се обратам затоа ве прашувам вас, бидејќи ова никогаш не би го изнела пред никој во јавност. Сите мислат дека имам прекрасен живот, без проблеми, а никој не знае каков хаотичен живот живеам, бидејќи сите ја гледаат надворешноста, односно мојата маска на силен човек, што ја користам за да избегнам покварени суштества.

    Дали некој би можел да ме посоветува нешто, или сум безнадежна? Очајна сум веќе, до тој степен што можам да кажам и дека не ми се живее (п.с. немам суицидни мисли, да не помислите на такво нешто).
     
  3. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    А за почеток да раскинеш со дотичниот и да пробаш да си излегуваш со другарки навечер и после работа, кафе, пивце, па да си се посветиш и на факултетот, да си дипломираш, ќе видиш колку самодоверба ќе стекнеш, а тоа што си качила килажа ич да не се замараш, него почни да си јадеш поздраво и полека намалувај без да си правиш стресови дека за толку време треба толку и толку да ослабеш, него да оставиш се да оди полека.

    Не дека јас со две реченици ти го решив проблемот, и да, лесно ми е мене да ти кажам ама потешко е да го напраавиш сето тоа, и без било кој ти каже ти сама знаеш дека нешто мораш да превземеш ТИ самата, се работи пред се за тоа дека тоа што ти се случува со дечкото, НЕ СМЕЕ да ти се сучува, не е нормално, прво и основно тоа мора да престане.
     
  4. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Искрено не можам ни да замислам низ што поминуваш.. Верувам дека ти е многу тешко и ти се чини како да немаш излез, но немој да губиш надеж. Ти си далеку од безнадежна. Ние тука може да ти испишуваме реферати еден куп, но јас најискрено би ти препорачала на психијатар да отидеш. Еден разговор да си направиш, ќе ти олесни и стручно лице ќе те советува. Најлошо што можеш да направиш е да се повлечеш. Сите минуваат низ некои тешки периоди, твојот се погодил да трае подолго и да е помакотрпен, но јас знам дека ти си една силна личност. Чим толку работи си претрпела, и сеуште стоиш на нозе, со крената глава и се правиш како се да е океј, тоа кажува дека си една истрајна личност. Понекогаш одвој малку време за себе, оди на маникир, на пилатес, на зумба. Чувствувај се убаво во својата кожа; ако почнеш да се сакаш себеси тоа ќе се префрли и на другите и ќе почнеш поинаку да гледаш на работите. Не е се толку црно, сигурна сум дека и ти за брзо време ќе почнеш да ги гледаш разните бои :hug:
     
    На amaranth24 и RedRevolution им се допаѓа ова.
  5. amaranth24

    amaranth24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Извини, можеби во брзањето погрешно сум се изразила или не сум ја се изјаснила убаво, дотичниот што го спомнав не е дечко ми, тој е сосема друга личност која се обиде да го направи тоа, за што знае и дечко ми за цела ситуација нормално.. Се извинувам уште еднаш за тоа што не сум се изјаснила како што треба
     
  6. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Јас ок сфатив, дека е тоа всушност некој сосема трет човек. Дали за случајов се известени твоите најблиски? Полиција? Некоја надлежна институција? Било кој? И дали ти помогнале?
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  7. amaranth24

    amaranth24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Да да, значи пријавено е се, тој човек има забрана за пристап, али освен забраната не доби ништо друго, за што од една страна сум можеби и јас крива бидејќи неколку недели криев и не кажував што ми се случило бев под стрес, не бев присебна бидејќи и јас не можев да сфатам што и како се случи, и до ден денес јас не памтам детали.
     
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Може јас погрешно сфатив, извини. Тогаш штом имаш и поддршка, човек кој со тебе бил и во најтешките моменти, значи имаш и на кого да се потпреш, не смееш да речеш дека си очајна, пробај да си го завршиш факултетот, тоа дава голема самодоверба, како и другата членка што кажа, оди на зумба, фитнес, посвети се на нешто ново, ќе запознаеш и нови пријатели, посетувај и психотерапевт ако мислиш дека имаш потреба некому да се отвориш ама баш за се, а тоа да не е пријател или семејството.
     
    На mazikeen и amaranth24 им се допаѓа ова.
  9. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Сите имаме проблеми и ја се карам со мојте и ја имам проблеми со другарки,сите ние сме се зезнале еднаш или неколку пати дека сме помогнале на другар/ка а они после не не забележуваат
     
  10. amaranth24

    amaranth24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Да имам човек што можам да се потпрам, но проблем е и тоа што со него буквално секој ден избиваат кавги ненормални што ми е уште понесфатливо, од банални работи урламе еден на друг секој ден ...
     
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Добро, имате криза во врската, сите имаме периоди, ама штом за банални работи викаш дека се расправате, тогаш седнете разговарајте и пробајте да се контролирате, бидеји расправиите уште полошо ти влијаат и дополнително ти го отежнуваат секојдневието, а ти и онака имаш зад себе тешки моменти кои никако не се пребродуваат лесно, зборувај отворено со него, не можеш да дбиеш подобар пријател од оној кој бил покрај тебе во најстрашното, претпоставувам дека го имаш правиот човек покрај себе за да се опоравиш ;) .
     
    На amaranth24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Dali mozr nekoj da mi pisi. Potreben mi e sovet.
    izv. za latinicata od mob. pisuvam
     
  13. J.J.

    J.J. Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет.. веќе две недели се чуствувам изгубено. Пред извесно време си зададов толку многу цели, обврски кои сакам да ги исполнам, се чуствував убаво, вредно и горда самата на себе кога почнав полека да ги исполнувам тие цели. Но како што кажав веќе две недели нешто чудно ми се случува. Без воља сум, мислам дека се изгубив, дека незнам што попрво би сакала да направам, сакам се да постигнам (работа, факултет, пријатели, дечко, семејство, желба за лично надоградување и уште еден тон слични работи),ми дојде премногу и како да кренав раце од се. Се чуствувам безвредно сега, избегнувам да останам сама и за момент затоа што веднаш ме јаде психата, дека стојам во место. Не сум среќна, но и не знам како да си ја вратам амбицијозноста, како да почнам повторно да го правам тоа што ме исполнува, без да се чуствувам изгубено и изморено, без чувство дека додека исполнувам едно нешто не занемарувам друго. Како да најдам баланс, од каде да почнам, со што да почнам? Како да се вратам во нормала? Како да си направам распоред, да се организирам, да се почувствувам дека кога правам нешто- го правам како што треба....
    Не знам колку ви ја доловив мојата ситуација, се надевам дека некој ме сфати и дека ќе ми даде некој совет....


    Плачам додека го пишувам ова...
     
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Најпрвин обиди се да утврдиш што ти е приоритет. Потоа обиди се да побараш совет од твоите најблиски, поразговарајте на оваа тема. Доколку дечко ти е зрел и разумен ќе се обиде да ти даде совет. Твоите најблиски и ти најдобро знаете во каква ситуација се наоѓаш. И покрај се ова што си го напишала никој од нас не може да ти даде подобар совет од твоите најблиски. Поздрав и не се обесхрабрувај.
     
    На J.J. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. J.J.

    J.J. Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Имам проблем и со тоа, ме фаќа паника секогаш кога ќе се обиде некој од блиските да ми даде совет, некоја насока...Од секогаш сум сакала сама да средувам се, без ничија помош... Избегнувам да разговарам и воопшто да мислам на темата... Параноична станувам.. Затоа и пишав тука... Мислам дека попрво би прифатила совет од вас тука..
    Ти благодарам многу!!!
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    За сите овие работи и јас сум истиот. Но разбрав дека најубаво е да разговарам со моите кои ќе ми дадат совет , а на мене останува дали ќе го прифатам советот. Поради тоа што не си се доверила на никого и бесот и лутината ја држиш во себе ти станува уште потешко. Според мене само разговор со најблиските може да ти помогне. На пример јас барам секогаш совет од мојата баба најмудрата личност во мојата фамилија.
     
    На J.J. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Како да заборавиш некој во најбрз можен рок?
    И како да станеш ладен човек и сите емоции да ти се под контрола?
     
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Шетај цело време и домати не заседувај , пиј проводи се , најди некој за занимација , не искажувај емоции , биди насмеана цело време , ако ти се плаче ке се изнаплачиш кога ке си легнеш без некој да те види :)
     
    На JoanaS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.797
    Пол:
    Женски
    Не можи.
    Секое прикривање и истиснување на емоции резултира со нивно неочекувано еруптирање во несакана ситуација или пак да предизвика одредени проблеми како висок притисок, желудочни тегоби и сл.
    Некои луѓе искажуваат и чувствуваат повеќе од други, и тоа е во ред. Некои не искажуваат толку чувства, а и не чувствуваат многу, и тоа е во ред. Некогаш можи некој по емотивен да се трансформира во помалку емотивен, и обратно, помалку емотивен да стани повеќе емотивен - ама за се тоа има низа средински услови, не е само желба или сет на вежби кои го овозможуваат тоа. Да имаш силни емоции и да ги држиш под контрола е тажно, во глобала ради самиот организам на кој му штетиш.

    Сега за другиот дел, за да заборавиш некој мора да држиш трезвена глава, да си дадеш себеси време, да разговараш за своите чувства и да правиш работи кои те исполнуваат повеќе од обичен ден.
    Ама пред се, треба да си земиш "одмор", и да земиш онолку време колку што е потребно. Проблем исчезнува ако се работи активно за тој да исчезни, а не ако се прикрива и се ќути за него. Под давање време сакам да кажам, да не се форсираш во слични врски ако се работи за растурена партнерска врска, ако се работи за роднинска да си дадеш време да се навикниш на новонастанатата ситуација.
     
    На gjoker4e, minne992, JoanaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот..♡
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.