Разговарај со некого, би ти кажала и да поразговараш со психолог. Читај книги некои, но немој да се затвораш за да не дозволиш овие мисли да те натоварат. Размисли што е тоа што би сакала да го правиш највеќе, која е твојата радост? П
Доколку имаш можност разговорај со психолог. Прави ги работите во кои уживаш (читај книги, гледај филмови/серии, најди ново хоби). Вежбањето помага во исфрлање на негативната енергија (барем јас сум повесела кога вежбам). Најди причини зошто да живееш, сигурна сум дека ги има многу. И им значеш на многу луѓе.
Почни со јога ,многу помага .Секое сабајле денот нека ти почнува со јога исто така во текот на денот гледај што можеш да останеш зафатена на пример цртај ,читај книга ,почни нова серија ,готви си лакирај се прави си пилинзи негувај се ,слушај си музика .
Состојба е тоа дозволи нека помине..како што среќата не трае вечно така и тагата па и безволноста за живот, сите имаме такви моменти/состојби... Е сега веќе ако ти трае со недели и месеци побарај психолог/психотерапевт.
Вака ич не ми се допаѓа средното..И баш сега имам шанса да го напуштам у овој кризен период..Цело лето е пред мене, многу сакам да учам во друг град. Ама проблем е што мајка ми не дозволува.. Дека треба да бидам сама таму, дали во стан или нешто слично со цимерки ама ете, се гушам долго време во школото.. Да не објаснувам ќе биде долго..Ама мојата траума од детство-ШКОЛО...Го мразам зборот, не поради тоа што треба да успеам, тоа ми е пред се..Ама соучесниците, не ми дозволиле да се покажам..Ве молам помош сакам да ја наговорам некако..
Повторно разговарај со мајка ти, кажи дека се работи за твојата иднина, дека во ова школо не можеш да се покажеш во најдобро светло. Ако сега не мораш да одиш во друг град додека си во средно, за факултет сигурно ќе мораш, ем тогаш ќе ти биде полесно да се прилагодиш. Сестра ми беше во интернат кога учеше средно, и баш добро се снајде сама. И не се откажувај. Со среќа.
Понекогаш имам чувство дека најблиската пријателка ми завидува. Само ми префрла за некои работи како да ѝ е тешко што не е она на мое место, дали станувало за физички изглед, дали за приходи што добивам или за нешто скроз трето. Пробувам да ги занемарам овие моменти, но некогаш ми доаѓа преку глава. Мојот одговор на ваквите испади е секогаш: ,,Не ми збори така” или пробувам нешто да и објаснам за да го прекинам моментот или пак истакнувам некоја негативна моја карактеристика за да неутрализирам. Да нагласам дека навистина ми е добра другарка и секогаш била покрај мене во добри и во тешки моменти и ова се случува од време на време. Не знам како да постапам и не се осеќам јас убаво ако она мисли дека сум подобра од неа или поуспешна. А не сум човек што се фали или истакнува одредени карактеристики за да направи другиот да се осеќа лошо... Не знам стварно.
Разбирам, но она се радува на мојот успех, само што после ми го вади на нос. Тоа проблемот. Може е фејк радување во моментот... не знам.
Па не знам тоа колку е искрена радост. Јас исто имам само една другарка со сите прекрстив затоа што не ми одговараат. Буквално ја сакам како сестра ,за мене нејзината тага е и моја тага ,нејзината среќа е и моја среќа така треба да е вистинско пријателство а не да се завидува .. Подобро би била без пријатели отколку со завидливи.
Ок, дојдов за совет зошто нештото повеќе не се трпи. Има моменти кога не ми е до живеење исто како што @нина122 кажа. Немам мотивација ни пак желба. Често имам црни мисли ама брзо се терам да мислам на убави работи, позитива и успевам со тоа што го правам. Се занимавам со многу работи во текот на денот и некогаш немам време да мислам на глупости, ама вечно не можам така. Некогаш ќе се разбудам и ќе се размислам за нешто. Веќе и родителите кои не се овде ме приметија дека немам доволно сон и дека нешто не е во ред. Искрено истоштена сум од тоа луѓето да си играат со мене. Низ годините ми се случија разни срања во животот од луѓе кои ги сметав за блиски и при што прагот на толеранција кон луѓето ми е сведен на 0. Често сум таа која мора да исправа криви дрини дури и кога нема потреба. Често знам и да се карам само кога сметам дека имам право иако имам доблест да се извинам. Од старт им кажувам на луѓето што не сакам, што ми пречи општо, всушност сигурна сум дека за многу работи кои ми пречат ви пречат и вам и тоа упорно го прават, работите кои ми пречат, без разлика колку пати имам повторено а е нефер од страна на соговорникот. Поточно се работи за непочитување кон одвоеното време што самата имам решено да го одвојам за некоја одредена личност ми значи и истата личност имам чувство дека си поигрува со мене, со моите чувства затоа што сред муабет ќе исчезне а јас морам да ја тупам цело време зошто исчезна, да не се случило нешто и слични работи а подоцна ќе се врати со смешен изговор. Ама добро, не очекувам некој да дреми на интернет и да остави се, мене да ми пишува, илјадници пати имам кажано доколку има обврски, работа, или нешто трето да ми каже, а не да ме остави да чекам и да кревам паника и да мислам зошто е исчезната а подоцна да се врати со смешен изговор. Едноставно барам едно - Извини имам работа, сега не можам да зборувам. Или пак воопшто да не почнува разговор доколку е личноста зафатена. Многу ли барам? И тоа не се случува еднаш туку многу пати, не од една личност само. Ова со паниката произлегува од немила случка која ја доживеав пред 3 години кога со колега разговарав нешто околу работа во доцните часови, наеднаш личноста ја снема, не мислев дека нешто е сериозно. Следниот ден ме разбудија лоши вести дека колегата починал од срцев удар. Од тогаш кревам паника дури и кога родителите не ми креваат или брат ми иако знам дека се зафатени или имаат некоја работа, ама јас зборувам конкретно за останатите кои ете ко за инает да не го почитуваат одвоеното време, едно чао или имам работа, ќе те барам подоцна е доволно as I said. Почнав да ги селектирам луѓето со кои се дружам и со кои планирам да се дружам зошто едноставно не можам да истрпам некои нефер работи кон мене како поигравање на чувства, непочит кон издвоеното време или па да ме нарекува дека сум манипулатор, болна личност и некои слични работи а јас секогаш гледам се да биде најнормално, перфекционист сум. Со оглед на тоа какви се луѓе сум имала во мојот живот кои ме користиле и повредувале не можам да верувам некому, или да се поврзам, колку и да се трудам. Ете, ќе дадам шанса и личноста ќе ја оплеска. Ќе дадам уште една па уште една шанса и повторно истото. Потоа знам да избувнам и да кажам некои работи кои не ги мислам или кои ми сметаат и реагирам брзо со цел да покажам на личноста дека ме повредува и дека не ми е сеедно. Знам кога е доста и да си поставам граници до каде да одам и кога да се повлечам ама не можам повеќе да толерирам некој да си поигрува со моите чувства. Или пак јас грешам некаде? That's all.
@bicycle Намали ги очекувањата за другите луѓе, они не размислувсат на ист начин како тебе. Всушност, и јас го имав истиот проблем, истото го очекував, као демек чим можам јас да бидам фер со тебе, треба и ти да бидеш. Исто и јас уште на сам почеток им кажував што ми смета, што би сакала да добијам од нив и уште повеќе се разочарував кога знаев дека они тоа го знаат и пак го прават тоа што ми пречи. Ама на крајот сфатив дека сите сме human beings и секој од нас има различно гледиште кон работите, што значи дека ниту ти, ниту тие се криви во ситуацијава, туку сте на различна фреквенција. На крајот пак реално не ни треба некој да ти дава образложение, ниту пак ти на нив. Ако човекот е таков без почит и ти допрва да го форсираш да се смени за тебе, тури му пепел. Твоето расположение зависи од тоа како луѓето те третираат и затоа се наоѓаш во ваква ситуација. Не ги земај здраво за готово луѓето, сите во себе си имаат борби што на некој начин го управуваат нивното однесување. Знам дека е убаво да се има човек покрај себе што едноставно ќе биде со тебе во било што, ама тоа е бајка во денешниов свет. Свака част на исклучоци. Тажната вистина е дека цел живот ќе се разочаруваш од луѓето, понекогаш дури и самата од себе, и сето тоа е делот од авантурите на животот и е океј. Животот е нефер. Верувај ми дека ќе знаеш на кој треба да се потпреш, а на кој не.
Во право си, не барам образложенија, кога јадел кога спиел или кога пиел ама ако има работа или некои други обврски, подобро да не почнува разговор зошто со секое мое пишање ќе се осетам како да пречам, како да го трошам туѓото време или како да мора личноста да ми пишува а од старт го имам посочено истото барај ме кога нема да имаш работа на раат да зборуваме, ако можеш а не истото да го повторува милион пати. Поради истиов проблем беше една од причините да ја прекинам последната врска. Или пак намерно ќе седи на нет, ќе се глупира, ќе те договори за кафе (друг случај) и ќе треба да откажеш други планови за да се видите со личноста бар на 5 минути и подоцна ќе се правда ко да има заборавено а истата била иницијатор а убаво знам дека не е заборавено ама ајде. Се осетив ко да е без почит односот од личноста кон мене, ај еднаш па и два пати да ме остава сред разговор ќе сфатам ама не постојано секој ден по неколку пати, се е океј, ама без причина ми е глупаво така оставање а на пример едвај сум чекала порака од таа личност. Небитно, турив пепел ама пак не сакам таков однос кон мене. Ваљда ќе треба да намалам очекувања. Инаку моето расположение варира зависи од луѓето. Ко тинејџерка имав булинг во школо, и затоа сум и толку кревка, чувствителна ама исто така имам кажано ако се има потреба од нешто за помош тука сум за помош, ако не можам да помогнам барем да ислушам.
Мислам дека имаме ист карактер и бидејќи го имам поминато истово можам да ти помогнам понатаму да дојдеш на мој левел - болење уво. Ако ти треба нешто пиши ми во порака
@bicycle За допишувањето, едноставно не се ни труди за луѓе кои не го ценат твоето време и внимание. Ми се има случувано вакво нешто и подоцна тие контакти секако се прекинувале. Ми се има случено дури и да ме прашаат како сум после една тешка случка и додека јас пишував, личноста да ме прекине бидејќи се брза и мора да оди. Такви луѓе не ти требаат во животот, бидејќи верувај дека не се ни свесни дека нешто лошо направиле и некого повредуваат со нивното однесување. Разбирливо е дека понекогаш не ни се зборува, ама личноста што ти пишува за ништо не е виновна. Заслужува барем да ѝ се каже дека не си во можност да зборуваш, наместо само да исчезнеш. Заслужуваш да ти биде кажано. Воедно и таквите постапки, колку и да се несвесни сепак потсвесно се иницирани од желбата таа дружба/врска/релација да се прекине и тоа е тоа. Сигурно не откачуваат човек кој им значи и друго објаснување нема.
Јас не преферирам долги текстови, само едноставно и во срЦЕ. Е добро де, секој има лоши денови во животот. Ама тоа се лоши денови, не лош живот, нели? Треба да им бидеш благодарна на таквите луѓе, тие те направиле јака личност. За крај, твоите барања...мислам дека се сосема нормални.
E, тоа сакам да го доловам, фала ти. И на крајот, јас испаѓам лоша тие жртви јас манипулатор или нешто трето. Фала им. Веќе не се ни трудам, не можам. Амин другарче.