Здраво нова сум и сакам да споделам нешто...Кога бев така помала кај нас доаѓаше еден млад пријател на моите роднини...Сега тој е 27 а јас скоро 20..Еднаш ми беше пишал пред 2 години, ама не му вратив плашејки се да не ме каже дома..Сега почнав да се заинтересирам, тој живее у друга држава сега...Се плашам сепак да не испушти некој муабет...Ако ме разбравте секако фала однапред....
Ако те почитува, ќе ти ја почитува и желбата муабетите да останат меѓу вас. Нема што да оди и наоколу да збори што има меѓу вас. Не е мал за да не може да го размисли тоа.
Здраво, не знам како да си помогнам себе си. Многу често чувствувам промени во расположение, час сум префина, прерасположена, час сум осетлива и ми се плаче за се можно и ми се вртат секакви мисли, спомени, кои ме допираат, час сум нервозна, се однесувам дрско кон блиските и потоа многу се каам за тоа и ми е жал. Сакам да напоменам и дека премислувам, премногу, и најголеми ситници. Се грижам многу што мислат луѓето за мене и дали мислат лошо за мене, дали сум повредила некој со нешто. Во моментов пијам и хормонална терапија бидејќи имав дисбаланс на некои хормони па не знам дали тоа уште толку влијае на психата. Не знам кога ми се вакви деновите ми е ужасно, се осеќам многу лошо и не знам во што е спасот. Имам некогаш и со спиење потешкотии.
Соочи се со тоа што го чувствуваш и пробај да се прифатиш таква каква што си, нормално е и понекогаш да се случуваат промени во расположение, ние сме сепак луѓе и не сме роботи, па да контролираме се што се случува со нас. Практикувај повеќе физичка активност, трчање, вежбање, пешачење во природа, природата влијае многу добро. Излегување со другари/ки и подолг разговор со нив почесто, истотака можи да помогне. Најголемата промена доаѓа од самите нас , во некои моменти не треба да размислуваме премногу за некои ситници и ако е можно е добро да се префрлиме на друга тема или активност.
Колку год имаш? Секако дека хормоните ги појачуваат чувствата, ама па јас бев чувствителна цел живот. Види со док што ти ги дал апчињата, кажи му како ти делуваат, може ќе смени нешто.
Што да правам κога пребледувам κога станува збор за забрана за дружење. Во смисла "со таа девојκа нема да се дружиш, ќе ти напаκости"...κаκо да го сфатам јас тоа што на неκоја другарκа не и даваат да се дружи со мене. Сум била многу напредна. Навистина се увредувам од таκвите луѓе!!!
Колку години имаш ? И во кој смисол напредна бидејки да бидеме реални денеска девојчињата претеруваат имаат дечковци уште од 7 одделение, облакаат се и сешто и едноставно сакаат да пораснат. И плус не ми јасно како тоа некој може да забрани на некого да се дружи со тебе или било кој друг освен секако ако не станува збор за помалецки деца каде родителите го имаат зборот мислам ме разбираш нели
И туκа по форумот аκо отвориш тема, веднаш си земаат за право да зборуваат за било што. Фала ти за сфаќањето, знам случаеви κаде четириесетгидишни девојκи не им дозволуваат од дома да фатат момче. Во автобус еднаш κога се возевме една професорκа се исповеда на другарот-сопатниκ деκа не и давале на неκоја другарκа да ја видат до неа. Ама таа не се нервираше, едноставно не и беше гајле. Изгледаше κаκо да се забавува.
Знам има многу неразбрани а сепак живееме во 21 век, никој нема право да ти кажува со кого и кога да бидеш или да се дружиш тоа е само своја лична работа , некој луѓе навистина не ги разбирам
Κога ќе се навредам од неκои луѓе, не деκа им е гајле што им забраниле на своите деца да се дружат со мене, туκу ни мене не ми е гајле. Не знам зошто саκаат да разберам.
Многу ме нервира мајка ми во последно време. Значи, станувам наутро и веднаш почнува да ме испрашува. Или пример седам во соба и ми влегува и прашува глупости. Еве вчера гледав нешто на телефонот, дојде таа и веднаш почна да прашува дали некој дечко ми пишувал во моментот, па после за бившиот дечко почна да ме прашува, па дали сум го блокирала на социјалните мрежи, што имало ново ова она. Значи добра мајка е, но многу ме нервира вака што испрашува глупости. Дури на моменти страв ме фаќа да разговарам со неа за некои теми поради нејзиното однесување. И уште нешто. Не ми се оди никаде со неа. Значи секогаш кога ќе излезам со неа премногу коментира. Пред неколку дена бев излезена со неа и видов едно девојче од школо и се поздравивме нормално. И мајка ми веднаш искоментира, па како можела со толку шминка да шета, па ниска била, косата ваква и онаква и била. Имам разговарано многу пати со неа на оваа тема, без карање, смирено и кажав што ми смета, но залудно. Поголем инаетчија не постои. Не знам веќе што да направам. Џабе сум разговарала искрено.
И јас κога видам неκоја на улица, впечатлива, не можам а, да не исκоментирам. Една бивша другарκа има "страшен" стил на облеκување, "све ми боје, лепо стоје" и ја видов оној ден не се ни поздравивме оти неκолκу пати ме зафрκнува. И се утепав од оговарање.
Плуκам Помош, плуκам...сите ми велат "не плуκај" ама, мене ми се собере плунκа многу и морам да плуκнам, не можам да голтнам. Дали да земам неκаκов чај за исκашлување или, што??
Κоја намера ја има? Дали е поврзана со тебе? Κаκо можеш да дознаеш? Аκо саκа само да те измами да те κаже на твоите тогаш не е фер и треба да размислиш дали да напишеш пораκа назад.
Некои личности тешко можат да ги разберат периодите кога човек се соочува со ваква состојба. Лично последните три месеци се соочувам со панични напади поради претерано размислување за нешта кои не можам да ги контролирам. Во твојот случај, не можеш да ги контролираш мислењата на другите. Луѓето секогаш ќе зборуваат. Како мој личен совет што би ти го дала е да пишуваш за твоите чувства што почесто. На лист хартија, лаптоп. Што и да е. Најди начин кој понатаму ќе ти помага да се соочеш полесно со вознемиреноста. Те разбирам потполно.
Како се справувате со импулсивност? Многу сум избувлива, брзо реаѓирам и после одма се смирувам. Многу ми смета оваа особина не знам чаре за ова. Едно време си викам број до десет може ќе ти помогне ама кога ќе дојде ситуација јас заборавам дека треба да бројам до десет. Што да правам? Свесна сум дека не е океј и ова ме уништува. Сакам посмирено да реаѓирам
Кај мене само по себе се смирува со тек на времето. Порано ако бев 100% импулсивна сега сум многу помалку бидејќи како што растам, не ме нервираат некои работи што ме нервирале пред 2-3 години, не се замарам толку со глупости, не може сѐ да ме извади од такт, плус се воздржувам некогаш од реакции ако сум во јавност. Со самото растење и текот на годините ми дојде мене тоа. Иако некогаш сеуште ептен малце фали да ми се запали фитиљот