здраво ве молам за најитна помош не знаеме каде да се обратиме брат ми е психички најтежок случај на наркоман дома кај моите се е искршено сега копа по зидовите секој ден крѓи со години му нема спас наркоман е повеќе од 15 години под стрес сме сите лупа тропа бара само пари деца имам мали до нив живеееме мир немаме со години каде може да го пријавиме да дојдат да го земат на лекар не сака сам да оди ние сме биде за лечење он не почнав јас да се разболувам од стрес имам напади полиција викнавме рекоа тоа бил наш проблем они не можат да помогнат каде да се јавам за да го земат со сила оти нема спас најлоши работи прави пишува по зидови дека ке не убие и запали внатре нени влегувме со месеци цука цело време психопат и други болести има ве молам за совет моите се иселија и тие се тука блиску ги малтретира за пари само тоа бара ве молам ве молам
@Cacuvche ти имаш сериозен проблем. Наркоманијата скоро и да не се лечи освен ако пациентот не сака самиот да си помогне себе си. За жал брат ти е веќе за во институција. Единствен спас според мене е да излезеш јавно во медиуми и да побараш помош. Кога ќе се вклучи и алармира јавноста, се надевам дека ќе го соберат во соодветна институција. Вака само ќе талкаш и ќе живееш во кошмар и страв.
Полицијата не се замара со вакви случаеви, освен "не дај боже" физички напад. За оваа проблематика најдобро е да се јавиш во ЈЗУ Психијатриска Болница Бардовци во најбрз можен рок. За да не скиташ по Гугл, еве ти го најдов и нивното бројче 023095609. Пишува дека се достапни од 07ч наутро до 14ч после пладне. Се надевам дека колку толку ти бев од помош. Жалам за ситуацијата и се надевам дека се ќе се реши во најбрз можен рок.
Како да си помогнам со претераното двоумење? Понекогаш размислувам со часови и со денови за две можности, и на крај пак не можам самостојно да донесам одлука поради страв од погрешен избор...
Секогаш кога ќе треба да бираш помеѓу две работи гледај според моменталната состојба која од опциите ти се чини подобра. Нека биде кратко размислување и согледување на прос и конс. Биди свесна дека што и да одбереш има потенцијал да биде 50% успешно, 50% тотална катастрофа. И откога ќе одбереш една работа, другата скроз заборави ја. Реално, секој од нас сака да знае кој е правиот пат и да одиме на некоја сигурна варијанта. Но, нажалост не е возможно и кој и пат да го одбереме сметам дека е најправилниот. Дури и да ја одбереш погрешната опција, оттаму ќе ти се отворат други можности кои би можеле да бидат дури и подобри од првичните две неважни опции.
@martiiinna Токму фактот 50-50 ми создава најмногу главоболки. Моментот дека најчесто шансите за успех се скоро изедначени со шансите за неуспех и разочарување. Неодлучноста ми одзема многу енергија, така што морам да се соочам со својот избор, каков и да е тој. Ти благодарам
Кога нешто ќе ти претставува проблем во однос на двоумењето, само размисли на сите твои претходни одбирања и согледај каде те одвеле истите. Сето тоа те одвело таму каде што си моментално, што значи дека си го направила правилниот избор. Нека те води тоа и биди сигурна дека што и да одбереш ќе биде во твоја корист. Преголемото размислување е нешто што секој се соочува со истото и само треба пракса за да го искорениме од нас.
Запиши се во теретана, ако имаш милениче шетај го па можеби со некој друг сопственик ќе се замуабетите, зачлени се во некои групи што те интересираат(на пр. За книги, литература и уметност или музика), пронајди си некоја работа(ова ако не учиш сеуште), ако си се дружела со некоја од основно и си изгубила контакт обнови го па можеби таа ќе те запознае со други.. Сега малку е се лимитирано со коронава.
Запознавај се повеќе со луѓе, биди поопуштена, по слободна и отворена. Кога ќе видат дека си таква, луѓето сами ќе ти приоѓаат и ќе се дружат со тебе.
Ако сакаш да шириш познанства, не мора да го правиш тоа преку заеднички пријател. Пр. јас ќе излезам со тебе, па ти ќе го донесеш другиот и сл. Можеш сосема непосредно, самата да почнеш разговор и да се запознаеш. Не мора да е во таква ситуација каде се е однапред договорено, како кога се излегува навечер, или се седнува со некого некаде. Едноставно сегде може да се обидеш, во најобична секојдневна ситуација - чекајќи ред, во супермаркет, на изложба, во автобус. Сега тука е коронава и физичката дистанца, малку луѓето се наелектризирани кога им приоѓа некој ама може да се разговара и од 2 метри. Не е проблем да се најдат нови луѓе, туку најчест проблем во запознавањето е уствари проблемот на комуникација. Како да започнеш разговор со некој што не го знаеш? Како да ги совладаш емоциите кои те кочат да почнеш разговор - страв, срам, трема? Па што ќе речат другите за тебе? Комуникациски вештини се учат и тоа најдобро преку пракса и вежбање. Никој не вели дека треба од таквите муабети да се роди трајно пријателство или љубов, просто разменуваш нешто, споделуваш. Ако појдеш од тој став, и така гледаш на нештата, ќе можеш да разговараш без товарот на големите очекувања и муабетот ќе тече релаксирно, спонтано. Се создава момент кога сакаш да му се обратиш на некого и го користиш и се обраќаш. И обратно ако некој ти прозбори ти се обрати со некој small talk, прифати го како да е сосема нормално и во ред. Надоврзи се, надгради го разговорот. Ете тоа значи уствари да бидеш отворен за комуникација. Може кај нас овде сеуште има луѓе што мислат дека тоа е срамота, дека ако некој пријде мора да му се допаѓа другиот, па затоа почнува разговор, во светот тоа е секојдневие. Јас бев доста оптеретена во средно со тоа што ќе речат другите и се држев до другарките. Ама (исто во средно) кога почнав да патувам во други земји, колку е тоа нормално на секаде. Во кафичи доаѓаа со мала група пријатели си седеа со нив, ама беше сосем ок ако почнеш да се мешаш со другите луѓе што ти се околу. Разменуваш некој збор за музиката, или нешто моментално што било во фокусот. Потоа муабетот се надградува. Некогаш муабетот ќе заврши за минути, некогаш за саати ако муабетот станал интересен. После може ќе се отидеше на друго, па трето некое место, без обврска новото другарче да го земаш со тебе. Културно си се поздравуваш и си тераш секој со друштвото или кон дома. Никој не наметнуваше обврска дека после тоа мора пак да се видите и да го одржувате контактот, ама и никој не брани ако сакате да продолжите да контактирате. Многу нови луѓе запознав така и интересни приказни слушнав, и научив и мали муабети да правам и како да разговарам културно, при тоа без здосадување, наметнување и сл. Тогаш научив што е она што го викаат mingle . И продужив така и кај нас, да бидам отворена со луѓето и не ми беше веќе проблем мислењето на другите. А и мислењето на другите за мене беше позитивно (дека сум отворена и комуникативна), не ме доживуваат како ненормална , се било само мој страв.
Страв/фобија од болести се нарекува хипохондрија. Можеш да истражиш на интернет за тоа. Совет на сите ни е страв од болести ама глеј да не се преокупираш до тој степен да мислиш поатојано на тоа ,менувај го фокусот наоѓај си занимации или читај нешто друго за да не мислиш на тоа. Се е до мислите.
Можам да ти дадам совет ,,од прва рака''. Никако пребарување по интернет за болести, секогаш кога ќе паднеш во искушение да се консултираш со д-р Гугл имај некаква алтернативна активност што ќе ја правиш наместо тоа... пушти си ја омилената песна, некоја серија, гледај смешни видеа. Биди свесна дека здравата претпазливост е корисна, но стравот може само да му наштети на здравјето, да го намали имунитетот па дури и навистина да те разболи. Откако станав свесна за ова сум многу подобро. Едноставно ги пренасочувам мислите кон нешто корисно или забавно. Нема поента да не го живееш животот тука и сега, поради страв од нешто што може никогаш да не се случи.
Луѓе ве молам совет како да излезам на крај со ѓаволи од колеги. Поедини личности, со ништо непредизвикано од моја страна отворено непријателски се однесуваат со мене. А, ништо буквално лошо не сум им направил. Значи, стварно пекол ми е животот од пустово работиште, кое иако не ми е по струката го работам, а морам да одам бидејќи таква е ситуацијата ќе немам денар ако не одам некаде, а по струка моментално никаде не се наоѓа. Ќе замолам некој ако е слободен можи во инбокс да ми пиши ако има искуство со вакви ситуации.