Нема правило кога треба да се заврши факултетот, ако имаш доволно желба тоа да го направиш. Рече дека не можеш да работиш и да студираш. Што значи имаш 26 години и се уште си финансиски зависна од твоите родители. Мораш да ја соогледаш и ситуацијата од другата страна, не може до недоглед да те финансираат. Ако не можеш да учи и да работиш, тогаш стави го факултетот во мирување и почни да работиш.
Јас секогаш викам ако стварно сакаш да учиш запиши се на факс, а не ради реда. За учење никогаш не е касно, ако си решена, запни се и доврши го факсот. Да работиш и пралелно да студираш, па да го влечиш факсот ајде тоа е океј, ама влечкање години онака значи не ти се учело воопшто. Твоите не можат вечно да те финансираат, сама треба да си свесна. Не е касно да го завшиш факсот и на 28год, ако навистина тоа го сакаш. Можиш да се вработиш и да студираш пак.
Тоа со годините не е точно.Има многу студенти постари од 26 години. Поразговарај со твоите доколку си сигурна дека ќе можеш да го завршиш факултетот.Ако нејќат веќе да ти го плаќаат,тогаш ќе мора да работиш. Запни и загреј го столот.Со убави оценки ќе им ги затвориш устите,а што е уште поважно,тебе ќе ти биде подобро.
Јас па не ги кривам ич твоите. Па никој нема пари за фрлање, а некој да се зеза. Мотивација ако сакаш, сама треба да се мотивираш, твоите верувам доволно се обидувале, па ете не им успеало. Тебе тоа ти фали. Малку глупо е сега да ги осудуваме. А и мене искрено глупо би ми било на 26 да чекам од моите да ми плаќаат и да ме буткаат ко прваче. Иако е државен, знаеме колку пари одат само на семестар. Не е проблем до годините, кај мене имаше студенти кои имаат 30+, а од разни причини не запишале на време.
Имав колешки од 30 години, со фамилија па беа редовни и завршија навреме. Сакам да кажам дека се' се може ако се сака. Доколку си вонреден студент мислам ќе ти е лесно да ги балансираш двете работи. Извини но мислам дека откако сфати дека е време за работа, ти се врати желбата за факултет можеби само за да избегниш? Родителите се во право, да, не е срамота да учиш на 26, но не е убаво уште да очекуваш од нив (тешко се наоѓа работа и во ред е да немаш и работа, не е во ред да не сакаш).
Според мене твоите воопшто не се виновни. Ако имаш 26 години, значи те школувале и плаќале на факс 7 години. И плус сега ти предложуваат да те пратат на приватен факултет. Епа што повеќе сакаш, најсериозно не ми е јасно. Да бидеме реални, да си го сакала факсот до сега ќе си го завршела, еве и самата велиш дека не е некој многу тежок туку ти не си учела и не си сфатила сериозно. Многу незрело. Цени што сеуште сакаат да даваат пари за тебе, покрај многуте пропаднати во изминативе години.
Полесно е да покаже со прст кон друг и да се префрли топката, отколку да се застане пред огледало и да се преземе одговорност. Родителите се единствените луѓе на свет кои сакаат да постигнеш повеќе од нив и што и да се случило секогаш ќе те сакаат.
Ако сакаш да го завршиш факултетот вработи се и финасирај си ги студитее.На времето кога студирав прво што помислував колку и да ми е тешко на моите.Тие работат по цел ден за тебе да те финансираат.Плус ако не си од градот во кој што е факултетот рачунај минимум 200-300 евра за тебе оделе ...Греота е за твоите родители за тебе нималку .Можеби е дрско малку мојов коментар ама време е да се освеестиш и да не бидеш себична!
Ако несакаш да учиш одпишисе и барај работа. Доволно си возрасна за да носиш свој одлуки. Кој шомисли од страна ич не се замарај.
Да се наполнам..јас студирав на тежок факултет и работев последните години додека студирав..Испити земав еден за еден.Зошто ? Си велев има деца кои сакат да одата на факултет немаат пари.Ги ценев парите на моите.Мене ова ми е крајно себично.На 26 без работна навика и плус да се чека на родители
Како не е проблемот во финансиите кога ти сама немаш финансии да се студираш и очекуваш родителите да те покриваат финансиски? Тогаш одлуката ја носат тие, а не ти. Сепак, тие се тие кои инвестираат во тебе, и инвестирале години наназад каде не си ги исполнила нивните очекувања. Не може до бескрај да те финансираат, а да не гледаат резултати од твоја страна, а уште помалку иднина. Замисли сите овие пари кои ги дале за факултет, сте можеле сопствен мал бизнис да отворите и да биде многу повеќе продуктивно од фрлени години за студирање. За факултет никогаш не е касно, да, но и изгубената доверба тешко се враќа. Реално сега се студира од дома па 90% од финансиите се за покривање на семестар (100-200€) што реално не се некои пари и можеш да си ги покриеш сама од заштеда. Летото ќе е добар период за привремена работа со која ќе осигураш финансии за следните два семестри. На овој начин ќе им покажеш и ним дека си решителна да го завршиш, а и себе си дека можеш да го сториш тоа како самостојна и зрела личност. Верувам дека овака и би ти помогнале финансиски кога ќе увидат колку се трудиш. Ама да очекуваш се од нивна страна, да ги окривуваш и после сите шанси што ти ги дале, не е во ред. Побарај си го "Балканскиот менталитет" кај себе си.
А зошто толку завлече?Само затоа што немаше желба или постои и нешто друго?Бидејќи како што викаш, ако имаш уште 2 год. од 4, а сега си 26, навистина многу време си поминала на факултетов и сигурна сум дека постои и нешто друго освен немање желба. И што студираш ако не е тајна?
Ама ти си имала цел и си знаела што сакаш во животот. Ете нека трепка твоето: Дека се се може ако се сака.
Во ред дечки во право сте, јас тоа не го игнорирам, но не знам не сум си ни на себе јасна зашто така оставив , ми беше интересно на почеток да се дружам да излегувам ми се погодија другарките и многу ме мрзеше да учам, само по нешто полагав, еве сега ми текна, но од друга страна не знам дали да идам на приватен и за тоа се мислам, моите се согласуваат доколку сакам, но не знам, не сакам да останам без факултет ама криво ми е и за овој, сепак ќе размислам убаво фала ви на искрените одговори, сама си направив да ми е тешко, а можеше многу полесно да поминам
1. Ова е еден од доказите дека децата пропаѓаат кога родителите им даваат пари; 2. Родителите треба да тежнеат кон тоа да го научат детето да работи нешто, а не да дреме дома и да не знае ништо; 3. Со почит до сите кои завршиле факултет но, што знаете да работите? Повеќето од вас да не се лажеме не знаат да работат кога ќе завршат факултет, бидејќи на факултет е застапена теорија од која може глава да те заболи. Заклучок: учете се да работите некоја работа, не си го трошете времето бадијала. Поздрав
Извини вака ама тука во првиот цитат викаш дека сама работиш и не зависиш, тука дека не работиш и студираш и те финансираат... ако сепак работиш не гледам кој е проблемот да чекаш дозвола од твоите за факултет
Доволно си ги потрошила твоите сите овие години. Биди и на тоа благодарна. Не ги ставај во дополнителни трошоци за 4 годишни студии на приватен факултет. Факултетот стави го во мирување. Вработи се, заработи пари и после дозаврши го. Не е во ред до 30 години да студираш, а да бидеш до тогаш без ден стаж. Сноси ги последиците од твојата несериозност. Не се должни твоите родители до 30 години да те финансираат за сè.
Ајде ако не никој нека не се запишува на факултет и не мора да постојат сите неопходни професии во општествово