срце ич да не му се секираш!!! имав јас една другарка која имаше малку повеќе килограми и на неа и беше многу тешко, не и се одеше на училиште.не сакаше да излегува, да се дружи нон стоп плачеше, како некој друг да и е крив.несакаше да признае дека таа е виновна за проблемот со тежината. но. откако малку подпораснавме таа свати дека неможе веќе така и запозна дома да вежба и немаше некои големи подобрувања.потоа почна да оди на фитнес и со тренерот се договорија за исхраната, почна да вежба и стана авион4е затоа срценце започни со зголемување на својата самодоверба и почит кон себе и потоа на вежбање и се ќе се среди. знаеш што јас мислам дека луѓето кои имаат прекумерна тежина се навикнуваат така да живеат и не пробуваат да го сменат својот живот на подобро. знам дека си свесна дека тежината може да влијае и те како на здравјето па затоа мислам дека треба најсериозно да почнеш да менуваш некои работи. а за коментарите на мајка ти или на било кој друг и4 немој да се секираш. ти гледај се себеси и заради себеси ослабни малку а со тоа ќе им докажеш на сите кои те навредувалле дека си силна, убава, паметна и згодна девојка.поздрав душо!!!!
дора секој е посебен на свој начин .немој да очајуваш и сама себе да се казнуваш. уште си млада имаш толку многу време пред себе , се ќе си дојде на своето место.мислиш дека дебелите луѓе не се убави ? дека нив никој не ги сака , не ги почитува ги омаловажува ? тоа не е точно . треба да знаеш да се цениш себе си , да го сакаш своето тело такво какво што е убаво те советувале останатите феминки. или пак зошто не се обидеш да отидеш кај нутриционист да поработиш на своето тело и на тежината ако веќе толку сакаш да смениш нешто. остави ги другите , нека зборуваат не ги слушај . верувај во себе и ќе успееш . dieti/slabeenje-so-pomos-na-nutricionist-t3714/ еве тука можеш да видиш за слабеење со нутириционист . ти посакувам успех поздрав
Лугенца,ај да ве замолам за совет...знам дека колку толку ке се потрудите да ми помогнете.Значи советот не е за мене туку за една личност која многу ми значи...која неизмерно ја сакам.Како што таа личност мене ми помогнала така и јас сакам да возвратам но се обидувам и како да немам резултати. Ме боли да го гледам така тажен,западнат во депресија од која ми кажа дека нема да може да излезе.Ми се крши срцето кога го гледам вака...Постојано мисли дека сите го одбегнуваат,дека нема почуствувано љубов а јас премногу го сакам а не можам тек така да му кажам.Значи да се разбериме,тој знае дека имам чувства за него.Но кога би знаел колку силно го сакам нема да е таква приказната. Не мислите дека ова е љубовен проблем кој сакам да го решам туку сакам нему да му помогнам. Почна да се затвара во себе а тоа е тоа што ме плаши.Му зборував дека секогаш ке бидам покрај него без разлика дали сме еден до друг или му помагам виртуелно. Не знам ни што да му кажам,да не биде веке во таа ситуација.Јас разбирам дека сите сме биле во ваква состојба но тој почна да ме плаши. Секој ден се трудам и знам дека колку толку се кренува со расположението но подоцна пак и пак. Не сакам да го напнувам и да го притискам но ми се цепа срцето бе... Се мислев да се тргнам настрана,да не му пречам додека е вака ама повеке не знам што да мислам. Денес му пишав порака дека нема да го напуштам и дека ке бидам секогаш до него и дека ке го ислушам.Не знам дали добро постапив.Не знам дали требаше и воопшто да му ја пишам порака но јас се чувствувам должна кон него бидејки тој ми помогна да го преболам бившиот.А на крај се заљубив.Ама тоа не е важно сега,тој е важен и неговата состојба. Чаре некое?
срце најбитное да се истражи од каде е почнат тој проблем, таа депресија. мора да има некое жариште од каде потекнува. откако тоа ќе го дознаеш најотворено ќе раговараш со типот за тоа. Мое мислење е дека не треба да го сожалуваш туку напротив треба да му покажеш колку ви е убаво заедно, да шетате да посетувате места на кои сте биле,каде сте се запознале, ако имате односи можеш да го однесеш на некое место далеку од очи па да купиш едно винце,чипсче кебенце па да гледате цела вечер звезди и да се сакате мнооооогуууууу... сакам да кажам дека со депресивен човек или човек со некаков проблем треба да се однесуваме најнормално а НЕ да го жалиме, да му кажуваме ќе биде подобро, не се секирај т.е да го тешиме. така само му одмагаме. еве сети се кога си била тажна и тамам да се смириш и дошол некој еј абе не плачи не се секирај и нели во тој момент пак ти доаѓа да плачеш? ме рабираш? значи да скратам јас најискрено мислам дека тој човек ќе излезе од таа депресија само доколку му бидат пружени искрени гушки, бацки, шетање и ИСКРЕНА љубов но никако сожалување... поздрав мила
да Pelikuna треба да се знае зошто западнал во депресија , прво треба тоа да се знае за да знаеш како да му помогнеш да го надмине тоа. што знам разговарај со него но не го притискај веднаш нека оди тоа полека , предложи му да гледате некој филм да се прошетате некаде, да седнете на кафе на јадење и сл. или за да го расположиш дознај што највеќе сака да прави во слободно време каде сака да оди ,можеби има некое хоби што знам( ако го знаеш тоа можеш да организираш нешто) . но сепак потребно е да се знае зошто западнал во депресија за да знаеш што треба да направиш . сепак најбитно е дека треба да разговара со други луѓе и да не се затвара во себе ... се надевам на добри резултати
Осознај го проблемот поради кој западнал во депресија полека полека ако не го знаеш. Ако не сака да зборува на таа тема доближи му се некако да тој самиот ти се отвори и почнува да зборува. Знам како е да се затвараш во себе зашто и јас сум таква понекогаш. Треба ептен да ме начекаш во добро расположение или очајнички да сум слаба и да почувствувам потреба за рамо за плакање. Биди уз него и давај му подршка, така ќе знае дека не е сам и дека некој мисли на него. Одете на прошетки и правете не врзан или бош муабет, гледајте филмови, едноставно забавувајте се, за да се почувствува по релаксирано. Најбитно е дали тој сака да си помогне на самиот себе. Тоа треба да го процениш. Ако сака ќе оди полесно ама ако не сака тогаш биди истрајна со него ако до толку сакаш да ја поднесеш таа жртва и да му помогнеш. Се надевам дека ќе ја види твојата искрена љубов кон него па ќе му светне сијаличката . Трпение-спасение...
Колку што можеш повеќе приближи му се,терај го повеќе да излегувате,не му зборувај за тоа и не прашувај што го мачи додека полека не се отвори самиот.Јас бев таква,повлечена во себеси се додека самата не почнав да се отварам со луѓето и да го споделувам тоа што ме мачи.Ти само гледај да се почувствува сигурен дека може да ти каже се без да го разбериш погрешно и дека си тука секогаш за него.Со дела докажи му дека го сакаш многу и дека сакаш да бидеш со него како што кажа и самата.
Епа вака,тој што ми е дечко,баба ми ми бранеше да се гледам со него,за првпат дочекав во овие мои 14 год баба ми да ми се развика и да ми забрани нешто.Ја сакав и сеуште ја сакам како мајка,ама мн сум и лута.Од кука не ме пушташе надвор .Што да правам? Во право сум? Да и се јавам да прашам како се,да одам на гости?
срцко а не ја праша ли зошто ти забранува да бидеш со дечкото? а дечкото е од таму каде што живее баба ти? па да не знае некои лоши работи за него па затоа ти забранува. јас мислам дека треба да и се јавиш и ако си во можност да одиш докај неа да поразговарате околу оваа тема! поздрав мила
Јас мислам дека кога некој запаѓа во депресија, зборувањето најмалку помага. Тој човек е убеден дека тоа е така како што си замислува, иако најчесто не е. Луѓето кога имаат напад на депресија можат да станат хистерични или пак повлечени во себе, да не излегуваат со денови, да избегнуваат социјализирање и слично. Тој може знае за твоите чувства кон тебе, но тоа во никој случај не значи дека е убеден во нив. Тоа што треба да му направиш за да му помогнеш е токму она што си му го пишала. Да не го напуштиш. Да бидеш постојано покрај него и колку и да ти се апсурдни неговите постапки, или колку и да те повредува таму и да останеш. Но, пуштањето на таква порака и спроведувајќи го ова на дело се два различни поими. Сум разговарала со луѓе кои патат од депресија, анксиознот или имаат панични напади. Она што на сите им е заедничко е дека во глобала се разочарани од човештвото. Би можело да се работи за некоја траума од детството - злоупотреби, насилство, премногу неуспеси, разочарувања, неуспешни врски, трагедии во семејството итн... Причините се безброј. За да се реши еден проблем треба да се допре до сржта. Најчесто не е онака како што читаме во книгите или гледаме во филмовите. Ако некој човек е тешко западнат во депресија и ја стекне твојата доверба, тогаш немаш простор за предумислување. Можеби претерувам, но ако некогаш натераш некого да верува во нешто, а кон тебе гледа како спасител, тогаш си засекогаш заглавена со него, бидејќи најверојатно твоето заминување би го дотолчило, па би посегнал кон својот или твојот живот. Сепак не верувам дека се работи за толку тежок случај. Како и да е, овие луѓе најчесто успеваат да се носат со проблемот наречен „депресија“ и имаат и некои добри периоди. Лекот е дела, а не зборови. Ако си самата убедена во твојата љубов кон него, верувам дека можеш да направиш и тој да поверува дека тоа е она вистинското. Со среќа!
Имам проблем ! За се имам негативни мисли...немам проблем дома, немам проблем до другарки и другари, излегувам се дружам и денски на кафе и ноќе. Мислам дека сум сакана ако не барем почитувана од сите. Но имам друг проблем, проблем со себе... Никогаш неможам позитивно да размислувам....на пример - се возам со такси и одеднаш пред мене ми излегува слика на собраќајка / ако излезам на кафе - ми доаѓа мисла и слика пред очи - дека ќе паднам во несвест / кога се шетам по град и гледам мајки со бебиња - ми доаѓа слика дека јас ке се породам со триста маки, дека моето бебе ќе е , дека јас ке останам самохрана мајка..... тие се секундарни мисли...неможам да ги опишам, зошто и како...кога ќе ми дојде, онака ке ја протресам главата и си викам, еј што правиш, свести се... ама неможам...пак ми се случува, постојано... ве молам советувајте ме нешто !!!
душо мислам дека треба да поразговараш со некој постру4ен од оваа област, некој психолог затоа што нема да можеш цело време вака. но сепак пробај да не мислиш на ништо лошо, пробај да се сетиш кога првпат ти се случи ова и пронајди ја причината така ќе можеш полесно да ја елиминираш! поздрав
Z.a.l.ju.b.e.n.a сигурно има добра причина зошто баба ти ти забранува да се гледаш со тој дечко. Можеби слушнала лоши работи за него, можеби знае дека доаѓа од лоша околина, можеби знае нешто за него што ти не знаеш. А највеќе од се се плаши да не те повреди. Можеби имала некое лошо искуство во нејзината младост, па сега сака да те заштити. Сепак имаш четиринаесет години, сеуште си мала за сериозни врски и такви работи. Уживај си во младоста и не се замарај. Ама ако толку ти значи тој дечко разговарај со баба ти, прашај ја зошто не те остава да се гледаш со него, и тоа направи го со смирен тон, без кавги. И едно прашање, колку години има дечкото? jasmina00 - Да не си имала некое лошо искуство па сега се плашиш да не доживееш повторно нешто лошо? Да не случајно некој од твојата фамилија имал некое вакво лошо искуство па ти зборел постојано да бидеш внимателна, ти велел дека може нешто лошо да ти се случи? Јас би ти рекла да не пробуваш да ги потиснуваш овие мисли, седни разговарај со некој што ти е близок, па дури и со стручно лице ако има потреба. Потиснувањето на мислите може да ти донесе само поголем проблем во иднина.
jasmina00 - Да не си имала некое лошо искуство па сега се плашиш да не доживееш повторно нешто лошо? Да не случајно некој од твојата фамилија имал некое вакво лошо искуство па ти зборел постојано да бидеш внимателна, ти велел дека може нешто лошо да ти се случи? Јас би ти рекла да не пробуваш да ги потиснуваш овие мисли, седни разговарај со некој што ти е близок, па дури и со стручно лице ако има потреба. Потиснувањето на мислите може да ти донесе само поголем проблем во иднина.[/quote] се трудам да размислам која би била причината, можеби моите патријахални родители и нивните добронамерни совети - незнам... иначе не сум имала некое страшно лошо искуство... и да, се мислам да побарам помош, знам дека не смеам да мислам негативно, се одразува и на мене! Мислам дека негативните мисли ми прават негативни работи во животов. Не сум во депресија, не сум личност која седи дома и кука...напротив, излегувам, се дружам...и пак и пак...
Значи во петокот отидов во др град кај еден што не го знам,само на скупе и тел и отидов да се запознаеме и мн убаво си поминавме,ама вчера се вратив и дома е за нигде.Татко ми уште не дошол дома,ама мн се плашам кога ке дојде,а и знаат дека бев кај него.Сега што да правам? Мајка ми и така и така,ништо не ми може,ама татко ми. Знаев дека вака ке биде и пак отидов. Готова ке бидам кога ке дојде. Совет??
Сакам да умрам ....Имам 14 год и мислите дека се ми е прекрасно,ама зивотот ми е пекол,сама сум си крива за се,сторив мн лоши дела и никако ништо добро да направам.Немам повеке никој,брат ми не ме признава за сестра,татко ми не ме признава за керка,кога ке ме видат сите плукаат на мене и само мене ме обвинуваат.Сите ги изгубив.Незнам што веке да направам,мноогу се каам и се би направила за барем нешто да поправам.Сакам да умрам,вака не ми се зивее.Ни гаволот немозе толку проблеми да направи.Што да правам?
Сакам да умрам незнам што си направила ама сигурна сум дека твоите те сакаат. незнам зашто толку многу се обвинуваш себеси? па имаш само 14 години цел живот е прд тебе. сите имаме направено глупост за која сме мислеле дека нема да ни ја простат ама се поминало да знаеш. времето лечи се.. немој толку трагично да размислуваш.
Сакам да умрам Не може родителите да не си го сакаат детето , што и да си направила твоите нема да те исфрлат на улица. И точно, сите имаме направено грешки во животот и од грешките наши се учиме нели е така
Сакам да умрам Ти си дете, во пубертет. Од тебе делумно и се очекува да правиш грешки и да бидеш непослушна, во овој период неубаво, ама некако нормално му доаѓа да мислиш дека никој не те сака и дека сите се против тебе. Грешките не се поправаат со смрт, со плачење, со жалење, туку со труд и желба да се исправат. Биди силна и докажи дека се каеш. Промени го своето однесување, однесувај се пристојно како за едно мало девојче, посвети се на учењето, помогни дома, настрана од муабети за дечковци (тоа некако му доаѓа како главна тема на тие години). Колку што си ти виновна за грешките, толку се и твоите родители. Со правилна насока од нивна страна, ќе застанеш пак на правиот пат и на ова еден ден ќе се смееш. освен ако не си бремена, тогаш незнам што би ти кажала...