Добро де , тие што се во системот и работат како им свири друг ок е. Успешен човек е кога сам научил да работи нешто, а не денешниве успешни робови кога мораш да идеш на работа 8 саати, ајде државно, ама приватно ќе работиш и во 22 ако те викне.
Не секогаш мора да имаш факултет за да имаш работа. Не знам дали работиш или не бидејќи еднаш рече дека работиш а после дека не, ама како и да е мој совет ти е да прекинеш со факултетот и сама да почнеш да штедиш пари затоа што не е хумано твоите да ги трошиш сеуште, доволно те финансирале до сега. И кога ќе бидеш потполно сигурна дали сакаш да завршиш факс или не тогаш запиши повторно.
@Ta-mara Штом твоите би платиле за приватен факултет, значи финансии не им се проблем, само твојата неодговорност. Ете, не бараат да си плаќаш сама факултет, се што треба е да седнеш да учиш. Немаш подобар период за да почнеш, корона е, ладно, секако не можеш да се журкаш и да шеташ, плус се е онлајн. И верувај, најтешкиот дел е да почнеш - после ќе се уходаш и кога сама ќе видиш дека можеш, две години нема да ти изгледаат како толку долг период. Само треба да сакаш, со сила убавина не бива
Точно така. Но сега е модерно да имаш фалкутет. Штета само што кајнас не се признава учењето. Полно ги има со фалкутети и пак се без работа а то што немаат никакво работно искутво то башка. Сепак жално за толкава сума на пари фрлени и време губење.
Секој човек се губи на момент и целта му паѓа во вода..ама додека си на грб на родител кој е пред се жртва ако не ти се учи или не си сигурен паузирај почни со работа и терај.
Аа не, никако тоа, сите другарчиња се запишале на факс па ајде и они, а свесни се дека ниту го сакаат факсот, ниту имаат некаква желба за учење, али шо има веза бе сакале да испробаат како ќе изгледале студентските дружби и журки. Тоа што таа проба мама и тато ќе ги кошта ѓавол и пол, нема врска. Денешните деца (најголем дел од нив) воопшто немаат почит кон родителите и не ценат дека тие од се срце се трудат да ги школуваат за да научат нешто и понатаму да можат сами да си формираат кариери, а не за да го испробале студентскиот живот. Факт е дека не е секој за на факултет.
@Ta-mara ти немаш амбиција едноставно. И без поддршка се студира. Завршив, се школував и цело време немав поддршка од никој. Ако се сака, се може. Ти бараш оправдување. Опции имаш. Работи, штеди, плати си, учи. Тебе ем не ти се работи, ем не ти се учи.
Јас со факултетот паузирав бидејќи и мене од 3 години студирање ми испаднаа 5, башка тоа учев посветено, не се влечкав но ете така испадна, сега имам уште 2 испита но решив да паузирам, во процес на барање работа сум и се додека не најдам не го продолжувам студирањето бидејќи сакам сама да си доплатам тоа што ми остана, не ми е убаво на моите сеуште да им земам за тоа. Мој совет, најди работа и ќе ти биди многу полесно, ќе можеш сама да си доплатиш и да си завршиш, кога веќе си стигнала до пола потруди се, барем пробај, што врска имаат годините. Јас каде што студирам и 50годишни студенти има, битно да имаш желба да завршиш.
Јас кога завршив средно ни моите родители, ни останатите роднини, пријатели, познаници не ме поддржаа во одлуката да се запишам на смерот што го сакам.Бев многу разочарана да, ама не се откажав. Мотивацијата ме водеше сама да си започнам од нула. Работев, си заработив пари и се запишав на факултет. Сите испити од прва си ги исчистив во рок. Сè уште не знам дали сум ја донела вистинската одлука, ама знам дека кога ќе остарам нема да ми биде криво дека не сум тргнала по мојот сон. И моите родители имаа пари да ме финансираат, ама јас не прифатив.Зошто да ме финансира некој што не ме поддржува Возрасна личност си имаш многу опции. Можеш да го паузираш факултетот, да заработиш пари и да размислиш дали сакаш да продолжиш.
Е ова е премногу точно, имав школски во средно што имаа помал просек од мојот, завршуваа добри или доволни на крај на година и запишаа факс само затоа што не им се работи, да се дружат, да шетаат, да не се дома, да се журкаат и еве ги сеуште тапкаат во место. Јас имав и можности да се запишам на факс и све, ама немав желба за учење и јасно им кажав дома дека нема да учам за џабе да не фрлаат пари. Стварно не е хумано спрема родителите таквото однесување. Арно било порано се знаело само капацитет деца се запишувале на факултет и стварно на тие што им се учи, денеска кој стаса се запишува.
Вака, да во право сте за работата, но не можам да се замислам да работам и да студирам, никогаш не сум го сакала тоа, затоа што имам работено еден месец и многу ми беше тешко напуштив, сакав да видам како е. Кажав дека не ми се проб финансиите затоа што немам строги родители и самите ми рекоа ќе платиме на приватен да завршиш,но искрено не сакам да се отпишам од државниот ,нема да почнам од почеток на приватен како што некој кажа, друго ако моите се откажат имам тетка која многу ме сака како своја ќерка ми рече ако имам некој проб таа ќе ми даде пари, да не бидам погрешно сфатена , она не може да има деца не е мажена сама живее и работи во Швајцарија, самата ми рече ако моите не ми даваат таа ќе ми даде бидејќи ме сака како ќерка и таа ме чувала овде уште кога била, знам дека не треба човек да биде зависен се ми е тоа јасно, мене ми е криво да се отпишам од државниот , бидејќи на приватниот се плашам како ќе се снајдам, како и да е фала ви на сите за одвоеното време , се надевам ќе имам уште една шанса да покажм дека сега сум навистина сериозна и да дома кога им реков дека има колку мене на факултет , ми рекоа дека тие работат имаат некои примања, очигледно јас не можам да сум толку успешна како другите ете и вие го кажавте тоа и сите сте во право периодов ми е многу тешко, имам чуство дека се сите против мене дури и проф на факултет ми рекоа ќе ми помогнат јас ни тоа не го искористив, највеќе ми е криво што се е по моја вина, имав поддршка од моите, од професори на факултеот а јас ништо не направив фала ви уште еднаш
Треба цел живот да работиш ..подразмисли за ова.Секаде е тешко(на некој повеќе на некој помалу но сепак е тешко). Многу од нас на форумов сме имале примања за буквално да седиме и да лежиме.Ама колку и да имаш финасиски примања ако не работиш парите бргу се трошат а мама и тате не се вечни. И на директори и на доктори и на келнери .. на сите им е тешко и мораат да работат. Не чекај на роднини ,докажи се самата. Со среќа !
Да имаш добри родители и сега навали користи им ја добрината, нека те финансираат, а ти пак оди журкај се и после по цели денови спиј. Најлесно е да се шлепаш цел живот на туѓ грб, ако не се родителите тука е тета што има врска нели. Извини стварно ама ваквите особи најчесто ништо не постигнуваат во животот и утре можеби ќе завршиш и факс па ќе ти биде тешко да работиш и ќе најдеш по имотен партнер и после цел живот ќе се шлепаш на негов грб, не си единствена.
Јас кажав само дека ми е криво што не бев посериозна на почеток и дека сакам да имам факултет, не кажав никогаш нема да работам, сепак фала ви на сите, касно си ги сфатив грешките.
Зошто вакви неубави коментари? Девојката се наоѓа во период кога е заглавена и не знае како да продолжи, се сомнева во себе си и нема многу самодоверба ни мотивација, најмалку што и треба се коментари од типот ти ништо нема да постигнеш.И сама си е свесна дека можеби направила грешка, дополнителни осуди и напаѓања нема да и помогнат. @Ta-mara , ако навистина имаш желба да го довршиш факултет, посвети се максимално на тоа и гледај се да довршиш во предвидениот рок што ќе си го зададеш.Претходно те прашав што студираш, во смисла дали ти е перспективен факултетот и вреди или реално немаш големи шанси брзо да најдеш работа по струка.Размисли и за тоа, ако потоа имаш мали шанси за работата за која учиш сега, можеби не ни вреди да трошиш уште време, да се занимаваш со испити кои изгледа не те интересираат за потоа пак да чекаш за работа.Убаво види кои ти се реалните можности за работа со и без факултетот и врз основа на тоа донеси одлука.Ама најбитно е да почнеш, со одолговлекување само ќе си го продлабочиш проблемот.
@Ta-mara Со оглед на тоа колку години ти давале пари,не е фер да трошат уште повеќе за приватен. Поразговарај уште еднаш дали би ти дале пари да го завршиш државниот.Ама,биди сериозна и учи. Ако испадне тетка ти да ти дава пари,тогаш искористи ги паметно,само за образование. Добро размисли што сакаш.
Секој човек греши, кој сме па ние да те осудуваме, се тоа е во ред, добро е што самата си сфатила дека си наравила голема грешка, следниот е чекор е да заборавиш на минатото и да продолжиш со нови сили доколку навистина сакаш да го завршиш факултетот. Годините воопшто не се важни, секој од нас има различен пат, животот не е шаблон па да го живееме по некој замислен правилник наметнат од општеството. Доколку твоите не сакаат да те финансираат да продолжиш со факултетот можеш и да работиш и да учиш, штом факултетот не е толку тежок, тоа сепак не треба да ти претставува проблем, но како што прочитав твоите и финансиските би те поддржале така што, ти фали само огромна желба и посветеност, се другото се само празни изговори.
@Ta-mara сега наместо да дремиш овде и да чекаш совет и некој да те потапша по рамо дека твоите се виновни верувај дека нема да го добиеш тоа, седни и почни да учиш. Искористи го времето за учење наместо за дремење по форуми, нема ваљда магично да се положат испитите. Велиш ти се погодиле другарките, дали и тие другарки се неодговорни како тебе или тие ги положиле сите испити на време? Или им правиш друштво кога ним им е здодевно? Каде се сега тие? Океј, и да си заостанала една година плус, не е страшно, не може секој да заврши за рекордно време, ама да се влечкаш, да бараш изговори, а си имала прилика и шанса да студираш не иде во предвид да ја отфрлиш можноста која ти се пружала. Децата од сиромашна фамилија плачат за да се запишат факултет а ти ај што имаш супер родители кои те молат да завршиш па и те терат да се запишаш на приватен ти не сакаш. Па и ја одбиваш идеата за работа, дали ти се плашиш од работа или? Зошто родителите нема тука да се вечно да те туркаат и да фрлат пари ако ти немаш желби и амбиции. Не знам што уште повеќе сакаш. Размисли и одлучи, јас на твое место би ги послушала родителите ама ти како сакаш.