Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    3.709
    Пол:
    Женски
    Некој за лп?
     
    На Cacii123, Ugly Duckling и Ivanagirl20 им се допаѓа ова.
  2. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Девојки, срамота ли е на професор да пишам на фб во врска со еден предмет кога се полага, пишав на емаил не враќа а важно ми е, многу се безобразни, плаќаме предмети а они зимаат плата и плус ич не им е гајле да одговорат, каков ужас е ова, ми е страв да не погрешам :?:
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.826
    Пол:
    Машки
    Покултурно и посериозно е на меил. Ако имаш телефонски контакт од него, јави му се.

    Пишување на фб нека биде последно нешто што би го направила.
     
    На Irenaiki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Културно ќе биде и професорите да почнат да враќаат на меил.
    #justsaying
     
    На SnowWhite8, Dust, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Па јас веќе имам пишано на емаил културно и сериозно, а колку е сериозно од нивна страна што јас не сум добила одговор а сум го платила предметот 10.000?
     
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Да прашаш некој колега?
    Сигурно и некоја група имате на Фејсбук, дали од факултет, дали од смер, можи и таму да пишиш да прашаш.

    Јас не би пишала на фб, посебно не ако е некој непредвидлив професор. Ако немаш друг избор, пиши, сепак мора да си знаеш кога полагаш.
     
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.826
    Пол:
    Машки
    Пријави го.
    Па да видиш после како ќе враќа и оро ќе игра. (poolparty):devil:
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.579
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е во ред да му пишеш на фб, ако имате координатор за вашата генерација нека праша координаторот, мора да има некоја друга алтернатива.
     
  9. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Девојки, прва година сум на факултет, не е нешто многу тежок, но јас од средно немам навика ни некои принципи на учење сега нормално дека и 100 страни ми изгледаат како тешки, сакам да прашам, како учите?јас ќе почнам и досада ме фаќа и цел ден влечам една тема, споделете некои предлози:)
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Почни да ги подвлекуваш главните, клучни работи. Тоа што ќе го прочиташ, прераскажи си го усно на себе, внимавајќи да ги опфатиш важните работи. Ако треба неколку пати повтори го истиот дел, пред да преминеш на друг. Потоа често навраќај се на тоа што веќе си го поминала да се припотсетиш. За тоа што го учиш истражувај и на нет така ќе стекнеш и дополнителни информации и полесно ќе го разбереш и совладаш материјалот.
     
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    - Исклучи го мобилниот.
    - Најди си време кое ти е најпогодно за учење (мене ми беше навечер). Можиш и секој ден да учиш во исто време, за да ти е како обврска и навика која мора да се изврши, да си го испрограмираш мозокот.
    - Одбери место на кое ќе учиш, каде ќе можиш да се сконцентрираш. Секогаш кога ќе седиш на тоа место ќе те потсеќа на учење. И гледај да ти е уредно.
    - Направи да ти е забавно. Пример: убава тетратка, чисти и средени учебници, маркери во боја, sticky notes.
    Јас за секој предмет си одбирав посебна боја (тетратката, маркерот и sticky notes ми беа во иста боја за тој предмет).
    - За да не читаш се', подвлекувај.
    Направи си концепт на учење. Најважните зборчиња од лекцијата заокружи ги и фотогравски ќе запаметиш што имало во истата. Или запишувај ги на посебно ливче.
    - Запали си миризлива свеќа.
    - Колку побрзо завршиш, толку подобро. Најди која ти е мотивацијата.
     
    На bicycle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    2.531
    Пол:
    Женски
    Битна е мотивацијата според мене. Јас изгубив желба за учење од други причини, сега да не навлегувам. Ама најди си што те прави среќна. На пример мене ми беше мотивација книга. Си реков на себе ако успееш да го положиш предметов тогаш ќе си купиш книга. И што е најбитно успеав да го положам и тоа со 9 да се пофалам :rofl: Што воопшто и не очекував да ја добијам таа оценка. Тоа за мене беше голем успех во тој период. Така да најди си нешто што тебе те исполнува и кажи си ќе го направам ова само ако успеам да ги научам овие 100 страни.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.694
    Пол:
    Женски
    Чим губиш концентрација, најди секој ден еден период кај што најдобро ќе се сконцентрираш на читање.

    На пример, јас станував во 6.00 сабајле да учам. Тогаш имав највеќе концентрација, премногу ми се спиеше да ми лета паметот на било што друго. :D

    И за тие 2-3 часа повеќе учев отколку цел ден неколку страни да препрочитувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Има една техника се вика Помодоро. Се користи надвор и од учење, и за работа, за секаде што ти треба фокус и концентрација. Учиш по 25 минути, па 5 минути пауза, па пак 25 минути учиш па 5 минути пауза. Откако 4 пати ќе го повториш учењето земаш поголема пауза. Оваа техника е прилично успешна затоа што највеќе ги памтиме работите од почетокот и при крајот, и вака имаш повеќе паузи а со тоа и повеќе запамтени работи. И нели телефонот ќе си го тргнеш од тебе тие 25 минути, ќе си наместиш аларм и ќе се фокусираш. Пробај на почеток со 15/20 минути за да стекнеш навика па покачувај си до 25 минути.
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.826
    Пол:
    Машки
    Најдобро за учење е наутро, кога мозокот е празен и ќе можеш повеќе да се сконцентрираш.
    Наутео мозокот кај луѓето работи подобро, повеќе се памти, така да тогаш ти е најубаво да учиш.
    Следно што е многу важно е да биде тивко во околината каде што ќе учиш за да можеш да се сконцентрираш на материјалот за учење.
    Текстот што треба да го учиш пточитај го еднаш/два пати и потоа прераскажи си го во себе, без да гледаш во учебникот.
    Секако дека можеш да најдеш помошник на некој од дома на кому ќе му прераскажуваш и што ќе те надополнува таму кај што ќе згрешиш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    5.277
    Пол:
    Женски
    Јас станував сабајле, јадев идев да трчам, кога не трчав идев пешки да се шетам до некое место, (физичка активност мора да постои)бидејќи не идев на предавања само полагав, најчесто после ручек седнував и учев, некогаш и до 4 сабајле знаев да затерам ама сабајле кога ќе станев се имав запамтено, а кога учев насабајле појма немав и сто пати да повторам, затоа најубаво тебе како ти одговара и кога највеќе ти памтиш и немој да учиш на памет доколку постои можност.
     
  17. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Дали некој го фати паника од корона?
    Мој внук кој имат 18 год буквално многу се плаши дури што и да фати ги миет рацете
    Кога ќе седиме да јадеме и прашува колку ќе земите колку да јадам
    После то нозете ги мрда како лулашка оно...
    Сега го носиме на психолог, буквално од толку плашејќи се од корона. (се нема заразено) ама многу паника...
    Некој да не има од тоа таков случај?
     
  18. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.802
    Допаѓања:
    2.531
    Пол:
    Женски
    Мене едно девојче не ми даде да се јавам од нејзиниот телефон зашто се плашеше од корона. Пробајте да го убедите дека корона не постои и дека тоа е измислица за да падне економијата во светот. Така ме убеди мене девојчето што се плаши од ковид, ама еве сега јас гајле немам. :D А, ни претходно не се замарав многу со вирусов, повеќе шетав во карантин кога бевме отколку сега. Али може да пробате да му објасните за да престане тој страв и најдете на интернет нешто како доказ за да полесно поверува.
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Melani3

    Melani3 Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве читам веќе некое време на темава како гостин, но решив да си направам свој профил тука на фемина, да се отворам и да добијам мислење и совет. Имам мајка која има 60 години. Од секогаш не водела многу сметка за хигиената и низ дома и за самата себе. Дури сум била помала не ми пречело тоа толку и едноставно сум била во таква средина израсната, за жал. Но, ете веќе две години освен што не води сметка за самата себеси, за својата хигиена, ретко се бања, се чувствува дека мириса и имам кажано, но секогаш кога ќе и кажам се лути и се навредува, и се дери. Почна и да се моча во креветот, скоро секој ден го пери ќебето, и имаме речено ама не се разбира. Јас разбирам можеби има некој проблем, не знам ни јас каков ама самата не ни сака ни се обидува да го реши. Штом и спомниме за тоа се дери, вика, а и онака е неразбрана општо, нема воопшто разбирање за други околу неа, а сака кон неа да имаме разбирање. Ете трпам трпам веќе подолго време ама не се трпи, мириса целата соба на мочано, секоја вечер се моча во креветот, не се издржува..не знам повеќе што да правам, многу е неразбрана а и многу ретко се капи, мириса, ми смета, не се издржува, не знам како да го решам овој проблем кога и самата не сака ;( а и не е премногу стара за уште од сега така да прави, ако прави вака сега ко ќе биди постара уште полошо ќе е... Ми доаѓа да заминам некаде далеку од оваа куќа и да не се вратам никогаш, ионака нема да ми недостасува. Извинете за долгиот пост, но морав некаде да се искажам и доколку е можно да добијам мислење и некој совет. И ќе ве замолам без навреди и исмејувања.
     
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено каков совет да ти дадам, освен ти да бидеш таа што ќе ја одржува хигиената во куќата, ќе речев да не има некој психички проблем во последно време па затоа да е станата неволна и мрзлива, ама сама кажа дека од секогаш била таква и не одржувала хигиена.
    Ете има такви луѓе поготово од постарите што сеуште се бањаат еднаш во неделата и они тоа го сметаат за доволно, постарите генерации во нивно време така живееле и не обрнувале внимание на тоа дали смрдат или не па и така продолжуваат понатаму во животот.
    Ама пробај пак разговарај речи и ако им некој проблем или нема осет кога и се оди во вц, за спиење да користи памперс за да не мириса креветот.